IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 98>
Автор
Порака
tomfarek Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Септември.2011
Локација: Ukraine
Статус: Офлајн
Поени: 59
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tomfarek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2013 во 11:07
Apostol Pavle: Ona sto go mrazime i ona sto ne go sakame toa go vrsime
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2013 во 16:55
Originally posted by tomfarek tomfarek напиша:

Apostol Pavle: Ona sto go mrazime i ona sto ne go sakame toa go vrsime

Референца? Кое посление и кој стих?



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2013 во 10:15
Пословици: 21:21 Кој се стреми кон правдата и милоста, наоѓа живот, правда и чест.

1 Солунјани: 5:21 испитувајте сè, задржувајте го доброто.

Еремија: 9:24
А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милостта, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,” зборува Господ.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 11:08
Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат.

Исаија 40:31
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2013 во 10:48
13 Јади мед, сине мој, зашто е пријатен, и саќите се слатки на твоето грло,
14 така е знај, и мудроста за твојата душа: ако ја најдеш, ја најде иднината, и твојата надеж нема да пропадне.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 10:51
„Не судете, за да не бидете судени!
2 Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.”
3 ” Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?
4 Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око; а, пак, ете, во твоето око има греда?’
5 Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си
Ласкави усни со нечесно срце, се како сребрена глеѓ на глинен сад.
24 Мразачот дволичи со своите усни, а во себе носи измама;
25 не му верувај кога зборува со љубезен глас, зашто има седум мерзости во срцето;
26 иако со дволичност ја прикрива омразата, неговата нечесност ќе биде откриена на собранието.
27 Кој копа јама, сам паѓа во неа, и кој тркала камен, врз него ќе се навали.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2013 во 10:45
Исаија 58
1 „Викај од сето грло, не воздржувај се! Издигни го својот глас како рог. Објави му ги на Мојот народ неговите злостори, на Јакововиот дом неговите гревови.
2 Ден по ден, тие Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, како народ кој ја извршува правдата и не го заборава правото на својот Бог. Од Мене бараат праведни судови и копнеат за да им се приближи Бог:
3 ‘Зошто постиме ако Ти не гледаш, зошто се смируваме ако Ти не знаеш?’ Ете, во денот кога постите наоѓате работа и на работа ги терате своите работници.
4 Ете, вие постите за да се препирате и за да се карате и за да ги биете бедните со тупаницата. Не постете веќе како денес, и ќе ви се чуе гласот во висината!
5 Зар Мене Ми е по волја таков пост во денот кога човекот се измачува? Да се наведнува главата кон земјата како трска, да се постила под себе вреќиште и пепел, сакаш ли тоа да го наречеш пост и ден угоден на Господа?
6 Ова е пост што Ми е по волјата: да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот, да ги пуштиш на слобода угнетуваните, да ги скршиш сите окови;
7 Да го поделиш својот леб со гладните, да ги воведеш под својот покрив бескуќниците, да го облечеш оној што ќе го видиш гол, и да не се криеш од оној, кој е од твојата крв.
8 Тогаш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу. Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница.
9 Ако викнеш, Господ ќе ти одговори, кога ќе извикаш, ќе рече: ‘Еве Ме!’ Ако ги отстраниш од својата средина јаремот, испружениот прст и безбожната беседа,
10 ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане како пладне.
11 Господ ќе те води непрекратно, ќе те сити во сушни краишта. Тој ќе ги закрепнува твоите коски, и ќе бидеш како напоена градина, како кладенец, чија вода никогаш не пресушува.
12 И ти ќе градиш врз старите урнатини, ќе ги подигнеш основите на идните поколенија. Ќе те викаат поправач на урнатините и обновител на патиштата до населбите.
13 Ако ја воздржиш ногата за да не ја изгазиш саботата, и да не вршиш работи во светиот ден; наречеш ли ја саботата милина и чесен денот посветен на Господа; почитуваш ли го откажувајќи се од пат, од занимање со работа и од празни зборувања -
14 тогаш ќе ја најдеш својата радост во Господа, и Јас ќе те изведам по земните височини, ќе ти дадам да уживаш во наследството на твојот татко Јаков, зашто Господовата уста зборуваше.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2013 во 11:19
ОДГОВОР НА МОЛИТВИ

13 Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.
14 И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нè слуша ако просиме нешто по Неговата волја.
15 И кога знаеме дека нè слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него.
16 Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли.
17 Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт.
18 Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него.
19 Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот.
20 Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот.
21 Чеда, пазете се од идолите. Амин!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2013 во 11:06
ПРИНЦИП НА НЕОГРАНИЧЕНО ПРОСТУВАЈЊЕ
Матеја 18


21 Тогаш Петар пристапи и Му рече: „Господи, колку пати да му простам на брата си кој греши против мене? До седумпати ли?”
22 Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесетпати по седум.”
23 Затоа царството небесно е слично на некојси цар, кој сакал да ги среди сметките со своите слуги.
24 А кога почна да ги расчистува, при него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти.
25 И бидејќи немаше да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сè што имаше, за да се плати долгот.
26 Тогаш слугата падна и му се поклонуваше, велејќи: ‘Господаре, имај трпение кон мене и ќе ти исплатам сè.’
27 И поттикнат со сожалување, господарот на оној слуга, го пушти, и му го прости долгот.
28 Но штом слугата излезе, и најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто денарии, го фати, и го давеше, велејќи: ‘Исплати ми, тоа што ми должиш.’
29 Тогаш падна пред неговите нозе неговиот сослужител и го молеше, велејќи: ‘Имај трпение со мене, и ќе ти исплатам сè.’
30 Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека го исплати долгот.
31 А кога неговите сослужители видоа што се случи, мошне многу се нажалија, и дојдоа и му кажаа на својот господар сè што се случи.
32 Тогаш неговиот господар го повика и му рече: ‘Зол слуго! Ти го простив сиот оној долг, зашто ме молеше.
33 Не требаше ли и ти да му се смилуваш на твојот сослужител, како што и јас ти се смилив тебе?’
34 И неговиот господар се разгневи и им го предаде на мачителите, додека му исплати сè што му должеше.
35 Така и Мојот небесен Татко ќе ви направи вам, ако секој од вас не му ги прости од срце престапите на својот брат.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2013 во 10:25
Псалми
104:24 Колку се бројни Твоите дела, о Господи! со мудрост направи сè: земјата е полна со Твои созданија.

Псалми

105:1 Славете Го Господа, повикувајте Го Неговото име, навестувајте ги Неговите дела меѓу народите!
106:2 Кој може да ги искаже Господовите моќни дела? Кој ли ќе Му ги разгласи сите Негови пофалби?
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2013 во 11:09
Пословици 15:3 Господовите очи се на секое место и ги набљудуваат и лошите и добрите.

Пословици 28:5 Лошите луѓе не ја разбираат правдата, а кои Го бараат Господа, разбираат сè.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2013 во 10:41
1 Јованово: 3:24
И кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него и Тој - во него. И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал.


Осија: 4:12. 5:4 Мојот народ бара совет од дрво, неговата палка му дава одговори: зашто духот на развратот ги заведува нив, та бегајќи од Својот Бог му се предаваат на блудството.
Не им даваат нивните дела да Му се вратат на Својот Бог, зашто духот на блудството е меѓу нив; тие не го познаваат Господа.


Римјаните 8
1 И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот.
2 Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта.
3 Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го - заради гревот - Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото,
4 па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас, - кои не одиме по телото, туку по Духот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2013 во 10:45
Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите,
ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ. Римјаните 8:38,39.

1Тимотеја 2
8 Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски,
9 знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе;
10 за блудниците - и за мажи кои се полово изопачени, за трговците со робови, за лажливците, за лажнозаколнувачите и за сè друго што и е противно на здравата наука,
11 според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е доверено мене.
12 Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сила за тоа, зашто ме сметаше верен и ме постави на служба,
13 мене, кој порано бев хулител, и гонител, и насилник. Но добив милост, зашто го правев тоа од незнаење и неверување.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2013 во 12:30
Не бој се, зашто Јас Сум со тебе; не обрнувај се исплашено, зашто Јас Сум твој Бог. Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со победничка десница.
13 Зашто Јас, Господ, твојот Бог, ја крепам твојата десница и ти велам: ‘Не бој се, Јас ти помагам.’
14 Не бој се, Јакове, црвче, Израелу, ларво, Јас Сум твоја помош - говори Господ - Израелевиот Светец е твој искупител.
13 Зашто Јас, Господ, твојот Бог, ја крепам твојата десница и ти велам: ‘Не бој се, Јас ти помагам.’
14 Не бој се, Јакове, црвче, Израелу, ларво, Јас Сум твоја помош - говори Господ - Израелевиот Светец е твој искупител.

1 Сега вака зборува Господ, Кој те создаде, Јакове, Кој те створи, Израеле: „Не бој се, зашто Јас те откупив; те повикав по име, ти си Мој!
2 Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи. Ако тргнеш низ оган, не ќе изгориш, пламенот нема да те опали.
3 Зашто Јас Сум Господ, твојот Бог, Израелев Светец, твој Спасител. Го давам Египет за твоја откупнина, ги давам Етиопија и Сева место тебе.
4 Зашто си скапоцен во Моите очи, ценет си, и Јас те возљубив. Затоа и давам луѓе за тебе, и народи за твојот живот.
5 Не бој се, зашто Јас Сум со тебе. Твоето потомство ќе го доведам од исток и ќе те соберам од запад.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8081828384 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,264 секунди.