|
Кафе |
Внеси реплика | страница <1 2122232425> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кафе вртлог (Coffee whirl) Време на подготовка: 5 минути Потребни состојки: 50 грама сладолед од ванила 30 милилитри ладно црно кафе 2 грама незасладено какао Начин на подготовка: Сите споменати состојки, ставете ги во блендер и мешајте ги 2 минути. Добиената смеса ставете ја во стаклена чаша и декорирајте по ваш вкус. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден кафе бакнеж (Chocolate coffee kiss) Потребни состојки: 20 ml ликер од кафе 20 ml Ирски крем 15 ml Какао крем 5 ml ликер од портокал (Гранд Марниер) 235 ml црно кафе Шлаг 40 ml чоколаден прелив 1 марачино цреша Начин на подготовка: Во шолја за кафе измешајте ликер од кафе, Ирски крем, Какао крем и Гранд Марниер. Потоа наполнете ја шолјата со сварено топло црно кафе, дотерајте ја со шлаг и ставете чоколаден прелив по ваш вкус. На крајот можете да го декорирате со марачино цреша. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден милкшејк со кафе (Cocoa Coffee Milkshake) Потребни состојки: 250 грама сладолед од ванила 200 милилитри ладно млеко 10 грама какао 1 ќесичка инстант кафе Начин на подготовка: Споменатите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги 2 минути додека не добиете хомогена крем смеса. Смесата ставете ја во голема стаклена чаша и уживајте. По желба декорирајте со чоколадни трошки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕДЕНО КАФЕ Потребни состојки: 100 ладно инстант кафе 100 мл чоколаден сладолед 15 мл чоколаден прелив 3 коцки кршен мраз шлаг Начин на подготовка: Во блендер ставете ги леденото кафе, сладоледот и чоколадниот сируп. Во голема чаша сипете го мразот и одозгора полијте го со добиената смеса од блендерот. Декорирајте со шлаг и чоколаден прелив. Капучино на Италијански начин Време за подготовка: 10 мин.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 грама Шлаг 10 грама Кафе 2 лажица/ци Какао 100 милилитри Газирана вода ПОДГОТОВКА: Во секоја чаша за кафе, се става по една лажичка кафе, се меша добро со минерална вода, се засладува со шлаг (шлагот го ставаме одозгора) па се посипува со какао во прав. Италијанското капучино се служи ладно. Затоа пред употреба минералната вода треба да отстои во фрижидер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Млечно-чоколадно кафе Потребни состојки:• 150 мл. чоколадно млеко • 100 мл кафе (една лажичка кафе растопена во вода) • шлаг • рендано чоколадо Подготовка: Во една висока чаша стави коцки мраз. Додај го чоколадното млеко, а потоа и кафето.Одозгора украси го со шлаг, а врз шлагот изрендај чоколадо. Чоколадно кафе Потребни состојки: • половина шолја шлаг или изматена хопла • 2 лажички шеќер во прав • мелени бадеми • една шолја чоколаден сладолед • 4 шолји топло нес кафе • парчиња бадеми Подготовка: Во еден сад измешај го шлагот со шеќерот во прав и мелените бадеми. Во четири шолји стави по една лажичка сладолед. Одозгора истури го кафето. Секоја шолја украси ја со една лажичка од смесата со шлагот и бадемите. Одозгора украси со парчиња бадеми. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Елегантно кафе со коњак Потребно за 6-8 кафиња: 250 ml еспресо, оладено 80 ml коњак 60 ml ликер од кафе 60 ml цврсто изматен шлаг сладолед од кафе Подготовка: Еспресото, коњакот, ликерот и шлагот измешајте ги заедно со многу мраз. Течноста ставете ја во големи чаши. Во средината ставете по една топка сладолед од кафе или од некој друг вкус по ваша желба. Декорирајте со ситно сецкана чоколада. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Босанско кафеСостојкиПодготовка
Суровото кафе се пече секој ден во посебен сад на жар.Садот мора постојано да се врти над жарот и кога кафето ке се ороси со маснотија,се истура на чиста платнена крпа и се покрива.Печеното кафе се меле на рачна мелница пред да се употреби.Кафето се вари во ѓезве на жар. Во ѓезвето се тура толку филџани вода колку што има лица и кога водата ке зоврие,се префрлаат неколку лажици вода во филџан ,а во ѓезвето се додаваат толку лажички мелено кафе колку што има филџани вода. Кафето и водата се промешува и ѓезвето повторно се става на жарта.Кога кефето ке се дигне тоа е знак дека е варено.Ѓезвето се тргнува од жарта,се додава одземената вода,се промеѓува и пак се става на жарта,кафето уште еднаш да се дигне. Вака сварено, кафето се налева во филџани и се служи. Со кафето се служат шекер во коцки,чаша вода,лажичка и локум. Гостите сами си го засладуваат кафето. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред да почнете да ја читате оваа листа, најдобро ќе биде да си го подготвите омиленото кафе и да уживате во неговиот вкус, бидејќи нема ниту една причина зошто да не го направите тоа. 2. Само мирисот на кафето може да ви го намали стресот значително 3. Пиењето кафе може да ја контролира Паркинсовата болест 4. Секојдневното пиење кафе штити од цироза и помага во намалувањето на штетното влијание на алкохолот. 5. Кафето може да ве направи посреќни и помалку депресивни 6. Кафето го намалува ризикот од самоубиства за 50 % 7. Кафето ги намалува шансите за заболување од рак на кожата, особено кај жените 8. Кафето особено им помага на атлетските спортисти и ја зголемува нивната сила и брзина 9. Кафето ви го буди мозокот и ви ја подобрува концентрацијата 10. Кафето ве прави поинтелигентни 11. Кафето е едно од најдобрите измислени нешта во кои можете секојдневно да уживате каде и да сте, сами или со пријателите. Продолжете да пиете! На здравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
три од сабајле до сега
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тајната на совршеното Ирско кафе е да ја задржи рамнотежата – да не е ниту слатка, ниту горка, туку сите состојки да се совршено споени за да се создаде неодоливиот пијалак. Ирското кафе е идеално за попладневното дружење со пријателите, но би било уште подобро ако е подготвено во домашни услови. Потребни состојки:
Подготовка: Сварете го кафето и промешајте го со виски, а потоа додадете го шеќерот. Можете и да додадете малку рендано оревче, по желба. Оставете ги сите состојки убаво да се стопат и измешаат неколку минути. Откако кафето ќе се олади, додаде ликер по желба, во зависност од тоа дали сте љубител на кафето со чоколадо, ванила, кокос, карамела... Направете пена од слатката павлака и додадете ја. Мразот во ова кафе не е препорачлив за да не го разводни вкусот, па затоа одлично би било ако постои во фрижидер барем половина час пред послужувањето. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има ли подобар пријател рано наутро од една полна шолја кафе? Пред да ги отвориме одморените очи, како маѓепсани одиме кон кафе-апаратот со само една единствена желба – што побрзо да го вкусиме својот омилен вкус. Секој од нас има омилен вкус и специфичен ритуал, па затоа во следните неколку редови откријте што тоа кажува за вашата личност. Црно кафе
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лошите страни на кафетоКафето има многу предности, но може и да наштети доколку претерувате и го пиете во големи количини, а се случува да го пиеме по навика, дури и кога немаме реална потреба од кафе. Истражувањата, меѓутоа покажуваат дека пет или повеќе шолји кафе дневно можат да предизвикаат многу непријатни последици на вашиот организам. Погледнете кои се тие: Луѓето кои се под сериозен стрес и комзумираат премногу кофеин можат да слушаат звуци кои всушност не постојат. Големата количина на кофеин може да му наштети на желудникот, особено ако користите лекови против болки. Може да ви се зголеми крвниот притисок.
Премногу кафе може да предизвика несоница. На кофеинот му се потребни 24 часа да излезе од организмот, но бројот на часови варира од личност до личност. Од кофеинот можете да станете зависни, но може да се промени и вашето расположение. Кога престанува да дејствува, расположението се намалува. Единствен начин да го подобрите е да пиете уште кафе, поради кое што повторно краткотрајно се чувствувате добро. Одвикнувањето од кофеин може да предизвика главоболка, која настапува 12 до 24 чса, по последното внесување во организмот. Истотака, одвикнувањето може да ве депримира и да поттикне да се чувствувате тешко, заморно и поспано. Го зголемува ризикот од остеопороза, со тоа што внесувате доволно калциум и витамин D. Колку почесто пиете, толку почесто мокрите.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што открива за вас кафето кое го пиете?Кафето има врска со карактерот на личноста која го пие, односно дека слични луѓе нарачуваат слично кафе. Имено, авторите на книгата „Што велат вашите навики за вас“, Џејмс Мур и Џуди Џејмс, врз основа на нивните истражувања меѓу луѓето кои сакаат кафе заклучил дека свареното кафе има врска со карактерот на личноста која го пие, односно дека слични луге нарачуваат слично кафе. Еве до какви заклучоци дошле: EspressoОва е највозрасно од сите кафиња. Брзо и едноставно, а обично го нарачуваат критички настроени лица, критичари, циници, саркастични луѓе па дури и агресивци. Го менуваат расположението како чорапи, ги привлекува здравиот начин на живот а често и го применуваат истиот, сакаат да бидат лидери, и тоа и се, па немаат многу време за трачеви со некое друго кафе. Обично турско кафеСе работи за минималистичка и кул особа, која не ги покажува своите чувства така лесно и не е драматична. Исто така е склона на променливо расположение, највеќе сака дружење еден на еден, несака големи друштва. Мирна е и сака да се натпреварува. Кафе со млекона некој начин опасноста во обликот на кафе се разводнува со помош на млекото. Оваа особа сака да биде прифатена, таа сака другите да ја сакаат. Битна и е сигурноста, знае да биде мошне тврдоглава. Избегнува дирекни кавги, несогласувања, и валкани работи, лојална е во семејните кругови. Најубаво се чувствува кога е во удобна атмосфера и со најблиските пријатели. Со шлагОвие лица се често позери и глумци. Сакаат да бидат славни, трчаат по модата, трендсетери кои немаат баш свои ставови за нештата и често не ја разбираат иронијата. КапучиноСе работи за многу оптимистичка особа која сака луѓе и дружење. Има цел но само гледа кон крајот. Ги заборава оние ситни детали и напорната работа кои ќе ја донесат до целта. Често нешто започнува но не и завршува. Инстант кафеСе работи за мирна личност на која никаде не се брза, не драматизира и најчесо го кажува тоа што го мисли. Понекогаш другите ја сметаат за површна бидејќи нема некои големи амбиции и авантури, како на работа така и во сексот. Има наизменично лошо или добро расположение на кратки интервали. Бескофеинско кафе или кафе со соино млекоОбично се работи за лица загрижени за животната средина, но често само загрижени, а по тоа прашање не превземаат ништо. Ако се работи за личност која е алергична на кравјо млеко па затоа мора да пие соино, често станува збор за лице со актерски способности. Лица кои не пијат кафеАвторите велат дека луѓето кои упорно одбиваат кафе првенствено се преплашени од животот. 33% од луѓето се друштвени пијачи на кафе кои го пијат само заради пријателите со кои така се дружат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да го направите совршеното кафеГурманското кафе од селектирани видови кафиња може максимално да вреди за цената, меѓутоа нема потреба да трошите добар дел од платата за секојдневно да купувате вкусно кафе за носење. Прочитајте ги овие пет совети со кои ќе бидете сигурни дека кафето што ќе го направите во домашни услови ќе биде одлично и бар неколку пати подобро од она што може да го купите од локалното кафуле.
Го направивте ли? Пишете ни дали навистина е совршено. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 2122232425> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |