|
Кафе |
Внеси реплика | страница <12345 25> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тајната на совршеното Ирско кафе е да ја задржи рамнотежата – да не е ниту слатка, ниту горка, туку сите состојки да се совршено споени за да се создаде неодоливиот пијалак. Ирското кафе е идеално за попладневното дружење со пријателите, но би било уште подобро ако е подготвено во домашни услови. Потребни состојки:
Подготовка: Сварете го кафето и промешајте го со виски, а потоа додадете го шеќерот. Можете и да додадете малку рендано оревче, по желба. Оставете ги сите состојки убаво да се стопат и измешаат неколку минути. Откако кафето ќе се олади, додаде ликер по желба, во зависност од тоа дали сте љубител на кафето со чоколадо, ванила, кокос, карамела... Направете пена од слатката павлака и додадете ја. Мразот во ова кафе не е препорачлив за да не го разводни вкусот, па затоа одлично би било ако постои во фрижидер барем половина час пред послужувањето. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
три од сабајле до сега
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред да почнете да ја читате оваа листа, најдобро ќе биде да си го подготвите омиленото кафе и да уживате во неговиот вкус, бидејќи нема ниту една причина зошто да не го направите тоа. 2. Само мирисот на кафето може да ви го намали стресот значително 3. Пиењето кафе може да ја контролира Паркинсовата болест 4. Секојдневното пиење кафе штити од цироза и помага во намалувањето на штетното влијание на алкохолот. 5. Кафето може да ве направи посреќни и помалку депресивни 6. Кафето го намалува ризикот од самоубиства за 50 % 7. Кафето ги намалува шансите за заболување од рак на кожата, особено кај жените 8. Кафето особено им помага на атлетските спортисти и ја зголемува нивната сила и брзина 9. Кафето ви го буди мозокот и ви ја подобрува концентрацијата 10. Кафето ве прави поинтелигентни 11. Кафето е едно од најдобрите измислени нешта во кои можете секојдневно да уживате каде и да сте, сами или со пријателите. Продолжете да пиете! На здравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Босанско кафеСостојкиПодготовка
Суровото кафе се пече секој ден во посебен сад на жар.Садот мора постојано да се врти над жарот и кога кафето ке се ороси со маснотија,се истура на чиста платнена крпа и се покрива.Печеното кафе се меле на рачна мелница пред да се употреби.Кафето се вари во ѓезве на жар. Во ѓезвето се тура толку филџани вода колку што има лица и кога водата ке зоврие,се префрлаат неколку лажици вода во филџан ,а во ѓезвето се додаваат толку лажички мелено кафе колку што има филџани вода. Кафето и водата се промешува и ѓезвето повторно се става на жарта.Кога кефето ке се дигне тоа е знак дека е варено.Ѓезвето се тргнува од жарта,се додава одземената вода,се промеѓува и пак се става на жарта,кафето уште еднаш да се дигне. Вака сварено, кафето се налева во филџани и се служи. Со кафето се служат шекер во коцки,чаша вода,лажичка и локум. Гостите сами си го засладуваат кафето. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Елегантно кафе со коњак Потребно за 6-8 кафиња: 250 ml еспресо, оладено 80 ml коњак 60 ml ликер од кафе 60 ml цврсто изматен шлаг сладолед од кафе Подготовка: Еспресото, коњакот, ликерот и шлагот измешајте ги заедно со многу мраз. Течноста ставете ја во големи чаши. Во средината ставете по една топка сладолед од кафе или од некој друг вкус по ваша желба. Декорирајте со ситно сецкана чоколада. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Млечно-чоколадно кафе Потребни состојки:• 150 мл. чоколадно млеко • 100 мл кафе (една лажичка кафе растопена во вода) • шлаг • рендано чоколадо Подготовка: Во една висока чаша стави коцки мраз. Додај го чоколадното млеко, а потоа и кафето.Одозгора украси го со шлаг, а врз шлагот изрендај чоколадо. Чоколадно кафе Потребни состојки: • половина шолја шлаг или изматена хопла • 2 лажички шеќер во прав • мелени бадеми • една шолја чоколаден сладолед • 4 шолји топло нес кафе • парчиња бадеми Подготовка: Во еден сад измешај го шлагот со шеќерот во прав и мелените бадеми. Во четири шолји стави по една лажичка сладолед. Одозгора истури го кафето. Секоја шолја украси ја со една лажичка од смесата со шлагот и бадемите. Одозгора украси со парчиња бадеми. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕДЕНО КАФЕ Потребни состојки: 100 ладно инстант кафе 100 мл чоколаден сладолед 15 мл чоколаден прелив 3 коцки кршен мраз шлаг Начин на подготовка: Во блендер ставете ги леденото кафе, сладоледот и чоколадниот сируп. Во голема чаша сипете го мразот и одозгора полијте го со добиената смеса од блендерот. Декорирајте со шлаг и чоколаден прелив. Капучино на Италијански начин Време за подготовка: 10 мин.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 грама Шлаг 10 грама Кафе 2 лажица/ци Какао 100 милилитри Газирана вода ПОДГОТОВКА: Во секоја чаша за кафе, се става по една лажичка кафе, се меша добро со минерална вода, се засладува со шлаг (шлагот го ставаме одозгора) па се посипува со какао во прав. Италијанското капучино се служи ладно. Затоа пред употреба минералната вода треба да отстои во фрижидер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден милкшејк со кафе (Cocoa Coffee Milkshake) Потребни состојки: 250 грама сладолед од ванила 200 милилитри ладно млеко 10 грама какао 1 ќесичка инстант кафе Начин на подготовка: Споменатите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги 2 минути додека не добиете хомогена крем смеса. Смесата ставете ја во голема стаклена чаша и уживајте. По желба декорирајте со чоколадни трошки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден кафе бакнеж (Chocolate coffee kiss) Потребни состојки: 20 ml ликер од кафе 20 ml Ирски крем 15 ml Какао крем 5 ml ликер од портокал (Гранд Марниер) 235 ml црно кафе Шлаг 40 ml чоколаден прелив 1 марачино цреша Начин на подготовка: Во шолја за кафе измешајте ликер од кафе, Ирски крем, Какао крем и Гранд Марниер. Потоа наполнете ја шолјата со сварено топло црно кафе, дотерајте ја со шлаг и ставете чоколаден прелив по ваш вкус. На крајот можете да го декорирате со марачино цреша. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кафе вртлог (Coffee whirl) Време на подготовка: 5 минути Потребни состојки: 50 грама сладолед од ванила 30 милилитри ладно црно кафе 2 грама незасладено какао Начин на подготовка: Сите споменати состојки, ставете ги во блендер и мешајте ги 2 минути. Добиената смеса ставете ја во стаклена чаша и декорирајте по ваш вкус. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Milky Way капучино Потребни состојки: 90 мл еспресо 40 мл чоколаден прелив 40 мл сируп од карамела 20 мл зовриено млеко Начин на подготовка: Во шолја за кафе сипете го подготвеното еспресо, чоколадниот прелив и сирупот од карамела и потоа додадете зовриено млеко. На врвот ставете млечна пена. За само 5 минути ќе добиете фантастичен кафе напиток со шмек на неодоливите чоколатца Milky Way. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Понекогаш денот може и без кафе да ми помине
џабе имам кафе мат кога не пијам ни еспресо ни макијато...воопшто не ми се допаѓаат. Зимно време обично пијам капучино, понекогаш и ладно матено нес а летно само нес и ајс кафе. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусот на кафето: 3 лесни рецептиДоброто старо црно кафе е одличен начин за започнување на денот и за брзо расонување. Сепак, на сите понекогаш ни станува здодевно од истиот вкус. Токму затоа ви препорачуваме овој пат да ја разбиете монотонијата со следните кафиња кои имаат малку поинаков вкус од она кафе кое го консумирате секој ден. Ледено кафе со цимет
Потребни состојки за базата: Топло мока кафе Потребни состојки: 2 шолји варено кафе 1 лажица какао 4 лажици ликер од кафе Шеќер по вкус Шлаг и чоколаден прелив за декорација Во жешкото кафе ставете ги преостанатите состојки и добро мешајте. Потоа украсете со преливот и чоколадото. Пунч кафе Потребни состојки: 4 лажици мелено кафе 2 стапчиња цимет Кора од портокал 4 мали чаши рум Сварете го кафето како што вообичаено го варите. Потоа во него ставете ги циметот и кората од портокал. Прелејте со рум кој претходно сте го загреале. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десет причини зошто треба да се збогувате со кафетоСе чувствувате уморно, исцрпено, депресивно? Можеби за сето тоа е виновно кафето. Докторите сугерираат да го обновите организмот со тоа што ќе го елиминирате од вашето секојдневие.
Во последно време кафето е главна тема во здравствените кругови. Иако постојат многубројни студии кои ја истакнуваат улогата на кафето во спречувањето болести, сепак една од најважните карактеристики е дејството на шеќерот во крвта. Во новата книга „The Blood Sugar Solution“, американскиот доктор Марк Хајмен истакнува дека инсулинската резистенција и воспаленијата се центарот на современите хронични болести. Тој пишува во „Huffington Post“ дека една од најважните здравствени навики кои треба да ги усвоиме се управување со нивото на шеќер во крвта преку намалување на активните супстанции кои го исфрлаат од рамнотежа. Дали знаевте дека кафето е еден од тие активатори? „Кафето има неверојатно моќна колекција на биолошки активни состојки“- вели докторот Волтер Ц. Вилет од Харвард. Според него, ефектите во организмот од кафето треба да се третираат како ефекти кои имаат дејство на моќна дрога. Научниците почнаа да ги истражуваат состојките на кафето. Истражувањата покажаа дека кај личности со дијабетес 2 внесувањето кафе е во корелација со покаченото излачување на инсулинот и зголемениот шеќер во крвта по оброкот. Понатамошните истражувања покажаа дека кофеинот во кафето може да биде одговорен за лачење на поголеми количини инсулин од панкреасот. Прочитајте ги овие десет причини зошто не треба да пиете кафе: 1. Кофеинот во кафето го зголемува хормонот на стресот. Реакцијата на стрес ги зголемува нивото на кортизол и инсулин. Инсулинот ги генерира воспалителните процеси од кои потоа се чувствуваме како болни. 2. Навикнувањето на кофеин ја намалува чувствителноста на инсулин. Големото ниво на шеќер доведува до оштетување на артериите и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. 3. Корисните хлорогени киселини можат да ја одложат апсорпцијата на гликоза во цревата што доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања. 4. Нефилтрираното кафе има најголемо ниво на антиоксиданси, но во организмот најмногу се внесуваат дитрепените поврзани со покаченото ниво на триглицериди. 5. Киселоста на кафето е поврзана со иритација на дигестивниот систем и нерамнотежа на цревната флора. 6.Зависноста е чест проблем кај оние кои редовно го консумираат кафето. Ако прашате некој кој не може без кафе како се чувствува без својата омилена напивка, неговата приказна ќе звучи како исповед на наркоман. 7. Бизнисот со кафе го поттикна создавањето култура која е зависна од слаткиот и моќен вкус на кафето. 8. Нивото на органската киселина 5-HIA и дел од неуротрансмитерот серотонин се со зголемено ниво во мокрачата на редовните косумери на кафе. Тие ризикуваат во мозокот да се синтетизира пониско ниво на серотонин потребен за нормална работа на цревата, расположението, добриот сон и нивото на енергија во организмот. Тоа е волшебен круг, бидејќи кафето може да влијае на сонот и да ја поттикне депресијата. Факт е дека колку повеќе пиете кафе, толку сте поуморни. 9. Оние кои почесто пијат кафе губат повеќе минерали како калциум, магнезиум и калиум. Тоа доведува до нерамнотежа и сериозни компликации по здравјето. 10. Состојките во кафето можат да сметаат на нормалната работа на метаболизмот на лековите и нормалниот процес на детоксикација во црниот дроб. Треба да се биде внимателен со кафе ако сте на одредена терапија за штитната жлезда или ви се припишани антидепресиви. Како да ја прекинете зависноста? Обидете се да се одморите од консумирање кафе и проверете како организмот ќе ви функционира на алтернативно гориво. Исфрлете го кофеинот од својот систем и веднаш ќе се почувствувате поенергични. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |