|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 103104105106107 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој не е имун на еротска долна облекаи за тие заводливи крпчиња секогаш има место во плакарот – и за подарување и за купување никогаш не...
Овен – Овните сакаат долна облека во боја, особено портокалова и црвена. Ако сакате да заведете Овен, одлучете се за комбинација на портокалов и црн сатен или свила. Сакаат и беби-дол стил. Овните без проблем ќе паднат и на црни подвезици или најлонки со чипка, а ако ги дополните со високи потпетици, тоа ќе биде полн погодок. Бик – Биковите сакаат сè што е или многу предизвикувачко или многу детинесто. Црвената и црната се нивните омилени комбинации. Жените родени во тој знак обожуваат кожни штикли и мрежести чорапи. Машките припадници на овој знак ги привлекуваат жени со тетоважи и пирсинг. Некои Бикови се склони и кон врзување со лисици, околувратници... Близнаци – Близнаците имаат доза на перверзија во себе. Уживаат во секси униформи, како медицински сестри, ушителки, полицаки... Тие ги посакуваат жените и во скапоцено кимоно или кожно трико. Рак – Жените родени во овој знак сакаат долги проѕирни ноќници, покриени со шљокици. Омилени бои на долна облека им се зелената и црвената, а обожуваат и сатен. Раковите сакаат бела долна облека, амногу жени родени во знакот на Рак сакаат да се облекуваат инфантилно. Лав – Лавиците сакаат долна облека со шари на тигар, леопард. Тие се сензуални суштества кои што сакаат малку крзно на својата кожа. Секој костум кој на себе има некој вид опашка или уши ќе им биде привлечен и секси. Сакаат свила, сатен, машнички, но и модели кои што с епародија на модата од педесеттите и шеесеттите години. Девица – Жената родена во знакот на девица е многу скромна и преферира практична долна облека. Ако се подготвува за некоја секси акција, ќе одбере корсет и ќе ги стисне до максимум во струкот, а се чувствува секси и во чорапи со чипка и подвезици. Вага – Со Вагите владее божицата Венера па жените секогаш ќе одберат нешто најлудо и најсекси кога станува збор за секси долна облека. Црвената, жолтата и сината се омилени бои на овој секси знак, но сакаат да носат и златна долна облека, платформи, мрежести чорапи, подвезици и проѕирна долна облека. Скорпија – Скорпиите се многу секси по природа и сакаат кожа, винил и пластика. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како што се кучешки огрлици, јапонска опрема за врзување и ланци, а сакаат и тесни високи чизми. Стрелец – Жените - Стрелци ја обожуваат сензуалноста на корсетот и сексапилот кој им го даваат раквиците, чизмите и долната облека со многу копчиња. Многу сакаат плишани ткаенини. Виолетовата, црвената и зелената им се омилени бои. Јарец – Јарецот е многу чувствителен знак и смета дека памукот е многу сензуален и секси. Високо квалитетна ноќница му е секси на овој знак и ако е таа закопчана до грло. Ќе го возбуди облека со полно шљокици. Многу жени родени во овој знак сакаат да носат мрежасти чорапи и танги, сатенски градници и гаќички во розева, сина или жолта боја. Водолија – Овој визионерски знак сака изразено тесна долна обелка оф футуристички и светкави материјали. Светло црвената и темно виолетовата с енивни омилени бои, а пердувите, маските, свилените траки и шалови им се омилени додатоци. Многу ги возбудуваат и викторијанските кожени чизми и женствени нараквици без прсти. Риби – Рибите не се толку живи и диви сексуално, но многу сакаат убави памучни ноќници со розеви и сини траки, како и ноќници од ликра со цветни шари. Обожуваат штикли. На машките Риби ќе им се допадне жена која сака д аноси машка долна облека или преголема машка маица за спиење. Ги возбудува изгледот на невина студентка, но не можат да им одолеат ниту на секси подвезици или најлонки во комбинација со вратоврска или пеперутка машна. Изменето од Valerija - 09.Декември.2013 во 13:39 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oткријте какви сте во кујната според хороскопотКога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот хороскопски знак за однапред да откријте што ќе ве очекува во чинијата. Секој хороскопски знак има посебна специјалност и омилена храна за готвење или јадење. Откријте кои се навиките, желбите и начините на подготовка храна за секој хороскопски знак што ве интересира. Кога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот хороскопски знак за однапред да откриете што ќе ве очекува во чинијата. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби Рибите сакаат да готват, но повеќе сакаат да дегустираат. Ситни колачи, пудинг, шејк се како создадени за овој знак. Тие сакаат да јадат, но не премногу. Со добро јадење важно им е да пијат добро вино, како и изгледот на масата и атмосферата. Кога се Рибите во прашање сè е важно. Ако одите на вечера кај некоја Риба однесете вино. Ако Рибата доаѓа кај вас, подгответе некои морски плодови, но важно е и убаво да ја декорирате храната. Рибата на ништо нема да најде замерка, а и ако нешто не ѝ се допадне, нема да ви каже. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакате да дознаете што вашите најблиски навистина сакаат да прават во своето слободно време, доволно е да го знаете нивниот знак за да откриете. Додека Биковите најмногу сакаат да уживаат во природата, Лавот сака ден без обврски, а Девиците обожаваат кога паметно ќе го искористат слободното време. Овенот најдобро се опушта со готвење Бикот најдобро се забавува во природа Близнаците сакаат авантури За Раковите одлична забава е трачарењето Денот без обврски е одлична забава за Лавот Девиците сакаат паметно да го користат времето Вагата често пати е неодлучна За Скорпијата е забавно сè што содржи доза на мистериозност Спортските настани и концертите се изборот на Стрелците Адреналинското искуство е идеално за Јарецот За Водолиите единствена забава е доброто друштво На Рибите доволно им е море и плажа за да уживаат |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овенот, Стрелецот и Лавот се најчесто мускулесто градени. Девиците и Јарците се ковчести, а Биковите и Вагите склони кон дебелеење. Очите се најистакнати кај Водолија, Риби и Близнаци. 1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер. 2. Биковите се препознатливи по симетрично лице и полни усни. Носот им е округол, а тенот сјаен. Телото обично им е пропорционално, па ако качуваат килограми обично се распределуваат пропорционално. Нивниот изглед остава впечаток на мекост и сила истовремено, се облекуваат елегантно, најчесто во зелено и кафено. 3. Истакнати очи го красат насмеаното лице на Близнаците. Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и делуваат грациозно иако немаат истакнати мускули. Имаат прилично неизразен струк. Омилена боја жолта и сребрена. 4. Раковите имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници. Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки, најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела. 5. Широко чело и густа коса се карактеристики на вистински Лав. Убаво обликуван нос, силна мускулатура. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит. 6. Девиците се витки, а вишокот најчесто се насобира кај рацете и стомакот. Телото им е симетрично и складно како и цртите на лицето. Важат за убави луѓе. Сакаат неутрални и неупадливи комбинации во нијанси на сина и зелена. 7. Вагите имаат правилни црти на лицето. Обично се повисоки од просекот, а целокупниот изглед делува софистицирано. Често имаат впечатлива боја или фора на очите. Сакаат да се дотеруваат и истакнуваат со изгледот. Сакаат нијанси на сина и црвена. 8. Иако се слаби, Скорпиите делуваат силно и високо. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива. 9. Стрелецот има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата. Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои. 10. Јарците имаат елегантен и долг врат и ковчести раменици. Најчесто се иски или со средна висина, профилот на лицето им е заоблен, а најчесто имаат увлечена брада и впечатливи заби со убава насмевка. Сакаат нијанси на зелена и кафена. 11. Водолиите се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. Ако се здебелуваат често добиваат подбрадок, но ова се случува по 30-тата. Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Широки меки усни, а омилени бои им се виолетова и сина. 12. Рибите имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото обично е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелена и црвена. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таман да се обедини Македонија |
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се ближи периодот на прослави и подарувања, па затоа почнете на време да одбирате новогодишни подароци за своите најмили. Во случај да не знаете со што би можеле да ја израдувате драгата личност, побарајте идеа во нашиот мал водич, составен врз основа на хороскопскиот карактер на секој знак на Зодијакот. Одберете подарок од срце. Оној што го прима подарокот ќе се израдува, пред се, од искреното внимание, нежната порака и искажаните чувства. Овен – полн со енергија и посветен на спортот Бик – обожува луксуз и се вистински гурмани Близнаци – големи интелектуалци и вечни деца Рак – перфексионисти и големи емотивци Лав – сакаат да ги третирате како кралеви Девици – вечни романтичари Вага – не очекуваат многу, но ги сметаат за најголеми естети во хороскопот Скорпија – тешки барања Стрелец – весел и немирен Јарец – исклучително сериозен и со чувство за совршенство Водолија – сакаат да бидат мазени и пазени Риби – нежни и внимателни, вистински уметнички души |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали хороскопскиот знак може да го предвиви обликот на окото? Познавачите велат дека може. Овој графикон со очи е нацртан според хороскопот, според обликот и начинот на шминкање карактеристичен за секој од дванаесетте знаци. Сите цртежи се базирани на особините и боите кои традиционално се поврзуваат со секој поединечен хороскопски знак. Овен – најсамодоверливите, сезнаечки очи на Зодијакот. Бик – земјен поглед кој пробива. Близнаци – пријателски, искрени очи. Рак – многу јасни белки, срамежливи очи. Лав – разиграни очи кои што порачуваат „не сакате хаос со мене, но нема да има губење време, ако го направите тоа!“ Девица – критичарско проучување на љубопитни очи. Вага – вечната надеж и непрестаното одмерување на опциите се гледа и во очите. Скорпија – продорен поглед кој ќе ве „закова на место“ и ги пробива сите оклопи. Стрелец – тежок, мудар поглед кој тера да се колебате иако ништо не сте згрешиле. Јарец – харизматични и забавни, но не им е гајле за нешто што се случува надвор од нивниот свет. Водолија – зрачат со добрина, постојано ја пребаруваат околината во потрага за нешто што ќе ги разбуди нивните уметнички склоности. Риби – водени, очи полни фантазија, кои како да знаат да гледаат во иднината Дали цртежот на окото му дговара на вашиот знак? Дали сакате да употребувате слични сенки и нијанси како што е преставено на овој цртеж? |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.
ОД прва до последна буква точно Изменето од Crna Arapina - 09.Декември.2013 во 13:48 |
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква е вашата романтична историја со хороскопските знаци? Ви одговараат Риби, Лавови или пак Водолии? Не знаевте зошто не ви оди со било кои други? Дознајте каква е личноста во љубовта и сексот преку хороскопот и откријте кој знак најмногу ви одговара. Овен: Едно минутен освојувач Бик: Романтичар Близнаци: Зборувач Рак: Љубовник Лав: Нарцис Девица: Зависник од секс Вага: Уметник Скорпија: Огнени љубовници Стрелец: Вечни ловци Јарец: Трпеливи љубовници Водолија: Собирач на играчки Риби: Верен љубовник Изменето од Valerija - 09.Декември.2013 во 13:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Било да сакате да читате, или да подарувате книги, дознајте како влијаат ѕвездите на нашиот книжевен вкус. Овните не сакаат романтични приказни, Биковите можат и без книга, a Близнаците сакаат да ги купуваат. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Романтичните приказни, романите чиј што заплет се случува во сон... тоа е она што го сакаат Рибите. Фантазиите, бајките, научната фантастика и филозофијата ќе го задржат вниманието на Рибите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што ги вади од такт хороскопските знаци?
Секој човек нешто го нервира и може да го извади од такт. Ова се работите кои не можат да ги поднесат хороскопските знаци. ОвенОвните најчесто ги нервираат ситници, како сообраќаен метеж или долг ред во супермаркет. Знаат и да збеснат, но брзо се смируваат. БикБикот го нервира недостаток на секс, брзање, лошиот вкус кај другите луѓе и непознавање на општите правила на однесување. Ги нервира и несигурна финансиска состојба. БлизнациБлизнаците не трпат арогантни луѓе, како и песимистички личности со ограничени ставови и луѓе кои немаат смисла за хумор. Не сакаат кога некој ги прекинува или кога се наоѓаат во ситуација во која мораат да ќутат. РакНе сакаат кога се гладни, кога им е топло или ладно и кога се неудобно облечени. Не сакаат провокации, неправди и неблагодарност. Ги нервира кога некој не го почитува нивното мислење. ЛавЛавовите ги нервира дебелина, работа за време на големи горештини и недостаток на пари за луксузирање. Ги нервираат и моменти во кои тие излегуваат понеспособни од некој друг. ДевицаДевиците ги нервира неред, каснење, невозвраќање на телефонски повици, луѓе кои постојано се жалат и кога некој друг ја плаќа сметката. Многу се нервираат кога мораат да прават промени во нивниот распоред. ВагаНе сакаат кога некој им вика или кога некој се однесува спрема нив без почит. Од такт ги вади дури и помислата дека не можат да го изразат своето мислење, а незадоволството од својот изглед може да ги излуди. СкорпијаНе сакаат луѓе кои позајмуваат нешто, а потоа не го враќаат. Не сакаат луѓе кои шират лаги за нив, а не сакаат ни тајни. СтрелецНе сакаат лаги, приговарање и луѓе кои се обидуваат да им го контролираат животот. Не сакаат да седат дома и ги нервира кога немаат можност да уживаат во своето хоби. ЈарецНе сака несоодветно однесување на други луѓе, друштво кое не им се допаѓа, како и трошење премногу пари. Исто така, ги нервира ако некој близок не им верува. ВодолијаНе сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат како што е побарано од нив, а не како што сакаат или кога некој им замерува за тоа што го носат. Најмногу ги нервира кога ќе ги изневери партнерот или некој близок. РибиНе сакаат сарказам и провокации. Ги нервира ако луѓето не го ценат нивниот труд. Не си ја сакаат својата постојана желба за благо, мразат доцни ноќни повици и барање место за паркинг. |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рак: Љубовник |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водолија
Не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат како што е побарано од нив, а не како што сакаат или кога некој им замерува за тоа што го носат. Најмногу ги нервира кога ќе ги изневери партнерот или некој близок. Точно!Шо ги боле јас што носам мене важно ми е тамам. |
|
I just wanna feel real love.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се наближува дочекот на најлудата ноќ. Веројатно како и повеќето припаднички на поубавиот пол во дилема сте како да се облечете и да заблескате во полн сјај. Каков фустан, чевли, шминка да одберете, а во исто време да изгледате оригинално и несекојдневно. Прочитајте ги советите според ѕвездите и планетите. Овен Овните се познати како луѓе од акција – модата често не ги интересира, најважно им е гардеробата да е удобна и практична, бидејќи постојано се во некое брзање и акција. Најдобро е да изберете фустан со јасен и дефиниран крој. Одберете црвена или бела боја, а дополнете со некој необичен накит. Бик Жените во знакот на бик многу е важно да се чувствуваат удобно и пријатно. Одберете лесен и лелеав фустан од меки и пријатни материјали. Внимавајте и вашите чевли да бидат удобни. Близнаци Близнаците се љубители на силни бои и необични дезени или нешто што изгледа лесно за трансформација и кое ќе ви даде уникатен изглед. Најдобро е да се одлучите за нешто смело и необично. Рак Раковите сакаат романтичен и женствен изглед поради коj се чувствуваат привлечни за посилниот пол. Поради тоа секогаш се определуваат за фустан, наместо панталони кои за нив се премногу мажествени и конвенционални. Изберете елегантен сребрен фустан кој ќе ги истакне вашите облини, а сето тоа дополнето го со црвен кармин. Лав Колку пооригинална фризура, толку поголема сигурност. Долга распуштена коса или изразито кратка – со вас нема компромиси. Фустанот нека биде во златна, црвена или виолетова боја, како што доликува на владетелот во хороскопот. Потпетици високи најмалку 10 см ќе направат да бидете ѕвезда на вечерта. Девица Деталите и перфекцијата се нешто што има најголемо значење за жените родени во овој знак . Евтини и едноставни работи не одат со вашата гламурозна личност. Вие сакате елегантни фустани со беспрекорен крој без многу детали, кои изразуваат софистицираност. Вага Вагите обожаваат скапи, софистицирани материјали и аксесоари. Прав избор за вас е некој впечатлив брош или елегантни ракавици. Ниту еден друг знак нема толку стил како Вагата, ниту може да го изрази на тој начин. Црн фустан е вистински погодок за вас со неизбежен детаљ по кој ќе бидете забележани. Скорпија Вие сте природно заводлива и мистериозна жена. Покрај тоа, најчесто се определувате за црно секси фустанче и високи потпетици. Оваа година ви советуваме да се определите за некоја посилна боја и необични чевли сигурно ќе ги остави без здив сите околу вас. Црвен фустан, сребрени чевли и необичен накит ќе го направат вашиот изглед несекојдневен. Не заборавајте и јака шминка со која ќе ги нагласите вашите очи. Стрелец За Стрелците прав избор се панталоните. Вие просто знаете како да ги носите и во нив да изгледате подобро од дамите во фустан. Вашата природа бара удобност и спонтани движења, затоа често ги носите и најдобро се чувствувате. На најлудата ноќ ви советуваме да ставите акцент на нозете и да заблескате во впечатливи светкави хеланки или со интересен дезен на хулахопки. Високите потпетици се задолжителни за секоја дама. Јарец Како суптилна, едноставна и конзервативна жена, вие најдобро се чувствувате во елегантни панталони или едноставен фустан со скромен и едноставен крој и дезен. Ваши омилени бои се сива, црна или кафена. Сето тоа комбинирајте го со модерни чевли кои совршено одговараат со вашиот отмен карактер. Во новогодишната ноќ останете дама, бидејќи тоа најдобро ви прилега. Водолија Колку пооригинално, толку подобро. Водолиите се сè само не обични припаднички на хороскопот. Водолиите најдобро знаат со помош на облеката да ја изразат својата оригиналност и немирен дух. Кога се модните експерименти во прашање, нема комбинација која не може да ја износите на правилен начин. Останете доследни на својата природа и определете се за фустан во етно фазон или необичен принт. Накитот нека ви биде впечатлив и што поброен. Риби Вие сте чувствителна уметничка душа која на секоја креација знае да даде личен печат. Елегантен брош или уникатен накит е она што треба да го украси вашиот новогодишен изглед. Дрски бои и смели модели не одговараат на вашиот нежен карактер. Додека, светкавите златни или бели дезени се како создадени за вас. Водете сметка за тоа чевлите да ви бидат удобни, бидејќи нежните чекори и заводливиот поглед се ваши најголеми адути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 103104105106107 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |