|
Факултет за психологија |
Внеси реплика |
Автор | |
devoj4e
Нов член Регистриран: 07.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Мај.2011 во 18:40 |
decki aj ako mozete malku podetalno mi objasnete za ovoj fakultet dokolu e nekoj zapisan na ovoj. Tezok li e tesko li se zapisuva sto se izucuva sto rabota moze da se najde i dr
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е толку тежок велат, колку што не ги исполнува очекувањата на дел од студентите кои очекуваат предавања од типот на книгите по тнр. популарна психологија или дури парапсихологија.
Некои пак очекуваат дека студирајќи го факултетот, подобро ќе се запознаат себе си и/или дека ќе ги решат своите проблеми. Но тоа се постигнува преку психотерапија(групна или поединечна), а за тоа не е потребен факултет. Исклучок би било ако некој самиот сака да стане психотерапевт или сл., во тој случај законски предуслов е дипломата. Во секој случај со диплома од факултет повеќе можности има за вработување(иако не секогаш во струката). А кој факултет ќе се студира за да дипломата/-ите се стекне/-ат, тоа секој сам треба да си одлучи. |
|
m.risto
Нов член Регистриран: 25.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дали може да ми каже некој повеќе за психологија,кој веќе се запишал.Благодарам однапред
|
|
m.risto
Нов член Регистриран: 25.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако може малку околу предметите
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас дипломирав на психологија. Џабе потрошено време, пари и нерви. Да знаев, никогаш немаше да се запишам.
1. Нема соодветен кадар кој има вештини да пренесе знаења. 2. Предметите се несоодветни, преопшти, неконкретни. 3. Нема ама никаква пракса. 4. Поголеми ега и пофрустрирани професори не постојат. 5. Нема литература. 6. Се учат курикулуми кои се од времето на дедо Ное. 7. Кога ќе дипломираш, самата диплома нема никаква вредност - доколку сакаш да работиш психотерапија, ќе мора уште 3 години да потрошиш во дополнителна едукација, која е прескапа во Македонија. Ако сакаш да работиш било што друго - пак ти треба дополнителна едукација (бар едно 2 години). 8. Ништо корисно и конкретно нема да научиш. 9. Ако ти е идејата личносен себеразвој - заборави, самиот кадар таму е нереазвиен, прво нема кој тоа да ти го пружи, второ нема таква практична работа и нема кој да ја развие, напиеш и спроведе, и трето, единствено што како личносен себеразвој ќе го добиеш е челични нерви (или нервен слом). 10. И кога ќе ја поминеш дополнителната едукација - нема работа. Психијатрите не ги сакаат клиничките психолози (кафе им варат, им купуваат цигари, весници, коли им перат, не им дозволуваат никаков контакт со психички растроен човек) од една страна, од друга, "тврдата струја" како HR, PR, Corporate Communications и т.н. исто така не ти дава слобода во кариерата, бидејќи имаш кадар од Економски, Правен и E-business, во овој дел сме исто така обични секретарки. 11. Дипломата не е признаена никаде во светот. 12. Прескапо е да се комплетира се`, самиот факс, ќе те чини околу 4000 евра, плус едукациите понатаму уште дополнителни 4000, плус годишна членарина во Комора на психолози и ако сакаш да работиш психотерапевт (што никогаш нема да биде во мкд), за лиценца плаќаш 2000 евра плус испит уште 1500 евра. Сума сумарум - џабе потрошено време, пари и нерви. Изменето од pHp - 26.Септември.2013 во 11:22 |
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас студирам психологија на друг факултет, не на катедрата. Нормално имам колеги и од катедрата. Едни се фалат, други се жалат, трети не ги занима... сеедно...
Катедрата пропадна поради стари сенилни будали кои се уплашени од отскокнување на квалитети и да не му ја грабни позицијата некој. Мањак на кадар... живо самоубиство. Комора на психолози... не е и некоја членарина, а не е и некоја комора...кој не гледа перспектива во тоа нешто - џабе се чачка. Пред да се запишеш на психологија веќе треба пред тебе да стои перспективата. Како втора генерација психолог во смејствово, по некаква случајност го имам тоа: перспектива, работа во која остварувам пракса, литература, насока. Вистина, ако не си самиот тој што вложил во професорите, тие никогаш нема да потегнат. Така, никогаш нема ништо корисно и конкретно да научиш ако само седиш и слушаш. Ако сметаш дека имаш доволни предзаења - скарај се со професорот, пошто многу повеќе очекуваше од него и дека тие нешта што ги зборува се за раја, а не за психолози. Имаат и тие осет за некој кој е живец, а верувај му се воодушевуваат на таквите луѓе. За такви предаваат, само ретки се таквите студенти... посочи му дека зборува неврзано, па да видиш дека можи и тој да се растрча. Секако, ако ова му го речиш вака - си се зезнал пак. Сеедно... ако се запишиш на психологија и не си спремен да го издржиш сето тоа, со 50% под колегите (лижачи, умилкувачи, длабоки закоравени членови на комори, предкомори и тн...) да неќиш да се видиш, да фрлиш вагон пари .... само што ќе завршиш да те чека некоја влијателна работа - ... не се запишувај во спротивно! Инаку ќе молиш за работа, ќе пекаш по трудови и социјални центри... За психолог треба напорен тип, своеглав и самоуверен... како правник, само смерот е малце поинаков. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |