IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Повлекувањето на сестра Макрина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Повлекувањето на сестра Макрина

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Повлекувањето на сестра Макрина
    Испратена: 27.Септември.2013 во 02:55

Повлекувањето на сестра Макрина ја замолчи МПЦ

Незадоволство од начинот на функционирање на монашкиот живот во државата било една од причините што сестра Макрина по 14 години ја соблекла монашката мантија. Вака црковни извори ја толкуваат одлуката на една од најпознатите монахињи во Македонија, која многу често се појавуваше во медиумите, а пишуваше и колумни во неколку дневни весници. Нејзините ставови многу често отстапуваа од црковните рамки, следејќи ги современите животни текови. Сестра Макрина меѓу монасите е позната и како една од најписмените и најречити сестри. Таа веќе една година живее во семејната куќа во Скопје, како што коментираат изворите, откако пред две години решила да го напушти беровскиот манастир „Свети Архангел Михаил“, во струмичката епархија, каде што беше игуменија, односно го раководела храмот. 







http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92513856374&id=9&prilog=0&setIzdanie=22986



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2013 во 04:06
Сестра Макрина, најекспонирана македонска монахиња, се прости од игуменското раководство, излезе од монашкиот ред, ја соблече мантијата, ја затвори манастирската врата зад себе и му се врати на световниот живот.

Иако тоа не се случи сега, оваа нејзина одлука одекнува со несмалено ехо низ монашките ходници. 

Зошто после 14 години монаштво оваа наједуцирана и најелоквентна монахиња се откажа од црковно врамениот монашкиот живот ? Прашањево ќе остане загатка с'е додека сестра Макрена самата не даде одговор на него.

Инаку, ја имав можноста пред неколку години директно да комуницирам со неа преку овој форум во врска со можната соработка за магазинот "Премин" во кој, според моите сознанија, таа беше активна. Во тој период сестра Макрина беше презафатена со нејзините монашки обврски, па поради тоа, за жал, натамошната комуникација не се продолжи.

На овој форум до пред некое време ние имавме  активни членови кои беа свештеници и монаси, а меѓу нив имаше и неколку жени. Дали една од нив беше и сестра Макрина останува да претпоставуваме.

Во секој случај, чекорот на сестра Макрина долго ќе одекнува во времето, а дали можеби за тоа одлучувачко беше нејзиното созрцување после толку години духовна посветеност, останува да биде претпоставка која само таа ќе може да ја потврди.

Зошто го наведувам ова ?

Затоа што ако сте ги читале нејзините коментари објавувани во весниците ќе забележите дека тие не соодејствуваат во потполност со црковната догма. Повеќе би рекол дека осцилираат во синхронизација со некои наши согледувања објавувани на овој форум, потполно духовнo сообрaзeни со автентичното Христовото учење.

Оноа на што сакам особено да го посочам во постираниот текст го болдирав со црвена боја. Можеби е чиста случајност што иститие работи, дословно или со слични зборови, ги имам пишувано со години на подфорумите за Вероисповед и Психологија. Оноа што забележувам во постираниов текст од сестра Макрина, како и општо кај с'е поголем број луѓе, е фактот дека живееме во време кога се случуваат значајни промени во духот и свеста на луѓето.

Еве што напиша сестра Макрина минатата година во Нова Македонија:


Moќта на Човекот


Бог проектира, но и човекот ја има таа способност, како слика Божја. Ако дојде до средба на овие две проекции, се случува феноменот на среќата.Затоа, сé што имаш дај му го на Другиот и не се плаши дека ќе останеш без ништо. Надминувањето на овој страв значи искачување едно скалило погоре, каде што се случува она „што на човека на ум не би му паднало...“

Само сегашноста е Стварност. Сé друго е на граница да не постои и меѓите на ова околчување ги одредува свеста за Матрицата.

Од каде се? Колкава е моќта на матриксот? За да не испадне дека човекот е марионетка во рацете на Универзумот, втурнат не по своја волја во приказната на Животот, човекот ја има слободата да моли. Тоа е врвот на неговата автентична креативност.

Молитвата има моќ да го ослободува човекот од врзаноста со умот. Го обожава човекот, го реконектира со неговиот божествен извор, го враќа во неговиот Почеток, каде што се крие ковчежето со скапоценото богатство. Цветот на личноста, круната на сé создадено.
Но пред да биде крунисана, главата мора да биде подготвена. Една обична забоболка може многу да помогне во изнаоѓањето на одговорите.

БОЛКАТА ЧКРАПАЛО


Болката го заробува (го држи) вниманието на умот и го принудува на пренасочување. Нервниот систем е во грч, напнатост.

Има две можности: да се остане во болката или да се ослободи од неа. Дури и во најдолните слоеви на пеколот, и во седмото небо на задоволството,
ТИ си тој што одбира, само несвесно.

Си го поставуваш прашањето, полека, многу полека, за да можеш да одговориш, да не биде формалност што ќе помине незабележано: сакам ли да боли?
Сакам ли да е вака?
Треба да се најде местото на тоа „сакам“.
Тоа „сакам“ е навигатор потиснат длабоко во себе, закопан под прашината на нештата што се случуваат на површина.

Треба да се оди таму длабоко.

Прашината, и површината во која живееме, се илузиите. Привидот што сами си го создаваме. Заборавеноста нема крај. Човек може да се роди, да живее и да умре без да се сети. 
Затоа, исчистена од психопатски моменти на мазохизам, болката има позитивна (и примитивна) функција да нé потсети. Сакам ли? Ако не сакам, зошто? И како? Во смисла на „чкрапало“.
Треба да се оди длабоко. 

Вистината не боли. Вистината смирува и го враќа умот во состојба на едност со себството, со Бог. Еден вид истост. Во истост со Себе.

Оној што е сум јас, ама не како его. Како состојба на свеста. Како светлина.
Нешто што свети однатре.
Значи, има внатре едно сонце, или нешто уште поголемо – извор на енергија.
Кога сме закачени на овој извор, „имаме енергија“. Кога ни е прекинат дотурот, не нé фаќа место на овој свет, облечени сме во Умор. Уморот е состојба на истрошеност, кога целото битие вапи за енергија, од која е испразнето. Овој енергетски вакуум е природна состојба на човечката одвоеност од изворот. Смртта е одвоеноста, празнината, ништотата. Што прави Господ за да го воскресне Лазар? Го повикува од мртвите. И Лазар оживува. 

Просто, што попросто не може да биде. Кој ги комплицира работите? Централниот нервен систем. Мозокот. Треба да се поведе кампања против неговите трикови, блефови и какви ти не мајстории во областа на илузионизмот. Целиот град осамнува со графити: не си верувај себеси, не се поистоветувај, не мисли, не примај, не верглај, НЕЕЕ...

Запри го умот. Стивни. Одмори. Поистовети се со неделивото. Ти си атом, индивидуа. Што има зад таа неделивост? Тоа си Ти. 

Ајде да речеме Љубов. Но треба длабоко да се копа. Лесно им е на оние што се веќе потонати, треба само да поверуваат.

Зошто е Бог – „тајна“?

Затоа што и тоа е место повеќе за проекција на човечката себичност. Ако некој ја открие тајната, таа веќе не е тајна. А тоа е опасно, нешто да биде достапно за сите, универзално. Нешто како што е воздухот, или водата. Бидејќи е бесконечен и беспочетен, Бог не може да биде потрошен, резервите се неисцрпни. Но ако е така, има за сите, и нема потреба од организирано чекање во ред, а потоа и тепачки. Тогаш редарите и чуварите на тајни би останале без работа. Затоа тие се прогласуваат себеси за неприкосновени и вечни наследници на правото на авторизирање на тајните, а потоа го организираат Духот во прописи, правила и обичаи.

Значи, Бог не е тајна. Тој е проста реалност, повеќе од очигледна. Но секој добар менаџер на сопствената судбина ќе биде претпазлив во начинот на соопштување на ова необично откровение – дека Он е љубов, а љубовта е животот на сé што постои. Колку опасно! Љубовта не може да биде потрошена како изворите на нафта во Саудиска Арабија, туку колку повеќе се троши, толку повеќе ја има! Нејзиното присуство е смирувачко и претставува директна закана за секаков тип неуроза. Во нејзино присуство неурозата се тресе од страв и чувствува одвратност на ниво на инстинкт.

Бог проектира, но и човекот ја има таа способност, како слика Божја. Ако дојде до средба на овие две проекции, се случува феноменот на среќата.

Затоа, сé што имаш дај му го на Другиот и не се плаши дека ќе останеш без ништо. Надминувањето на овој страв значи искачување едно скалило погоре, каде што се случува она „што на човека на ум не би му паднало...“ На тоа друго скалило не само што ќе добиеш двојно од тоа што си го дал со љубов, туку искусуваш и состојби што се зад вообичаената сила на зборовите.
Цената е стравот. Стравот нема тебе да те ослободи, никогаш. ТИ се ослободуваш од него, кога ја совладуваш вештината на запирање на Умот.

Автор: Сестра Макрина











Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2013 во 04:53
Неодамна, книгоиздателството „Темплум" ја објави нејзината книга со наслов „Полигони", која е потпишана со псевдонимот Галијана Маркова.

„Полигони“ е наслов на збирката прозни (плус неколку поетски, а вкупно ги има 79 на број) записи на Галијана Маркова. Станува збор за рефлексивна проза (не баш типична за македонската книжевност), или за одреден тип на фрагментизирано раскажување, толку карактеристично за постмодернистичките стратегии.

Бесплатно преземете ја од линкот подолу:

http://www.okno.mk/node/2682






Изменето од Messenger - 27.Септември.2013 во 04:57
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2013 во 08:16
Подобро ќе беше сестра Макрина да ги препишеше типовите од обложувалницата...
Можеби со божја помош ќе фатевме нешто...
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2013 во 00:25

Нејзините ставови многу често отстапуваа од црковните рамки, следејќи ги современите животни текови. ...... Таа веќе една година живее во семејната куќа... 

epa,ako ne i go davale dzipot za da odi vo Skopje sekoj petok,normalno deka ke se vrati na .."zemskiot zivot".Koj vek e sega isposnicki da se zivee?.Ako e za boga,togas site cela mak narod.. aj u manastir..na trpeza.

..ustvari mozebi duhovniot mir da go nasla i nadvor od tie zidovi od kamen...drugo vreme e sega.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2013 во 23:48
Не треба да се оди во манастир или да се искачи на Хималаите за човек да го најде Бога и мирот во себе.

Ho тоа е дел од илузијата која Егото најчесто ја користи за да го измами човекот дека се нафатил за нешто навистина сериозно во својот духовен живот. Ништо суштинско нема во тоа... како што нема ниту во буквалното сфаќање на било кои свети книги и пишуванки бележени од прастари времиња до сега. С'е е многу поедноставно, но токму таа едноставност некому му пречи да ја пренесе во незината светлина и силина. Од друга страна, луѓето се толку дезинформирани и замаени со илузијата на материјалниот живот, што и да им ја кажаш таа едноставност нема да те сфатат сериозно и ќе бараат да пронајдат некаква умствена креација, нешто многу комплицирано и невозможно за практицирање и постигање.

Оти така им изгледа "поавтентично", "посериозно" и "поточно".

O, sancta simplicitas.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2013 во 10:17
Голем ден во срцето е кога душата смогнува сили да прости. Голем ден е кога го совладува поривот на злото. Голем е денот на соочувањето. Со себеси, со ближните, со Бог. Голем е секој ден ако душата воскреснала од мртвите.
Голем е денот на будењето.

Голема е радоста од новата визија за светот, онаа што се добива низ обратната перспектива на нештата. Превртено, наопаку, од другата страна, поинаку. Од онаа страна на смртта. Голем е денот кога човек се сретнува лице во лице со Христос. Изморен, истоштен, на работ од силите, без волја за живот, во средината на разбранетото море. Мислејќи дека крајот на себството е крај на светот. Големо е чувството кога Бог ќе ти се јави среде пустина и со Својата крепка рака ќе те пренесе над илјадниците непремостиви песочни дини. Ќе ја раскине врската меѓу тебе и тежината на земјата и ќе ти ја открие тајната на птиците. Со едно трепнување на окото ќе те напои со сила да одиш понатаму, тогаш кога со твоето сопствено опело се наситуваш за појадок, за ручек, за вечера. Голем е денот кога Бог ќе ти рече „Стани!“.

 
Сестра Макрина   сега ќе  живее   во    бело  монаштво  !
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2013 во 21:03
Сестра Макрина од сега ќе ЖИВЕЕ.

Ќе живее онака како што милува.

Таа нема потреба од никакво наше пресудување, именување ("бело", "црно"...) или аминување.

Таа ќе си живее автентично, онака како што треба да живее секој од нас. среќа






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2013 во 14:23
"Golem den" e koga kje dojdesh vo "dopir" so nevinoto detsko srce vo sebe i go osvestish - ne e isto da si ko dete i dete.намигнување

Togash ne "sudish". Togash si ljubov. I vrtenjeto kon sebe nema da bide egocentrichno, tamu se i "drugite".

Od toj den, ne ti e potrebno nishto za da go zhiveesh...nikakov attachment - kade i da si, shto i da rabotish.

Bez razlika, kolku e "umno"...! ne kje e "idiotski", neli?среќа

No, iako mnogu ednostavno, izgleda deka svetot go pokazhuva tokmu sprotivnoto.



Изменето од viktorija123 - 02.Ноември.2013 во 14:44
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2013 во 16:09
Дечки , едноставно и е дошол паметот во глава на жената . И се е смачило секој ден да '' пости '' . Сака и она да се омрси црвенеење 

И сега кога не е сестра Макрина  како и е светското име ? среќа Може би Марија  или Маријана  .
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2013 во 23:14
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Сестра Макрина од сега ќе ЖИВЕЕ.

Ќе живее онака како што милува.

Таа нема потреба од никакво наше пресудување, именување ("бело", "црно"...) или аминување.

Таа ќе си живее автентично, онака како што треба да живее секој од нас. среќа







Да така е. Светото Писмо не познава такви изрази како црно или бело монаштво . Ниту има потреба да 'и судиме на жената за нејзините одлуки. да
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 12:33
Originally posted by емил емил напиша:

Дечки , едноставно и е дошол паметот во глава на жената . И се е смачило секој ден да '' пости '' . Сака и она да се омрси ...




Не е за секого перманентниот "пост", ... (Откровение 14,4)!

Бројот на малото стадо е ограничен, додека на големото стадо, не!

Погледај во Ев. Јован 10:16.





Еден Пастир, Едно стадо!








Изменето од spiros - 17.Јануари.2015 во 13:08
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 23:58

Будимка Поповска – Буде: Сакам жени кои можат да направат пат таму каде што го нема


– Духовното значи укинување на двојството, на спротивностите, на поларитетите. И материјалното, во таа смисла, не е нешто што може да се стави на другата страна на вагата. И материјата е од дух.

Како твоето 17-годишно монашко живеење се рефлектира во световниот живот?

– Се рефлектира како тренинг. Монашкиот живот за мене е едно прекрасно искуство. Како да сум се качила на врв на некој планина за која сум мислела дека е недостапна за мене. Сум се качила за да се обидам да ја освојам. За на крајот да дојдам до сознанието дека без љубов сѐ е минливо, менливо и осудено на пропаст. Тоа што вчера си го зацртал во својот планер, можеби утре нема да биде во фокусот на твојот интерес. И тоа во одреден миг може да биде многу застрашувачко искуство, промената на желбите пред, за време и после нивното остварување. Но да се осознаеш себеси е најголемото животно школо. Тоа никаде не се учи, никој не може да ти го предаде како знаење, зашто како што вели една латинска поговорка „колку глави, толку мислења“, во слободен превод – школи. Секој човек самиот за себе е школо и еурека, своевидно откровение.

Каков е твојот однос кон религиозноста?

– Пак околу магијата на зборовите – религија е од линк, што значи врска. И најоткачено ми е што за да го сфатиш тој збор, треба да свртиш цел еден круг околу планетава, заедно со Бајага кога искрено се моли: „ајде боже, биди другар и сврти ја планетава назад еден круг…“. Во бајките, во митовите, во историските приказни, секаде се зборува за некаков развој, процес. Самиот човек е една мошне мистериозна и флуидна појава, тој никогаш не е ист со самиот себе, постојано се менува – „двапати во иста река не се влегува“, се раѓа како бебе, па станува дете, па детето станува момче-девојче, па девојка, жена, маж, па баба, дедо, и староста на крајот се претопува во смрт… И животот бил како сон, како еден миг, и како капка утринска роса врз ливче роза… Од друга страна, мојот идеал во христијанството беше јуродивството. Се разбира, тоа е непопуларен термин, но со малку добра волја на „гугл“ може лесно да се открие што се крие зад седумте мориња и седумте планини. Јуродивите не можат да бидат нормални како „останатите“. Дури понекогаш јуродивите се плашат дека останатите „глумат лудило“ односно, глумат дека се нормални само за тие да се чувствуваат дека не се баш токму или не се со сите. Тоа е стапица на умот. Мислам дека во денешно време, јуродивството е најавтентичен израз на христијанство, од причина што религиозноста не е нешто што може статистички да се мери. Освен тоа, јуродивите во своето срце ги знаат сите патишта до изворот на постоењето, а патишта има безгранично многу, секој човек има свој пат, значи имаат таков дар да можат да ги сфатат сите религии. За јуродивиот е апсурдно една од религиите да доминира над другите како подобра, слично на расизмот, но истовремено, јуродивите имаат сенс и за апсурдите што во голема мера владеат со светов, и наместо да ги осудуваат, изнаоѓаат начин да се забавуваат со нив, барајќи разбирање за сѐ и сешто, и таму кај што може, но и таму кај што е невозможно. Нивна омилена парола е „смени се себеси, ќе го смениш светот“. Јуродивите се мајстори на трансформацијата, како Дејвид Боуви.
Да имаше сега попис кај нас, во графата за вероисповед ќе ставев „агностик“ склона кон акосмизам. Сакам да не знам.


https://www.slobodenpecat.mk/budimka-popovska-bude-sakam-zheni-koi-mozhat-da-napravat-pat-tamu-kade-shto-go-nema/
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2024 во 06:22

Будимка Поповска ( Галијана Маркова / сестра Макрина ):


Што од манастирскиот живот во минатото, денес применуваш во уметноста и со каква цел?

– Молитвата, особено во стресни ситуации. Омилен старец ми е Софрониј од Есекс, којшто пред да стане монах, бил сликар по професија. Јас пред да станам монах, немав професија. Јас сум трагач. Мојата потрага по одговорите на големите прашања нема крај. Што е тоа „човек“? Зошто постоиме? Што е љубов? Зошто сме живи и зошто умираме? Дали Универзумот некаде почнува и завршува?
Уживам во тоа дека на овие прашања нема одговор, и дека само размислувањето е бесконечно. И отвореното срце.

Објавено во интервјуто за "Еспресо" на 10 април, 2023


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.