IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:01

horoskop-na-kakvo-kafe-pagjate-povekjeЗнаеме дека љубовта доаѓа од желудникот, но ако не сте голем гурман, а фантазијата ви е како исушено гранче, обидете се за заведување да го...

 

...искористите кафето. Дознајте каков вкус сакаат чувствителните Ракови, острите Лавови или нежните Риби.

1. Авантуристичките Овни секогаш се во движење. Нивниот немирен дух е подготвен за качување на високи планини и пешачење по козји патеки. Каков дух – таков вкус. Богат вкус на кафе ќе ги собори од нозе. Подгответе силно кафе со беспрекорен мирис.

2. Кога ќе пронајдат вкус кој им се допаѓа, тврдоглавите Бикови му остануваат верни. Гурманските кралеви на хороскопот преферираат кафе кое е подготвено без пестициди, хербициди или вештачко ѓубриво како видовите од Гватемала. Епа, тргнете во потрага.

3. По природа инаетчивите Близнаци, еден ден сакаат еден вкус, а наредниот друг вкус на кафе. Нервозни и по малку лесноумни, сакаат и слабо и силно кафе, и први би го пробале новото на пазарот. Светски познатото кафе од Нова Гвинеја би ги заинтригирало барем на неколку дена.

4. Раковите ќе одберат кафе без кофеин, за да не го трошат вишокот на енергија без потребно и непромислено. Едноставно – со Раковите ви е потребен многу труд. Само нека е миризливо и со повеќе шеќер.

5. Први кои ќе го пробаат најновото еспресо и ќе научат сè за неговата подготовка дефинитивно се Лавовите. Дома имаат апарат за кафе на кој се усовршуваат и подготвуваат совршена пена. Ако бидете подобри од нив, заведувањето ќе биде успешно.

6. Конзервативните Девици се верни на традиционалниот и проверен вкус на колумбиско кафе. Ако имате намера да ја изненадите со некое егзотично зрно – не губете време бадијала.

7. Секогаш во потрага по рамнотежа, Вагите ќе одберат Mocha-Java, најпозната светска мешавина на кафе. Иако по природа се мошне неодлучни, кај уживањето со кафе знаат што сакаат - 1/2 Mocha и 1/2 Java е добитната комбинација.

8. Драматичните и таинствени Скорпии, ја топат својата мрачна страна во шолја French Roast кафе. По стресните периоди огнените Скорпии би се „продале“ за шолја од омиленото топло кафе.

9. За авантуристичките Стрелци, идеален одмор изгледа секако, само не е едноставно. „Шмукање“ по пространата савана во Танзанија, криење низ грмушките со шолја кафе со мирис на цреша, односно Peaberry зрна кафе и набљудување на дивите животни – тоа е нивниот сон. Ако веќе сакате да заведете Стрелец, можеби е подобро да се откажете од заведувањето со кафе.

10. Љубители на традицијата, отмени и елегантни, Јарците уживаат во испробување на најфините и најскапите кафиња. Ова е аристократски знак кој бара најдобар квалитет, па започнете да штедите, затоа што тие не се задоволуваат со ништо помалку од светски познатото Estate Coffee. Преголем залак за вашиот џеб?

11. Неконвенционалните и авангардни Водолии сакаат да експериментираат и да прават свои мешавини. Веројатно никогаш не пиеле кафе на ист начин. Тие внимателно мерат и мешаат разни состојки сè додека не дојдат до совршениот вкус.

12. Ако видите дека Риба пие кафе по вечерата, знајте дека во шолјата додала малку алкохол. Тие едноставно сакаат сè да испробаат, па било какво егзотично силно кафе би било совршено за заведување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:02

Индијанците важат за големи претскажувачи на судбината, а имаат и своја карактеристична астрологија. Волк, змија или гуска.... Дознајте што сте вие, кои се вашите карактеристики и која е вашата судбина?

indijanski-horoskop-1

Сокол (Овен) 21.03 – 19.04

Карактеристика: динамичност

Соколот е нескротлив. Тој симболизира слобода и независност. Луѓето родени во овој знак се секогаш спремни за акција гладни се за авантура. Често пати се иницијатори за некое случување и умеат да ги водат другите, но од време на време се премногу импулсивни. Тежнеат да се издвојат од групата и да го задржат својот изразен идентитет.


Дабар
(Бик) 20.04 – 20.05

Карактеристика: доследност

Заради својата потреба за сигурност, дабарот е симбол на лежерност и комфор. Сака да поседува вредни предмети, тоа го смирува. Дабарите се упорни, стабилни и издржливи. Познати се по тоа што знаат да чекаат цела вечност додека нешто не добијат.


Елен
(Близнаци) 21.05 – 20.06

Карактеристика: сила

Елените се немирни и неуморни, па личностите родени во овој знак даваат впечаток на многу интелигентни и секогаш се надеваат дека можат да го променат светот со своите постапки. Имаат огромна волја и широка душа. Креативни се и интуитивни.


Клукајдрвец
(Рак) 21.06 – 21.07

Карактеристика: чувствителност

Лицата родени во овој знак постојано се во потрага по сигурност и заштита и се грижат за своите изразени емоции и пречувствителност. Го сакаат својот дом и семејството. Имаат бујна фантазија и страдаат од нагли промени во расположението. Животна цел им е да живеат вo хармонија со околината.


Лосос
(Лав) 22.07 – 21.08

Карактеристика: самодоверба

Вродената внатрешна сила и страст на родените во овој знак им дава моќ успешно да ги совладуваат сите препреки во животот и при тоа да останат достоинствени. Горди се, спонтани и одлучни. Храбри, амбициозни и желни за успех. Одлични лидери. Постојано ја бараат смислата на животот и сакаат да доминираат.


Мечка
(Девица) 22.08 – 21.09

Карактеристика: практичност

Кафените мечки се срамежливи и нежни суштества. Луѓето родени во овој знак најдобро се чувствуваат во организирана средина и опкружување кое е предвидливо и над кое можат да имаат контрола. Дискретни се, имаат смисла за детали и често се перфекционисти. Толеранцијата и оптимизмот се нивни слаби страни, на кои треба да поработат.


Гавран
(Вага) 22.09 – 22.10

Карактеристика: дипломатија

Луѓето родени во знакот на гавран поседуваат голема сила, која им овозможува да се носат со сè. Брзо се социјализираат, шармантни се и пријателски настроени, па ретко кога се сами. Интелигентни се, паметни и мистериозни. Тие се идеалисти кои тежнеат кон хармонија и заедница, а слаба точка им е што се несигурни и недоследни.


Змија
(Скорпија) 23.10 – 22.11

Карактеристика: опстанок

Во многу култури, змијата е симбол на почитување бидејќи се смета дека е заштитничка на многу животни мистерии. Лицата родени во овој знак имаат добра способност за расудување и интуиција и се стручни за анализа на човечката душа. Реални се и знаат да се контролираат.


Був
(Стрелец) 23.11 – 21.12

Карактеристика: мудрост

Во старите култури бувот симболизира мудрост и знаење. Лицата родени во овој знак ги карактеризира спонтаност, ентузијазам и идеализам. Тие се секогаш чекор пред времето, гледаат во иднината и желни се за духовно знаење. Љубопитни се, дарежливи и им веруваат на луѓето.


Гуска
(Јарец) 22.12 – 19.01

Карактеристика: Упорност

Лицата родени во знакот на гуска имаат изразено чувство за натпреварување и упорност. Обично имаат големи животни планови и полека, но сигурно ги остваруваат. Тие се оние кои секогаш стигнуваат далеку. Нивното мото е: „Тивка вода, брег рони“. Внимателни се, независни и добро се прилагодуваат на новите ситуации. За оние кои им значат, спремни се да загинат.


Видра
(Водолија) 20.01 – 18.02

Карактеристика: креативност

Видрите се весели животинки, па лицата со овој знак ги карактеризира интелектуална стимулација, слобода на духот и креативност. Имаат изразени вербални способности. Заради високо поставените идеали од другите, секогаш бараат повеќе од она што тие можат да им дадат. Пред сè, ја бараат вистината.


Волк
(Риби) 19.02 – 20.03

Карактеристика: лојалност

Иако се чини дека волкот е многу моќно животно, тој е исто така и плашлив и чувствителен. Луѓето родени во овој знак се емпатични кон другите и крајно предадени. Главна цел во животот им е да пронајдат и задржат вистинска љубов.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:04

horoskop-na-ljubomorata-povekjeЉубомората е најчесто видена причина за расправија кога двајца се во врска. Дали сте вие љубоморна личност? Проверете што вели вашиот хороскопски знак.

 

Ние би ви препорачале да бидете умерено љубоморни – ни премногу, ниту воопшто.

Овен

Вашите сентиментални односи се јасни и точни. Секогаш се чувствувате сигурни во себе. Кога ќе ве обземат страстите станувате многу чувствителни. Вие сте “мајчински“ тип, кој цврсто и сигурно се грижи за своите блиски. Заради оваа особина исто така љубоморно ја чувате и саканата личност.

Бик

Кој ќе се одлучи да биде со вас, ризикува многу затоа што Биковите се исклучиво љубоморни личности. Положбата е трагична ако вашиот партнер не сака да биде ваш роб. Ако изберете Водолија или Скорпија ќе ви биде многу полесно. Тие имаат многу лицемерност во себе така што ќе ви го кажат тоа што сакате да го чуете.

Близнаци

Давате впечаток на неутрална и рамнодушна личност, а во суштина сте одличен глумец кој одлично ја игра секоја улога. Сакате да бидете господар на саканата личност и да управувате не само со нејзината љубов туку и со материјалното богатство.

Рак

Вие сте нежно и чувствително суштество кое длабоко се врзува за својата љубов, а од својот партнер бара дупло повеќе почит и разбирање. Правите често љубоморни сцени, најчесто и без потреба, и ја нарушувате хармонијата во врската. Премногу ги анализирате постапките на својот партнер, а при тоа заборавате како се однесувате вие со него.

Лав

Секогаш истакнувате дека љубомората е глупост, но не сте сигурни во себе и секогаш го следите партнерот – каде оди и со кого разговара. Длабоко сте љубоморни, но го криете тоа во себе не сакајќи да ја нарушите сопствената гордост и достоинство. Но, кога сте сами со партнерот избива вистинска река од љубоморни префрлања.

Девица

Секогаш сте разочарани од љубовта и го обвинувате партнерот. Кога тој ќе погледне во друга личност губите тло под нозете. Погледнете се себе си и ќе видите дека и вие сте прекрасна личност. Вратете ја самодовербата и заборавете на љубомората.

Вага

Вам ви е неопходна заштита и сигурност. Ве плаши помислата да ја загубите саканата личност. Но, кога ќе ве напуштат за брзо време се враќате во форма и наоѓате замена. Вие постојано кокетирате со љубоморните изливи и тоа ви одговара.

Скорпија

Никогаш не се срамите од својата љубомора. Сакате да приредувате љубоморни сцени и тоа во јавност. Ако некој не ве познава доволно, никогаш не би рекол дека сте љубоморна личност. Надарени сте со голема самодоверба и итрина.

Стрелец

Секогаш победувате во љубовните конфликти. Вашето мото е “Имам голема самодоверба!“ и многу добро се согласувате со својот партнер. Љубовта за вас е убава работа, но ве обзема повремено. Заради тоа и не патите од љубомора.

Јарец

Премногу сте горди и заради тоа не подлегнувате на љубомора. Дури и кога ќе се појави благо чувство на љубомора, ви поминува брзо. Се водите од мислата “Ако веќе е со мене, ќе мора да остане со мене засекогаш!“

Водолија

Љубовта ја менувате со секс и затоа многу ретко патите од љубомора. Ваш принцип е “Секој од нас мора да има свој живот, но добро ни е и во двојка“ . Сепак, често вие сте жртва на љубомора и во тие моменти не можете да сфатите што е тоа што создава недоразбирање во љубовта.

Риби

Вие сте романтична личност и често плачете заради невозвратена љубов. Мислите дека можете да се одмаздите, но тоа се само пусти сништа. Во животот сте многу примерни и смирени и не знаете што е тоа љубомора.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:04

Некои од знаците совршено се сложуваат, а некои пак постојано се одбиваат. Односите на вториот тип на хороскопски знаци не се препорачуваат ниту како пријатели, ниту како љубовници.

koi-se-najlosite-ljubovni-parovi-spored-horoskopot-01

Откријте ги најлошите љубовни хороскопски парови кои никогаш нема да успеат.

Овен - Вага

Овенот секогаш ќе ја води неодлучната вага. Тој се смирува со нејзината рамнотежа и учи за дипломатските односи и правила. Проблемот може да настане кога Овенот е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност. Тогаш е неопходен компромис. Добро е што Овенот е секогаш подготвен на нешто ново, а Вагата е прилагодлива, па само со ваков став ќе може да опстојат.

Бик - Скорпија

Ова е прилично еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Сензуални се и секогаш се сложуваат во сексот, а проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора. Доколку пронајдат пристојно решение, врската може да опстои. Главната разлика се наоѓа во темпераментот.

Близнаци - Стрелец

Овие два знаци може да опстојат само ако некаде отпатуваат заедно. Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Двајцата се отворени и друштвени, а проблемот може да настане затоа што Близнакот е приземен знак, додека Стрелецот сака да лета високо. Токму затоа повеќето врски се осудени на пропаст.

Рак - Јарец

Ова е длабока и искрена врска. И двата знаци се амбициозни, но Ракот е популарен повеќе од Јарецот. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Проблемот може да се јави во периодот кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, додека Ракот очекува нешто повеќе на приватно поле.

Лав - Водолија

Ова е идеален пар за сите видови на забава. Лавот обожава публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба. Лавот сака деца, а Водолијата сака да биде слободна. Тука може да настане голем проблем, кога Лавот ќе се обиде да ги наметне своите принципи. Водолијата може да игнорира одредено време, а потоа да се препушти на тоталната слобода во која ужива.

Девица - Риби

Ова е врска во која има постојано надмудрување. И двата знаци се интелектуални типови, а може да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што немаат доволно храброст. И додека Девицата сака сè што е уредно, кај Рибите е обратно. Не е ни чудо што оваа љубовна врска постојано се справува со ситни кавги и несогласувања. Рутините за Рибите се неподносливи, додека Девицата го сака деталниот план на животот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:09

Спротивно на лавиците, прилично одмерените Девици оставаат впечаток на совршени дами на кои речиси сè им е онака како што посакуваат, на свое место. Мајстори се за подреденоста на работите. Големи педантерии, понекогаш дури и ситничари. Гардеробата ја одбираат многу внимателно, гледаат да биде едноставна но да им стои како кроена за нив.  Имаат одличен вкус за минималистичкиот стил и не сакаат некои екстремни промени и стилови.

moden-horoskop-devica-01

Жените Девици ги краси класичниот стил на облекување, без претерано нападни детали. Тие ја сакат облеката беспрекорно чиста, испеглана, а пред сè секогаш да изгледа како нова. Девиците не се љубители на преполн гардеробер со облека чија намена не се знае со години. Тие купуваат исклучиво облека која им е неопходна и ја купуваат наменски, што често пати ја оправдува превисоката цена.

Девиците посебно пребираат материјали и често на себе сакаат да имаат чист памук заради нивната осетлива и нежна кожа. За жените родени во овој знак најчесто ќе искоментирате како се секогаш средни од глава до пети, без разлика дали на себе имаат гламурозен фустан или едноставно здолниште. За нивниот секојдневен стил доволно е да искомбинираат здолниште, кошула, сако, потпетици и чанта. Секој детал е добредојден, но ако е изработен исклучиво од скапи, драгоцени материјали и камчиња. Тоа ги прави да се чувствуваат како кралици.

Големите аксесоари ги избегнуваат. Најдобро им прилега сината боја, сивата, белата и сите останати нежни, светли бои. Со оглед на тоа колку водат сметка за облеката, нивното мото е „помалку е повеќе“. Овие жени ќе ги препознаете по нивната префинетост и перфекционизам кој се чини дека нема крај.

Модни предлози за жените родени во овој знак:

moden-horoskop-devica-1

moden-horoskop-devica-2

moden-horoskop-devica-3

moden-horoskop-devica-4

moden-horoskop-devica-5

moden-horoskop-devica-6


Идеални претставнички на овој знак:

moden-horoskop-devica-7

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:10

Еден од најелегантните хороскопски знаци, дами кои во моментот кога ја напуштаа просторијата оставаат заносен облак од парфем за да ве потсетува на нив. Вагите се посебно посветени на својот физички изглед, често се перфекционисти и обожаваат да бидат видени во круговите на високата мода. Секогаш во тренд, често модни стручњаци за сечиј изглед и модни музи и инспирации на многумина.

moden-horoskop-vaga-01

Од шопинг се враќаат со повеќе од едно парче облека. Ја задоволуваат секоја своја потреба кога станува збор за стилот, си овозможуваат многу задоволства како накит, високи потпетици и фустани. Гардероберот на жената Вага е секогаш подобро опремен дури и од оној на врвните креатори.

Некои од жените Ваги ќе ги препознаете по неспоивите комбинации, но и по умерените бои, одлично одбраните парчиња облека и начинот на кој ги носат. Секогаш изгледаат средено и соодветно на пригодата. Лесните материјали се препознатливи за жените родени во овој хороскопски знак исто како и многу детали и аксесоари. Пастелните бои се нивниот избор, иако знаат да ги комбинираат со впечатливи, па дури и дречливи нијанси.

Доколку сретнете дама со необична фризура за време на некој обичен, секојдневен настан, тоа е жената Вага. Сакаат да носат детали во косата, повеќе бои на себе кои одлично знаат да ги вклопат, како и високи потпетици. Совршено нашминканото лице е исто така нивна важна карактеристика.

Модни предлози за жените родени во овој знак:

moden-horoskop-vaga-1

moden-horoskop-vaga-2

moden-horoskop-vaga-3

moden-horoskop-vaga-4

moden-horoskop-vaga-5

moden-horoskop-vaga-6


Идеални претставнички на жените Ваги:

moden-horoskop-vaga-7

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:11

Tаленти според хороскопот

talenti-spored-horoskopot-povekjeЗа секој успех неопходна е работа, но некои предиспозиции ги стекнуваме родени под одреден хороскопски знак. Дознајте кои таленти...


...одат рака под рака со астрологијата.

Овен – спонтаност, одлучност, љубопитини, борбени, страствени, упорни.

Бик – спретност со пари, здрав разум, трпеливост, самосвесност.

Близнаци – мултитаскинг, елоквентност, прилагодливост.

Рак – социјална ангажираност, сочувство, кулинарство.

Лав – креативност, уметнички вештини, харизма.

Девица – перфекционизам, организираност, точност.

Вага – дипломатија, хармоничност, естетичност.

Скорпија – упорност, насоченост кон целите, прилагодливост.

Стрелец – оптимизам, друштвеност, толерантност, чувство за правдина.

Јарец – реализам, стабилност, одлични советници, ориентираност кон важните работи.

Водолија – опуштеност, креативност, снаодливост, зборливи.

Риба – фантазирање, снаодливост, одлични пријатели, чувствителност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:12

Секој има особини кои ги привлекуваат или ги одбиваат другите луѓе. Добро е да бидете свесни за своите маани и да ги поправате колку што можете.

horoskopot-gi-otkriva-5-te-maani-na-sekoj-znak-01

Треба да знаете да прифатите дека никој не е совршен, па ни вие. Ова се мааните на секој знак кои може да бидат вистинска пречка доколку сте во врска со нив.

Но, некој можеби знае и да направи компромис. Ако за некој едни маани се неприфатливи, за некој друг можеби се сосем вообичаени.

Пронајдете ги мааните на својот партнер или пронајдете го партнерот чии маани можете да ги прифатите.

Овен

- Имаат импулсивен карактер и треба да знаат како да го намалат изливот на бес.

- Кога сте во врска со Овен понекогаш ќе имате чувство дека сте со некој незрел и наивен тинејџер, а не со возрасна личност.

- Овните сакаат да се впуштаат во нови работи, но не очекувајте дека ќе ги завршат до крај, бидејќи лесно им се привлекува вниманието со нешто друго.

- Имаат голем проблем со трпението.

- Многу се себични и со тесни погледи, па не се чудете ако не ги разберат и прифатат вашите амбиции.


Бик

- Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победите во некоја расправија.

- Не попуштаат.

- Нивните потреби се секогаш поважни од вашите.

- Ужасно се здодевни.

- Тешко се отвораат емотивно, па не можете од нив да очекувате да ги поделат своите грижи.


Близнаци

- Непослушни личности.

- Секој ден е нов предизвик, бидејќи не знаете како ќе бидат расположени.

- Слаткоречиви се и многу ветуваат, но сè останува само на зборови.

- Брзо се заситуваат од сè.

- Да се живее со Близнак, значи да се живее со полу завршени проекти и идеи.


Рак

- Нивните промени на расположението се исцрпувачки.

- Раковите се склони на навредување, но не и на преземање одговорност за последиците.

- Наметливи се и несамостојни.

- Може да ве запросат уште на вториот состанок.

- Животот со Раковите може да биде прилично досаден. Тешко може да ги наговорите да одите на некое патување или за некаква авантура.


Лав

- Никогаш нема да чувствувате целосна сигурност во врскаат со нив, бидејќи се склони на флерт со кој било и каде било.

- Никогаш нема да ве сака вас повеќе од својот одраз во огледалото.

- Ниеден Лав никогаш не признал дека не бил во право.

- Нивната палавост е непријатна.

- Мора секогаш да бидат во центарот на вниманието, па покрај нив секогаш ќе бидете по малку во сенка.


Девица

- Склони се кон осудување и претерани критики.

- Животот со Девица значи дека секогаш вие ќе треба да го направите првиот чекор.

- Превртливи се.

- Несигурноста им е вродена, а тоа воопшто не е секси.

- Ако случајно оставите валкана чаша во мијалникот и си заминете, долго ќе ве потсетува на таа несмасност.


Вага

- Никогаш нема да знаете што навистина мислат бидејќи тие ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете.

- Донесувањето одлуки трае со часови.

- Во секој момент може да ви го свртат грбот без предупредување.

- Опседнати се со физичката убавина.

- Им недостасува силна волја.


Скорпија

- Љубомората е далеку позната за Скорпиите.

- Никогаш нема да знаете што точно чувствува, бидејќи знае вешто да манипулира и со своите и со вашите емоции.

- Подготвени се да ве повредат како никој дотогаш.

- Лажливи се и таинствени.

- Малите караници редовно се претвораат во огромни драми.


Стрелец

- Стрелците се најлоши слушатели од сите знаци.

- Забавата им е единствено постојано нешто во мислите 24/7, а ако ја немаат непрестано се жалат.

- Тие знаат апсолутно сè, така што тешко прифаќаат да им кажувате нешто ново.

- Доминантни се и склони на контролирање.

- Често се невнимателни за туѓите чувства.


Јарец

- Нивен приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го стават на знаење.

- Опседнати со контрола.

- Сè што прават, прават исклучиво за себе без грижа дали ќе ве повредат.

- Сакаат рутини, па врската со нив е малку досадна.

- Затворени се зад своите ѕидови.


Водолија

- Животот го живеат во својата глава, па често се отсутни.

- Тие знаат најдобро, па често ќе ви даваат инструкции.

- На состаноците ретко ќе бидете сами, бидејќи најмногу од сè сакаат друштво.

- Сакаат однапред да донесуваат одлуки, заклучоци и осуди.

- Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат.


Риби

- На Рибите им треба многу простор.

- Не можете да ги наговорите да направат нешто што не сакаат.

- Ретко кога знаат што сакаат од животот.

- Рибите ќе ги жртвуваат своите емоции и потреби за поквалитетна врска, но подоцна ќе ви префрлаат за тоа.

- Ја идеализираат секоја своја врска, па од вас се очекува да ги исполните нивните фантазии за совршенство.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:13

Дали верувате во реинкарнација? Знаете ли често да кажете „ех ова сигурно ми е познато од минатиот живот“?

sto-ste-bile-vo-minatiot-zivot-sto-ve-ceka-vo-idninata-01

Според годината на раѓање, проверете што сте биле во минатиот живот, што правите во сегашноста и што ве чека во иднината.

Трагачи по среќа

Години: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017

Минато
Во минатиот живот сте биле цар, крал, владетел или сте припаѓале на високо племство.

Сегашност
Просперитетот постојано ви бега. Во втората половина од животот ќе имате повеќе среќа и на крајот- ќе бидете задоволни со судбната. Страсно го сакате спротивниот пол, но не сте промискуитетни. На сите полиња трагате по среќа и длабоко задоволство. Склони сте кон депресија.

Иднина
Следниот живот ќе го поминете во планина како самотник или екстремен спортист.


Романописци

Години: 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016

Минато
Во предминатиот живот сте биле син на демон, а во минатиот канибал. Сте поминувале многу време лутајќи низ световите.

Сегашност
Можно е да бидете писател на научна фантастика или хорор романи. Имате силна харизма и би можеле да станете политичар, говорник или водител. Зборувате малку, но остро, а поради своите необични однесувања често се сретнувате со зависта и омразата.

Иднина
Во паралелниот универзум ќе бидете дух, а во овој монах.


Уметници

Години: 1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015

Минато
Во некој од минатите животи сте биле диктатор кој погубил илјадници луѓе, потоа сте биле канибал и најпосле слон.

Сегашност
Никогаш не ви се доста пари, моќ, слава... Неодлучни сте и амбивалентни. Можно е да имате неколку пропаднати бракови. Пазете се од луѓе кои сте ги понижувале, во некој од наредните животи би можеле да се збогатат и да ви се одмаздат.

Иднина
Во некој од следните животи ќе бидете уметник.


Љубовници

Години: 1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014

Минато
Во минатиот живот сте биле конкубина на император.

Сегашност
Често ќе се чувствувате како роб на љубовта. Поднесувате големи жртви поради партнерот. Вие сте верен и чесен пријател, добар човек. Сепак склони сте кон негативна перцепција на реалноста, па затоа понекогаш сте цинични или зајадливи.

Иднина
Во наредната реинкарнација ќе бидете фото-модел.


Научници

Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013

Минато
Во секоја претходна реинкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени.

Сегашност
Ви престојат големи успеси на полето на науката или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите на својата работа бидејќи сте перфекциониста, но затоа несебично им помагате на другите да остварат успех.

Иднина
Во следниот живот ќе бидете принц/еза.


Астролози

Години: 1922, 1931, 1940, 1949, 1958, 1967, 1976, 1985, 1994, 2003, 2012

Минато
Имате дарба на силен ум и интуиција, некогаш сте биле астролог или врач.

Сегашност
Имате мнгу пријатели и љубовници. Добри сте кон другите, а за возврат добивате неблагодарност. Вашиот настап е одбивен, но затоа вашата душа е чиста. Тешко одржувате сериозни односи, а лесно влегувате во авантури. Вашите случајни претскажувања се точни.

Иднина
Ќе бидете голем научник или астролог.


Горди луѓе

Години: 1921, 1930, 1939, 1948, 1957, 1966, 1975, 1984, 1993, 2002, 2011

Минато
Сте биле полубог или свиреп горски дух. Од таму во вас има гнев и агресија.

Сегашност
Ќе добиете се што сакате, вклучувајќи и власт која ќе ја загубите поради предавство. Секогаш имате сила она што еднаш сте го постигнале да го постигнете повторно. За вас е карактеристично тежнеењето да ја менувате традицијата и да ги поместувате границите.

Иднина
Во следниот живот ќе бидете монах, аскет кој цврсто се држи до правилата.


Миленици на судбибната

Години: 1920, 1929, 1938, 1947, 1956, 1965, 1974, 1983, 1992, 2001, 2010

Минато
Пред два живота сте биле војник варвар, а потоа сте се родиле како уметник.

Сегашност
Омилени сте во друштвото на богатите и моќните, па помош ви доаѓа од сите страни. Имате добро здравје. И кога ќе се разболите, бргу оздравувате. Дури ни вашите лоши дела немаат сила да предизвикаат казна. Боговите секогаш застануваат во ваша заштита. Многу сте интелигентни и талентирани.

Иднина
Следниот живот ќе бидете вајар или духовник.


Исцелител

Години: 1919, 1928, 1937, 1946, 1955, 1964, 1973, 1982, 1991, 2000, 2009

Минато
Во животот пред овој сте биле дете на божеството на медицината.

Сегашност
Морате да бидете лекар или некој кој им помага на другите. Ако ја следите својата судбина, животот ќе ве награди со благосостојба, ако бегате од обврските кои небото ви ги дало, пријателите ќе се свртат против вас. И богатството ќе бега од вас.

Иднина
Ако бидете во склад со судбината, ќе се родите како сиромашно, но мудро дете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:14

anti-horoskop-povekjeКој е злобен, арогантен и вечно ги потценува луѓето, а кој опсесивен, нападен и невротичен? Во овој хороскоп ќе дознаете каков карактер навистина имате!

 

Овен - злобни гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Сето тоа е најверојатно резултат на малиот пенис, или минијатурните гради. Болни посесивци кои на партнерот би му ја одземале целата слобода, а себе би си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат кон неосвоиви тврдини и не познаваат пораз сè додека комплетно психички не бидат уништени. Многу се несредени во мозокот, скокаат за сè и сешто и се што ќе замислат мора да биде така, не тактизираат, а ги нервира чекање.
Истакнат Овен: Адолф Хитлер


Бик
- самозадоволни, ќутливи, полни себе, здодевни како клуб на филателисти. Ним сè им е супер и немојте да ги мачите со вашите проблеми затоа што тие немаат сопствени.
Истакнати Бикови: Јосип Броз Тито и Садам Хусеин


Близнаци
- главни оговарачи, трачари, издаици и превртливци со двојни мислења кои се менуваат на секои 10-15 минути. Веројатно и самиот Јуда бил Близнак во хороскоп.
Истакнат Близнак: Џон Кенеди


Рак
- посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале „добро утро“ со правилна интонација, го менуваат расположението како ќе им падне на памет.
Истакнат Рак: Џорџ Буш


Лав
- арогантни, вечно потценуваат, полни со големи планови од каде на крајот корист ќе извлечат само за себе - не им е гајле за другите.
Истакнат Лав: Слободан Милошевиќ


Девица
- опсесивни невротици кои се ослободуваат од стресот чистејќи по дома, средувајќи алишта, или кинески порцелан - премногу цепидлачат и ништо не им е доволно. Не познаваат љубов, кај нив не постојат емоции и сè води кон секс. Ако некој знак се смета за проститутка - тогаш тоа е овој.
Истакната Девица: Мајкл Џексон


Вага
- нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател. Потребна им е цела недела да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-Кола, или Пепси, толку се мрзливи - вистинско чудо е како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат само ако сте финансиски истакнати. Зборот пријател за нив не постои, колку и да им се отворите нема да добиете ни приближно еднакво за возврат затоа што тие само внимателно слушаат, а не ги отвораат своите карти. Подраги им се 1.000 убави лаги, отколку една болна вистина, затоа се најуспешни во лажењето, па дури и кога се лажат сами себе.
Истакната Вага: Владимир Путин


Скорпија
- самосожалувачи и деструктивци, неможат да се поднесат самите себе, па затоа повлекуваат уште 100 луѓе со себе. Ако утре е крај на светот, тие не би се шокирале, веројатно би го дочекале со садо-мазо оргии. Смртта не им е ништо страшно, се палат на крв и сè она кое на обичните смртници им е језиво. Ги следи карактеристика на љубоморно посесивни психопати.
Истакната Скорпија: Хилари Клинтон


Стрелец
- штеточини и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што за нив и оживување на мртвите е возможно - нормално само ако тие го прават тоа. Не признаваат дека го познаваат чувството на тага. Не стапувајте во брак со Стрелец никако, затоа што и кога е уверен дека ве сака, тоа ќе му помине за месец дена.
Истакнат Стрелец: Сталин


Јарец
- вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, да бидете во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Чувствата незнаат да ги искажат со зборови, па наместо „те сакам“ често може да ве дочека со „губи се“. Би си ја продале душата за друштвен статус.
Истакнат Јарец: Стипе Месиќ


Водолија
- вулгарни и непристојни перверзњаци, секогаш се мешаат во приватниот живот на останатите. Веројатно не би ве зачудил фактот дека најмногу шпиони од ЦИА се токму Водолија во хороскоп.
Истакната Водолија: Карла Дел Понте


Риби
- самосожалувачи, досадни, чекаат да дојде некој да ги утеши. Неможат ни да отидат во ве-це без туѓа помош, и најмала ситница ја гледаат како врвна сензација, па им досаѓаат на луѓето наоколу. На пауза, кога се со добра волја, се занимаваат со туѓите проблеми и повторно паѓаат во депресија - и така во круг.
Истакната Риба: Осама Бин Ладен

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:23

Научници

Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013

Минато
Во секоја претходна реинкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени.

Сегашност
Ви престојат големи успеси на полето на науката или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите на својата работа бидејќи сте перфекциониста, но затоа несебично им помагате на другите да остварат успех.

Иднина
Во следниот живот ќе бидете принц/еза.изненадување

Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:28
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

<p style=": rgb251, 251, 253;"><span style="font-size: 12pt;">Научници</span>

<p style=": rgb251, 251, 253;">Години: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013

<p style=": rgb251, 251, 253;">Минато
Во секоја претходна реинкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени.

<p style=": rgb251, 251, 253;">Сегашност
Ви престојат големи успеси на полето на науката или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите на својата работа бидејќи сте перфекциониста, но затоа несебично им помагате на другите да остварат успех.

<p style=": rgb251, 251, 253;">Иднина
Во следниот живот ќе бидете принц/еза.изненадување




Превери и сега може имаш кралска крв
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:34
Не важи за сега, за следниот животсмеење демек ќе го има.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:38

horoskopot-otkriva-koj-znak-kako-laze-povekjeНекогаш со најдобра намера, често пати за да сокријат што навистина мислат, но сите некогаш лажат и ја заобиколуваат вистината. Ви нудиме мал водич...


...кој ќе ви помогне да го откриете лажгото.

Секој знак на зодијакот покажува одредено однесување кое го издава.

Овен
Овенот не лаже многу. Нему тоа му одзема премногу време и премногу го оптоварува сокривањето на вистината.

Бик
Често кријат дека имаат пари на сметка. Тоа никогаш не е вистина со припадниците на овој знак, па немојте да им верувате ниту збор.

Близнаци
Нив тешко можете да ги фатите во лага. Тие многу добро лажат. За да биде работата уште полоша – многу се зборливи и допадливи па нивните приказни толку ќе ве забавуваат што нема да ви биде важно дали се вистинити или не.

Рак
Кога тие лажат, тоа го прават така што ве влечат за рака, ве убедуваат дека сè ќе биде во ред и дека не треба да се грижите.

Лав
Лавовите лажењето го доживуваат како забава. Тоа го прават за да бидат забавни и за да бидат во центарот на внимание.

Девица
Ова е знак кој мрази да лаже - освен ако вистината не им стои на патот за исполнување на некоја цел.

Вага
Вагата елегантно и незабележително ви „мачка“ очи а во тоа воопшто и да не се посомневате.

Скорпија
Омилена тема за која Скорпијата секогаш лаже е сексот.

Стрелец
Повеќето Стрелци не лажат. Нивниот знак е познат по тоа што е брутално искрен. Ако имаат причина за лажење, нема да се заплеткаат.

Јарец
Ако лаже Јарецот, тогаш знајте дека тоа го мачи. Тие презираат нечесност.

Водолија
Нивните приказни се иновативни и креативни како што се и нивните техники за лажење.

Риби
Лажат само ако нешто се обидуваат да сокријат од вас „за ваше добро“. Рибите се мајстори во избегнување на реалноста и тешко ќе ги забележите нивните лаги.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.