|
Палачинки |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 20> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Американски палачинкиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Американски палачинки ПОДГОТОВКА:
Сите состојки ги ставате на куп во сад и мешате
додека не се изедначи смесата. Смесата треба да биде густа (скоро како
пудинг) не како за класични палачинки. Палачинката не треба да биде
подебела од 1 центиметар бидејќи ако е внатрешноста нема да се испече
доволно.
Се пече на средна температура (не појако бидејќи многу брзо ќе изгори надворешноста, а внатрешноста ќе остане жива) во тава и пред секое ставање на смесата се става по некоја капка зејтин. Печете од една страна, па од друга. Најдобро оди во комбинација со нутела, јаворов сируп, џем од јагоди, или со путер и некое парче овошје (јагоди, малини, боровинки, итн) Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 09:00 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гратенирани палачинки со спанаќПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Калоричната вредност на спанаќот не е голема - 22
kcal, затоа што во себе содржат малку белковини, јаглехидрати и масти.
Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се користат без
штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат
да го земаат бубрежно болните лица. ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата, па помешајте ги со малку сол и брашно.
На смесата додајте и млеко, да добиете ретко тесто како за палачинки. Оставете го тестото да се одмора половина час. Потоа на врело масло испржете ги палачинките и ставете ги да стојат на топло. Кромидот исчистете го и ситно исецкајте. Сланината исечете ја на ситни коцки. Спанаќот исчистете го, па измијте. Рерната вклучете ја на 200 степени. На малку загреано пропржете ги кромидот и сланината да станат "стаклени". Додајте го спанаќот, насолете, додајте црн пипер и морско оревче. Долијте малку супа, оставете бргу да зоврие. Филот од спанаќ распоредете го на палачинките, па завиткајте ги. Палачинките ставете ги во намрсена тава, наросете со сирење и запечете додека сирењето не се растопи. Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 09:00 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Паличинки од сирење со печурки и целерПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Паличинки од сирење со печурки и целер ПОДГОТОВКА:
Врз масна хартија ставете малку пармезан правејќи
круг со дијаметар од 15 цм. Посипете го со малку брашно и ставете го со
се хартијата во загреана рерна сè додека не се растопи. Потоа отстранете
ја хартијата и палачинките завиткајте ги како цилиндер за да ја задржат
формата кога ќе се оладат. На истиот начин подгответе уште 5 цилиндри.
Целерот исечете го на тенки стапчиња, а печурките на парчиња. Зачинете ги со сос подготвен на следниот начин: изматете ги пиперчето, магодоносот, жолчките, сокот од лимон маслото и малку сол. Наполнете ги цилиндрите со подготвената смеса. Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палачинки со мелено месоПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Секој народ има свој вид на палачинки, но на сите им е заедничко што се пржат на ист начин, што тестото има речиси ист состав, со сосема мали разлики. Добрите мајстори на ова јадење, што подеднакво го сакаат и најмалите и постарите, се согласуваат дека палачинки најдобро е да се прават од два дела млеко и еден дел вода, малку сол, 2 јајца, 2-3 лажици шеќер, доколку се приготвуваат слатки палачинки, брашно - за да се добие потребната густина и кора од лимон. ПОДГОТОВКА:
Од брашното, 4-ри јајца, млекото, солта шеќерот и водата подгответе палачинки на стандардниот начин.
Пилешкото месо сварете го, одвојте го од коските и исецкајте го на коцки. Обарете го грашокот и морковот и зачинете. Измешајте го месото со зеленчукот, мајонезот, исецканите краставички и павлака. Со овој фил премачкајте ги палачинките и завиткајте ги. Потоа извалкајте ги во брашно, јајца, лебни трошки и пржете ги во врело масло. Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овесни палачинки со карамелизирани бананиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Овесни палачинки со карамелизирани банани ПОДГОТОВКА:За палачинките: Во сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, мускатното оревче, циметот и солта. Измешајте и додадете една лажица шеќер и овесот и направете како дупка во средината. Додадете ги јајцата, млекото и путерот и мешајте убаво додека се не се измеша еднакво. Оставете ги настрана. За карамелизираните банани: Преполовете ги бананите дожински и секое парче уште на три дела. Ставете 60 грама путер, 90 грама од кафеавиот шеќер една ванила и две лажици вода во една голема тава на средна топлина и гответе додека смесата не се стопи и не почне да поцрнува. Додадете ги бананите и убаво пропржете ги заедно со карамелата. Одржувајте ги да бидат топли. Загрејте голема нелеплива тава на средна топли и со помош на четка премачкајте ја со малку путер. Истурете од смесата за палачинки и гответе 2-3 минути додека не се појават како меурчиња на површината, па потоа свртете и гответе уште 2-3 минути и на другата страна. Пренесете ги во чинија и продолжете со готвење на остатокот од смесата. Послужете ги палачинките со карамелизираните банани. Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палачинки од пченкарно брашноПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Палачинки од пченкарно брашно ПОДГОТОВКА:
Измешајте го брашното со малку сол, потоа додајте
млеко. Изматете ги јајцата па додајте ја смесата од брашно и млеко.
Изедначете ја смесата да нема грутки, покријте го садот со чиста крпа и
оставете тестото да отстои 20 минути.
Потоа измешајте со црпалка, па земајте од смесата, ставајте во тавче со малку масло и така пржете ги палачинките. Треба да ги пржите од двете страни по 1-2 минути. Испржени ставајте ги на плитка чинија, покријте со алуминиумска фолија и оставете малку да се олади. Филувајте ги со сирење, кисела павлака, завиткајте ги и послужете. Изменето од Valerija - 17.Февруари.2015 во 08:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палачинка со мноооооогу НУТЕЛА , банана , хопла , мелена плазма и чоколаден прелив
Нејчам рецепти , сакам готова , направена , пред мене
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во ред шефе. Мој домен, модераторски! |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еееее .... она одозгора , плазма е или ореви , лешници ?
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама маани најде, еве без нив, само со плазма.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ееееее таква
Ам сеа ... како да дојди пред мене Ај по ДХЛ прајчај
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova kaj temata za palachinki treba da se posluzhi:))
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja,zaludno se rastrchav po temive:))
Palachinkite si imaat svoja tema:)) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Упс префрлајте постови и праќајте палачинката соориии колешки
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | страница <1 1314151617 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |