|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 104105106107108 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зависно од тоа во кој период од годината сте ја започнале вашата љубовна врска, може да се одреди нејзиниот хороскопски знак, а со тоа и предвидувањата за тоа како ќе влијаат ѕвездите и планетите на неа и секако, на односот со вашиот партнер. Врските започнати на пролет, во време кога владее Бикот, ќе бидат цврсти и стабилни, баш како и оние кои се започнати во периодот на владеењето на мрачните Скорпии. Овен (21.03 - 20.04) На партнерите кои ја започнале врската во периодот на Овенот никогаш нема да им биде здодевно. Секогаш помеѓу нив постојат искри, а решението на сите караници се наоѓа во нивната спална соба. На другите им оставаат впечаток како да се пред раскинување, но нивната врска е доволно силна за да ги преживее сите несогласувања и разлики. Помеѓу овие партнери нема лаги, а всушност искреноста е една од основите на која ја градат својата врска. Бик (21.04 - 20.05) Паровите кои ја започнале врската во знакот на Бик имаат цврст и стабилен однос. Овие врски успешно им одолеваат на сите проблеми, а партнерите си наоѓаат поддршка еден кај друг. Никогаш нема да им недостасува нежност и страст. Единствена опасност може да биде фактот дека партнерите целосно се препуштаат на заедничкото уживање, а со тоа ги занемаруваат блиските луѓе. Близнаци (21.05 - 20.06) Оние двајца на кои им започнала врската во знакот на Близнаци, пред сè се добри пријатели и одлични животни сопатници. Расположени се за забави и излегувања, имаат совршена меѓусебна комуникација, а отсуството на љубомора е уште една позитивна страна на оваа врска. Негативната страна е тоа што партнерите премногу вложуваат во друштвениот живот , па постои голема веројатност во иднина да престанат да разменуваат нежности,а нивниот однос може да стане само пријателски. Рак (21.06 - 20.07) Оваа врска ќе биде исполнета со нежност и романтика, а партнерите нема да можат долго да бидат разделени. Ним никогаш нема да им недостасува нежност и топлина, а двајцата ќе сакаат големо семејство со многу деца. Лошата страна на оваа врска е преголемата меѓусебна посветеност, бидејќи партнерите никаде не сакаат да одат еден без друг. Лав (21.07 - 21.08) Врската започната во знакот на Лав ќе биде исполнета со драматични ситуации и страсти. Партнерите во еден момент жестоко ќе се караат, а во следниот момент страсното помирување во спалната ќе биде на повидок. Романтичните изливи на емоции се вообичаена појава. Овие парови настојуваат пред другите да се претстават во најдобро светло , дури и кога меѓу нив постојат несогласувања. Девица (21.08 - 22.09) Љубовната врска која почнала во периодот на владеење на овој знак се карактеризира со долготрајност и стабилност. Обостраната желба за сигурност цврсто ги држи партнерите заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсутноста на жестоки караници се само некои од предностите на овој однос. Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и гледање филмови. Сепак, во оваа врска можеби ќе недостасува страст, доколку партнерите не се отворени за изразување емоции. Вага (23.09 - 22.10) Во оваа врска сè се врти околу љубовта, уживањето на партнерите во разменувањето нежности, внимание и подароци. Секогаш внимаваат на чувствата и желбите на другиот. Тие се заљубени, а заедничките романтични вечери и излегувањата им помагаат во одржувањето на страста. Овие партнери нема лесно да се впуштаат во расправии, па единствен проблем би можел да биде недостатокот на искреност и потиснувањето на фрустрациите. Скорпија (23.10 - 22.11) Ова е страсна и возбудлива врска во која искрат емоции. Од моментот кога се запознале, двајцата почувствувале силна сексуална привлечност, која ќе биде главниот фактор за опстанок на оваа врска. Сепак, честите караници, љубоморните сцени и изливите на посесивност би можеле на крајот да доведат дури и до прекин на врската, доколку двајцата партнери не покажат поголема толеранција. Стрелец (23.11 - 20.12) Врската започната во периодот на владеењето на ведриот Стрелец се темели на заемното почитување и разбирање. Партнерите не се оптоваруваат со љубомора и сомнежи и не се еден од оние парови кои секаде одат заедно. Личната слобода и независност, секако, се едни од важните карактеристики на оваа врска. Јарец (21.12 - 19.01) Оваа врска можеби не е исполнета со нежности, топлина и романтични гестови, но е стабилна и на партнерите им овозможува чувство на сигурност. Тие се почитуваат еден со друг и никогаш не започнуваат со караници, емоционални уцени и манипулации. Сите проблеми брзо и лесно ги решаваат. Ги ценат парите и сигурноста која им ја обезбедуваат. Сепак, би требало повеќе да се потрудат околу нежната страна на врската, за да не се изгуби меѓусебната блискост. Водолија (20.01 - 18.02) Оваа врска најлесно би можеле да ја опишеме како малку необична и многу интересна. Можеби на прв поглед се работи за луѓе кои не си одговараат еден со друг, но всушност се совршен пар. Отсуството на љубомора е одлична основа за воспоставување стабилен однос. Врската би можела долго да трае, доколку партнерите не би се „гушеле“ меѓусебно. Риби (19.02 - 20.03) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој што доживеал неверство од саканите знае колку може тоа да боли и сигурно ќе сака да се заштити од слично искуство. Иако сите астролошки...
Овен Ако енергичниот Овен се одлучи за неверство, тоа најверојатно ќе биде поради недостаток на возбуда во врската. Овните се спортски типови кои се секогаш подготвени за акција и ако не можете да го издржите нивното темпо би можело да ви се случи да продолжат без вас. Овните исто така имаат и его кој бара многу внимание, па ви препорачуваме да ги опсипувате со многу физичка нежност и редовно да го обновувате чувството на заљубеност. Бик Биковите се многу посветен знак, па ќе се одлучат за неверство само ако мислат дека партнерот не им е верен. Биковите можете да ги одведете на крив пат и со ветување на задоволство. Биковите ќе ги направите среќни ако им покажете колку ги сакате, телесно и емотивно – со многу интимни моменти, нешто домашно готвено и мали љубовни пораки. Близнаци Немирните Близнаци имаат потреба од интелектуално подржување за да останат со партнерот. Најлесно е да ги зграпчите. Ако Близнакот ве изневери, најверојатно се работи за залуденост, а не за телесна привлечност. Значи можни се интернет неверства кога обично се користи фантазијата. Обидете се Близнаците да ги спречите да залутаат и задржете ги само за себе со работи кои ќе ги тераат да размислувааат. Рак Нежните и чувствителни Ракови по правило не изневеруваат – освен кога се преосетливи. Една од најчестите причини за неверство е слабата самодоверба. Преосетливите Ракови кои не чувствуваат доволно љубов ќе побараат чувство на вредности и нежности на друго место. Затоа цврсто уверете ги своите Ракови колку ги сакате и колку ви требаат. Лав Лавовите, исто како и Овните, се огнен знак и тежнеат кон драма и возбуда. Лавовите исто така често сакаат да бидат во цернтар на внимание и најдобри во сè, па не е ни чудно што лесно можат да се задоволат со трикови и пофалби во кревет. Ако Лавот сепак ве изневери, немојте да се изненадите ако се работи за ваша помлада верзија - Лавовите ги привлекува млада енергија бидејќи стареењето им е болна точка. Девица Девиците се сериозни знакови и често можат да бидат прекритични дури и кон себе, но како и сите земјени знаци многу се приврзани и цврсто стојат, со двете нозе на земја. Девиците може да станат незадоволни ако ги критикувате или ако имаат чувство дека не им пружате доволно. Ако сакате да ги спречите Девиците да ве изневерат, морате да ги прифатите такви какви што се и да им го ставите тоа до знаење. Вага Овој романтичен знак по својата природа е избалансиран и ги прифаќа своите обврски со голема сериозност, па неверството не е голема опасност, но многу се друштвени и сакаат да флертуваат, па можно е да се доведат во незгодна ситуација. Ако сте способни со вашата Вага да развиете одлично пријателство, тоа многу ќе ја подобри и зајакне вашата романтична врска. Добрата забава со многу нежности е клуч за среќа и верност на Вагата. Скорпија Скорпиите се резервирани и страсни знаци кои често се поистоветуваат со изневерувањето. Тоа, секако не во потполност праведно. Овој знак е преполн со тајни и е многу интензивен, па многу е веројатно дека лесно ќе го обвините дека ве изневерува – и ќе згрешите. Скорпиите се неверојатно лојални, но имаат страсна телесна природа и голема желба за возбуда. Најдобрата работа која што можете да ја направите е да ги прифатите нивните чудни барања и да се подготвите за маратон во кревет. Стрелец Огнените Стрелци се, какои Лавовите и Овните, желни за акција и авантура. Спалната соба не е исклучок. Секогаш се во движење и во потрага по искуство – Стрелците тешко ќе ги натерате да му се посветат на нешто, но кога еднаш тоа ќе ги заинтересира, многу се сериозни во врска со тоа. Треба само да внимавате да не очекуваат премногу затоа што тоа може да им донесе невољи. Затоа уживајте во енергијата на вашиот Стрелец и дајте им слобода колку што можете. Јарец Смирениот и студен Јарец е лојален партнер. Дисциплината и контролата се доблести кои им го отежнуваат неверството. Јарците бараат почитување и обожување од своите партнери, а недостатокот на тие две работи може да доведат до нивно лутање. Но, бидејќи се работи за чесен знак, побргу ќе ве остават отколку да ве изневерат. Водолија По малку отсечени од светот и повеќе во интелектуалните води, Водолиите не се најромантичниот знак, но сепак имаат потреба да им бидат важни на своите партнери. Водолиите често ќе бидат изгубени во своите идеи и откритија, па нема ниту да забележат дека го запоставуваат партнерот. Поради својата заборавна природа и преокупираност со својот свет, Водолиите најчесто ќе бидат жртва на изневерување, а не тие што изневеруваат. Бидејќи станува збор за еден од најнепредвидливите знаци, најдобар совет би бил да се биде исто така непредвидлив и така да се заинтересира Водолијата за подолги патеки. Риби Занесените и поспани Риби имаат бујна фантазија, па најчесто имаат романтични идеи за вечна љубов која им ја носи судбината. Баш поради таа фантазија и страсна желба за магијата на љубовта Рибите ќе бидат незадоволни кога врската ќе им влезе во мирна фаза. Ако повремено ги обновувате магичните љубовни моменти, вашата Риба ќе биде сигурна дека вие сте нејзината судбина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Астролозите суеверно тврдат дека метаболизмот на секој поединечен хороскопски знак функционира на поинаков начин. Зависно од тоа во кој знак...
Овен Овните се енергични и решителни, па секоја диета ќе ја започнат со прецизен план, ентузијазам и одлучност. Бидејќи сакаат брзи резултати, лесно ќе се откажат ако килограмите не почнат веднаш да се топат. Најдобра диета за припадниците на овој знак се состои од риба, морски плодови, свежи салати и овошни сокови (особено јаболко и цитрон) како и големи количини вода. На тој начин ќе го контролираат својот силен „огнен“ метаболизам. Бик Биковите, моќните земјени знакови, губат тежина тврдоглаво, полека и континуирано. Бидејќи по природа се многу трпеливи, еднаш кога ќе одлучат да бидат на диета, нема да им биде проблем да ги чекаат резултатите на диетата и темелно да се придржуваат на постулатите за здрава исхрана. На Биковите им се препорачуваат плодови од земјата (особено есенски – јаболка и грозје), зеленчук и зачини како чили и кари, се разбира задолжитено и житарици. Треба да избегнуваат индустриски шеќер, бисквити, колачи и многу мрсни сосови. Познато е дека машките Бикови се големи гурмани и дека сакаат многу да јадат, тоа не е проблем додека се млади, но подоцна треба да се придржуваат на диеталните правила поврзани со нивниот хороскопски знак. Близнаци Близнаците често јадат хаотично и често избираат нездрава храна. Астролозите на Близнаците им советуваат да јадат почесто, по малку. Исто така треба да избегуваат кафе и сите пијалоци што содржат кофеин, наместо нив да пијат зелен чај. Близнаците треба да јадат што повеќе свежо овошје, како портокали, грејпфрут, праски и кајсии, односно што повеќе да уживаат во сезонското овошје. Рак Раковите се големи гурмани и големи мајстори во кујната кои непрестано испробуваат нови рецепти. Обожуваат ресторани, големи семејни дружења, правење колачи и сè што има врска со храната и готвењето. Раковите, особено женските припаднички на тој знак имаат тенденција да се дебелеат, особено во подцнежните години, затоа за да го сочуваат здравјето, треба помалку да јадат, односно да се одлучат за разноврсна нискокалорична исхрана. И на жените и на мажите им препорачуваме да јадат риба, морски плодови, грозје и особено сокови од зеленчук – морков, цвекло, брокула, зелка... Секако, мораат да избегнуваат шеќер, колачи, бел леб и пиво. Раковите се емоционални и лесно се вознемируваат. Своите стресови многу често ги „лекуваат“ со прејадување, но често имаат и проблеми со варењето. Важно е да јадат правилно и проверено, особено кога се на патувања во егзотичните земји, храна на која нивниот организам не е навикнат. Лав Лавовите се вистински хедонисти кои сакат патувања, слобода, добра храна и фини пијалоци. Лавовите воедно се силни знакови со јаки и брз метаболизам кој што им овозможува да останат активни и тенки. Треба да јадат разноврсно, особено зеленчук богат со железо, како што е спанаќот или брокулата, цвеклото, грозјето, кокосот... Лавовите мора да се занимаваат со интензивна физичка активност бидејќи во подоцните години, имаат тенденција на дебелеење. Девица Девиците имаат мрзлив и осетлив систем за варење. За нив најсоодветна е лесната исхрана. Пописот препорачува храната за Девиците да вклучува секогаш варен зеленчук, спанаќ, салати, житарици, домати, јаболка, банани и интегрален ориз. Девиците особено, треба да избегнуваат фаст фуд, многу месо, многу зачинета храна, маснотии како и варена храна со премногу масло. Вага Иако се многу активни, Вагите не би смееле својот организам да го опетеретуваат со прејадување и препивање. Тие мора да пијат поголеми количини вода, да избегнуваат алкохол и било какви благи пијалоци и да јадат храна богата со протеини. Астролозите им препорачуваат повеќе риба, морски плодови, јогурт и фрментирани млечни призводи, интегрален ориз, пченка, домати, спанаќ, грозје, јаготки и бадеми. На машките Ваги им се препорачува од менито да ги исфрлат бисквитите и колачите, односно да јадат храна богата со растителни влакна. Скорпија Најголемиот проблем со Скорпијата е тоа што поради стравствена фокусираност на нешто (работа, љубов, креативно создавање...) често пати заборава да јаде, па тоа го надоместува со големи и бргу изедени оброци. Исто така Скорпиите знаат да бидат фанатични и алчни. Идеална храна за нив се интегралниот ориз, зелената салата, целерот, краставичките, цречите, поморанџите и лимоните. Тие сакаат зачинети јадења, но бидејќи (особено жените) имаат осетливи слузници, мора да избегнуваат претерување со лути зачини. Стрелец Стрелецот е огнен знак кој често пати претерува со исхраната. Не е класичен гурман како Бикот или Ракот па често одбира нездрави фаст фуд оброци. Стрелците се мрзливи за готвење па јадат од нога и на брзина. Идеална храна за овој знак е: овошје богато со витамин Ц, домати и многу лук и кромид. Јарец Јарците најчесто немаат големи проблеми со вишокот на тежина, иако сакаат да јадат. Нивниот метаболизам е брз и правилен. Ако им се случи да се задебелеат, многу бргу се враќаат во оптимална форма. Нивна препорачана диета е онаа што вклучува зеленчук, зеленчукови супи, салати, умерени количини месо (кокошкино и дивеч). На Јарците им се препорачува да јадат чоколадо затоа што го поправа нивното сериозно и често „тмурно“ расположение. Водолија Водолијата е весел и активен знак кој што не е опседнат со храната. Ако сакаат да држат диета, Водолиите мораат да внимаваат да не јадат многу мрсно месо и колачи. Нивната идеална диета влкучува овошје, особено јаболки и цитрони, сушено овошје и ореви, бадеми и лешници. Машките Водолии треба да престанат да смислуваат ексцентрични комбинации на јадења и во својот живот да ја вратат навиката да консумираат едноставна и добро сварена храна. Риби Исто како и Раковите и Биковите, и тие сакаат многу да јадат, но потоа имаат проблеми поради својот осетлив организам. Многу Риби имаат проблеми со желудникот и верењето. Емоционалните стресови кај нив често се манифестираат како чир на желудник или зголемено лачење на желудочна киселина. За да издржат во здравата исхрана им треба подршка од семејството и пријателите. И жените и мажите Риби треба да јадат храна богата со железо и цинк, како јајца, џигер, житарици, грав, спанаќ, остриги, грозје, суви сливи, кајсии и праски. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Освен што се разликуваме карактерно, хороскопските знаци сакаат и различни десерти. Познато е дека патот до срцето на саканата личност...
Овен Овните имаат многу специфичен вкус, а обожаваат разни кисели колачи од лимон, ролати од малина, но нема да одолеат ниту на чоколадна торта. Сакаат мус со слатка павлака или шлаг, но почесто се одлучуваат за десерт од свежо овошје со сливи, цреши и вишни, во егзотична комбинација со мед или јогурт.
Најмногу уживаат во старата традиционална чоколадна торта послужена со парче сладолед од ванила или шлаг. Можете да ги освоите и со чоколаден пудинг, ледени коцки, овошна пита. Кога сакаат да го покажат својот хедонизам во полн сјај, во ресторан нарачуваат фламбирани банани, а покрај нив слободно и вие каснете висококалоричен десерт.
Најмногу сакаат лесни десерти – чоколадни и овошни кремови прелиени со слатка павлака. Големи љубители се на минијатурни торти со шлаг, особено овошни од јагода и малина, но и на специјални сладоледи како оние со вкус на фстаци и лубеница. Авантуристи се и во животот и на масата, па сакаат да пробуваат и азиски сладоледи со ѓумбир, зелен чај или кокос.
Само нека има чоколадо. Сакаат тешки торти и колачи, а добитна комбинација е шварцвалд торта затоа што ана едно место има се што сакаат – овошје и крем од сирење и тон чоколадо. Не одбиваат ниту обични колачи. Кај раковите би прошле и со добро наполнет кроасан со крем.
Лавовите не пребираат кога се слатките во прашање. Се воодушевуваат ако им подготвите некој колач или торта со фил од карамел или прелив. Мирисна пита со ореви, цимет и јаболко им ја буди фантазијата, но подеднакво ги воодушевува и обичен сладолед од ванила прелиен со чоколадо, вишна и карамел. Во летните месеци уживаат во овошна салата со шлаг.
Ако на масата има чоколадо темно, млечно или бело, само Девица би го одбрала белото затоа што овој десерт е создаден за заведување на припадниците на овој воздушен знак. Немојте да им нудите тешки торти и колачи, повеќе сакаат чизкејк и овошни десерти со јогурт.
Нежните Ваги сакаат лесни десерти. Нека имаат додаток – вкус на рум, но може и колачи со темно чоколадо и вкус на лимон. За специјални прилики може да ги изненадите со торта на база на темно пиво. Омилени чоколадни бомбони – Гриоте!
Огнените Скорпии сакаат било каков десерт кој се комбинира со вино. Омилени колачи им се бајадерите. Сакаат и чоколадни десерти збогатени со ликери и кафе. Полнето и темно чоколадо исто така им помагаат на Скорпиите во лачење ендорфин.
Родените во знакот на Стрелец сакаат необична и егзотична храна, како пржен сладолед, пудинг во ликер од ананас, вкусни чоколадни топчиња во прелив од ванила и малина... Со сласт би се насладиле со баклава или француски специјалитети.
Едноставните Јарци сакаат убава чоколадна крофна или кроасан, пита со ореви, но полнета со чоколадо или банана и прелив од сладолед. Традиционалните десерти како обични бисквити во кои има јаболка или крем, исто така ги прават среќни припадниците на овој знак. Може и банана сплит.
Сакаат сладоледи, јагоди и боровници во било која слатка комбинација. Принцес крофни, чоколади, овошје со шлаг – ова за нив е десерт кој се јаде на брзина. Подгответе им торта со марципан и многу многу шлаг, на база на овошки.
Повеќето Риби сакаат едноставни десерти од јагода и ванила или сладолед од чоколадо. Исто така се големи љубители на пити, особено со праски. Израдувајте ги со десерт од банана или ладна торта направена од јогурт и слатка павлака. Егзотично овошје како ананас, кокос, манго и киви или традиционална кутија со чоколатца во форма на срце – слатко изненадување за припадниците на овој знак. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Понекогаш е тешко да се погоди вистинскиот роденденски подарок за некоја личност. Па затоа ако сакате малку да ви ги олесниме работите...
...ви даваме листа на предлози за подароци карактеристични за различни знаци во зодијакот. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпии Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водолиите по природа се смешни. Овните се мимичари, Девиците се зајадливи, Скорпиите саркастични, а Јарците се духовити со маска на сериозност. Секој хороскопски знак има свој начин за шега и секој доведува до смеа со различни постапки. Вака нè развеселуваат хороскопските знаци: Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тешко е да се излезе како победник и да се чувствувате добро кога вашиот партнер или потенцијалната љубов се однесува незрело или си игра со вашиот здрав разум. Еве неколку совети, по астролошките знаци, како да се однесувате во такви ситуации. Овен Вие не трпите, туку со сета сила возвраќате. Можеби дури и имате изливи на бес. Однесувајте се како големо бебе и бидете во најлошо издание. Оној кој вика најсилно-победува. Бик Вие најискрено мразите такви работи бидејќи сметате дека не се примерни. Постапете природно, инстиктивно и бидете тивки. Покрај тоа можете да извлечете кисела фаца и неколку пати да ја треснете вратата. Одбијте секаква услуга во тој момент. Вашиот партнер ќе се уплаши и ќе почне да се однесува посериозно. Близнаци Ако партнерот се обиде да манипулира, вие за секунда ќе го натерате да зажали. Вашата неверојатна способност да започнете безначаен разговор кој може неверојатно долго да трае значи дека вашиот партнер многу бргу ќе стори сè само за да ве замолчи. Затоа - продолжете да зборувате. Рак Оваа ситуација во вас најверојатно ќе предизвика родителски инстинкти. Ако и угодувате на таа личност премногу, вашиот партнер ќе стане незрел и ќе верува дека ве врти околу малиот прст. Одговорот е цврста љубов. Лав Морате да целите во срцето на проблемите за да ја преземете контролата над врската. Ако се наметнете – партнерот ќе се среди и ќе почне нормално да се однесува. Тој веројатно ги тестира вашите граници. Девица Ќе имате ден на одмор ако вашиот партнер почне да се однесува чудно. Аналитичарот во вас веднаш ќе дојде до израз. Неколку вистински провокативни прашања, заедно со неодобрувачки поглед и на вашиот партнер ќе почне да му биде непријатно. Никој не може да поднесе толку испитувања. Вага Мразите судири, а мразите и вулгарни испади и лошо однесување. Можеби најдобро би било да го завршите проблемот со тактична порака или со карактеристичното „извини“ по мејл. Скорпија Вие не уживате во психолошки игри. Секогаш сте во елемент. На партнерот му давате доволно место и го пуштате да дише. Вашата врска често се развива во атмосфера каква што има во филмовите на Хичкок. Стрелец Никогаш не играте игри, едноставно кажувате како стојат работите. Но вашето уживање во шегите и недостатокот на чувство за обврски може да поттикне незрело однесување. Бидете поотворени и засрамете го партнерот колку што ве засрамува и тој вас. Јарец Не ве забавува никаков вид на незрело однесување, па не се двоумите да му дадете на партнерот до знаење дека воопшто не ви е до игри. Водолија Таквиот став во вас предизвикува непријатност. Повеќе сакате врски во кои можете да се релаксирате и во кои има помалку врева. За да избегнете било каква непријатност, би можеле да го „откачите“ партнерот со игнорирање. Риби Вие давате се од себе во оваа ситуација. Способни сте во моментот да ги „свртите“ улогите и да вратите со иста мерка. Кога партнерот еднаш ќе сфати дека сте подобри од него во оваа игра, повеќе нема да му падне на памет да игра игри. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водолија
Не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат како што е побарано од нив, а не како што сакаат или кога некој им замерува за тоа што го носат. Најмногу ги нервира кога ќе ги изневери партнерот или некој близок. |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој не е предодреден за нешто, а хороскопот може да ви открие што е тоа што не ви одговара. Да имате реален однос кон себе и своите способности е добра особина која обично се поврзува со зрелоста. Има многу млади луѓе полни со енергија, кои целосно се посветуваат и се обидуваат да успеат на некое поле, додека на некој зрел, поискусен и пореален веднаш му е јасно дека тука нема леб за него.
