IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8485868788 98>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 00:11
За ова имаме дискутирано и порано... демек, непогрешлиот Бог првин создава нешто што е добро, а потоа увидува дека не било добро, па сето тоа го уништува... нема логика нели ?

Е па нема кога книгите се пишувани, препишувани, менувани, додавани, вадени... настрана што тие не се пишана историја и не треба буквално да се разбираат. голема насмевка


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 01:33
Ехе, има многу вакви мои омилени стихови. Ама сега веќе е доцна     
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 10:27
Да го избереме патот на вистината

“Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки. Јас цврсто се прилепив до Твоите прописи, о Господи, немој да ме посрамуваш!”
==Псалм 119:30-31 ; Библија==


Постојат две големи начела според кои се раководат луѓето, едното е верност спрема Бога, а другото е неверност. На сите нас ни е потребна повеќе христијанска храброст за да високо го воздигнеме знамето со натпис: “Божјите заповеди и верата Исусова...” Демаркационата линија помеѓу послушните и непослушните мора да биде јасна и одредена. Мораме да бидеме цврсто определени Божјата волја да ја извршуваме во секое време и на секое место...
Христијанската сила се стекнува со верноста во Господовата служба. Момчињата и девојките треба да сфатат дека да се биде едно со Христа претставува највозвишена чест која што луѓето можат да ја добијат. Со најцврта верност тие треба да се изборат за морална независност, и таа независност треба да ја одржат наспроти сите влијанија кои што можат да се обидат да ги одвратат од вистинските начела.
Луѓе со силен ум ќе изнесуваат тврдења кои што немаат темел во вистината. Затоа очите на својот ум намачкајте ги со небесната маст за очи за да ја воочите разликата помеѓу вистината и заблудата. Истражувајте ги Светите списи, и секогаш цврсто држете се до правилото “Така вели Господ”.
Во својата книга “Патувањето на поклоникот”, Буњанин еден од сопатниците го нарекува “Попустлив”. Млади чувајте се од таквиот карактер. Со тоа се прикажани оние кои што се многу приспособливи и еластични, а всушност се како трска која што се витка на ветрот. Тие немаат сила на волјата. Сите млади треба да ја негуваат доблеста одлучност. Неодлучноста е вистинска стапица која што претставува пропаст за многумина. Ако не бидете цврсти и непоколебливи, вие зградата на својот карактер ја градите на темелите на непостојан песок.
Христовиот поглед на светот е правило на христијанскиот живот. Целото суштество треба да биде проникнато со живототворните начела на небото. На ништо друго не треба да му се посвети толку време и внимание како на здравата и посветена библиска побожност.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2013 во 10:08
Пред 6-7 месеци пишав еден пост (на страна 67) на кој од Меси го добив следниов одговор:
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Само цитирање на стихови, без анализирање и дискутирање за нив, мало е фајдето.

И го почитувам тоа.
Гледам сега Благој_с   си зема за право да коментира, па си реков, во ред е, некогаш е добро да се направи една мала пауза, да се пише некој пост оф топик.
Благој, те молам одговори ми, , се разбира доколку сакаш, зошто секогаш се обидуваш/те, да ја поврзеш твојата православна христијанска вера со убаавите човекови особини, еве на пример со моралот? Или уште попрецизно, зошто сите други кои не припаѓаат во твојата православна христијанска вера ги сметаш за неверници, плашливинепослушни, нечесни, неморални, „слепи“, неодлучни ... ?
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Да го избереме патот на вистината
... Постојат две големи начела според кои се раководат луѓето, едното е верност спрема Бога, а другото е неверност. На сите нас ни е потребна повеќе христијанска храброст за да високо го воздигнеме знамето со натпис: “Божјите заповеди и верата Исусова...” Демаркационата линија помеѓу послушните и непослушните мора да биде јасна и одредена. Мораме да бидеме цврсто определени Божјата волја да ја извршуваме во секое време и на секое место...
Христијанската сила се стекнува со верноста во Господовата служба. Момчињата и девојките треба да сфатат дека да се биде едно со Христа претставува највозвишена чест која што луѓето можат да ја добијат. Со најцврта верност тие треба да се изборат за морална независност, и таа независност треба да ја одржат наспроти сите влијанија кои што можат да се обидат да ги одвратат од вистинските начела.
Луѓе со силен ум ќе изнесуваат тврдења кои што немаат темел во вистината. Затоа очите на својот ум намачкајте ги со небесната маст за очи за да ја воочите разликата помеѓу вистината и заблудата. Истражувајте ги Светите списи, и секогаш цврсто држете се до правилото “Така вели Господ”.
Во својата книга “Патувањето на поклоникот”, Буњанин еден од сопатниците го нарекува “Попустлив”. Млади чувајте се од таквиот карактер. Со тоа се прикажани оние кои што се многу приспособливи и еластични, а всушност се како трска која што се витка на ветрот. Тие немаат сила на волјата. Сите млади треба да ја негуваат доблеста одлучност. Неодлучноста е вистинска стапица која што претставува пропаст за многумина. Ако не бидете цврсти и непоколебливи, вие зградата на својот карактер ја градите на темелите на непостојан песок.
Христовиот поглед на светот е правило на христијанскиот живот. Целото суштество треба да биде проникнато со живототворните начела на небото. На ништо друго не треба да му се посвети толку време и внимание како на здравата и посветена библиска побожност.

Каква е оваа ваша верска поука со која ги потценуцвате, ги омаловажувате ги навредувате сите останати кои не се како вас (припадници на други вери и атеисти)? Тоа ле е таа ваша здрава побожност? Или се придржуваш на поучните зборови на твојот месија: „Тој што не е со мене, тој е против мене“?
На тоа ли треба да ги учиме младите, а?

Затоа сметам дека е подобро да си продолжиш (се разбира, на оваа тема) со постирање на најубавите стихови од библијата. Не сакам ти да направиш грев со тоа што ќе постираш некои понеубави и лоши стихови и со тоа да ја предизвикаш божјата лутина, божјиот бес и божјата казна да падне врз тебе. Остави ми ги тие стихови мене, јас ќе ги пишам.

btw. Верувам дека не си ја приметил следнава порака (од стр. 78), па уште еднаш би те замолил да ми одговориш. Се разбира, доколку знаеш и сакаш!
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Одамна ја немам прочитано библијата и, многу работи сум заборавил.
Колку што се сеќавам во неа тој секогаш е со лоша воља, се нешто забранува, постојано прети со некакви закани, со некакви казни,  со убиства, со страдања, жртви, крв  ... но не само што прети туку и ги извршува, постојано поддржува и помага војни (се разбира на сопствениот народ) ...
Неможам да се сетам, каде во библијата пишуваше дека бог бил расположен, дека се насмеал, дека се израдувал или дека тоа им го препорачува на луѓето?
Затоа би ги замолил читателите доколку ги најдат тие стихови, да ги пишат.


Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2013 во 11:19
Само да кажам дека немам ништо против ниедна религија а уште помалку омраза против човек- верувајте,секој има слободна волја на избор и ве молам не ме разбирајте погрешно.


10 Испитувајте што Му е угодно на Господа!
17 Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!
==Ефесјаните 5:10,17 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 06:31
Благој, сакам да верувам дека ти свесно можеби немаш ништо против другите вери или спрема човекот, но со самото прифаќање на учењето на твојата религија, ти во пракса правиш сосема друго т.е. несвесно ги осудуваш, (потценуваш, негираш ...) сите други кои не се како/со тебе.
Прочитај ги уште еднаш означените зборови од претходниот мој пост (секој пар во соодветна боја) и размисли за тоа.
Еве, со самиот цитат од библијата кој го наведуваш, повторно се гледа тоа за што ти зборувам:
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

...
10 Испитувајте што Му е угодно на Господа!
17 Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!
==Ефесјаните 5:10,17 ; Библија==

Значи јас, како атеист, сум неразумен човек затоа што не сакам да ја разберам и прифатам господовата воља?!
Ако ова не е потценување на друг кој не е како тебе, тогаш незнам што може тоа да биде!
Реков и на почетокот, ти иако свесно сакаш да ги почитуваш сите луѓе (што е сосема нормално), со самото прифаќање на одредена теолошка догма, ти го правиш сосема спротивното.
Да те прашам, дали јас сум против тебе?
Зошто те прашувам?
Затоа што не сум со тебе!
А штом не сум со тебе, значи сум против тебе! Зарем не вика така твојот месија? И што ќе правиш ти? Ќе ме имаш ли за мој пријател или непријател?


Р.Ѕ. Оваа ситуација ме потсети на една одамна прочитана книга „Глувци и луѓе“ од Џон Штајнбек, во која еден малку луд човек сакајќи да направи добро дело го прави сосема спротивното.
Те молам немој погрешно да ме разбереш дека сакам да те направам луд, туку поентата ми е да направам паралела меѓу намерата и крајниот исход.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 07:15
Zlatnik, каде најде на Благоја да му се сипеш. тага   Човеков е најмирниот од сите членови. среќа

Работата е што се постираат текстови од Свети писанија и се препишуваат пропагандни брошури без анализи, па се остава на читатeлите да си донесат свои заклучоци... како што, со право, си направи и ти. Така си прочитал, тоа си забележал, така си разбрал, а Благој воопшто не ти помага ви тоа... и тоа е тоа. голема насмевка 

Инаку, со заредувањето на човекот зад некоја догма по автоматизам тој се дистанцира или го осудува секој друг став кој не е идентичен со неа. Тоа не мора да значи дека верникот ќе започне некаква "света војна" против "неверниците", туку едноставно црта линија на земјата и цврсто го дефинира своето верување за некои вредности во животот.

Ако го осудиме него, тогаш треба да ги осудиме сите верници на сите вери, а веројатно истото ќе yреба да го сториме и со атеистите... оти и тоа е некакво верување во неверување, нели ? голема насмевка

Ама, бидејќи го уживаме Креаторовиот дар на слободна воља, како и демократијата како општествен дар, можеме слободно да избереме било какво верување и без директно да ги напаѓаме другите истото да го истакнеме и промовираме.

Hема никакви проблеми додека се почитуваат демократските принципи и додека не се нанесува зло врз  ближните од сопствената или од било која друга вера.

Оние на кои токму овие вредности им пречеа во нивната насилна пропаганда, фала Богу, самите се одстранија од форумов.









Изменето од Messenger - 17.Ноември.2013 во 07:15
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 11:10
“Кој е долготрпелив подобар е од јунакот, и кој владее со себе подобар е од освојувачот на град.”
==Пословици 16,32 ; Библија==


Да се владее со себе значи да се победи најголемиот непријател со кој што човекот мора да се бори. Самосовладувањето претставува најочевиден доказ за благородноста на еден христијанин. Оној кој што може да остане мирен и невозбуден среде злоупотребите и навредите е вистински херој пред Бога...
Оној кој што научил да владее со својот дух ќе се воздигне над омаловажувањата, отфрлањата и нелагодностите на кои што сме секојдневно изложени, и таквиот полесно ги растерува темните облаци со кои што непријателот, тежнее да го помрачи неговото расположение.
Божјата намера е со животот на човечкото суштество да господари царската моќ на посветениот разум, контролиран од божествената милост. Таква моќ поседува секој оној кој што владее со својот дух.
Човекот или жената кои што кога ќе дојдат во искушение да искажат лутина и гнев, остануваат со мирен и урамнотежен дух поголеми се во очите на небесните ангели од најпознатите водачи кои што извојувале победи на бојните полиња.
Она што на младите во нашите денови им е најмногу потребно е христијанско херојство. Божјата Реч вели дека оној кој што владее со својот дух е подобар од оној кој што е во состојба да освои град. Да се владее со својот дух значи да се држат своите чувства и темперамент под контрола на разумот и совеста. Нека младите најискрено настојуваат во својот живот да го внесат совршенството кое што се огледувало во животот на Спасителот, така што ќе бидат спремни при Неговото доаѓање да влезат низ портите на Божјиот град. Божјата љубов и Неговото постојано присуство во срцето даваат сила за самосовладување и го оформуваат карактерот според Христовиот пример. Христовата милост во душата сите животни цели, намери и способности на човечкото суштество ги насочува така што со тоа се повеќе јакнат неговите морални и духовни сили - сили кои што младите нема да ги остават на овој свет, туку ќе ги облагородат и зголемени ќе ги понесат со себе во животот на иднината и ќе ги задржат низ бескрајните времиња на вечноста.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 23:46
Благој, не само Меси, туку и јас, а верувам и сите други кои те пратат на темава, согледувам/е дека си мирен, чесен и богобојазлив човек. Досега не си рекол никакви лоши зборови кон никого. Ме радува што ги поседувваш овие добри човечки особини.
Верувам, да беше на мое место сега, ти ќе речеше дека се тоа добри христијански особини.
Но тоа што им забележувам на сите верници е токму оваа присвојување на човечкитете особини и нивно припишување исклучиво на некоја (се разбира - сопствената) теолошка догма.
Е, тоа е тоа што неможам да го прифатам кај религиите.
Еве, во следниов цитат се потврдува тоа што за што зборувам, а кое нешто ви е наметнато од тоа ваше учење.
Исклучок на ова е првава реченица:
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Да се владее со себе значи да се победи најголемиот непријател со кој што човекот мора да се бори.

Со ова апсолутно, во целост се согласувам.
Но зошто понатаму велиш:
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

... Самосовладувањето претставува најочевиден доказ за благородноста на еден христијанин. Оној кој што може да остане мирен и невозбуден среде злоупотребите и навредите е вистински херој пред Бога...

Не сакам да наведувам други примери, ги има многу. Во суштина се се’ сведува на истото, за да бидеш добар мора да си христијанин. Ова само по себе доведува до заклучок дека, според тебе, сите други кои не се христијани (без оглед дали веруваат во друг бог или се атеисти), не се добри луѓе.
А колку би било убаво ако наместо „христијанин“ пишеше „човек“ и на местото на „Бога“ да пишеше „луѓето“ (или воопшто да не пишуваше ништо, едноставно реченицата да завршеше со зборот „херој“.
Во тој случај и јас би имал подруги гледања на твојата религија (и на секоја друга која би се однесувала овака).
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2013 во 10:29


ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА БОЖЈИТЕ ОБЈАВИ


Второ послание од Апостол Петар 1

16 Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие.
17 Зашто Тој прими од Бог Таткото чест и слава, кога од величествената слава Му дојде гласот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината.”
18 Ние го чувме гласот, кој дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.
19 И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.
20 Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака,
21 зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2013 во 13:07
20 Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака,
21 зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.....
 
Еве и ова не' е баш така , од  сто верници ќе слушнеш  сто различни толкувања за едно пророштво !!!
 
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2013 во 14:45
Сосем нормално.

Верник не значи ништо повеќе од човек кој одлучил да верува во догмата на една институцијализирана вера. 

Откога ќе осознае (ќе стане свет Божји човек) повеќе нема да биде верник.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2013 во 10:47
Го потчинувам своето тело

“Туку го совладувам своето тело и го правам свој роб, та јас кој им проповедав на другите, да не бидам самиот непожелен.”
==1. Коринтјаните 9,27 ; Библија==


Телото е единствениот посредник со чија што помош и умот и душата се развиваат во усовршувањето на карактерот. Затоа непријателот на душите своите искушенија ги насочува токму така за да ги ослаби и да ги понизи физичките сили. Неговиот успех во ова всушност значи потчинување на целото суштество на силите на злото. Склоностите на нашата телесна природа, доколку не се под контрола на виша сила, сигурно допринесуваат за нашата пропаст и смрт.
Телото мора да им се потчине на возвишените сили на нашето суштество. Страстите мораат да бидат зауздани со силата на волјата која што исто така треба да и биде потчинета на божествената контрола.
Божјите барања мораат да се внесат во одаите на совеста. Во срцата на луѓето треба да се разбуди свеста за христијанската должност на самосовладување, неопходноста од чистота, и избегнувањето на секоја порочка желба и нечиста навика. Треба највпечатливо да им се предочи фактот дека сите нивни умни и телесни сили се само Божји дарови, и дека како такви треба да се одржуваат во најдобра состојба и да се посветат во Негова служба.
Човековата одбрана против природните и наследените склоности слична е на обидот налетот на поплавата да се запре со насип од песок. Се додека Христовиот живот не стане животворна сила во нашиот живот, ние не сме во состојба да им се спротивставиме на искушенијата кои што не напаѓаат и од надвор и од внатре.... Кога ќе стане едно со Христа, човекот се ослободува. Да и се предадеш на Христовата волја, значи повторно воспоставување на човековото првобитно совршенство.
Послушноста на Бога значи ослободување од робувањето на гревот, ослободување од човечките страсти и зли навики. Човекот може да стане победник над самиот себеси, победник над сопствените склоности, победник во борбата “ против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век и против духовните сили на злото во небесните места.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2013 во 11:02
66:8 Благословувајте Го, народи, нашиот Бог, разгласувајте ја Неговата фала!

96:2 Пејте Му на Господа, благословувајте Го Неговото име! Проповедајте го од ден на ден, Неговото спасение

103:20 Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!

103:21 Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја!

103:22 Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!

134:2 Издигнете ги своите раце кон Светилиштето и благословувајте Го Господа!

135:20 Левиев Доме, благословувај Го Господа! Кои се боите од Господа, благословувајте Го Господа!

==Псалми ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8485868788 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.