IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 979899100101 157>
Автор
Порака
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 10:38
ЛАВ-Темпераментна особа но и достоинствена во своето однесување.Лавовите држат до своето изразување,до стилот.Важен е впечатокот што го оставаат на околината,и за да ги освоите неговите симпатии треба да го фалите,да му се воодушевувате.Нивната суета често ги доведува до театрално однесување,а нивната гордост често влијае на претерана субјективност,па различни работи,случки и луѓе ги тумачат во склад со својата претстава за високи критериуми.Не треба да се заборави дека лавовите многу бараат,и физичката убавина кај нив е пролазна,затоа што они добро ја разликуваат онаа вистинска убавина што доаѓа од длабочината на душата.Имаат потреба да ја фасцинираат својата околина па и својот партнер.Енергични се,доминантни .Страсни се
,посесивно и љубоморно чуваат се што спаѓа во нивно власништво,а љубовниот партнер е дел од тоа.

-јас па мислев дека до мене е,кога тоа до хороскопскиот знак да ти било

1. Забава, забава, забава

2. Го сакаат животот и луѓето, а нивниот ентузијазам е заразен.

3. Тие се неодоливо и безгрижно романтични.

4. Тие се заштитнички настроени и секогаш спремни да им се препуштат на луѓето кои ги сакаат.

5. Шармот кој го поседува лавот, може да го извлече од многу непријатни ситуации.

6. Доколку некој лав е заинтересиран за вас, ќе се обиде да направи да се почувствувате како најпосакуваната личност која гази на Земјата.

7. Лавовите се дефинитивно пријатно чудни и многу уникатни.





Флертуваат со секого во било кое време, било каде! Себе си се сакаат највеќе, вие никогаш нема да им бидете приоритет. Нетолерантни, арогантни...центарот на вниманието е нивно омилено место. „Лавовите“ никогаш нема да признаат дека не се во право.

-ОВА ПОСЛЕДНОВО ВРСКА НЕМА!!! АМА ИЧ!

Изменето од BIBI_G_3 - 26.Септември.2013 во 10:39
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 13:47
Originally posted by BIBI_G_3 BIBI_G_3 напиша:

би сакала да кажам дека ми падна жал ама не можам...види што викаат за лавот-Нетолерантни ем арогантни...



Бик

4. Доколку се чувствувате виновно бидејќи сте изеле уште едно колаче, а сте на диета, бикот ќе ви каже дека сте го заслужиле и ќе ви донесе и една чаша млеко.голема насмевка




Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 13:52
„Лавовите“ никогаш нема да признаат дека не се во право.
мислам доволно си се испофаливме...не знам модераторот што знак у хороскоп држи ,па додека ја и ти се натегаме за рецепти да не ни сплескаат по една БАНица на двете
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 21:35
А, откако ќе завршите „работа“ во кревет, еве што може да очекувате да чуете следно од партнерот/ката:

Овен: Ух, ама беше добро, ајде пак!

Бик: Гладен/на сум – дај подај ми ја пицата.

Близнаци: Кај го затуривме далечинското?

Рак: Дојди да се гушкаме.

Лав: Е, дека не бев фантастичен/на?!

Девица: Дај помести се да ја соберам постелнината да ја ставам да се пере.

Вага: Убаво ти беше? Ако тебе ти е убаво и мене ми е убаво.

Скорпија: Слушај, ќе треба малку повеќе да те упатам во сексов и да ти објаснам што сакам.

Стрелец: Немој да ми ѕвониш, јас ќе ти се јавам.

Јарец: А, да пробаме на тераса?

Водолија: Ај сега да си прилегнеме малку.

Риби: Како рече дека се викаш?
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 22:28
јас повеќе се поистоветувам со вагава и стрелецот отколку со шкорпијата...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2013 во 00:14
Близнаци: Кај го затуривме далечинското?
-------------------------------------------------------------------

...poglupo ne sum chulodamna!смеење
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2013 во 09:42
Originally posted by SVOJA SVOJA напиша:




Јарец: А, да пробаме на тераса?




interesno среќа
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2013 во 13:58
kje povtoram ushte ednash za lavovite голема насмевка

ne prashuvaat kolku se fantastichni tuku toa si go nekako znaat плазење
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2013 во 00:20
Древните египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање, проверете кој знак сте во египетскиот хороскоп и прочитајте си ги главните карактеристики.

АМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари)
Старите египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, но не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат ладно, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверство бидејќи се многу посветени на партнерот. Тие се добри пријатели и љубовници.

СЕБЕК (од 3-ти февруари до 4-ти март)
Себек е бог на реката Нил, а токму таа била извор на живот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички талентирани. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, па поради тоа често прекинуваат пријателства.

ОЗИРИС (од 5-ти март до 9-ти април)
Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални, но и романтични. Својот партнер постојано го изненадуваат со мали и слатки поклони. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја.

ПТАХ (од 10-ти април до 2-ри мај)
Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност често на другите им кажуваат што мислат без обзир на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а баш таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства.

ХОРУС (од 3-ти мај до 16-ти јуни)
Хорус бил бог на животот. Припадниците на овој знак често се склони кон авантури и склопуваат нови познанства. Непознатите земји и краеви многу ги привлекуваат, па за нив патувањата на егзотични места не се ништо необично. Сакаат да уживаат во природата и во благодетите на животот.

НЕФТИС (од 17-ти јуни до 21-ви јули)
Нефтис била божица на љубовта, поради што и овој знак се смета дека е најромантичен. Припадниците на овој знак се многу сензуални, страствени и емотивни, поради што многу внимателно го одбираат партнерот. Од партнерот очекуваат многу, а за возврат враќаат со иста мера. Трпеливи се и сакаат да ги сослушаат туѓите проблеми, но даваат и корисни совети, кои ги прави одлични пријатели.

СЕТ (од 22-ри јули до 18-ти август)
Сет бил бог на молњата и олујата, па поради тоа припадниците на овој знак се многу темпераментни. Не се предаваат лесно и брзо се прилагодуваат на секоја ситуација. Исто така, тие се многу љубопитни и секогаш сакаат да испробаат нешто ново и интересно. Припадниците на овој знак се самостојни и сакаат сè да направат сами.

АНУБИС (од 19-ти август до 21-ви септември)
Анубис бил бог заштитник. Родените во овој знак се многу чесни и одговорни. Посебно се самоуверени и тврдоглави, па ретко слушаат туѓи совети. Многу се емотивни и романтични и имаат високи очекувања од љубовта, а се и интелегентни, љубезни и дискретни.

РА (од 22-ри септември до 15-ти октомври)
Ра бил бог на Сонцето. Родените во овој знак се полни со внимание и љубов за другите. Тие се рационални и секогаш размислуваат по неколку пати пред да направат нешто. Припадниците на овој знак сакаат романтика и се многу верни, а маана им е несигурноста поради која често пропуштаат добри прилики.

ИЗИДА (од 16-ти октомври до 9-ти ноември)
Изида е божица на чудата. Се смета дека родените под нејзина заштита имаат посебни моќи. Ги краси и неодолива насмевка која освојува сè околу себе. Меѓутоа, за нив не постои забрането овошје и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа што го сакаат. Тие се многу добри пријатели бидејќи знаат да ги слушаат другите и да поделат некој добар совет.

ТОТ (10-ти ноември до 3-ти декември)
Тот во стариот Египет бил познат како бог на светлината, мудроста и магијата, па припадниците на овој знак се многу прецизни и точни бидејќи поседуваат големи организациски способности. Родените во овој знак се сестрани и ги интересираат сите гранки на науката. Во љубовта секогаш сакаат да имаат некој самоуверен покрај себе, на кого ќе можат секогаш да се потпрат.

ХАТОР (од 4-ти декември до 31-ви декември)
Хатор била божица на музиката и уметноста, па родените во овој знак често се ценети музичари и уметници. Тие се шармантни, креативни, имаат голема фантазија и работат со многу љубов. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и почитува.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2013 во 15:33
Што мрази вашиот хороскопски знак?

Овен

Никако, но никако не му кажувајте на Овенот што треба да прави. Не го добил без причина овој знак тоа име, па само замислете го како ја наведнува главата и ги прирема роговите за удар на оној кој му наметнал негова волја. Тука се вклучени и шефовите, кои најчесто ги игнорира. Секако, Овните знаат и дискретно да се справат со оние кои им сметаат...

Бик

Како најголеми хедонисти од сите знаци, не сакаат некој да им го расипува уживањето - не им ја чепкајте храната и ситниците кои им се битни. Секако дека им е тешко да сфатат дека постојат и нематеријални важни вредности, бидејќи се приврзани за својата сопственост, па имајте разбирање. Покрај тоа, те ги чепкајте во одлуките и креативноста, тоа е исто така црвено знаменце!

Близнаци

Да се обидете да замолчите Близнак е како да се обидете да запрете река, затоа немојте да се обидувате. Секоја критика им е непозната, затоа треба да бидете тактичар, од обидот за намалување на телефонската сметка, со спората вожња - за намалување на потрошувачката на горивото.  Да, не се лесни за одржување на врска и пријателство, но толку се добри што се исплати да се трудите.

Рак

Кога на пример би сакале намерно да му го кренети притисокот на Ракот, ништо полесно - наметнте му задача која нема врска со семејството, домот или пријателите, тоа ќе го убие во поим. Исто така, промена на навиките, не постои во нивниот речник, а со обид да уозбилите Рак, завршува со тотална катастрофа. Затоа, само внимателно...

Лав

Обидете се само нешто да му наредите на Лвот и ќе видите што значи бес на кралот на џунглата. Нема подобри од нив, само тие можат да бидат во центарот на вниманието, а арите се табу тема. Е сега, како со нив? Лесно, нешто премолчите, нешто умешно подметнете го како да е нивна идеја и ласкајте им за тоа во вистинскиот момент, тоа е добитната рецепта за успех. Да ги лажете? Во никој случај, тоа го мразат најмногу од се!

Девица

Девиците и критикате генерално не се согласуваат, така да изборот на слики на Facebook или изборот на комбинацијата за излегудање, никако не доаѓа во предвид да се на тема на разговор.Своеглави, какви што се, го прилагодуваат распоредот исклучиво според себе, така да е потребно да имате дебели живци и дипломатски вештини за да ги наговорите на нешто што вам ви одговара.

Вага

Тие се родени дипломати, нема шанси да ги натерате да ви го кажат нивното мислење, доколку тоа е спротивно на вашето. Тоа секогаш ќе испадне во една фино запакувана, наџиџана форма на критика, полна со совети, која ќе ви потрошо премногу време, а можеби и ќе заспиете на половина од муабетот. Едноставно, Вагите не сакаат кавги и точка! Така да по потреба и ќе ве игнорираат, само за да не ви се спротистават. Секако, немојте да се лажете, Вагите секогаш мислат дека се во право, така да имајте го и тоа секогаш на ум.

Шкорпија

Да се обидете да и наредите на Шкорпија е дури поопасно одколку на Лавот, а ако почнете да им солите памет, бидете сигурни дека ќе го направат спротивното од она што им го сугерирате. Не им е и баш лесно да простуваат на оние за кои мислат дека ги навредиле, така да доколку сте еден од таквите, немојте да се чудите ако поминат покрај вас како покрај турски гробишта. Мажат и потполно да ве избришат од својот живот, така да бидете повоздржани.

Стрелец

Наметнување на обврска која Стрелецот не ја сака, едноставно не е возможно, апсолутно не доаѓа во предвид. Можете и да се повикате на вашиот авторитет, но се ќе биде залудно, бидејќи баш со авторитетот имаат проблем. Исто така. поимот непријатна тишина за време на разговор, не им е познат, бидејќи тие ќе зборуваат се дур не паднат од умор.

Јарец

Со сите можете да се шалите понекогаш, со Јарецот? Па подобро не. Туѓата необзирност им оди по нерви, а ни тие не се такви. Забрзување на Јарец е подеднакво исто на обид за забрзување на ротацијата на месечината околу Земјата, а таквото однесување може да ви донесе смо еден голем мин ус во нивниот црн тефтер. И секако, пожелно е да размислувате исто како нив, или барем така однесувајте се, инаку следат проблеми.

Водолија

Бавн и промислено не постојат во речникот на Водолијата. Се треба да биде веднаш, сега и тука, инакунешто не е во ред. Како да се навлечени на стрес, притоа игнорирањето и заборавот играат главна улога, бидејќи на тој начин ја креираат атмосферата на паника во која се чувствуваат како дома.

Риби

Ако игнорирате Риба, имате проблем, бидејќи нивниот внатрешен свет е посилен од реалниот околу нив, според тоа морате да ги разберете нивните ставови и идеи. Нивната мисија во животот е помагање на другите, кои, секако, тоа мораат да го приметат и да му оддадат огромно внимание, бидејќи поинаку Рибата почнуваат да ја опседнуваат црни мисли и тек тогаш имате проблем.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
bilokoja Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 68
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bilokoja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2013 во 15:40
На 24 родени се вага или девица различно пишува ви разни списанија
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 13:16
Хуморот и хороскопските знаци

Водолиите по природа се смешни. Овните се мимичари, Девиците се зајадливи, Скорпиите саркастични, а Јарците се духовити со маска на сериозност. Секој хороскопски знак има свој начин за шега и секој доведува до смеа со различни постапки.

Вака нè развеселуваат хороскопските знаци:

Овен
Физичкиот хумор кај Овенот доаѓа природно. Овните се едни од најголемите мимичари во зодијакот. Но, покрај тоа умеат да бидат и духовити на многу оригинален начин.

Бик
Набљудувачки хумор. Најчесто се ненамерно духовити и може од срце да се смеат на самите себе.

Близнаци
Бидејќи многу бргу ја сфаќаат шегата, помнат шеги и вицови многу добро и може да се смеат на сè и сешто. Овој знак е најсклон кон исмејување на другите, но не од злоба, туку најчесто затоа што тој некој им е интересен.

Рак
Раковите се „нежно“ духовити. Најчесто ги засмејуваат другите со некој израз на лицето, или се претвораат дека се сериозни и бесни тогаш кога не се.

Лав
Лавот ги исмева сите од своето опкружување, па дури и кога преувеличува. Не само што другите го сметаат за духовит, туку и сакаат да се дружат со него и да се смеат на неговите шеги. А Лавот е свесен дека на тој начин ве држи покрај себе.

Девица
Се нервираат, но не се изнервирани, се жалат, а немаат потреба за тоа – Девиците се зајадливо духовити, ги исмеваат луѓето и нивните животи, но се многу добри забавувачи.

Вага
Сарказмот е нивното главно оружје. Еднаш кога ќе тргнат, не умеат да запрат. А оние што се тогаш со нив во друштво не можат да престанат да се смеат.

Скорпија
Хроничен сарказам. Го коментираат ова, го коментираат она, коментираат сè. Тоа може да делува грубо или пасивно агресивно, но секако е смешно.

Стрелец
Сè во животот може да стане комично ако сте со Стрелец. Комбинација на набљудувачки хумор, сарказам и преувеличување.

Јарец
Фасада бес насмевка. Јарецот ќе го задржи сериозниот изглед преставувајќи ви ја шегата како вистина, составувајќи приказна која треба да го насмее него и другите кога вие ќе поверувате во неа.

Водолија
Природно забавни луѓе. Тие не мораат да се трудат да кажат виц или нешто слично. Најчесто не се свесни дека се смешни.

Риби
Овој знак се движи од сладок раскажувач до неподнослива личност. Кога Рибите ќе посакаат да ве насмеат и да го задржат вашето внимание, ќе работат на тоа се додека не им успее.


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 21:02

Често можете да ги видите на места каде уживаат на сонце, арогантно доминирајќи во друштвото и користејќи го секој амбиент како сцена за својот настап.

koj-e-najdominanten-horoskopski-znak-01

Жена Лав

Лавиците можете да ги пронајдете на популарни места.Тие се оние кои уживаат на сонце, арогантно доминирајќи во кругот на пријателите, замислувајќи го амбиентот на ресторанот како театарска сцена на која нивната улога е најважна. Да, тоа се жените Лавови, за нив животот е сериозна игра.

Тие се родени лидери и господари на останатите луѓе, но тоа го прават на навистина посебен начин, така што никогаш нема незадоволни во нивната околина.

Природата богато ги надарила, па во нив има толку многу енергија, памет, убавина и сексапил, што е доволно и за неколку луѓе. Ако имате комплекс на помала вредност, избегнувајте ги овие жени во поширокиот хоризонт. Овие жени може да ве дотолчат со својата нарцисоидност.

Лавицата не може да живее без публика и потребно ѝ е воодушевувањето од другите. Не бидете љубоморни на нејзината склоност да биде во центарот на вниманието во просторија полна со занесни фраери. Секогаш ќе се вртат глави по неа, каде и да се појави. Често ќе кокетира, но тоа е начинот на кој го прикрива чудниот страв дека не е толку посакувана.

Внимавајте! Премногу се горди и достоинствени за да губат време на бесмислици, затоа сфатете ги нивните потреби за време и однесување во согласност со нив.

koj-e-najdominanten-horoskopski-znak-1

Маж Лав

Со задоволство оди на различни прослави каде најчесто е во центарот на вниманието, но тој не е тип кој глуми кловн во друштвото. Тоа е само негова маска, за да привлече публика.

Без оглед на изгледот, нема никакви несоодветни или глупави движења во неговото однесување. Тој точно знае што сака, а тоа обично и го добива.

Лавот сака да се занимава со некој спорт, а како што станува повозрасен и навлегува во зрелите години, така се намалува и неговиот порив за спортски активности. Меката фотелја станува негов омилен спорт. Чудно, но вистинито, лавовите ретко имаат големи семејства. Се заљубуваат во убави жени со одличен вкус и стил за облекување.

Тие се особено трпеливи и толерантни, но под нивниот кралски углед е скриено е големото его и арогантното однесување кое секогаш може да излезе на површина. Секогаш се спремни за напад  ако некој им противречи.

Најмногу од сè, Лавот мрази жени со слаба интелигенција и образование. Сентиментално се чувствителни на сите комплименти кои се упатени на нивниот изглед или интелигенција и тоа толку многу, што дури се подготвени за нив да направат нешто и на своја штета.

koj-e-najdominanten-horoskopski-znak-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2013 во 21:03

koj-horoskopski-znak-najdolgo-ostanuva-vo-vrska-povekjeНашите чувства и емотивни стремежи во многу нешта го одредуваат астролошкиот профил. Овде направивме мал „пресек“ како кој знак на Зодијакот се снаоѓа во врска. 



Овен

Овните се заљубуваат бргу и силно, дури прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со таа одлука и бегаат од неа, па тоа трае со месеци. Најчесто влегуваат во период на проценки и повторни состаноци и при тоа се обидуваат да ја оживеат страста во врската, а во текот на тој период најчесто и одлучуваат како се чувствуваат и дали ќе се смират на едно место. Ако не успеат да ја оживеат страста, тогаш најчесто бараат нова љубов.

Бик

Биковите се верни како кучиња и тоа не во лоша смисла. Кога еднаш ќе запознаат некого се врзуваат и најчесто остануваат до крајот на животот, односно додека сексуалниот живот функционира. Ако страста испари или ако едноставно снема интерес за секс, ќе побараат возбуда на друго место – најчесто зад вашиот грб. Неверство никогаш нема да ја признаат, само поради врската која што трае за секогаш. Со други зборови и ако се неверни, нема да ве остават.

Близнаци

Близнаците и покрај клишето се верни и никогаш не ве напуштаат, но сакаат да ве тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја мачат личноста со која се во врска флертувајќи со што е повеќе можно луѓе. Само поради тоа остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе што не можат да го поднесат лутањето со поглед на машкиот Близнак, или заведувањето на женските припадници на знакот. Близнакот ќе го задржи интересот за вас само ако и вие го направите љубоморен. Така ќе останете во врска засекогаш.

Рак

Овој знак најмногу сака да и се предаде на една личност и да заврши со тоа. Не сака бучава, игри и проблеми кои носат било каков сомнеж или несигурност. Сепак, можат да бидат многу љубоморни и несигурни, што често ги одбива луѓето што ги сакаат. Ретко морате да се грижите дали ви е овој знак верен, затоа што кога еднаш ќе се венчате, Ракот е ваш за секогаш.

Лав

Лавовите се многу внимателни пред да се заљубат. Може да поминат и недели пред да се продлабочи љубовта затоа што овој знак обожува игри и заведување. Кога ќе им се случи љубов, најчесто се многу страсни и предани, но само година-две. Луѓето родени во знакот на Лав имаат немирно срце кое ги прави моногамни, но немаат многу врски кои траат повеќе од една година.

Девица

Овој тврдоглав, практичен знак сака кусо додворување со малку секс. Всушност се работи за знак кој ќе се одлучи да се воздржи од секс пред бракот. Најверојатно и во бракот ќе избегнува секс. Многу Девици се наоѓаат во брак во кој многу ретко се консумира секс и во кој со години, особено жените, ќе замижуваат на неверствата на партнерот. Сè додека се во игра материјалните добра и сигурноста, како и угледот во друштвото, врските на Девиците долго ќе траат.

Вага

Вагите се многу верни. Најчесто имаат долги врски затоа што во врските пред сè се пријатели. Сепак, лесно се ладат и се „запалуваат“, а несигурноста и неверството можат да ја уништат нивната врска. Врската со Вага ќе трае сè додека ја држите заинтересирана Вагата во кревет и сè додека и обрнувате доволно внимание.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на Скорпија се меѓу најверните знакови. Тие се едни од најпривлечните и најхаризматичните, па нивниот партнер мора да се бори со секакви конкуренти. Тоа создава многу несигурност, поради што врските по година-две се распаѓаат. Освен тоа, не му замерувајте на овој знак, без пардон ќе ве прободе во грб.

Стрелец

Ова е неодлучен знак кој што има проблеми со преданоста на една личност. Кога се долго на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со Стрелецот да трае со години, морате да му дадете доволно слобода. Можеби ќе морате да поминете и преку повремено неверство.

Јарец

Јарецот е многу традиционален знак кој очекува традиционална венчавка проследена со долготрајна фаза на додворување и не премногу секс пред брак. Овој знак исто така очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го достигне или добие, останува со партнерот долго време. И сексот и децата преставуваат начин на кој ќе го задржите Јарецот. Неверството за Јарците најчесто значи и раскинување.

Водолија

Ова е многу немирен знак кому му е проблем да остане со некого подолго од два дена. Животот го збогатуваат со разноликост. Не се премногу сексуални. Може да им се случи една личност максимално да ги фасцинира и импресионира, а потоа веднаш да изгубат интерес. Најдобра шанса да поминете подолго време со една Водолија е да го стимулирате нејзиниот интелект така што никогаш да не и биде досадно. Пожелно би било да сакате да патувате.

Риби

Рибите се еден од најверните и најпосветените знакови. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. Иако се работи за морален знак, неверството не им е непознато, но тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот. Рибите се тие што ќе се венчаат со средношколска љубов и ќе останат со неа до крајот на животот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 979899100101 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.