За да ги избегнете овие стапици и да не губите време, хороскопот објаснува некои работи кои би било добро да избегнувате да ги правите. Овен Сето она што е мирно, пасивно и без секојдневни предизвици, би требало да го избегнувате. Таму каде што нема акција, за овните нема ни живот. Ако пробувате да се внесете во некоја работа или хоби поради некој друг или затоа што некој ви рекол да го сторите тоа, а при тоа не почувствувате дека и самите го сакате, исто така нема да успеете. Работата и хоби без динамика едноставно не се во природата на овните, па е најдобро ваквите работи воопшто да не ги прифаќаат. Исто така не им лежат ни работи кои долго траат и кај кои резултатите не се покажуваат релативно брзо. Бик Брзината е нешто со што биковите тешко се носат. Сите работи кои се возбудливи и кои треба да се завршат во најкраток рок, вообичаено нив им ја намалуваат функционалноста и ги доведуваат до лудило. Доколку не постои гаранција дека по извршување на работата ќе добијат нешто, биковите губат секаква мотивација за работа. Исто така, ако работата е особено непријатна или груба, тоа ќе ги скрши биковите. Сите работи кои се несигурни или се отворени за разни опции, како и оние каде е потребно да се реагира во моментот, не се за луѓето родени во овој знак. Опасноста исто така ги одбива. Близнаци Долготрајни работни задачи и активности за кои е потребно да се биде темелен и да се внимава на секој детаљ, ќе ја убие желбата за работа кај близнаците. Сѐ што има маратонски карактер или е навидум досадно и неинтересно, не им одговара на близнаците. Исто така нив ќе ги уништи и каква било осамена активност каде што нема да бидат во можност да комуницираат. На претставниците на овој знак не им годи работа со премногу одговорност, бидејќи тие едноставно не поседуваат трпение и сериозност за да можат да се носат со такви барања и очекувања. Работа во институции и фирми од затворен тип, исто така не ги прави среќни. Рак Активности кои се механички, како и оние во кои не може да се покаже барем минимум човечност, ќе ги направи раковите навистина несреќни. Благодарение на својата издржливост, тие би можеле да го поднесат тоа, но не за долго, или поточно додека не им дојде преку глава целата ситуација. Тогаш вообичаено запаѓаат во депресија. Студена атмосфера, крути задачи, беспоштедна борба поради стекнување поени или профит, се нешта со кои припадниците на овој знак многу тешко се справуваат. Ако во она што го работат нема душа, тогаш за раковите нема ни среќа. Лав Работа која е изолирана и е далеку од очите на другите луѓе или некоја премногу осамена активност, ќе го уништи секој лав. Работа во институции од затворен тип како болници, лаборатории, затвори и строги институти, ним ќе им изгледаат како ноќна мора. Ако својот сјај и влијание не можат да го пренесат на другите, тие ќе патат. Активности во кои нема страст или се рутински и без креативност, исто така не им одговараат на лавовите. Доколку во тоа се обидат да внесат освежување, ќе наидат на отпор и фрустрација. Девица Девицата ќе се изгуби потполно онаму кадешто е потребно да се генерализира и да се донесуваат општи заклучоци. Иако во душа е перфекционист, таа ќе се обиде да се прилагоди на сѐ и сешто, но за неа ќе биде вистинска мака доколку е потребно да покаже способност за надминување на границите, преминување преку ситници или занемарување на неважните нешта. Таа со тоа едноставно не може да се помири. Сѐ што во себе вклучува хаос или неуредност макар и како привремена фаза на дејствување, за неа претставува голема препрека. Вага Секоја активност која е груба, сурова, грда или агресивна ќе предизвика губење на тлото под нозете на вагите. Нивната природа се згрозува од секој класичен конфликт или војна, па е подобро да ги избегнуваат таквите ситуации. Таму каде што е потребно да се направи разлика и да се одвојат работите вагите ќе бидат способни да го работат, но кога тоа ќе треба конкретно да се примени во пракса и да се одвојат од нешто, а особено од претходната структура и соработници, на вагите ќе им биде неподносливо. Осамени активности исто така не им лежат, бидејќи тие се секогаш за соработка. Скорпија Доколку нема провокација, за нив тоа е како храна без сол и ќе ја избегнуваат секоја таква активност, но ако случајно западнат во таква рутина ќе ги уништи нејзиното сивило и монотонија. Тие ќе се обидат сами нешто да смислат за да предизвикаат борба, но ако во тоа не успеат ќе бидат многу несреќни. Работи и активности кои течат мирно, непречено и без предизвици и динамика, едноставно не се за нив. Исто така доколку во работата е сѐ јасно и отворено и нема можност за откривање нешто или барем малку таинственост, тоа за нив е вистинска мака, па е подобро воопшто да не се впуштаат во такво нешто. Стрелец Сето она што нема длабочина, висина, ширина и далечина ќе го уништи секој стрелец. Нивните активности мора да ги вклучуваат сите овие димензии, како и можност за развој на долги и непредвидливи стази. Сите активности кои вклучуваат прецизност и јасно одредени правила, а особено ако се малку поцврсти или крути, ќе го гушат стрелецот и неговите најдобри карактеристики нема да излезат на виделина. На претставниците на овој знак им е потребна слобода, па ако работата е монотона и предвидлива и нема можност за ширење и движење, подобро да не го прифаќаат тоа. Јарец Вистината е дека јарецот може сенешто да издржи, но сепак неговата активност треба да му дава можност за напредување. Доколку во одредена дејност не гледа дека може да ги постигне своите амбиции, јарецот нема да биде среќен. Во неговата работа мора да постои перспектива за развој, па макар патот до тоа да е тежок и полн со препреки. Понекогаш јарците затапуваат во некоја работа баш поради својата издржливост, иако може да биде очигледно дека нешто друго би им одговарало многу повеќе. За ваква ситуација е потребно разумот да проработи и да се направи промена, но тие тоа го сфаќаат дури после некое време. Водолија Ако се решат да работат нешто конвенционално, скоро е сигурно дека ќе погрешат. Нивната оригинална природа секогаш бара нешто ново, па секоја предвидлива, монотона или традиционална работа, кога тогаш ќе ги направи несреќни. Некои водолии прават компромис воведувајќи новитети во старата работа, што не е лош потег, но сепак за нивниот талент да заблеска подобро е да се определат за некоја сосема нова професија, хоби или спорт. На тој начин ќе имаат можност за откривање и истражување, со што нивната вистинска природа ќе дојде до израз. Риби Сите активности каде се бара уредност и прецизност, едноставно ќе ги уништи рибите. Оние работи каде што е потребно јасно да се направи разлика и да се покаже чувство за прецизност во детали, не се за нив. Исто така ако работата е еднолична, има воспоставен тек и е некреативна, кај нив веројатно ќе предизвика депресија. Најдобро е да се држат настрана од премногу одредена работа, но и од работа во која премногу би фантазирале. Ако изберат работа која е еднолична, или е без барем малку човечност, рибите ќе ги направи тажни, до степен да заплачат. |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вистината на виделина: Дали да веруваме на хороскопот?Долго
се веруваше дека она што го „говорат“ хороскопските знаци може да
влијае на луѓето да се чувствуваат подобро, но последните истражување
покажаа дека всушност се работи за сосема спротивен ефект. Некои не можат да го започнат денот доколку не прочитаат што им
„претскажуваат“ ѕвездите, други пак хороскопот го читаат поради забава,
тука се и оние кои не веруваат во „пророштвата“, а постојат и оние кои
не читаат хороскоп, ниту пак ги интересира тоа. Научниците дошле до
заклучок дека читањето на хороскоп е лошо. Долго се веруваше дека она што „говорат“ хороскопските знаци може
позитивно да влијае на личноста која потоа ќе се чувствува подобро, но
последните истражувања на научниците од Универзитетите Јужна Каролина и
Џон Хопкинс од Балтимор, покажа дека всушност се работи за спротивниот
ефект. Учесниците во истражувањето биле подложени на тест. Им биле
дадени лошо прогнози за одреден хороскопски знак и притоа биле прашани
како си го поминале денот, дали седејќи и чистејќи по дома или пак
заминале на некоја забава и излегле надвор. Според резултатите од истражувањата кои биле започнати во ноември минатата година, 37 отсто од испитаниците читаат хороскоп пред да донесат некоја голема и важна одлука. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако познавате некоја Вага, замолете ја да се помести од возачкото седиште и никој нема да настрада... Секако, ова би требало да биде шега на канадскиот интернет портал кој е во потрага по хороскопски знак кој е најдобар возач. Сепак, во текот на истражувањето од 100.000 возачи, Вагите се покажале како најлоши возачи од останатите 11 знаци. Вагите во периодот измеѓу 23 септември и 22 октомври би требало да отсликуваат хармонија и рамнотежа. Како што се наведува во резултатите од истражувањето, Вагите биле предизвикувачи на значително повеќе сообраќајни несреќи за разлика од другите хороскопски знаци. Генерално, најдобри возачи се Лавовите бидејќи често пати сакаат да преовладуваат и да се истакнуваат, а во чекор ги следат и Близнаците и Раковите. Најмногу казни добиваат Рибите, а зад нив се Овните и Водолиите. Близнаците, Стрелците и Девиците имаат најмалку пишани казни. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kој се забавува најдобро на журките? Дознајте од парти - хороскопотНа секоја журка постои некој кој што е полн со енергија и е главен аниматор, некои се склони кон скандали и флерт, додека има и такви кои едвај чекаат да заврши прославата и да си одат дома. Вашиот хороскопски знак открива какви сте на забавите. Кога комшиите тропаат по таванот, знајте дека на забавата се главни Лавот, Овенот или Близнакот. Ако Лавот е организатор на журката, тој ќе се потруди да биде крал на забавата и тоа да биде најбогатата и најлудата журка за која ќе зборуваат сите, кога ќе им помине мамурлакот. Овенот е прв во смислување на лудости и опасни игри, здодевно му е ако вечерта нема возбудлива завршница како што е пуштање ракети во воздух, фрлање петарди, трка со автомобили, или бурна силна расправија. Кога се забавуваат Близнаците, забораваат на своите години и се однесуваат како тинејџери: музика до „даска“, играње до зори, што поголемо друштво на познати и непознати луѓе, зборување, флерт, смеа... Скорпиите сакаат силни „зачини“ на забавите, како што се покер на соблекување, играње на масите и црн хумор. Но, ако не се за забава, од страна само мистериозно ќе ги набљудуваат луѓето. Биковите нема да уживаат ако не ги опкружува преполна трпеза на домашни вкусни јадења, а доброто друштво и пеењето на песни се добредојден додаток. Вагите тешко се опуштаат во весели друштва, ним им треба повидно место и поексклузивна храна, а забавата ќе пропадне ако не се сигурни дека се совршено облечени и дека блескаат. Јарците или ќе останат мирни, или ќе претераат, дозволувајќи го сето она од што бегаат во животот. Тогаш креваат врева, играат мавтајќи со рацете и отворено заведуваат случајно одбрани партнери. Стрелците се живи забавувачи, омилени на сите прослави. Домаќинките ги сакаат затоа што умеат да ја ценат и пофалат добро подготвената храна. Сепак, знаат да бидат и во минус фаза кога само седат во аголот и со потсмев ги набљудуваат останатите гости кои се веселат. Водолиите најчесто ги земаат работите во свои раце и анимираат сè околу себе, но исто така може да бидат потполно депресивни. Како и да е, сакаат помали и поинтимни забави со луѓе кои добро ги познаваат. Рибите најдобро се снаоѓаат на бучните забави. Тие сакаат да најдат мирно и скриено катче со вино и гитара, каде занесено може да си ги пеат старите хитови и да го гушкаат партнерот. Со Раковите никогаш не се знае. Тие може да бидат најзабавните личности во просторијата, засмевајќи ги сите околу себе, но исто така може да бидат и потполно депресивни. Како и да е, сакаат поинтимни забави со потесен круг на пријатели. Девиците ретко кога ќе се „откачат“ на журка, но тоа не значи дека не уживаат. Тие таму наоѓаат пријатни соговорници, мирно си ги пијат своите коктели и уживаат набљудувајќи ги луѓето. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ај и јас да става нешто тука
Египетски хороскопДревните египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање, проверете кој знак сте во египетскиот хороскоп и прочитајте си ги главните карактеристики.
|
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш не е едноставно да се побара покачување на платата. Но ако заслужувате повеќе, треба и да добиете повеќе. Само прашање е како ова да...
...му го објасните на шефот. Дозволете и` на астрологијата да ви помогне и видете како карактеристиките на вашиот знак може да ви донесат повеќе пари. Овен: Надминувајте Бик: Волонтирајте Близнаци: Шармирајте Рак: Негувајте Лав: Заблескајте Девица: Само прашајте Вага: Социјализирајте Скорпија: Претчувствувајте Стрелец: Стекнувајте искуство Јарец: Предводете Водолија: Предвидувајте Риби: Сочувствувајте |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 104105106107108 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |