|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 8687888990 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХРИСТОС Е НАД СЕ
Колосјаните 1 15 Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, 16 зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него. 17 И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување. 18 Тој е и Глава на Телото, на Црквата: Тој е почеток, Првороден од мртвите, за да биде Прв во сè, 19 зашто во Него благоволи да се всели сета полнота, 20 и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст. 21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела, 22 сега ве измири преку смртта на Неговото човечко тело, за да ве изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина, 23 само ако останете во верата засновани и цврсти и непоколебливи во надежта на Евангелието, кое го чувте, кое е проповедано на целото создание под небото и на кое јас, Павле, му станав служител. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈОСИФ И МАРИЈА
Јосиф и Марија морале според тогашните закони да појдат во Витлеем на попис. Марија била бремена и го носеле Исуса. „Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство, да се запише со Марија, свршената со него жена, која беше бремена...“ Лука 2,4.5. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 Коринтјаните 3:3
Зашто е очигледно дека сте Христово писмо, составено преку нашата служба; напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог; не на камени плочи, туку врз плочи - на човечките срца. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Псалм 139
2 Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли. 3 Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта. 4 Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИСАИЈА 55
6 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! 7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. 8 „Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,” слово е Господово. 9 „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли. 10 Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, 11 така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евреите 1
1 Бог, Кој во старо време, многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, 2 во последиве дни им зборува преку Синот, Кого го постави за наследник на се, преку Кого ги создаде и вековите 3 и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото присуство, и држејќи се со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна на десната страна на престолот на вечичието на висините |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БИДИ ДОБАР ДУХОВЕН РАБОТНИК
2ТИМОТЕЈ 2 14 Ова напомнувај го, заколнувај ги пред Бога, да не се препираат околу зборови, тоа е неполезно, туку е за пропаст на слушателите. 15 Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината! 16 А отстранувај се од непристојни и празни зборови, зашто таквите сè повеќе ќе напредуваат во безбожност, 17 а нивното слово ќе разјадува како рак; од кои се Именеј и Филет, 18 кои се оддалечија од вистината, тврдејќи дека воскресението веќе станало и со тоа ја рушат верата на некои. 19 Сепак цврсто стои Божјата основа, која го има овој печат: „Господ познава кои се Негови” и „Да отстапи од неправдата секој, кој Го именува Господовото име!” 20 А во голем дом има не само златни и сребрени садови туку и дрвени и земјани. Едните се за благородна, а другите за неблагородна употреба. 21 И така, ако некој се очисти од овие, ќе биде сад за чесна употреба, осветен, полезен на домаќинот и приготвен за секое добро дело. 22 Бегај од младински желби! Стреми се кон правда, вера, љубов и мир со оние кои Го повикуваат Господа од чисто срце. 23 А отфрли ги безумните и неразумните распрашувања, знаејќи дека раѓаат борби! 24 А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку треба да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи; 25 да ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, 26 за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Второзаконие: 16:19
Не искривувај ја правдата; не биди пристрасен; не примај поткуп, зашто поткупот ги заслепува очите на мудрите, а ја загрозува работата на праведните. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ОДМАЗДУВАЈЊЕТО
Матеја 5 38 ”Сте чуле дека било речено: ‘Око за око и заб за заб.’ 39 А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. 40 Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката. 41 Ако некој те принуди да одиш со него една милја, ти оди две со него. 42 Дај му на оној што бара од тебе, и не свртувај се од оној што ти сака на заем.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.
1 Коринќаните 3:11-13 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
СКАПОЦЕН ТЕМЕЛ И СВЕТА ГРАДБА
1 Петар 4 Пристапете при Него, живиот Камен, Кого навистина луѓето Го отфрлија, но Кој е од Бога избран, и скапоцен, 5 та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа. 6 Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.” 7 Така, за вас, кои верувате, Тој е скапоцен; а за оние кои не веруваат: „Каменот, кого го отфрлија ѕидарите, но Кој стана аголен камен,” 8 и „камен за сопнување, и стена на соблазнување,” на која се сопнуваат оние, кои се непокорни на словото: за што се и определени. 9 А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен, за да ги прогласите славните дела на Оној, Кој ве повика од темнина во Својата чудесна светлина; 10 вие кои некогаш не бевте народ, сега сте Божји народ; вие кои некогаш не бевте помилувани, сега сте помилувани. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
СПОРЕДБА СО НЕПЛОДНАТА СМОКВА
Луке 13:6 Ја кажа и оваа парабола: „Некој имаше посадено смоква во своето лозје; и дојде да побара плод на неа, но не најде. 7 Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто уште да ја испостува земјата?” 8 Но тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам; 9 па можеби ќе роди, ако пак не роди, ќе ја пресечеш во иднина.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ВЛЕЗОТ ВО БОЖЈОТО ЦАРСТВО Е НИЗ ТЕСНА ВРАТА
Лука 13 22 И патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градови и села и поучуваше. 23 А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече: 24 ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат. 25 Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!” 26 Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.” 27 А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!” 28 Таму ќе биде плач и чкртање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во Божјото Царство, а себеси - истерани надвор. 29 И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство. 30 И ете, има последни, кои ќе бидат први; и има први, кои ќе бидат последни.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
РИМЈАНИТЕ 12
17 Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе! 18 Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 8687888990 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |