|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 183184185186187 200> |
Автор | |
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да ако споредиме со државите кои имаат високо развиени индустрии, и кои понатаму имаат од каде да го враќаат долгот, испаѓа дека сме ниско задолжени.. Но тие држави имаат многу јак бекграунд, и имаат од каде да си го сервисираат долгот, и секогаш некој нив ќе ги толерира.. Ние сме ти како жабата која го гледала коњот како го потковуваат, па и таа ја дигнала ногата... нашата индустрија е премногу минорна во споредба со една, Шпанија, Португалија, Италија... Сите тие само да трепнат добиваат заеми со екстремно ниски камати, а некои од нив дури и без камати... Само нашата влада тепа кредити со дебели камати, небаре ова ОК кредит е... Проблемот е што тоа задолжување нашата економија нема капацитет да го сервисира... Ќе се наталожат проблемите, а можно е со ова темпо и бетер од Грција да станеме... Само нас ќе нема кој да не тапша по рамо, и да пушта кредити врз кредити и позајмици... Нас ќе не распарчат како залог за отплаќање на долговите, бидејќи ќе немаме од каде и како да ги враќаме... Погубна е оваа финансиска политика што ја води нашата влада.. нив им е целта само како да стигнат до парите, а за враќање... па тоа нека му ја мисли друг... Е тука е делот каде македончето ќе го јаде НЕМИЕН...
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да типуваме кој ,каде и зошто ке го прими најдебело ....??
Земјоделците ке вракаат кредити до 2214 зошто субвенции дека се многу лични не даваат, така да јас типувам на нив.... Изменето од Alekxandar - 14.Мај.2013 во 22:10 |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еве што прави....не враќа во 15 век....
ПРЕДЛОГ- ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИН НА БРЕМЕНОСТА ВЛЕЗЕ ВО СКРАТЕНА СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА Владата го ограничува правото на абортус Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, гласајќи "за", го стави на дневен ред на собраниска седница Предлог-законот за прекинување бременост кој, на барање на Владата, се носи по итна постапка. Гласаа сите присутни пратенички од власта. Клучната измена во новиот предлог-закон, чиј предлагач е министерот за здравство Никола Тодоров, е што се усложнува процедурата, и потребно е жената да бара дозвола за прекин на бременоста и до десеттата недела. Во стариот закон комисија одлучуваше за абортус само над десет недели бременост.... ....."Ти си ма неписмена", и` кажа пратеничката Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на колешката Лилјана Поповска, кога таа се враќаше од говорницата, од каде што неколкупати молеше да се повлече од дневен ред законот за забрана на абортусот. Кузмановска, истовремено, мавташе со раце и се расправаше со неколкуте пратенички од СДСМ кои, вообичаено, не учествуваат во работата на Собранието, но сега влегоа во салата да се побунат против Предлог-законот за прекин на бременоста, поднесен по скратена постапка. "Силвана, Силвана, сврти се", довикуваа тие кон колешката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, но таа ја веднеше главата, и не ги погледна.Со СМС порака, таа за "Вест" изјави дека уште не е ништо готово, оти ќе спореди што има во стариот, а што во новиот закон, ќе ги слушне мислењата на експертите во Комисијата за здравство, како и коментарот на д-р Неда Здравева од Правниот факултет во Скопје, и потоа ќе одлучи. "Се борам за моите внуци, ќерки, за правата на моите соборки", апелираше Иванова. |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе поскапат цигарите и алкохолот – Владата ги зголемува акцизите
Објавено: 20:02, 29/05/2013 Прегледано: 1075 пати.
Владата ќе ги зголеми акцизите на пивото, алкохолните пијалоци и тутунот. Акцизата за пивото Ќе се зголеми од 3 на 4 денари по литар, а на алкохолните пијалоци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол. Во однос на цигарите, пурите и цигарилосите се предвидува постепено зголемување на акцизата во наредните 10 години, јави Телма. Владата се правда дека зголемувањето на акцизите во функција на намалување на потрошувачката на овие производи и заштита на здравјето на населението - Ќе има усогласување со директивите на ЕУ,но бидејки стандардот не дозволува целосна хармоинизација која ке значи позначително зголемување на акцизите,ке одиме постапно, динамички за да има помали оптоварувања за тие категории, вели Зоран Ставрески, министер за финансии. Зголемувањето на акцизите на цигарите и алкохолните пијалоци,според економистите исклучиво се прави за полнење на буџетската каса. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...za cigarite nemam nishto protiv ( duri i da gi zabranat!) ,...pa i za zestokite alkoholi (bez zabrana tuka ) ama ,...za pivoto ne bi kjutel !
...ama , toa otkako ke vidam za kolku go kachile onie kutrine trgovci ! ....znachi treba za pola dinar da bido edna polalitarsko shishe poskapo , shto znachi ne bi trebalo voopshto ni da skokne . ...ama kako po obichajot na makedonskite hohshtaplerski trgovci ,...ke bide sigurno desetpati povekje ,...t.e....nema da ima ispod 40 dinari vo maloprodazba. (sega e okolu 35- kade kako ) |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТМ: Непотизмот не запира, најнов пример е сопругот на Јанкулоска
Невладината организација Транспарентност Македонија, во својот мајски извештај констатира дека продолжува трендот на непотизам, како битна карактеристика на владејачката гарнитура. „Списокот на блиски роднини на високи функционери, кои се избрани или именувани на раководни позиции за последните неколку години, е импозантен. Еден од најновите случаи на непотизам претставува изборот на Влатко Илиевски, сопругот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје. И ова роднинско именување од највисоките ешалони на власта, како и стотици претходни, поминаа со молк од ДКСК, како надлежен орган за испитување на судири на интереси и евентуални коруптивни влијанија“, пишува во извештајот. ТМ бара од Антикорупциксата комисија да утврди и да ја извести јавноста по која постапка и врз основа на кои критериуми е именуван сопругот на министерката за внатрешни работи, Влатко Илиевски, на оваа позиција и да одговори дали имало и други кандидати за таа позиција, како и како била водена постапката за неговото именување. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ej abe daj poleka malku ...ne se djapaj pred vreme, ...mozebi chovekot uredno si se prijavil ,...i e megju ovie dve i kusur iljadi...besposlichari ,. ..koishto se nadevaat na nekoe mrsno ambasadorsko ili barem...konzulsko stolche. ...mislam nadvor ...od rajot zemaljski !
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На Самитот на ЕУ на 28 јуни, Македонија ќе го доживее најголемиот пораз, поради алиби политиките на Владата и погубната популистичка политика, која ја доведе државата на најниските рангови на сите меѓународни скали за мерење на прогресот и демократијата. Залудни ќе бидат напорите на нашите поддржувачи кои срамежливо ќе се уверуваат самите себе дека ја имаат вистинската слика за состојбите во Македонија.
По овој Самит на ЕУ, нема да има простор за промовирање на алиби политики засилени со пропагандата за вината на сите, само не за вината на Владата. Ќе им порачаме, да не се залажуваат дека овој пат својот политички неуспех ќе го затскријат зад етнонационалистичките и партиски политики, од кои народот ќе живее во страв од меѓуетнички судири, за да можат тие да се јават како единствени и најголеми спасители/чувари на националните интереси на државата и на Македонците.
Граѓаните на Македонија сакаат искрени политичари, политичари кои ќе обединуваат и помируваат, а не што делат и караат; политичари домаќни, а не трошаџии и расипници; политичари кои ја разбираат маката на граѓаните, а не политичари кои ќе печалат изборни резултати и популарност; политичари кои ќе мислат за иднината на сите млади/деца, а не само за иднината на своите; политичари кои ќе знаат како да ја вратат довербата во институциите на системот, како народот да почне да им верува на судиите, лекарите, просветните работници, полицајците...
ПРЕВЗЕМЕНО ... |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонскиот надворешен долг веќе е загрижувачки
Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 5,5 милијарди евра или 73,5 проценти од бруто домашниот производ. За помалку од две и пол години надворешната задолженост пораснала за 1,2 милијарди евра. За помалку од две и пол години бруто надворешниот долг на Македонија пораснал за една милијарда и двесте милиони евра со што сега изнесува 5,5 милијарди евра или 73,5 проценти од бруто домашниот производ. Само во првиот квартал од годинава, бруто надворешниот долг пораснал за 340 милиони евра. Според последните податоци на Народната банка, раст на надворешната задолженост е забележана во речиси сите сектори.
Прашањето е само на отворањето на алармот за суштинското прашање, а
тоа е каде оди, каде се насочува овој долг, дали јавниот сектор го
употребува финансискиот долг земен од странство продуктивно, дали тоа го
прави во изградба на потребни инфраструктурни објекти, или здравство,
или во елиминирање на екстремната сиромаштија или, пак, го прави во
нешто што е непотребно. Јас имам впечаток дека е ова последново.
Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.
За разлика од 2007 година кога државата учествувала во надворешниот долг со 15 проценти, во 2012 година нејзиното учество изнесува 21,1 процент. Графикон на Народна Банка на Република Македонија за состојбата со бруто надворешниот долг. Од 2006 година до денеска, бруто надворешниот долг на Македонија пораснал за три милијарди евра. Универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров вели дека стапката на раст на бруто надворешниот долг зазема загрижувачка динамика. „Прашањето е само на отворањето на алармот за суштинското прашање, а тоа е каде оди, каде се насочува овој долг, дали јавниот сектор го употребува финансискиот долг земен од странство продуктивно, дали тоа го прави во изградба на потребни инфраструктурни објекти, или здравство, или во елиминирање на екстремната сиромаштија или, пак, го прави во нешто што е непотребно. Јас имам впечаток дека е ова последново“, вели тој.
Гледаме дека тоа не е сразмерно, значи бруто домашниот производ заостанува и се мери со многу ниски бројки.
Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.
Шукаров објаснува дека во овој случај не се работи за структурно голем долг, но прашањето што се наметнува е динамиката на растот на долгот во однос на растот на бруто домашниот производ. „Гледаме дека тоа не е сразмерно, значи бруто домашниот производ заостанува и се мери со многу ниски бројки. Тоа е еден, 1,5 или 2 проценти што за земја како што е Македонија или земја којашто е недоволно развиена е многу ниска стапка на раст. Таа кореспондира со развиените економии, 2,5 или три проценти, тоа може да си го дозволат САД или Германија, но не и Македонија. Македонија бара многу повисоки стапки“, вели Шукаров. Бруто надворешниот долг е збир од долгот на државата и долгот на банките и фирмите кон странство. На долг рок, екстремното зголемување на бруто надворешниот долг претставува проблем за сервисирање на обврските поради слабиот извоз од една страна и потребата од земање кредити со високи камати за порамнување на надворешниот долг, а со тоа изворите на капитал стануваат многу скапи. Шукаров објаснува дека треба да се послушаат препораките на Меѓународниот монетарен фонд, односно да се создаде пракса да се приоретизираат потребите на државата на среден рок, а тоа сигурно не се спомениците. Изменето од NRGMKD - 08.Јули.2013 во 13:18 |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали ќе уследи ново задолжување за повратокот на овогодинешниот ДДВ кој државата ќе мора да го врати на фирмите? Дали тоа ќе биде приближно дополнителна милијарда евра нов надворешен долг? Ептен добра фискална политика држи владава.. Земај надвор, враќај дома, а фирмите се потешко дишат. Интересно ќе биде за гледање кога ќе почнат големите долгови да се сервисираат... И кога ќе пораснат каматите за враќање на истите, бидејќи голем дел од заемите се со динамична каматна стапка, т.е во секој момент доверителот доколку смета дека е потребно може да ја зголеми, а богами во 99 % од случаевите секогаш ја зголемува.
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОХРИД НА КОЛЕНА: Солени цени, слатка вода, а државната стратегија за повеќе туристи крахираше!Значи џабе се мачи владава... од секое дрвце, шупелка не бидува... пардон... од секое езеро, море не бидува бре... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eве како уредникот на Германски “Шпигел“, Штефан Орт, ги сумира импресиите од Охрид и од охриѓани по светските форуми за патувања: Германец во Охрид – Алиса во земјата на чудата! faktor.mk/archives/65820 Изменето од Messenger - 16.Август.2013 во 11:00 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Германецот не претстојуваше подолго во Македонија за да прошета и по другите градови па неговите импресии да се збогатат со уште некоја слика.
Всушност ке беше во дилема дали бил во Македонија или во Палестина. |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сопругата на Треневски ќе го замени на амбасадорското место во НАТОМакедонија ќе добие и нов амбасадор при НАТО Алијансата, односно на местото на досегашниот амбасадор Мартин Треневски ќе седне неговата сопруга Василка Попоска – Треневска. значи сега имаме нова стратегија ќе ги отповикуваат мажите и на нивно место ќе доаѓаат сопругите...еманципација...јбг арно викаше Мирослав-ко овде не полуди тај није нормалан Изменето од Andjelina - 22.Август.2013 во 00:28 |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Внеси реплика | страница <1 183184185186187 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |