IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Homo  IDIOTICUS
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Homo IDIOTICUS

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2013 во 00:14
mislev sledechi chekor tvoj - na temava намигнување
i sekako si poumniot - nema potreba od depresija...iako temava e malku takva голема насмевка


There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2013 во 08:29
Бреееее човек лапсус да не направи...Знам да се справам со шега на моја сметка,но со туѓото его не.Поарно ми е да го игнорирам
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2013 во 14:05
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

mislev sledechi chekor tvoj - na temava намигнување
i sekako si poumniot - nema potreba od depresija...iako temava e malku takva голема насмевка



Следниот чекор ќе биде...
мал за форумов...
но голем за мене...намигнување
поумен не сум, само некогаш повеќе лупетам...

а за депресија, Вики...
ти да не си онаа бившата моја...
што ми викаше...
"идот ниеден"...збунетост

Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2013 во 09:26
 ne znam koj si ti, no -najverojatno sum gi izgovorila tie zborovi barem ednash...голема насмевка

sigurno, (kako sega da ne go spomnam ogledaloto) смеење 

ne sum frlila dobar pogled kon odrazot svoj намигнување
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2013 во 15:07
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Мојата маленкост нема амбиции со темава да го спаси светот од апокалипса плазење ...

Зошто не ма? намигнување
Се што е потребно е да сториш ниет! среќа
Зарем Александар, Исус, Наполеон, Хитлер, Тито, БЦ, НГ ... ќе постигнеле нешто ако не сториле ниет? голема насмевка
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

... Зборот ми беше за масовноста на појавата, која ете сите (макар и со негодување и мрмкање) ја коментираме.
Овој идиотизам нема да престане ниту со диктатура, ниту со конзервативизам и инквизиција, ниту пак со просветлување и демократија/либерализам....

Само со едукација, со образование на малите деца ќе се постигне надминување на фазата во развојот на човештвото која овде ја нарековме Homo Idioticus и која трае неколку десетина илјади години.
Знам, тоа е многу тешко прифатливо од страна на децата (но и на родителите), но само тогаш ќе се отворат нови погледи кон светот. А се додека луѓето се затупени, неписмени, прости, бедни со духот ... со нив многу лесно се манипулира и им се наметнува се што малку попаметните од нив ќе посакаат (и ќе сторат ниетнамигнување).
Но, проблемот е во тоа што неможат да се најдат кадри кои ќе ги воспитуваат младите генерации!?!?!?
Примарен е пристапот на родителите. Како тие од најрана возраст ќе го насочат детето. Дали ќе успеат да му всадат љубов кон осознавање и спротивставување на дотогаш воспоставеното или ќе ги учат со „помирување“ и прифаќање на веќе воспоставеното (нешто во стилот: „Ќути си и трај си, оти свиткана глава сабја не ја сече“)
Потоа е многу важен пристапот на професор(к)ите. Истите тие кои треба да ги учат децата на нешто убаво, напредно ... „гледаат од сериите“! И како од нив да очекуваме поинаков пристап во воспитување на децата?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2013 во 15:48
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

 
Само со едукација, со образование на малите деца ќе се постигне надминување на фазата во развојот на човештвото која овде ја нарековме Homo Idioticus и која трае неколку десетина илјади години.
Знам, тоа е многу тешко прифатливо од страна на децата (но и на родителите), но само тогаш ќе се отворат нови погледи кон светот. А се додека луѓето се затупени, неписмени, прости, бедни со духот ... со нив многу лесно се манипулира и им се наметнува се што малку попаметните од нив ќе посакаат (и ќе сторат ниетнамигнување).
Но, проблемот е во тоа што неможат да се најдат кадри кои ќе ги воспитуваат младите генерации!?!?!?
Примарен е пристапот на родителите. Како тие од најрана возраст ќе го насочат детето. Дали ќе успеат да му всадат љубов кон осознавање и спротивставување на дотогаш воспоставеното или ќе ги учат со „помирување“ и прифаќање на веќе воспоставеното 

Темава се развива во вистинскиот правец. да

Велиш треба едукација, како што впрочем велат сите... но историјата ни покажува дека токму со едукацијата сме дошле  до тука. 

Токму сега имаме најинтензивна едукација, најмногу образувани луѓе, најмногу лауерати на секакви можни врвни светски признанија... и тоа не менува нешто особено во однесувањето на луѓето.

Образованието се чини дека само помага уште повеќе да се развие и десеминира токму оноа за што говори Анастеа во својот вовед.

И токму затоа родителите, како првите индоктринатори кај децата, не успеваат да го направат оноа што би требало да го направат. Токму тие се оние Homo IDIOTICUS кои теоретски и практично почнуваат со идиотското негување на своите деца.

Потоа тоа го продолжуваат роднините, пријателите, комуната, верата во кое се родени, националноста на која припаѓаат, улицата, училиштето, социјалата, политиката... 

Затоа цврсто верувам дека образованието (во смислата која го подразбираме) НЕ Е ТОА што доведува до очовечување. Тоа може да биде само квантум на информација која треба да биде употребувана од човечноста, но никогаш не може да биде ниту водителка до него, ниту негова водителка.

Човечноста во суштина е Љубов и Милосрдие. Тоа е просветленост.

А тоа не се добива со едукација во никое учлиште, тоа не се пропагира во никоја политичка партија, тоа не се пропишува во ниту еден државен закон.

За жал, најголемиот дел од децата тоа не можат да го видат ниту во своите родители.

До тоа може да се стигне само со кревање раце од сето наброено, само со тотално предавање, со дезертирање на правниот ум како лидер и со прифаќање на срцето како водач во животот.

И зошто Анастеа токму сега го поставува ова прашање, а не го сторила тоа во минатите години ? Зошто ние дискутираме за ова сега, а не кога сме биле тинејџери или нешто постари ?

Тоа е затоа што тогаш сме биле во подемот на индоктринацијата и слепо сме верувале во оноа што не едуцирале. Денес, со стекнатото животно искуство, согледуваме дека тоа било измама, една лага која суштински не води кон похумана егзистенција, туку дека таа го негувaла крвожедниот волк во нас.

Иронијата и трагедијата во ситуацијава е што, за жал, ние веќе сме ги индоктринирале нашите деца и сме му ги предале на светов да ги возобличи онака како што сторил и со нас.

И затоа реалноста од Помпеи продолжува и денес, а ќе продолжи и натаму во иднина.

Нештата се менуваат, но многу споро... и тоа едно срце по едно срце, еден човек по еден човек.







 


Изменето од Messenger - 04.Ноември.2013 во 17:21
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 10:44


Интересни коментари. Сакам кога има дијалектика на темите.трепкање

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Зошто не ма? намигнување
Се што е потребно е да сториш ниет! среќа
Зарем Александар, Исус, Наполеон, Хитлер, Тито, БЦ, НГ ... ќе постигнеле нешто ако не сториле ниет? голема насмевка



Немам ниет, од тривијална причина што не сакам да завршам распната на крст, каменувана од толпа, искасапена или самоутепана во некој бункер.плазење
Еве и Вики ме разбрала дека ќе го спасувам светот од “глупост“ и “идиотизам“, па и среќно ми посакала?хи, хи... Не бе Вики. Јас сакам да се спасам себеси од идиотски ситуации во кои понекогаш се наоѓам. Ако таквите ситуации ме прават идиот, тогаш и јас сум идиот. Или полуидиот. Заедно со колективот, не се делам. Така на пример си открив за себеси дека сум глупава по однос на неколку ситуации кои чудесно ги опиша Којсумјас во еден пост на политика (тема “Дали сме доволно глупави“). Е во такви моменти (кога си го гледам оДразот во огледалотонамигнување) си викам: “Сакаш да си идиот? Убаво ти е?“

Генерално мислам дека се сложувам со Меси. Со тоа што не можам рамнодушно да гледам на она што ме опкружува. И не ми е сеедно. Затоа што понекогаш тој идиотизам ми навлегува во приватниот простор, во обид ментално да ме силува. И нормално, не мислам дека светот “се расипал“ од денес или вчера. Почнувајќи од првобитниот грев (архаично да се изразам), со наметнатиот комплекс за човекот како морален грешник, тој низ историјата континуирано води борби со (или за) моралните вредности, за (или против) своите природни нагони и социјални потреби. И си имаме многу темни периоди. И секакви револуции: политички, верски, индустриски, научни, буржоаски, пролетерски, сексуални, технолошки, па до Twitter-револуции..., кои ги апдејтираат застарените општествени мерила и норми, а предизвикуваат поместување и во свеста на човекот. И дијалектички ми е нормално да е така, застареното да се замени со ново, свеста да еволуира, границите на она што се смета за нормално или природно да се поместуваат.

Ама да се поместуваат напред, а не во рикверц. Се додека еден ден целосно не се избришат, па нормално-ненормално и природно-неприродно да станат само архаични зборови, архивирани во времињата кога книгите се печатеа на хартија.

кафе

Она што некогаш било прикриено или интимно, денес станува до екстремна перверзија јавно и видливо. Она што постоело само во форма на прифатливо, инцидентно, латентно, денес станува модел за следење, нормално, задолжително или законско. И тоа е тоа што ми прави разлика: агресивноста и експанзивноста со која ми се наметнуваат или нудат некои (за мој вкус) идиотски модели на однесување, начин на живот, ситуации, закони, личности, политики на владеење....

Јасно дека не сум ни прва ни последна со прашањава.
Тргнувам од себеси како единка: не сакам да бидам пластелин за моделирање во нечии раце. Не сакам некој ден да се разбудам “измоделирана“ како празноглава Барбика, Телетабис, силиконско-ботоксирано чудо на неприродата, генетски модифицирана ни-човек-ни-крава, робот без чувства или машина за пари... И ако јас сметам дека до некој степен сум се изградила духовно како личност (добро де, имам уште многу работа за да еволуирам од идиотцрвенеење), со прилично еластични ставови за тоа што е нормално, природно, прифатливо, со отворена свест подложна на менување и надополнување - што со моите деца? Сеиуште се малечки, но точно во фаза кога го осознаваат светот, кога се формираат како личности, кога бомбардираат со прашања и сакаат да дознаат се' за шареноликиот свет околу нив. Ќе успеам ли да им ги покажам точните патеки како да стигнат до суштината, без да застранат попатно во девијации, заслепени од лажните форми кои на секој чекор им се нудат? збунетост

Оти не знам дали суштината е подобра денеска или амбалажата остана без содржина? Ете, понекогаш на луѓето суштината ни станува неинтересна, во заден план, затскриена зад формата, која не пленува со сјајот. Како женските гради на убавицава, симбол за суштина, запакувана во форма на раскошен градник од 10 милиони долари. ох

кафе

Едукацијата и образованието се многу важни, тие се подлога но не сметам дека се детерминирачки за однесувањето на луѓето како ЛУЃЕ, достојни за човечкиот вид. Оти не-човек си е не-човек, макар и да ги има дипломите од сите школи на светот и импозантно IQ od 250. Можеби во случаи на оној простодушно-наивен “идиотизам“ од незнаење, неинформираност... образованието е тоа кое е пресудно.  Но како што убаво рече Меси, степенот на образованост никогаш не бил поголем отколку денес. А луѓето прават се поголеми глупости?

И токму мислам дека со едукација (плус технолошки алатки)  полесно стигнавме до оваа денешна состојба. Или пак со погрешна едукација (индоктринирање и перење мозоци со секаков вид идеологии). Или што ми е уште полошо, со најновиот тренд на инстант-едукација: ќе си читаш Семе Синапово (слушав, ама дури пред 5-6 дена дознав што било “Семето...“смеење) и следното утро веќе се будиш како мудрец; ќе прочиташ некое книжуле од тие џебните прирачници “Како да станеш најуспешен на светот за-толку-и-толку-денови“ и веќе си експерт за психологија, класицизам и античка филозофија; ќе прочиташ на Викито кратка биографија на Ајнштајн и веќе си експерт најмалку за квантна, нуклеарна и астро физика а теоријата на релативитетот ја имаш в џеб... Не велам дека овој начин на едуцирање (или подобро - информирање) е непотребен, напротив! Но да не се залажуваме со инстант-вредности, кои кратко траат и не оставаат во заблуда дека сме ја откриле мистеријата на Универзумот.

кафе

Љубов, милосрдие, чесност и скромност (наместо алчност), почитување на интимното како интимно, душевен мир и спокојство (наместо грозничава трка по 5 минути слава и внимание по секоја цена), луѓе со емоции (наместо програмирани роботи), весели разиграни и креативни деца (наместо смрштени и нервозни копии на ликови од цртани филмови и видео игри).... е тоа се вредности кои денес ми се чинат дефицитарни или препуштени за забава на последните идеалисти.

Просветлување, будење на луѓето како единки, од сонот со кој не замајува материјалното... не знам Меси, мене ми се чини како утопија.не знам
А реалноста моментално ме асоцира повеќе на дистопија.
(Ај да не кажам со растечка ентропија, ќе дојде Којсумјас и ќе ми каже дека сум идиот или полуидиот, а не физичар)плазење

П.С. Само се шегувамголемо гушкање... и по малку (малку повеќе) си лупетам на темава...голема насмевка





Изменето од Анастеа - 05.Ноември.2013 во 10:54
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 10:52

Ова излезе долго ко црево изненадување
Треба да ставам 2-3 паузи за кафе во постот кафе

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 10:56
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:



. Сакам кога има дијалектика на темите.трепкање





 

Мислиш на диалог на темите ?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 10:59

Мислев точно на дијалектика.
Тоа го прави интересен дијалогот на темите.намигнување

Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 11:01
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

идиот или полуидиот, а не физичар)


бреее

дилема
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 11:08

Да Бе, експерт за дилеми плазење
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 11:17

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Темава се развива во вистинскиот правец. да

Па што очекуваше од вистински Homo Idioticus - и? голема насмевкаплазење

За да се продолжи со плодна дискусија на темава, потребно е спротивставено мислење. Впрочем тоа е дијалектиката. Борбата на спротивности (меѓу другите дијалектички закони) донесува напредок.

Ако двајцата се согласиме со еднаш даден постулат, тогаш дискусијата завршува.
Спротивно на ова, со изнесување на додатни објаснувања, додатни аргументи про и контра, се добива во квалитет.да

Токму затоа ќе речам дека не се согласувам со твојата теза, наспроти мојата.
Поточно, не се согласувам во делот каде велиш дека едукацијата не само што не е неопходно потребна за излегување од фазата
Homo Idioticus, туку и дека таа е причина за доведување до овој степен на „процут“ на овој вид! Таа е причината што сме на ова „дереџе“.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

...Велиш треба едукација, како што впрочем велат сите... но историјата ни покажува дека токму со едукацијата сме дошле  до тука. Токму сега имаме најинтензивна едукација, најмногу образувани луѓе, најмногу лауерати на секакви можни врвни светски признанија... и тоа не менува нешто особено во однесувањето на луѓето. ...

Овој проблем може да се разгледува од два аспекта.

1. Влијанието на едукацијата

2. Поимањето на поимот едукација. Што или поточно каква е едукацијата?

1’ Според мене, токму влијанието на едукацијата во многу го менува однесувањето на луѓето - во позитива.

Само простите, необразувани луѓе можеш многу лесно да ги манипулираш. Можеш да им кажуваш многу работи, а овие незнаејќи ќе ти поверуваат дека е тоа така. Во својата немоќ да си претстават дали е нешто можно или не, тие многу лесно ќе поверуваат во приказни за вештерки, за змејови, за разни духови, демони, за делотворното влијание на баењето (независно дали од уплав или од каснување од змија), веруваат во предвидување на иднината и разрешување на проблемите од разни гледачи на кафе, тарот карти и друг вид гатачи, астролози.

Само простите луѓе ќе се повеат по воинствените повици на своите лидери и ќе се потераат во војни.

Само простите, необразувани жени се приморани да раѓаат по 10-12 деца. Погледнете ги еманиципираните, одвај да имаат 2-3 деца. Треба ли да детализирам за ова?

Само простите луѓе ќе поверуваат во ветувањата на политичарите кои ги мамат дека ќе им направат чешми, патишта, училишта, градинки, деца ... (за ова последново постои некаква шанса да го исполнатнамигнување). Одат дотаму па им ветуваат и автопати, аеродроми, па дури и цели нови градови! (Се сеќавате на ветениот град меѓу Свети Николе и Скопје?!)

Само простите луѓе ќе веруваат дека „циганските“ (тука подразбирам турски, индијски, шпански, колумбиски, хрватски ...) серии се врвно достигнување во филмската уметност и до бессвест ќе ги гледаат и репризите на истите.

Па зарем и Итар Пејо не го правел токму тоа? Се мајтапел со простиот народ.


Значи, доколку човек е пообразуван веднаш ќе сфати дека некои работи не се такви како што некој друг сака да ги претстави, дека некои работи се едноставно неизводливи во наши услови и со наши можости.
Само тогаш тој нема да биде Homo Idioticus.

2’ Начелно да, во право си кога велиш дека денес имаме најмногу образовани луѓе. Се согласувам ако тоа се однесува на квантитетот!
Но, тоа за што јас мислам кога велам едукација, не е едноставното стекнување диплома од некоја високообразовна институција. (Дечките од К-15 многу убаво ја отсликаа состојбата кога продаваа дипломи). Колку од докторите на науки имаат купено дипломи? Колку имаат направено плагијати на своите докторати? И тоа само што се кажува во јавноста. Кој ќе ги знае останатите!

Мислам дека со ова веќе почнуваш да насетуваш што ми е поентата!
Сите сме биле ученици, некои од нас со високо образование, некои со постдипломска наобразба. И сите многу добро знаеме како некои ученици (студенти) завршуваа соодветно образование.

Можеш ли да замислиш факултетски образуван човек да незнае колку се +2 х (-2)? Или професорка која има завршено педагошки факултет, насока математика-физика, а да незнае како настанува виножитото? Јас сум се фрапирал! И таа професорка ќе ги образува децата во основно училиште?!
Но не се само овие. Нив ги давам само како пример за луѓе кои имаат потврда (диплома) за едуцираност, ама немаат ниту „е“ од едукација (или ако сакате „о“ од образуваност)

Значи, кај нас едуцираноста е „про форма“. Се оди само на тоа да се земе диплома, а не истата да се заслужи.

За тоа на прво место се криви родителите. Тие не само што не ги тераат децата да учат, туку сосема спротивно, им велат „не се коси сине, тато е тука, јас ќе средам со професорот“ (пријателска, роднинска, политичка врска). Или ќе се послужат со закани па ќе речат: „Ќе видат тие кој сум јас“.

Родителите се тие кои се жалат на „преобемноста“ на материјалот кој треба да го совладаат децата. Демек премногу учеле, премногу биле оптоварени со податоци, премногу се барало* од децата. Овие жалопојки ги слушав на сите родителски состаноци на моите деца.

Ефектот на оваквиот став на родителите може да се согледа во изјавата на еден соученик (а тоа е став на скоро сите деца) на мојот син кој беше присутен на една од родителскит состаноци на кој се дискутираше за начинот на воспитување и образование на децата. Сите родители изнесувавме наши искуства, како ние сме учеле, што се барало од нас ... А на тоа детево изјави: „Па добро сеА, не можеме ние да бидеме како вас, што ќе ни’ е толкаво знаење“ Секако, ова не беше кажано на саркастичен начин (бидејќи не ни знаат што е тоа), туку детево навистина беше убедено дека знаењето не му е потребно. тага


Другиот фактор од кој зависи одржувањето на видот
Homo Idioticus е власта т.е. образовниот систем која таа го спроведува. Па погледнете што се направи од него. Какви кадри излегуваат? Посебно ова со дисперзираните студии ... абе катастрофа од образование.
А кога јас студирав мислев дека тоа образование нечини! Во тоа време присуствував на одбрана на докторска тема на еден мој тогашен асистент на Земјоделски. Темата му беше: „Влијанието на надморската височина во тиквешко, врз киселоста на грозјето“. Што мислите вие како лаици, каде е грозјето покисело, во пониските или во повискоите подрачја? Па и дете од основно училиште знае дека грозјето на повисоките предели е покисело. Ама ете, кај нас на тоа се докторира. Тоа се нашите „едуцирани“ доктори, кои држат катедри и ги учат новите генерации студенти. Што тие ќе научат од нив?

Знам дека овој процес на развивање на свеста кај луѓето по пат на едукација на целата популација е многу бавен и, гледано од денешен аспект е речиси невозможен процес. Но тоа е начинот. Поинаку јас не гледам како може да се развие свеста и да се надмине оваа фаза на Homo Idioticus. Да, можеби и со генетски инжинеринг. Ама бидејќи со овој народ треба да се владее, на паметните, кои се оддаваат да владеат со другите, не им е од интерес да се има паметен народ. Затоа со сите сили ќе се трудат да го држат во затупавеност. Не за џабе се рекло: „Прост народ – силна држава“ Ене, имаме многу добар пример преку Барата.

* -
Според современите европски трендови во образованието, преточени во Болоњската конвенција, некои од тестовите треба да се решаваат со заокружување на еден од неколкуте можни одговори. Притоа не смее да се доведе студентот во заблуда. Па имаме ситуација каде се бара да се даде одговор на прашањето што бил Вилијам Шекспир? И, имаме 4 можни одговори
  • Бербер
  • Ковач
  • Писател
  • Лекар

А ние глупавите и заостанатите кои се образувавме по еде друг образовен систем, не само што требаше да знаеме што бил тој, не само што требаше да ги знаеме неговите дела, туку требаше да ги анализираме ликовите од неговите дела.

Р.Ѕ. Секако, овде воопшто не ги оспорувам љубовта, милосрдието, човечноста кои ги спомуваш.. Апсолутно и тие се неопходно потребни да се оттргнеме од H.Idioticus.

Но (сега повторно си ја влечам водата на својата воденица намигнување), мислам дека со едукацијата и овие човечки особини стануваат по препознатливи, поприфатливи, по својствени за еден Homo Sapiens.


 

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 11:26
Ете, додека јас бев „ѕ’ркнат“ во тастатурава и го пишував претходниов пост, некој (големо гушкање) ме преварил! Дури имала време да се издрогира со неколку кафиња! смеење
А јас ... лупај цело време по буквиве! глупчо
Така ми е кога не пијам кафе!мечтаење
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,314 секунди.