IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7879808182 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2013 во 10:24

СПАСЕНИЕТО Е ОД ХРИСТОС

Евреите 5




1 Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите,
2 како оној кој може да биде благ кон оние кои не знаат и се заблудени, зашто и самиот е со слабост.
3 И заради тоа е должен да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за себеси.
4 И никој не ја зема оваа почест за себе, туку Бог го повикува, како и Арона.
5 Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,”
6 како што Тој и на друго место вели: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.”
7 Тој, во деновите на Своето тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше чуен заради богобојазливоста.
8 Иако беше Син, ја научи послушноста од она што го претрпе
9 и откако се усоврши, им стана на сите кои Му се послушни, Повод за вечно спасение,
10 наречен од Бога Првосвештеник по редот Мелхиседеков.
11 За ова имаме да зборуваме многу, што е тешко да се протолкува зашто станавте мрзливи за слушање.
12 Имено, според времето требаше да бидете учители; меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови; и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна.
13 Зашто секој, кој се храни со млеко, неискусен е во словото на правдата, зашто е младенец.
14 А тврдата храна е за полнолетните, кои преку навика, ги извежбале сетилата да разликуваат добро и зло.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2013 во 10:22
Псалми 139

1 Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш.
2 Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалку ги разбираш мислите мои.
3 Патеката моја и јажето мое - Ти си ги испитал; сите патишта мои си ги предвидел.
4 Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш:
5 Се што ми било и се што ќе биде. Зашто Ти си ме создал и си ја положил раката Своја врз мене.
6 Се восхитувам на Твоето знаење, - тое е превисоко, не можам да му пријдам!
7 каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам?
8 *Ако излезам на небото - Ти си таму; ќе слезам ли во пеколот, Ти си и тука.
9 Ако ги земам крилјата рано в зори и се преселам на крајот од морето, -
10 и таму ќе ме води Твојата рака, Твојата десница ќе ме држи.
11 Па си реков: можеби темнина ќе ме покрие, но и ноќта е како светлина околу мене;
12 но и *темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноќта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина.
13 Зашто Ти си ја создал мојата внатрешниот и ме прифати од мајчината ми утроба.
14 Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го сознава.
15 *Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, што си ја создал тајно, и природата моја во длабините на земјата.
16 Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја се е запишано за мене, дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден.
17 Твоите пријатели во голема се чест, Боже, и нивните владенија добро се зацврстени.
18 Ќе ги пребројам - но тие се побројни и од песокта; се разбудив и се уште сум со Тебе.
19 Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци!
20 Ревниви се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели.
21 Зар не ги замразив оние. Господи, кои Тебе те мразат, и зар не се изедов поради непријателите Твои?
22 Со полна омраза ги замразив; тие ми станаа непријатели.
23 Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои;
24 и види дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2013 во 10:16
Дела Ап.: 26:22,23
Но со помошта што ја добив од Бога стојам до денешниот ден и им сведочам на мало и на големо, не зборувајќи ништо друго освен она што Пророците и Мојсеј рекоа дека ќе се збидне: дека Христос ќе пострада и дека - како прв воскреснат од мртвите - ќе им навести светлина и на народот и на народите.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2013 во 10:15
ИЗБРАНИ ЗА ДА ЖИВЕЕМЕ СВЕТ ЖИВОТ
1Петар 1:13-25 , 2:1-3


Затоа, препашете ги бедрата на вашиот ум, бидете трезвени, имајте полна надеж во благодатта, која ќе ви биде донесена при откровението на Исуса Христа. Како послушни чеда, не управувајте се според некогашните страсти, кои ги имавте во своето незнаење,
туку според Госод Кој е Свет, Кој ве повика, бидете и самите свети во целото свое држење, зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.” И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец, поминувајте го во страв времето на својот живот како придојденици,знаејќи дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, од својот суетен живот што ви е предаден од вашите татковци, туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне,Кој беше предназначен, пред создавањето на светот, а се јави на крајот на времето заради вас, кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, така што вашата вера и вашата надеж да бидат во Бога. Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце,
зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово. Зашто „секое тело е како трева, и сета нејзина слава како цвет од трева: тревата се осушува и цветот и опаѓа,
а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие. И така, положете ги настрана: секоја злоба и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секаква клевета.
Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение, ако сте вкусиле дека Господ е добар.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2013 во 10:30
2 Петар 1:16-21.

Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие. Зашто Тој прими од Бог Таткото чест и слава, кога од величествената слава Му дојде гласот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината.” Ние го чувме гласот, кој дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца. Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака, зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2013 во 10:00
Галатјаните 6

1 Браќа, ако и да падне некој во некаков грев, вие, кои сте духовни, поправувајте го таквиот во духот на кротоста, но чувај се себеси и ти да не бидеш искушан.
2 Помагате си еден на друг, и со тоа ќе го исполните законот Христов!
3 Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, самиот се измамува.
4 А секој да го испита своето дело, па тогаш ќе има пофалба само пред себеси, а не пред друг.
5 Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.
6 А кој се учи на словото, нека ги дели сите свои добра со оној, кој го учи.
7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:
8 кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.
9 Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.
10 Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние, кои припаѓаат на нашето семејство по вера.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2013 во 10:58
Пословици 12

18 Невнимателниот зборува како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е исцелување.
19 Вистинита уста трае довека, а лажливиот јазик само за миг.
20 Измамата е во срцето на оние, кои смислуваат зло, а радост во оние што делат мирољубиви совети.
21 Праведникот не го стигнува никаква неволја, а нечесните се исполнети со зло.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2013 во 10:20
Матеја 5:3-12

”Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
1 Блажени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене.
Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, зашто така ги гонеа пророците, кои беа пред вас.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2013 во 11:07
ДО МИСИОНЕРСКАТА ЦРКВА ВО ФИЛАДЕЛФИЈА
Откровение 3


7 ”И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: ова го зборува Светиот, Вистинитиот, Кој го има Давидовиот клуч; Кој отвора, и никој не затвора! Кој затвора и никој не отвора:
8 ги знам твоите дела. Ете, поставив пред тебе отворена врата, што никој не може да ја затвори; зашто ти имаш мала сила и сепак го запази Моето слово, и не се одрече од Моето име.
9 Еве, ти давам некои од сатанината синагога, кои тврдат дека се Јудејци, а не се, туку лажат. Ете, ќе направам да дојдат и да се поклонат пред Твоите нозе, и да познаат, дека Јас те возљубив.
10 Зашто ти го запази Моето слово за трпението, и Јас ќе те запазам од часот на искушението, што ќе дојде врз целиот свет, за да ги искуша оние, кои живеат на земјата.
11 Ете, идам скоро! Држи го цврсто она, што го имаш, за никој да не ја земе твојата круна.
12 Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име.
13 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2013 во 10:26
Софонија: 2:3
Барајте Го Господа, сите скромни на земјата, сите кои ги извршувате Неговите закони! Барајте ја правдата, барајте ја смиреноста: можеби вие ќе бидете заштитени во денот на Господовиот гнев.

Матеј: 7:15
Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, и однатре се волци грабливи.

Римјаните: 16:17
Ве молак, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат расцепи и соблазни против учењето, кое сте го научиле, и клонете се од нив!


www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2013 во 10:44
1 Летописи: 16:11
Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте го секогаш Неговото лице!

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2013 во 10:46
ВИДЕНИЈА ЗА ИДНИНАТА, ОПИС НА БОЖЈИОТ ПРЕСТОЛ
Откровение 4


1 Потоа видов, и ете: врата отворена во небото; и поранешниот глас, што го чув да зборува, како труба, со мене, рече: дојди ваму, горе, и ќе ти покажам што има да се случи после ова!
2 Веднаш се најдов во духот, и ете: на небото стоеше престол, а на престолот седеше Еден;
3 а Оној Кој седеше изгледаше како камен јаспис и сард; и божилак околу престолот, на изглед како смарагд.
4 И околу престолот имаше дваесет и четири престоли, а на престолите видов дваесет и четири седнати старешини, облечени во бели облеки, а на главите имаа златни круни.
5 И од престолот излегуваа секавици и гласови и грмежи; а пред престолот гореа седум огнени светила, тоа се седумте Божји Духови.
6 И пред престолот како стаклено море, слично на кристал; а меѓу престолот и околу, четири живи суштества, полни со очи и однапред и одназад.
7 Првото живо суштество личеше на лав; а второто живо суштество на јунец; третото живо суштество имаше лице како на човек; а четвртото живо суштество личеше на орел, што лета.
8 И секое од четирите живи суштества имаше по шест крила, полни со очи наоколу и одвнатре; и немаат починка ни дење ни ноќе, велејќи: „Свет, свет, свет е Господ Бог Сèмоќниот, Кој беше и Кој е и Кој иде.”
9 И кога живите суштества му воздаваат слава и чест и благодарност на Оној, Кој седи на престолот, Кој живее во вечни векови,
10 дваесет и четирите старешини паѓаат пред Оној, Кој седи на престолот, и Му се поклонуваат на Оној, Кој живее во вечни векови, и ги положуваат своите круни пред престолот, велејќи:
11 ”Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2013 во 10:52
Соломонови изреки 30

7 За две нешта те молам: не откажувај ми ги, додека не умрам:
8 оддалечи ги од мене: суетата, и лагата; не ми давај ни сиромаштво ни богатство; храни ме со мојот насушен леб;
9 за да не се откажам од тебе, откако ќе се наситам, и да речам: „Кој е Господ?” Или осиромашувајќи - би крадел и би го онечистил името на својот Бог.



ПРОКОЛНУВАЊЕ НА НЕПЛОДНАТА СМОКВА : Со вера се е можно
Матеја 21

18 А кога утредента се враќаше во градот, огладне.
19 И виде смоква покрај патот и отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и и рече: „Отсега да нема плод од тебе довека!” И смоквата се исуши веднаш.
20 И кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: „Како се исуши смоквата веднаш?”
21 Исус одговори и рече: „Вистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе направите не само тоа, што и се случи на смоквата, туку ако и речете на оваа гора: ‘Дигни се оттука и фрли се во морето!’ ќе биде;
22 и сè што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2013 во 10:12
Псалм: 27:10
Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прими.

Исаија9:6
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.

Матеја 18

10 ”Гледајте да не презрете едно од овие мали; зашто ви велам, дека нивните ангели во небесата, постојано Го гледаат лицето на Мојот Татко, Кој е во небесата.
11 Зашто Синот Човечки дојде да го спаси, она што е изгубено.
12 Како ви се гледа? Ако некој човек има сто овци, и едната од нив залута, нема ли да ги остави деведесет и деветте по планините, и да појде да ја бара залутаната?
13 И ако се случи да ја најде, вистина ви велам дека тој се радува за неа повеќе, отколку за деведесет и деветте, што не залутале.
14 Така, не е волјата на вашиот Татко, Кој е во небесата да загине едно од овие, маливе.”


Битие: 2:7
Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7879808182 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,389 секунди.