IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 96979899100 157>
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 22:47
Секој хороскопски знак опишан со три збора

Понекогаш не се потребни многу зборови за да се опише секој хороскопски знак. Ова се три карактеристики кои се составен дел од личноста на секој знак во зодијакот


Овен – амбициозни, тврдоглави, надмени

Бик – тврдоглави, хедонисти, материјалисти

Близнаци – непостојани, забавни, несамокритични

Рак – преемотивни, гурмани, весели

Лав – нарциси, снобови, лидери

Девица – контролори, перфекционисти, креативни

Вага – неодлучни, конформисти, естетичари

Скорпија – мрачни, сензуални, одмаздливи

Стрелец – тврдоглави, наивни, авантуристи

Јарец – бескрупулозни, традиционални, упорни

Водолија – недопирливи, весели, себични

Риби – сонувачи, ситничари, филозофи.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 16:04
Што може да ги расплаче хороскопските знаци?

Овен
Многу сте суетни, но и многу емотивни, па вас лесно можат да ве повредат, ако личноста која ви значи и за која сте биле подготвени да направите се ве изневери или напушти. Тогаш плачете, затоа што сте немоќни да и се осветите, затоа што сеуште ја сакате. Чувствителни сте и за деца, па било каков облик на насилство врз нив, раѓа во вас страшен отпор и тага, особено ако неможете да направите нешто околу тоа.

Бик
Сите мислат дека сте практични, затоа што цврсто стоите на земја и ништо неможе да ве помрдне, што е во глобала точно. Но, кога ќе почне да ве прогонува споменот за незаборавна љубовна романса која неможела да се оствари, солзите веднаш ви ги полнат очите. Патите во тишина, со омилената музика и пијалок, не се јавувате на телефон, се додека некако сами со себе не се решите од болката, иако знаете дека тоа е практично невозможно.трепкање

Близнаци
Бидејќи сте најголемото зодијачко дете, вие обично плачете кога нешто ви е скратено, а сте немоќни да превземете нешто. Поради вашите каприциозни испади, во состојба сте да се расплачете поради работи кои на вашата околина и изгледаат тотално неважни. Недостатокот на љубезност и почит кон постарите личности и грижата за нив, може да ве растажи, затоа што сочувствувате со нивната состојба.

Рак
Поради нагласената суета, во состојба сте да се расплачете и пред големо друштво, кога некој ќе ве повреди и неможете да го направите тоа што сте го намислиле. Меѓутоа, ако некој од вашите блиски е болен или му е потребна помош, ќе ја ангажирате целата фамилија и ќе ги известите сите оние кои мислите дека можат да помогнат, но вам лично ќе ви биде најтешко да се ангажирате околу таа личност.

Лав
Во очај може да ве доведе болест или лоша здравствена состојба на близок член од семејството или ситуација каде неможете да ја заштитите својата фамилија, па имате чувство како да ви се врзани рацете. Се гадите од агресивно однесување, особено кон деца и животни и навистина може да ве растажи. Можеби солзите не ги покажувате на јавно место, но сигурно нема да ви биде лесно да ги задржите, затоа што сте многу чувствителни на болката на неспомошните и незаштитените.

Девица
Кога вашето его е повредено, тоа навистина тешко ви паѓа, иако често знаете да се расплачете за судбината на другите, отколку за својата. Многу сте чувствителни кон старите и беспомошни личности, па посетите на старечки домови можат навистина да ве растажат. Кога ќе видите напуштено животинче, целото тело ве тера да го понесете со себе и ако неможете да му помогнете имате огромна грижа на совест.

Вага
Иако умеете емотивно, многу бурно да реагирате, вас не е лесно некој да ве расплаче, затоа што по природа сте многу издржливи. Се грозите од сцената кога на јавно место, би изразувале чувства пред друг луѓе, но може да ве повредиличноста која ја сакате, ако ве изневерува, лаже. Кога влегувате дома и кога ја тргате маската на ноншалантно однесување и шарм, плачете до изнемоштување, гушнати со перницата и се заколнувате дека нема да дозволите веќе никој така да ве изигра.

Скорпија
Вие можете да заплачете, кога сте навистина фатени во некое значајно случување, било тоа свечен прием на највисоко друштвено ниво, свадба, роденден или крштевање на дете, кога нешто силно ќе ве допре и погоди. Ако сте импресионирани од успесите на вашите пријатели или најблиските роднини во кои сте допринеле нешто, може тешко да ви падне и да заплачете.

Стрелец
Ќе ви дојде да заплачете од мака кога ќе останете без пари, затоа што тогаш ве фаќа паника, поради неповолната финансиска ситуација во која едноставно се немоќни, а вие воопшто не го сакате тоа чувство, не ја сакате немоќтта, ни сиромаштијата. Сиромаштијата не ве плаши само вас лично, туку ве погодува и неправдината спрема луѓето кои таму некаде во белиот свет страдаат, поради болести, сиромаштија и беда или поради природни катастрофи, додека некои други, малобројни, профитираат на нивната мака.

Јарец
Со сеќавање ги листате семејните албуми со стари фотографии, додека ве обзема необјаснива меланхолија од која само навалуваат солзите. Го затварате албумот и ја отварате дрвената украсна кутија, во која сеуште чувате нечии љубовни писма. Ако сте млади, ги прелистувате пораките од мобилниот телефон или мејловите кои сте ги добиле од некој кој сте го сакале, а сега живее далеку од вас, или е во некоја друга држава.

Водолија
Всушност вие плачете кога ќе паднете во „јамата која самите сте ја ископале“, најчесто поради партнерот кој ве оставил, затоа што сте ветувале кули и градови, а ништо не сте исполниле. Сепак, вашиот конструктивен мозок работи „триста на час“ и смислува како да ги запре солзите. И пријателите може да ве натажат, ако ве изневерат, ако немаат човечност во нив, може да ве натажат и вести за оставени бебиња, злоупотребувани деца, бегалци и хуманитарни катастрофи.

Риби
Припаѓате на едни од најчувствителните и најсуетните хороскопски знаци, па затоа лесно е да ве расплаче нешто, поготово ако почувствувате дека сте изневерени или манипулирани од личностите кои ги сакате. Солзите веднаш ќе почнат и кога гледате романтичен, љубовен фил или серија, аможе да ве погоди некој ако малтретира животни. За да се заштитите, сакате да понегнете од таквата реалност – така и правите, фантазирајќи или патувајќи.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 16:09
Кој е злопамтило според хороскопот?

Овен
Овенот простува само ако почувствува каење. Тој многу лесно се навредува, но исто така може бргу да прости. Ако е многу навреден постои можност неколку дена да не сака да разговара со вас, но по некое време и тврдоглавиот Овен ќе попушти.

Бик
Одмаздољубивиот Бик тешко простува. Многу комплициран знак, особено ако се повреди неговото его или достоинство. Често е во состојба да го прекине пријателството ако заклучи дека спротивната страна го разочарала. Исклучително е лојален и верен пријател, а тоа го очекува и за возврат.да

Близнаци
Близнаците не прават драма околу простувањето. Близанците ќе му простат секому кој искрено од нив бара прошка. Околу тоа никогаш нема да прават драма. Веруваат дека секој може да згреши. Најчесно ќе простат кога пријателите ќе им покажат колку си требаат еден на друг.

Рак
Ракот бара многу извинување. Знак кој често го менува расположението, а сака да се освети за работи кои му нанесле болка. Тешко простува измама или предавство. Ќе прости само ако види дека другата страна се потрудила да се извини и добро да му објасни дека се кае за постапката. Кај Раковите добредојден е знак на мало внимание.

Лав
Расправија? Која расправија? Лавот често ќе се изненади кога пријателите ќе му кажат дека ги повредил, бидејќи никогаш не размислува за своите постапки. Кога ќе дојде до кавга тој само ќе се повлече. Тој речиси никогаш не им се извинува на другите, но не очекува ниту пријателите нему да му се извинат.

Девица
Девицата простува со јасно извинување. Превртлива е по природа, често пати тврдоглава и злопамтило. Кај неа не е тешко да се искупите за своите гревови бидејќи таа често преувеличува сè околу себе.

Вага
Вагата сака да игра топло – ладно. Општо е познато дека таа сака да прави драма околу сè. Било каква кавга во животот нема добро да ја поднесе и можен е колапс на системот. Во еден момент ќе биде подготвена сè да прости, а во наредниот ќе се предомисли.

Скорпија
Ова е најтврдоглавиот хороскопски знак. Често е во состојба да го прекине долготрајното пријателство, бидејќи во него тлее доза на желба за одмазда, но и да им покаже на другите дека со него нема шега. Лутината на овој знак може да трае со години.

Стрелец
Стрелецот смета дека секој заслужува втора шанса. Тој е еден од ретките знаци кои ќе им простат на сите, бидејќи мисли дека секој заслужува втора шанса. Тој секоја приказна ќе ја согледа од сите страни. Ако пријателите му образложат зошто не биле искрени со него и ако види дека не го повредиле намерно Стрелецот без проблем ќе прости.

Јарец
Јарецот ќе се одмазди со злобни трачеви. Тој е исклучително горд и злопамтило и не простува лесно. Сака да озборува и често тие кои го повредиле, ќе бидат на мета на неговите злобни трачеви. Поради тоа повеќето пријатели се плашат да го повредат Јарецот бидејќи знаат дека лесно може да им го уништи угледот. Подмитувањето од било каков вид, со храна, подарок или пари, ќе го расположат овој знак.

Водолија
Водолијата е знак кој ќе им прости на сите свои пријатели бидејќи се смета за исклучително морална и чесна. Но, ако сфати дека одредени пријатели поседуваат лоша енергија и неповолно делуваат на неа, простувањето и понатамошното дружење ќе биде невозможно.

Риби
Рибите се еден од најгордите знаци во хороскопот. Многу тешко ќе им простат на пријателите кои што ги изневериле, а дури и ако простат, едно време ќе бидат на дистанца. Тие се водат со својата интуиција, па ако почувствуваат дека некому треба да му простат, ќе му простат, а ако не, тогаш е подобро таа личност да ја снема од нивниот живот.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 16:35
Секој хороскопски знак си е карактеристичен сам по себе. Сите сме посебни на свој начин. Да видиме кои се карактеристиките на секој знак одделно.

ОВЕН
-Овие особи уште на прв поглед умеат да се наметнат и оставаат впечаток на околината.Нивниот физички изглед,однесувањето и стилот на изразување се главни адути што Овенот често ги користи за средби со различни особи.Но тоа го прават спонтано и несвесно.Овенот тежи кон страствени врски и потреба за доминирање,без разлика дали е тоа за партнерот или за некоја друга особа спрема која се наклонети.Има доволно храброст и смелост да ги изрази своите чуства без преправање.На својата околина јасно дава до знаење дали му се допање или не одредена особа.Во нивната природа,како и во нивните емоции господарат големи страсти.Доколку некој уште на старт не ја поттикне нивната страст,тогаш нема шанси да дојде до љубов.Овенот може да биде и романтичен и интересен и нежен и шармантен,но само ако е поткрепено со страст.



БИК-Особа родена во овој знак ќе препознаете уште на прв,блиц поглед.Се препознаваат по својата заводлива,и помалку чудна природа.Се истакнуваат по своето однесување или темперамент,посебно на основ на физичкиот изглед.Делуваат пријатно,срдечно и симпатично за околината.Имаат смисол за добар вкус и нагласена потреба за уживање и комфор.Категорично држат до свои принципи.Поседуваат сензуалност,а и подложат на потреба за комфористичко уживање.Нивната верност за традицијата и семејниот живот,и прврзаноста на љубовниот партнер,претставува голема доблест,не треба да се заборави дека бикот цврсто,со двете нозе стои на земја.Првиот впечаток за нив може да биде лажен-привидно се чини дека нивната романтичност,сензитивност и изливи на емоции се контролирани или правилно дозирани,но не треба да се заборави дека бикот се држи под контрола додека во еден момент не ја изгуби својата контрола и на површина излегува неговата разорувачка енергија,деструктивна црта или сила на рушење.Среќа што вакви ситуации не се случуваат често,и што брзо поминуваат.Биковите умеат да уживаат во све што е убаво и затоа нивните сетила се многу изразени,а афинитети,интересирања или апетити,понекогаш се неумерени.Важни особини кои го осликуваат нивниот каракте р се:нагласена емотивност,но и љубомора.Кај нив нема толеранција на тема кокетирање или емотивна и сексуална слобода.Затоа не си играјте со оган,и немојте да правите нешто што ќе ви биде забрането,дури ни во мислите.



БЛИЗНАК-Првиот впечаток за нив е дека се необични,интересни,шармантни и духовити.Вешти се при употреба на интелектуални,ментални или говорни стратегии.Исполнети се со желби за промени и истражувања.Радозналоста кај нив треба да се тумачи како желба за откривање нови искуства.Доколку кај близнаците постои заинтересираност за особа од спротивниот пол,таа треба да е атрактивна,или необично да се однесува.Близнаците своите емоции ги држат под совршена контрола,затоа што обично не успеваат правилно да дозираат одредени количини на емоции што треба да ги поклонат да одредена особа.Измеѓу Близнакот и неговиот партнер секогаш стои одредена емотивна дистанца,штит или ограда.Од нив не може да се очекува љубовна драма,срцепарателни сцени,жалење или солзи радосници.Нивни адути се интелегенција,вербални способности или шпекулации.


РАК-Овие особи треба да се прифатат како романтични души,затоа што поседуваат нежна и сензитивна природа,и изострена интиуција.Нивни особини се:нагласена емотивност,пречуствителност,несигурност,страв,романтичност и сензитивност.Овие особи често го менуваат расположението или поминуваат преку разни психички или емоционални состојби.Они грижливо чуваат се што им е важно.Доколку вам ви е важно да го освоите нивното срце,мора да бидете спремни на различни тестови на издржливост и доверба,како и на емотивна приврзаност.Ракот од партнерот очекува потполна приврзаност,внимание,разбирање и психолошка,емотивна или матерјална сигурност.Во длабочината на својата душа раковите ги препознаваат вистинските емоции и чуствуваат искреност или добри намери.Ракот ужива во тоа да биде пазен и мазен,но има и преголеми очекувања – мора да пружите максимум во било која смисла,а за возврат ќе ви понуди приврзаност и верност.



ЛАВ-Темпераментна особа но и достоинствена во своето однесување.Лавовите држат до своето изразување,до стилот.Важен е впечатокот што го оставаат на околината,и за да ги освоите неговите симпатии треба да го фалите,да му се воодушевувате.Нивната суета често ги доведува до театрално однесување,а нивната гордост често влијае на претерана субјективност,па различни работи,случки и луѓе ги тумачат во склад со својата претстава за високи критериуми.Не треба да се заборави дека лавовите многу бараат,и физичката убавина кај нив е пролазна,затоа што они добро ја разликуваат онаа вистинска убавина што доаѓа од длабочината на душата.Имаат потреба да ја фасцинираат својата околина па и својот партнер.Енергични се,доминантни .Страсни се,посесивно и љубоморно чуваат се што спаѓа во нивно власништво,а љубовниот партнер е дел од тоа.


ДЕВИЦА-Не е тип на особа која скренува внимание на себе со своето ексентрично однесување.Се однесуваат одмерено,промислено,резервирано и дискретно.Понекогаш делуваат строго и униформирано.Критериумите на девицата се:сигурност,умереност,точност,доверба,разумност и аналитичност.Своите емоции ги држи под контрола.Не може да им се случи да изгубат глава од заљубеност,ниту својата памет.Од нив не може да се очекуваат изливи на емоции,затоа што добро владеат со своите чуства,поставува високи зидови позади кои го чува љубовниот живот.Нивниот партнер мора претходно да заслужи све што ќе добива во мали и строго контролирани дози.Девицата е секогаш спремна на разни ментални тестови,проверки и анализи.


ВАГА-Имаат смисол за естетско изразување,посветуваат многу внимание на својот надворешен изглед.Вагите премногу се окупирани со тој надворешен изглед,така да забораваат на остатокот од светот.Инсистираат на високи критериуми и на таков начин прави селекција при избор на друштво кое би им одговарало.Би требало да сте атрактивни,привлечни и шармантни,но треба да исполните и други критериуми кои се на нивната листа.Треба да бидете романтични,да сте со забавен карактер,и неодоливи.Уредно ги проценуваат практичните способности,а посебно материјалните можности.Една типична вага многу брзо го исполнува својот телефонски именик со разни имиња,а повеќето од тие се особи од спротивниот пол,или симпатизери и останати таинствени личности.


СКОРПИЈА-Делуваат занесно и привлечно за својата околина.Големи заводници и освојувачи.Шкорпиите се свесни за својата ахилова пета и знаат како да ја сочуваат својата емотивна чуствителност.Кога и како ќе проработи нивната позитивна или мрачна страна на личноста зависи од нивната психолошка состојба,од нивното емотивно расположение,Одговара на секој предизвик,поседува разорна сила огромна волја и борбен дух.Значи ако испровоцирате,или повредите некоја шкорпија,ве очекува отровна стрела.Ако се почуствува во некоја ситуација повреден,руши се пред себе и станува фатален.Така може да се уништи и сам себе,но не запира во своите намери.Возбудливи партнери се со фантазија,емотивни се,потентни,возбудливи,но и посесивни,љубоморни и осветољубиви.Може да ви дигне на царски пиедестал на љубовта но и да ве фрли на самото дно на очајот.



СТРЕЛЕЦ-Карактеристични се по својот стил на отворено и екстравертно изразување.Делуваат одважно,смело,храбро и искрено.Темпераментни се,слободоумни.Имаат голема енергија,самодоверба и спремни се големи предизвици.Поради својата природа делуваат нестрпливи,а некои реакции им се нагли и неумерени.На стрелците им недостига нота на дипломатија,тактичност и умереност.Доколку за некого го врзуваат емоции,стрелецот ќе инсистира на фер плеј правила и вистина.Не придаваат важност на конвеционално однесување и наметнати правила.Ако некој им се допаѓа,отворено ги искажуваат своите симпатии и реагираат бурно или импулсивно.Со нив не може да ви биде досадно,а колку тоа ќе потрае зависи од вашата способност на прилагодување.



ЈАРЕЦ-Особа која инсистира на традиционални улоги,на строги принципи,и реална е во своите ставови и процени.Но понекогаш тие ставови делуваат круто,затегнато или строго.Јарците делуваат трезвено,рационално и промислено.Тие го прават она што го мислат а не она што го чуствуваат.Добро ги контролира своите чуства и делува ладнокрвно.Имаат спартански дух и остри рогови кои подеднакво служат како за напад така и за одбрана.



ВОДОЛИЈА- Имаат необичен вкус,специфичен стил на изразување.Необичноста се манифестира со:стил на облекување,изразување,реакции и непредвидливост во однесувањето.Способни се да ја искористат и најмалата шанса за онаа варијанта која ним би им донела успех и задоволство.Вистинско објаснување и тајната на нивниот успех се крие во фактот дека они делуваат хаотично во надворешниот свет,а во својата глава имаат зацртано цел.Водолиите свртуваат внимание на себе,дали е тоа во стил на облекување или однсување,но све во основа е провокација.Свесно го прават тоа,знаат како да привлечат нечие внимание или радозналост.Ги совладале сите лекции на заведување,и употреби на разни стратегии,од чедност до голема страст.Нивното расположение повремено е еуфорично,есцентрично и провокативно,но со нив нема да ви биде досадно.Радознали се и константно сакаат нови искуства.



РИБИ-Имаат необичен сјај во очите и сонлив поглед.Особи кои делуваат хиперсензитивно,емотивно и пречуствително.Имаат развиено голема фантазија,и светот го доживуваат во склад со своите внатрешни или емотивни душевни потреби.Тешко ги контролираат своите чуства и душевни состојби.Имаат добри особини:племенити,нежност,склони се на пожртвуваност за оние кои им се блиски.По својата природа се заљубливи,,немаат храброст да ги изразат своите мисли,како и да се соочат со вистината и да ја прифатат грдата страна на животот.Рибите чекорат на самата граница на сонот и јавето.Од нив не очекувајте директна иницијатива,туку топли емоции кои се препознаваат во нивниот поглед.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 16:37
7 најдобри карактеристики на секој хороскопски знак

Овен

1. Тие го прават животот возбудлив.

2. За овните, секој момент е важен во нивниот животот, а чувството е заразно.

3. Доколку ви треба партнер за скокање банџи, јавете му се на овенот.

4. Можете да имате страшна кавга со овен, но после 5 минути тој ќе заборави на сè.

5. Кога ќе им дојдете на гости нема само да ви ја отворат вратата за добредојде, туку ќе скокаат и ќе бидат безрезервно радосни што сте дошле.

6. Страстен и жесток, овенот често има потреба добро да се издува.

7. Тие се заљубуваат многу брзо, но силно. Па доколку во вас се заљуби некој роден во знакот овен, заврзете го појасот и уживајте во возењето.

Бик

1. Луѓе што најмногу сакаат да се мазат и галат.

2. Тие се многу лојални и одлични пријатели и секогаш ќе бидат тука за тебе.

3. Тие секогаш се искрени сами со себе. Тие се скоро неспособни да не бидат свои или да мамат.

4. Доколку се чувствувате виновно бидејќи сте изеле уште едно колаче, а сте на диета, бикот ќе ви каже дека сте го заслужиле и ќе ви донесе и една чаша млеко.

5. Секогаш ќе се чувствувате добредојдени во домот на бикот.

6. Бикот може да ви помогне да си ги реализирате вашите брилијанти идеи.

7. Биковите сакаат да се честат себеси со најдобрите глетки, вкусови, звуци, мириси и чувства кои светот ги нуди, па така неговиот живот е многу богат.

Близнаци

1. Секогаш се спремни за добар, долг разговор.

2. Обожаваат да сретнуваат нови луѓе и да доживуваат нови искуства.

3. Доколку не си се допаднало лицето кое денеска ви го покажале, не грижете се, утре ќе бидат сосема други.

4. Тие се многу паметни и добро начитани.

5. Тие се отворени и комуникативни, па нема да ви треба многу мака за подобро да ги запознаете.

6. Се чувствувате статични и неактивни? Потребата на близнаците да менуваат нешто кај луѓето сигурно ќе ви помогне.

7. Секогаш можете да сметате на близнаците дека ќе бидат предвидливо непредвидливи.

Рак

1. Без разлика дали се дружите со нив некаде на кафе или во нивниот дом, тие секогаш ќе прават да се чувствувате добредојдено.

2. Поради нивната сентиментална страна, раковите секогаш сакаат да се навраќаат на добрите стари денови.

3. Кога ракот ќе те праша „Како си?“, навистина сака да го знае одговорот.

4. Познавајќи го своето опкружување, тој инстантно знае доколку нешто не е во ред.

5. Тие секогаш знаат да поклонат честитка од срце.

6. Раковите поседуваат тивка сила која често е потценета.

7. Тие секогаш се најсреќни кога поминуваат време со луѓето кои ги сакаат.

Лав

1. Забава, забава, забава

2. Го сакаат животот и луѓето, а нивниот ентузијазам е заразен.

3. Тие се неодоливо и безгрижно романтични.

4. Тие се заштитнички настроени и секогаш спремни да им се препуштат на луѓето кои ги сакаат.

5. Шармот кој го поседува лавот, може да го извлече од многу непријатни ситуации.

6. Доколку некој лав е заинтересиран за вас, ќе се обиде да направи да се почувствувате како најпосакуваната личност која гази на Земјата.

7. Лавовите се дефинитивно пријатно чудни и многу уникатни.

Девица

1. Тие се длабоки и сензитивни луѓе.

2. Кога ќе ви требаат, секогаш ќе бидат тука за вас.

3. Тие би ви го средиле вашиот плакар и би се забавувале дур го прават тоа.

4. Никогаш нема да го чекате вашиот пријател роден во знакот девица, бидејќи тој секогаш доаѓа 5 минути порано од договореното.

5. Се чувствувате скршено и совладано? Јавете ѝ се на девицата и таа ќе ви го реши проблемот.

6. Тие се грижливи и одговорни. Доколку некој е изоставен и заборавен на некоја забава, таа тоа ќе го забележи и ќе го поправи.

7. Тие прават сè што претходно си го наумиле, па нивниот живот е исполнет и интересен.

Вага

1. Тие успеваат секоја ситуација да ја направат попријатна. Од нив зрачат пријатни вибрации.

2. Вагата е среќна кога сите околу нив се среќни.

3. Скоро е невозможно да не ја сакате вагата. Всушност, нивното мото треба да биде „Сите ја сакаат вагата“.

4. Вагата секогаш ќе ви помага да ги видите двете страни на некој проблем.

5. Тие ја ценат убавината и ја носат во животот на луѓето кои ги сакаат.

6. За нив, релаксацијата е уметност и секогаш сакаат да ги канат останатите во нивниот комфорен начин на живеење.

7. Секогаш се поетично расположени, а обожаваат уметност.

Скорпија

1. Скорпиите се најлојалните луѓе кои некогаш ќе ги сретнете. Придобијте скорпија на ваша страна и спремни сте за животот.

2. Секогаш се подготвени за долги и значајни разговори, бидејќи се опседнати со интимноста.

3. Многу е забавно да правиш заговори и шеми со скорпија.

4. Тие забележуваат сè, дури и најситни детали. Сте се шишале? Тие ќе го забележат тоа и ќе ви дадат комплимент.

5. Доколку направите нешто фино за нив, тие ќе го ценат тоа и вечно ќе го помнат.

6. Никогаш нема да се чувствувате чудно зборејќи за секс со скорпија. Тоа е нејзината омилена тема.

7. Скорпијата е најмоќниот знак во зодијакот. Ги користат своите моќи за добро, а можат и да го променат светот.

Стрелец

1. Животот со нив е авантура.

2. Нема да најдете подобродушен знак од стрелецот. Тие ќе ви дадат сè што ви е потребно, без да очекуваат да им ја возвратите услугата.

3. Тие се одлично друштво за забави, затоа што се весели, дружељубиви и посакувани.

4. Tие секогаш имаат мислење и не се плашат да се борат за своите уверувања.

5. Секогаш се отворени да слушнат за искуствата и идеите на останатите луѓе.

6. Секогаш ќе знаете на што сте со стрелецот, бидејќи се искрени и директни.

7. Се чувствувате тажно? Јавете му се на стрелецот. Тој може да ја види светлата страна на секоја ситуација.

Јарец

1. Јарците се многу успешни и успеваат тоа да го пренесат на сите во своето опкружување.

2. Никогаш не пропуштајте забава која ја организира јарец. Тие се неверојатни домаќини.

3. Тие се силни и самостојни.

4. Секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат.

5. Тие се амбициозни, а нивната навика за поставување високи цели ќе ве поттикне и вас да го сторите истото.

6. Приземни и топли, тие се големи мази.

7. Љубовта на јарецот е често во придружба на вкусни печива.

Водолија

1. Водолиите секогаш имаат инвентивни и оригинални идеи.

2. Тие се разумни, објективи и секогаш даваат добри совети.

3. Благодарение на нивниот брз интелект, тие се одлични во комуникацијата.

4. Одлично е да бидете во нивно друштво, бидејќи тие ги сметаат своите пријатели за фамилија.

5. Тие не ја следат толпата, туку создаваат своја.

6. Тие се многу хуманитарни и сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Не само што зборуваат дека сакаат хумани дела, туку и ги прават.

7. Водолиите сакаат сите луѓе да се среќни и згрижени.

Риби

1. Благодарение на нивната енергија и благодат, тие се како самовили од друга планета.

2. Што и да планирате со родените во знакот риби е многу лесно, бидејќи многу лесно се согласуваат со сите.

3. Потребен ви е совет од предвидувач на иднината, а немате доволно пари? Јавете му се на вашиот супер интуитивен пријател роден во знакот риба.

4. Рибите се многу длабоки и чувствителни луѓе.

5. Тие се полни со разбирање и не осудуваат. Можете да им верувате со вашите емоции.

6. Смирувачката енергија на рибите е поефективна од чаша вино.

7. Нивната природа лесно да прифаќаат авантури, ги носи на неверојатни места. Начинот на кој тие живеат, е инспиративен.



Изменето од Schatzii7 - 24.Септември.2013 во 16:39
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 16:47
Најлошите карактеристики на хороскопските знаци

Кој знак по што е препознатлив, какви се нивните лоши карактеристики, вродени мани... Погледнете какви сте според хороскопскиот знак.


ОВЕН- Препознатливи по својата импулсивна природа! Да бидете во врска „овен“ значи да бидете во врска со незрела и наивна особа. Имаат големи проблеми со трпението и не го разбираат вашиот поглед на работите.

БИК- Познати по својата тврдоглавост! Нивните потреби секогаш ќе бидат поважни од вашите. Биковите се ужасно незаинтересирани и не очекувајте дека со вас ќе ја делат секоја грижа која што ја имаат. 

БЛИЗНАЦИ- Несигурни! Близнаците се добро познати по постојаното зборување и ветувања, но не и по дела. Брзо се заситуваат од нештата што ги опкружуваат, па и вие не би биле исклучок. Заеднички живот со „близнаци“ значи да живеете со нивните проекти и идеи.

РАК- Нападни и зависни! Не ја превземат одговорноста за последиците од навредите кои претходно ги кажале. Животот со раковите е прилично досаден.

ЛАВ- Флертуваат со секого во било кое време, било каде! Себе си се сакаат највеќе, вие никогаш нема да им бидете приоритет. Нетолерантни, арогантни...центарот на вниманието е нивно омилено место. „Лавовите“ никогаш нема да признаат дека не се во право.

ДЕВИЦА- Превртливи се! Несигурноста им е вродена маана, а склони се и постојано да осудуваат и претерано да критикуваат. Заедничкиот живот со „девица“ значи да секогаш она ќе биде таа која ќе го прави првиот чекор.

ВАГА- Нивното донесување на одлуки може да трае со часови, па и денови! „Вагите“ во секој момент може да ви го свртат грбот. Никогаш нема да знаете што мислат, бидејќи секогаш ќе ви го кажат она сто мислат дека сакате да го слушнете. Опседнати се со својата физичка убавина и се големи плачковци.

ШКОРПИЈА- Единствени се кои може да манипулираат со своите, но и емоциите на останатите! „Шкорпиите“ го поседуваат епитетот на добри измамници и прилично се таинствени. Немојте да ги повредите, бидејќи веднаш се подготвени да ве остават и да ви „наплатат“ дупло.

СТРЕЛЕЦ- Најлоши слушатели! Од нивна страна секогаш ќе бидете гледани на еден понаков начин или височина, тие се секогаш над вас и често се без осет за туѓите чувства. Изразено се доминантни и склони кон особината да контролираат се.

ЈАРЕЦ- Се што прават го прават исклучиво за себе и воопшто не се загрижени од фактот дали би ве повредиле со некоја постапка! Сакаат рутина во работите што ги прават, па затоа и врската со нив, исто како со „раковите“, би била прилично досадна.

ВОДОЛИЈА- Склони се кон донесување на одлуки и заклучоци однапред како и кон осуди и предрасуди! Тие животот го живеат во „своите глави“ па затоа и често изгледаат отсутно. Состанок со овој знак би била навистина голема реткост, бидејќи тие повеќе од било што го сакаат своето друштво.

РИБИ- Ретко знаат што навистина сакаат од својот живот! „Рибите“ се тие кои ќе ги жртвуваат своите потреби и емоции за врската да биде со највисок квалитет, но подоцна и за постапките направени од нивна страна без потеба ќе ви замерат на начин да се чувствувате виновни. Потребна им е цела вечност да го завршат она нешто што го започнале.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:04
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

СТРЕЛЕЦ-Карактеристични се по својот стил на отворено и екстравертно изразување.Делуваат одважно,смело,храбро и искрено.Темпераментни се,слободоумни.Имаат голема енергија,самодоверба и спремни се големи предизвици.Поради својата природа делуваат нестрпливи,а некои реакции им се нагли и неумерени.На стрелците им недостига нота на дипломатија,тактичност и умереност.Доколку за некого го врзуваат емоции,стрелецот ќе инсистира на фер плеј правила и вистина.Не придаваат важност на конвеционално однесување и наметнати правила.Ако некој им се допаѓа,отворено ги искажуваат своите симпатии и реагираат бурно или импулсивно.Со нив не може да ви биде досадно,а колку тоа ќе потрае зависи од вашата способност на прилагодување.



Тој сум, се` ми погодија.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 23:20
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Секој хороскопски знак си е карактеристичен сам по себе. Сите сме посебни на свој начин. Да видиме кои се карактеристиките на секој знак одделно.



БЛИЗНАК-Првиот впечаток.............................................................
.......................................................................

 

.........''изненадување''
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 09:14

Бик

1. Луѓе што најмногу сакаат да се мазат и галат.задоволство

Хмммм, ќе почнам да верувам во хороскопи...


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 15:42

Некои од знаците совршено се сложуваат, а некои пак постојано се одбиваат. Односите на вториот тип на хороскопски знаци не се препорачуваат ниту како пријатели, ниту како љубовници.

koi-se-najlosite-ljubovni-parovi-spored-horoskopot-01

Откријте ги најлошите љубовни хороскопски парови кои никогаш нема да успеат.

Овен - Вага

Овенот секогаш ќе ја води неодлучната вага. Тој се смирува со нејзината рамнотежа и учи за дипломатските односи и правила. Проблемот може да настане кога Овенот е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност. Тогаш е неопходен компромис. Добро е што Овенот е секогаш подготвен на нешто ново, а Вагата е прилагодлива, па само со ваков став ќе може да опстојат.

Бик - Скорпија

Ова е прилично еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Сензуални се и секогаш се сложуваат во сексот, а проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора. Доколку пронајдат пристојно решение, врската може да опстои. Главната разлика се наоѓа во темпераментот.

Близнаци - Стрелец

Овие два знаци може да опстојат само ако некаде отпатуваат заедно. Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Двајцата се отворени и друштвени, а проблемот може да настане затоа што Близнакот е приземен знак, додека Стрелецот сака да лета високо. Токму затоа повеќето врски се осудени на пропаст.

Рак - Јарец

Ова е длабока и искрена врска. И двата знаци се амбициозни, но Ракот е популарен повеќе од Јарецот. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Проблемот може да се јави во периодот кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, додека Ракот очекува нешто повеќе на приватно поле.

Лав - Водолија

Ова е идеален пар за сите видови на забава. Лавот обожава публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба. Лавот сака деца, а Водолијата сака да биде слободна. Тука може да настане голем проблем, кога Лавот ќе се обиде да ги наметне своите принципи. Водолијата може да игнорира одредено време, а потоа да се препушти на тоталната слобода во која ужива.

Девица - Риби

Ова е врска во која има постојано надмудрување. И двата знаци се интелектуални типови, а може да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што немаат доволно храброст. И додека Девицата сака сè што е уредно, кај Рибите е обратно. Не е ни чудо што оваа љубовна врска постојано се справува со ситни кавги и несогласувања. Рутините за Рибите се неподносливи, додека Девицата го сака деталниот план на животот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 01:10
Bash sme interesni na prvio pogled голема насмевка
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 01:12
-ooo.изненадување..mojata lepsha ....polovina!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 01:15
Polovinaaaaa изненадување .....3/4 more кул
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 10:37
Абе ова е чудно, јас сум Стрелец. Викаат со Овен, Лав и Близнаци ми било идеал. Тоа Овенот испадна у буквална смисла овца (без навреда), за малку ќе се затепавме. Ова Лавицава - кратко ќе кажам, хорор, боље да не ја запознаев. Близнациве - џабе потрошено време (само дрдореше нешто, глаа ми пукна). Е, арно ама, моментално сум подолго време во врска со Јарец и е неверојатно супер! Ај сеа! А велат, Стрелец-Јарец неамло шанси. Мене па, идеал луѓе, боље амин! Ај сеа...

Изменето од pHp - 26.Септември.2013 во 10:38
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 96979899100 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,184 секунди.