IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7778798081 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2013 во 10:02
1 Коринтјаните


5 Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал.
6 Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте.
7 Затоа: ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте.
8 А оној, кој сади и оној, кој вади - едно се, но секој ќе ја прими својата награда според својот труд.
9 Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2013 во 10:07
КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ ХРИСТОС ?


Матеја 24

32 ”А од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе смекне и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.
33 Така и вие, кога ќе го видите сè тоа, знајте дека е близу - пред вратата!
34 Вистина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне сè тоа.
35 Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”
36 ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.
37 Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.
38 Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот,
39 и не знаеја додека не дојде потопот и однесе сè, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.
40 Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен.
41 Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена.
42 Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!
43 А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата.
44 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2013 во 11:15
ПСАЛМИ
105:3
Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!
106:1 Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е благ! Зашто е вечна Неговата милост!

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 11:09
ОЖИВЕНИ СО ХРИСТОС


Ефисјаните 2

1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.
3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.
4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,
5 нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -
6 и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,
7 та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
9 Не од делата, за да не се фали некој.
10 Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2013 во 10:34
ШТО НАВИСТИНА ГИ ОПОГАНУВА ЛУЃЕТО

Исус му рече на народот: Слушајте Ме внимателно.
Ни една храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапките ве опогануваат!
Тогаш апостолите го прашаа за значењето на споредбата.А Исус им рече: Зар и вие сеуште не разбирате? Зар не сваќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува, зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и одтаму се исфрла! Со ова Исус го одобри секој вид храна. Потоа продолжи: Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него. Зашто натре, од човечкото срце излегуваат грешни мисли кои водат кон неморал, ктажби, убиства, брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди , горделивост и безумија. Сите овие лоши работи излегуваат однатре и тие се што го поганат човекот. Марко 7:14-23.




РАСПРАВИЈА ОКОЛУ ОБИЧАИТЕ И ТРАДИЦИИТЕ

Околу Исус се собраа неколку фарисеи и вероучители, дојдени од Ерусалим. Тие забележаа дека Исусовите ученици не го практикуваат ритуалот миење раце пред јадење, и тоа миејње раце до лакти. Кога се враќаат од пазар го прават истото, и се држат и до многу други преданија, како што се ритуално миење на чинии, и стомни и други садови. Затоа Фарисеите и вероучителите го прашаа Исуса: Зошто Твоите следбеници не постапуваат според преданијата од старите, седнуваат да јадат без ритуално да си ги измијат рацете? Исус им одговори: Лицемери! Убаво рекол за вас Бог , преку пророкот Исаија: ОВОЈ НАРОД МЕ ПОЧИТУВА СО УСТАТА, но срцето му е далеку од Мене!
Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди! Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија! И многу други вакви работи правите.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2013 во 10:17
Јаков: 2:5
Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог оние, кои се сиромаси пред светот, за да бидат богати во вера и наследници на Царството, кое им го ветил на оние, кои Го љубат?


Лука: 6:35

Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2013 во 10:20
НОВО НЕБО И НОВА ЗЕМЈА
Откровение 21

1 И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море немаше веќе.
2 Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж.
3 И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив,
4 и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.
5 И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”
6 И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот.
7 Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.
8 А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2013 во 10:50
1 АЛЕФ. Блаженство на оние, кои го пазат Неговиот Закон. Блажени се чиј пат е непорочен, кои одат според Господовиот Закон!

2 Блажени кои: ги чуваат Неговите сведоштва, Го бараат со целото срце.

3 Кои не прават беззаконие, туку одат по Неговите патишта.

4 Ги даде Своите прописи, за да бидат пазени грижливо.

5 О, кога би биле цврсти моите патишта, за да ги чувам Твоите правила!

6 Не ќе се засрамам тогаш, кога ќе внимавам на сите Твои заповеди.

7 Ќе Те славам во чесноста на срцето, кога ќе ги научам пресудите на Твојата правда.

8 Ќе ги чувам Твоите повелби: не ме оставај никогаш!

9 БЕТ. Како ќе го запази младиот човек чист својот пат? чувајќи ги Твоите зборови.

10 Те барам Тебе со целото свое срце; не оставај да скршнам настрана од Твоите заповеди.

11 Во срцето го запазив Твојот збор, за да не згрешам против Тебе.

12 Благословен си, о Господи, научи ме на Своите повелби.

13 Со своите усни ги навестувам, сите судови на Твојата уста.

14 Се радувам на патот на Твоите прописи, повеќе отколку на сето богатство.

15 Ќе размислувам за Твоите повелби и ќе ги разгледувам Твоите заповеди.

16 Ќе се насладувам во Твоите правила, не ќе ги заборавам Твоите слова.

17 ГИМЕЛ. Биди милостив кон мене, кон Твојот слуга, за да живеам и да ги чувам Твоите зборови.

18 Отвори ги моите очи, за да ги гледам убавините на Твојот Закон!

19 Јас сум придојденик на земјата, не ги криј од мене Твоите заповеди!

20 Душата ми се истоштува во секое време, копнеејќи за Твоите одлуки.

21 Ти им се закани на гордите, проклети да се оние, што отстапуваат од Твоите заповеди.

22 Оддалечи ги од мене: презрението и срамот, зашто јас ги чувам Твоите сведоштва.

23 Кнезовите се состануваат и зборуваат против мене, Твојот слуга ќе размислува за Твоите заповеди.

24 Зашто Твоите сведоштва се моја наслада, Твоите повелби се мои советници.

25 ДАЛЕТ. Мојата душа лежи во прав: врати ми го животот според Твојот збор.

26 Ти ги кажував сите свои патишта и Ти ме чу: ме научи на Твоите заповеди.

27 Покажи ми го патот со Твоите правила и ќе размислувам за Твоите чудеса.

28 Мојата душа рони солзи од тага, подигни ме според Твојот збор!

29 Држи ме далеку од патот на заблудата и надари ме милостиво со Твојот Закон.

30 Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки.

31 Јас цврсто се прилепив до Твоите прописи, о Господи, немој да ме посрамуваш!

32 Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето.

33 ХЕ. Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај.

34 Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце.

35 Упати ме по патеката на Твоите заповеди, зашто јас се насладувам во неа.

36 Приклони ми го срцето кон Твоите прописи, а не кон среброљубие!

37 Одврати ги моите очи да не ја гледаат суетата, чувај ми го животот на Твојот пат!

38 Исполни ги ветувањата на Твојот слуга, што им ги даде на оние кои се бојат од Тебе!

39 Отстрани го срамот, од кој се плашам, зашто се благи Твоите пресуди.

40 Еве, копнеам по Твоите наредби: поживи ме со Твојата правда.

41 ВАВ. О, Господи, нека Твојата милост дојде врз мене, и Твоето спасение според Твоето ветување.

42 Ќе им одговорам на оние што ме исмеваат, зашто се надевам на Твоето слово.

43 Не одземај го зборот на вистината од мојата уста, зашто се надевам на Твоите судови.

44 Ќе го пазам Твојот Закон постојано и довека.

45 Ќе одам нашироко, зашто ги истражувам Твоите повелби.

46 Ќе зборувам за Твоите прописи пред царевите и нема да се збунам.

47 Мојата наслада е во Твоите заповеди, зашто ги љубам.

48 Јас ги подигам рацете кон Твоите заповеди, зашто ги љубам и размислувам за Твоите повелби.

49 ЗАИН. Спомни си за Твоето слово кон Твојот слуга, со кое ми даде надеж.

50 Во неволја Твојот збор ми е сета утеха, тој ми е живот.

51 Гордите ме напаѓаат жестоко; но јас не отстапувам од Твојот Закон.

52 Се сеќавам, о Господи, за Твоите дамнешни пресуди и тоа ме утешува.

53 Гнев ме опфаќа заради грешниците, што го напуштаат Твојот Закон!

54 Твоите повелби ми се песна, во земјата низ која патувам.

55 Ноќе си спомнувам, Господи, за Твоето име, и го чувам Твојот Закон.

56 Еве што е мојата желба: да ги чувам Твоите повелби.

57 ХЕТ. Мој дел е, Господ - реков - да ги пазам Твоите зборови.

58 Го барав Твоето лице со сето мое срце, помилувај ме според Твоето слово.

59 Размислував за своите патишта и ги насочив нозете кон Твоите сведоштва.

60 Побрзав и не се двоумам да ги чувам Твоите заповеди.

61 Ме сплеткаа јажињата на грешниците, но јас не го заборавам Твојот Закон.

62 Станувам, на полноќ, за да Те славам, заради Твоите праведни одлуки.

63 Пријател сум им на сите, што се бојат од Тебе и што ги чуваат Твоите наредби.

64 Господи, земјата е полна со Твојата милост, научи ме на Твоите повелби.

65 ТЕТ. Господи, му стори добро на Твојот слуга, според Твојот збор.

66 Научи ме на разум и знаење, зашто верувам во Твоите заповеди.

67 Скитав, пред да бидам понижен, но сега го чувам Твојот збор.

68 Ти си толку благ и добар, научи ме на Твоите правила.

69 Горделивите смислуваат клевета против мене, но јас со сето срце се придржувам кон Твоите правила.

70 Срцето им е здебелено од маст, а јас се насладувам во Твојот Закон.

71 Добро ми е дека се мачев за да ги научам Твоите повелби.

72 Помил ми е Законот на Твојата уста, отколку илјади златници и сребреници.

73 ЈОД. Твоите раце ме направија и ме создадоа; вразуми ме за да ги научам Твоите заповеди.

74 Оние кои се бојат од Тебе се веселат кога ќе ме видат, зашто јас се надевам на Твојот збор.

75 Знам, о Господи, дека Твоите судови се праведни, и според верноста Твоја Ти ме измачи.

76 Твојата љубов нека ми биде тешителка, според ветувањето што му го даде на Твојот слуга.

77 Нека дојде врз мене Твојата милост, и јас ќе живеам, зашто Твојот Закон е моја наслада.

78 Нека се збунат гордите, зашто ме угнетуваат за ништо, а јас ќе размислувам за Твоите наредби.

79 Нека се обратат кон мене оние кои се бојат од Тебе, и кои ги знаат Твоите сведоштва.

80 Нека моето срце биде совршено во Твоите повелби, за да не бидам засрамен.

81 КАФ. Мојата душа копнее за Твоето спасение, со надеж го чекам Твојот збор.

82 Моите очи копнеат за Твојата беседа; кога ќе ми донесеш утеха?

83 Станав како мев во дим, но не ги заборавам Твоите повелби.

84 Колку денови има Твојот слуга? Кога ќе ги судиш моите гонители?

85 Гордите ми ископаа јама: тие не работат според Твојот Закон.

86 Сите Твои заповеди се вистински: невин ме гонат, помогни ми!

87 За малку ќе ме погубеа во земјата, но јас не ги оставам Твоите наредби.

88 Оживеј ме според Твојата милост, и ќе ги чувам сведоштвата на Твојата уста.

89 ЛАМЕД. О Господи, Твојот збор останува довека, постојан како небесата.

90 Твојата милост е од род до род; ја зацврсти земјата, и таа стои.

91 Стојат засекогаш според Твоите закони, зашто сè Ти служи Тебе.

92 Да не е Твојот Закон: мое уживање, би пропаднал во мојата неволја.

93 Нема да ги заборавам Твоите наредби довека, зашто преку нив Ти ме оживуваш.

94 Твој сум, спаси ме; зашто јас ги барам Твоите наредби.

95 Грешниците дебнат за да ме погубат, но јас внимавам на Твоите сведоштва.

96 Му ја гледам границата на секое совршенство, а Твојата заповед нема граница.

97 МЕМ. О, колку го љубам Твојот Закон, по цел ден размислувам за него.

98 Твојата заповед ме направи помудар од моите непријатели, зашто таа е вечно со мене.

99 Поумен сум од сите мои учители, зашто размислувам за Твоите сведоштва.

100 Поразумен сум и од старците, зашто ги чувам Твоите наредби.

101 Воздржи ги моите нозе од лошиот пат, за да го запазам Твојот збор.

102 Не отстапувам од Твоите судови, зашто Ти ме поучи.

103 Колку се слатки на моето непце Твоите зборови, послатки се од мед во мојата уста.

104 Станувам разумен според Твоите повелби зашто ги мразам сите лажни патишта.

105 НУН. Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.

106 Се колнам и одлучувам цврсто, да ги одржам Твоите праведни одлуки.

107 Во голема неволја сум Господи, оживотвори ме според Твоето слово.

108 Прими ги доброволните приноси на мојата уста, Господи, научи ме на Твоите судови.

109 Мојот живот е во постојана гибел, но јас не го заборавам Твојот Закон.

110 Грешниците ми поставија стапица, но не се отклонувам од Твоите наредби.

111 Твоите сведоштва ми се вечно наследство, тие се радост во моето срце.

112 Го приклонив срцето, за да ги врши Твоите повелби, секогаш и до крај.

113 САМЕХ. Јас ги мразам неодлучните, а го љубам Твојот Закон.

114 Ти Си мој штит и мое засолниште, Јас се надевам на Твоето слово.

115 Отстранете се од мене злосторници, ќе ги пазам заповедите на мојот Бог.

116 Поткрепи ме според Твоето ветување, и ќе живеам; немој да се засрамам во својата надеж.

117 Помогни ми и ќе се спасам, ќе внимавам секогаш на Твоите повелби.

118 Ти ги презираш оние, што отстапуваат од Твоите повелби зашто е лажна нивната мисла.

119 Ги отстранувам како ѓубре злотворите на земјата, затоа ги љубам Твоите сведоштва.

120 Моето тело трепери од страв пред Тебе, јас се плашам од Твоите судови.

121 АИН. Направив суд и правда не ме предавај на моите угнетувачи.

122 Застапи се за Твојот слуга, за да не ме сотрат горделивите!

123 Моите очи копнеат за Твоето спасение, за Твојот праведен збор.

124 Постапувај со Твојот слуга според Твојата милост и научи ме на Твоите повелби.

125 Јас сум Твој слуга, вразуми ме, за да ги запознаам Твоите сведоштва.

126 О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон.

127 Затоа ги љубам Твоите заповеди, повеќе од злато, од пречистено злато.

128 Затоа ги почитувам сите Твои наредби, во секое нешто, омразени ми се сите лажни патишта.

129 ПЕ. Прекрасни се Твоите сведоштва, затоа мојата душа ги пази.

130 Објаснувањето на Твоите зборови просветлува, ги вразумува простодушните.

131 Ја отворам мојата уста и воздивнувам, зашто копнеам за Твоите заповеди.

132 Сврти се кон мене и биди ми милостив, како на оние, кои го љубат Твоето име.

133 Управувај ги моите чекори, за да не завладее со мене никакво беззаконие.

134 Избави ме од човечкото насилство, и ќе ги чувам Твоите наредби.

135 Со Твоето лице осветли го Твојот слуга, и научи ме на Твоите повелби!

136 Потоци солзи потекоа од моите очи, зашто не се запазува Твојот Закон.

137 ЦАДЕ. Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови.

138 Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина.

139 Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови.

140 Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби.

141 Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавам.

142 Твојата правда е вечна правда и Твојот Закон е чиста вистина.

143 Ме снајдоа тешкотии и неволји; но Твоите заповеди се моја наслада.

144 Вечна е правдата на Твоето сведоштво, вразуми ме, и ќе живеам.

145 КОФ. Викам, од сето срце, Господи, послушај ме: ќе ги пазам Твоите повелби.

146 Кон Тебе викам, спаси ме, ќе се држам за Твоите сведоштва.

147 Ја престигнав зората и се молам за помош, се надевам на Твоите зборови.

148 Моите очи ги престигнуваат ноќните стражи, за да размислувам за Твојата беседа.

149 Господи, послушај го мојот глас, според Твојата добрина, и оживи ме според Твојата одлука.

150 Наближуваат оние кои ме гонат неправедно, тие се далеку од Твојот Закон.

151 А и Ти си близу, Господи, и сите Твои заповеди се вистина.

152 Одамна знам за Твоите сведоштва дека ги создаде засекогаш.

153 РЕШ. Погледај на мојата неволја, избави ме, зашто не го заборавам Твојот Закон.

154 Брани ја мојата парница и откупи ме, поживи ме според Твоето ветување.

155 Спасението е далеку од грешниците, зашто не се грижат за Твоите повелби.

156 Голема е, Господи, Твојата милост: поживи ме според Твоите одлуки.

157 Мнозина ме гонат и угнетуваат, јас не отстапувам од Твоите прописи.

158 Ете, видов отпадници и ми се згадија, зашто не ги чуваа Твоите зборови.

159 Ете, ги љубам Твоите зборови, о Господи, поживи ме според Твојата милост.

160 Целината на Твојот збор е вистина, секој од Твоите праведни судови е вечен.

161 ШИН. Кнезовите ме прогонуваат без причина, но моето срце трепери само пред Твоите зборови.

162 Им се радувам на Твоите беседи, како оној што наоѓа многу користи.

163 Ја мразам лагата и се гнасам од неа, а го љубам Твојот Закон.

164 Те прославувам Тебе седумпати дневно, заради Твоите праведни судови.

165 Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо.

166 Ја чекам Твојата помош, о Господи, ги извршувам Твоите заповеди.

167 Мојата душа ги чува Твоите сведоштва и ги љуби многу.

168 Ги чувам Твоите наредби и Твоето сведоштво, зашто сите мои патишта се пред Тебе.

169 ТАВ. Господи, моето викање нека стигне до Тебе, вразуми ме според Твојот збор.

170 Нека дојде мојата молитва пред Твоето лице, избави ме според Твојот збор.

171 Моите усни нека запеат пофална песна, зашто ме научи на Твоите повелби.

172 Мојот јазик нека пее за Твоето слово, зашто сите Твои заповеди се праведни.

173 Твојата рака нека ми биде на помош, зашто ги избрав Твоите наредби!

174 Господи, копнеам за Твоето спасение, се насладувам во Твојот Закон.

175 Нека живее мојата душа и нека Те фали, а Твоите судови нека ми бидат на помош!

176 Јас заскитав како изгубена овца; о побарај го Твојот слуга, зашто јас не ги заборавив Твоите заповеди.

==Псалам 119 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2013 во 10:35
1 Колку се мили Твоите живеалишта, Господи над Воинствата!
2 Мојата душа гине и копнее по Господовите дворови. Моето срце и моето тело извикуваат кон живиот Бог.
3 И врапчето си наоѓа живеалиште и ластовичката гнезденце, каде ќе ги положи своите пилиња: Твоите жртвеници, Господе, над Воинствата, Царе мој, и Боже мој!
4 Блажени се оние што престојуваат во Твојот дом, славејќи Те непрекратно!
5 Блажен е човекот, чија сила е во Тебе, додека се подготвува за свети патишта!
6 Минуваат ли низ сува долина, ја претворуваат во извор на вода, и првиот дожд ја облекува со благослов.
7 Минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога во Сион.
8 Господи, Боже над Воинствата, чуј ја мојата молитва, послушај, Јаковов Боже!
9 Ете, о Боже, штиту наш, погледај го лицето на Својот помазаник!
10 Вистина, еден ден во Твоите дворови подобар е од илјада други. Повеќе сакам да стојам на прагот на Домот на мојот Бог, отколку да живеам во шаторите на грешниците.
11 Господ, Бог, е сонце и штит: Тој дава благодат и слава. Не им ускратува Господ добра на оние што одат во невиност.
12 Господи над Воинствата, блазе му на оној што се надева на Тебе.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2013 во 10:35
Откровение 3:21
На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2013 во 10:04
ЛУБОВ И СПРЕМА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
Лука 6

27 Но, на вас - кои слушате - ви велам: „Љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние, кои ве мразат.
28 Благословувајте ги оние, кои ве колнат; молете се за оние, кои ве навредуваат.
29 На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата.
30 Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.
31 И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним.
32 И ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква ви е благодарноста? И грешниците ги љубат оние, кои ги љубат нив.
33 И ако им правите добро на оние, кои вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? И грешниците го прават истото.
34 И ако им позајмувате на оние, од кои се надевате дека ќе добиете, каква ви е благодарноста? И грешниците им позајмуваат на грешниците, за да примат исто толку.
35 Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сèвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите.
36 Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2013 во 09:55
ЈАГНЕТО БОЖЈО - ИСУС
Jован 1

29 Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!
30 Овој е Оној за Кого ви реков: „По мене доаѓа Човек, Кој постоеше пред мене, зашто беше пред мене.”
31 Јас не Го познавав. Но затоа дојдов да крштавам во вода, за да му Го објавам на Израел.”
32 Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него.
33 Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.”
34 И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2013 во 10:15
Јован 15

1 Јас Сум вистинската лоза и Мојот Татко е лозарот.
2 Тој ја отстранува секоја прачка на Мене, што не дава плод; а ја чисти секоја, што дава плод, за да даде повеќе плод.
3 Вие сте веќе чисти заради Словото, кое ви го зборував.
4 Останете во Мене како Јас во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене.
5 Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.
6 Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.
7 Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.
8 Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици.
9 Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!
10 Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.
11 Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.
12 Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас.
13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
14 Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.
15 Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.
16 Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.
17 Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2013 во 10:17
БИДЕТЕ ИЗВРШИТЕЛИ НА СЛОВОТО А НЕ САМО СЛУШАТЕЛИ
Јаков 1


19 Знајте го ова, мили мои браќа: секој нека биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето и бавен за гнев,
20 зашто човековиот гнев не ја исполнува Божјата праведност. 21. Затоа отфрлете од себе секаква нечистота, и се што останало од злобата, и примете го со кроткост во вас всаденото Слово кое може да ги спаси вашите души.
22 И бидете извршители на Словото, а не само слушатели кои се мамат себеси.
23 Зашто, кој го слуша Словото, а не го исполнува, прилега на човек, кој го гледа своето сопствено лице во огледало,
24 па откако ќе се погледне и замине, веднаш заборава каков бил.
25 А кој ќе се загледа во совршениот закон, законот на слободата и остане во него, не како заборавлив слушател, туку како делотворен извршител, тој ќе биде блажен во она што го врши.
26 Ако некој мисли дека е религиозен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата религија е безвредна.
27 Ова е чиста и неизвалкана религија пред Бога и Таткото: да се посетуваат сираците и вдовиците кога се во нивната невола, и да се биде неосквернет од светот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7778798081 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.