IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9596979899 157>
Автор
Порака
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2013 во 09:32
Почетна / Живот / Месечен хороскоп за август 2013 година

ллл " target="_blank"> " target="_blank">
Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот ли кликнете два пати.
МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ 2013 ГОДИНА

Ноќ без Месечина – 06 август; полна Месечина – 21 август; Сонце влегува во Девица – 22 август; Марс влегува во Лав – 28 август.


      

ОВЕН – Во поголемиот дел од август ќе сте преокупирани со настани поврзани со домот и недвижности. Исто така во центар на внимание ќе ви се групи во кои припаѓате. Ќе има повлечи-потегни во сите ситуации во кои ќе сте вклучени. Уран е во вашиот знак, а тој носи ненадејни пресврти, недоволно размислени одлуки и постапки. Посебно пазете се од избрзана реакција во деновите околу 21 август.

БИК – Забава, спортување, контакти со деца, ваши или туѓи – тоа ќе е фокусот за вас во овој период. Посебно од 16 август кога вашата заштитничка Венера ќе влезе во соѕвездието Вага, што за вас значи: претерување во сите животни задоволства. Ќе трошите многу овој месец: на добра храна, убава облека, или за своите деца.

БЛИЗНАЦИ – Пазете се од кавги со блиски луѓе или со домашните: ќе ве надзборуваат, ќе ве победат овој пат, колку и да ви звучи чудно. За пари – среќен месец, доаѓаат големи суми во деновите околу 7 август и 21 август, но ќе треба да се потрудите за да ги добиете. Голем трошок поврзан со домот некаде околу 25 август.

РАК – Паднатиот Марс шета низ вашиот знак, и ќе биде таму до 28 август. Нема да направи некои позначајни аспекти, со што би можел да ви наштети, освен во првите денови од месец август. Внимателно околу 1 август, постои можност за судир или кавга со авторитетна фигура: мајка, родител, претпоставен на работа, или полиција. Проблем ќе се појави можеби и каде што го нема, а причината ќе е банална. За пари – овој месец ќе имате повеќе од една можност да влетате во ризична комбинација.

ЛАВ – Ова е роденденскиот месец за вас, драги Лавови, ќе бидете полни со енергија, ентузијазам и достоинство, во полн елемент ќе сте. Често пати во првите денови по роденденот се случуваат убавите промени кои ги носи новата роденденска (соларна) година, па бидете отворени за сите идеи и опции. Ноќ без Месечина (06 август) се случува во вашиот знак, а тоа носи новини, како и нов начин на гледање на животот околу себе.

ДЕВИЦА – Сонцето влегува во соѕвездието Девица на 22 август, а Меркур го следи Сонцето наредниот ден – на 23 август и тој влегува во вашиот знак. Ако се трудите да си исполните некоја голема желба, внимателно да не се опечете во овој период. Посебно во врска со пари – бидете приземни, без импулсивно трошење, не преземајте ризици, ниту треба да сметате на среќа во овој месец, бидејќи нема да оди лесно, а многу детали кои во моментов ви се непознати, ќе ја изиграат клучната улога.

ВАГА – Веенра влегува во вашиот знак на 16 август, па ова ќе е ваш месец. Ќе имате повеќе од една шанса за добра забава, за љубов, за афера, доколку тоа го посакувате. Ако влета некоја нова особа во вашиот живот, тоа ќе биде проследено со силен магнетизам. Врската може брзо да започне но и да заврши. И внимателно: постои можност да ги измешате партнерските односи: кој е за постојано а кој е за кратко во вашиот живот, па подоцна да жалите заради ова.

СКОРПИЈА – Судири на мислите и верувањата, и ќе треба повеќе да внимавате како се изразувате. Ако сте во контакт со странци или сте на пат во странство – внимателно со сообраќај и документи. За љубов – летна авантура, која ќе е на граница да биде откриена. За пари – сè уште сте во фаза на давање, а ако треба да дадете поголем сума пари за нешто, 07 и 21 август се поволни за такво нешто.

СТРЕЛЕЦ – Туѓи пари ви стојат на располагање овој месец, или земате позајмица, кредит. Ако е позајмица, лесно ќе ги земете парите, но потешко ќе е да ги вратите, па внимателно договарајте, бидејќи постои можност нејасните делови од договорот за враќање на позајмицата да ви направат проблем подоцна.

ЈАРЕЦ – Директно спротивставување од некого или кавга што е започната од крај на јули, ќе има непредвидени разврски во првите денови од август. Победата може да е ваша ако сè заврши до 7 август, но не туркајте решение со сила, затоа што подоцна може да зажалите заради своите одлуки. Настани поврзани со туѓи пари околу 6 август, а околу 21 август ќе откриете празна каса или сметка, ваша или нечија. После 25 август, убави настани кои се движат во оваа насока: љубовни изјави од особа што не сте очекувале.

ВОДОЛИЈА – Активен месец за вас драги Водолии, а други луѓе ќе се во центарот на вниманието. Посебно обрнете внимание на деновите околу 21 август, полната Месечина е во вашиот знак: ќе ви стане јасно нешто што се однесува на вас лично. Уран е многу активен овој месец, прави повеќе аспекти со другите планети, па ќе ви донесе активности поврзани со документи, со роднини и полно кратки патувања.

РИБИ – Активниот Уран се наоѓа во вториот знак броено од вашиот, а тоа преведено на обичен јазик значи: пари, за земање или за давање. Тоа ќе ви е во центарот на внимание во текот на август. Уран се поврзува со ненадејни, непланирани, ризични или коцкарски потези кога е поврзан со пари. Совет од ѕвездите: не влегувајте во ризик или на слепо, колку и да мислите дека е добро пресметан. Пред крај на месецот ќе чуете неубава вест за некого.

RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2013 во 22:08
Летни авантури според хороскопот

Со Рак, Риба и Лав летните романси изгледаат како од филмовите, Близнаците и Стрелците заведуваат сериски, Девиците и Јарците стануваат мета на заводниците.
Овенот сака авантура
Високите температури, лесната облека и консумирањето алкохол го поттикнуваат Овенот на заведување, особено на плажа. Нивната стравствена природа им овозможува лесно да заведуваат, но и да ги заведат. Немојте да се залажувате, овде не станува збор за длабоки чувства. Додека има хемија летната авантура и бакнежите на плажа ќе бидат интересни, но штом почнете муабети за секојдневните нешта, Овенот ќе исчезне.

Бик е заводник во бар на плажа
Климатизирани простории, удобни лежалки, коктел во рака и згоден турист/ка на соседната маса се идеално сценарио за летна романса со Бик. Следниот чекор во зближувањето е романтична вечера со добра храна, а во авантурата хедонистички ќе уживаат со своите сетила. Тогаш дури и ќе му свртат грб на друштвото со кое дошле на одмор. Лошата работа е тоа што нивните афери кратко траат.

Близнаците сакаат бескрајна забава
Припадниците на овој знак лесно е да ги препознаете. Обично носат минијатурен костим за капење, најгласни се во друштвто и се главните луѓе за забава. Најлесно заведуваат преку спортот, а ако успеете да ги вовлечете во разговор подолг од неколку минути, големи се шансите дека се заинтересирани, но вие мора да бидете подготвени за една активна романса во која постојано ќе бидете во движење и опкружени со луѓе.

Ракот ја претвора аферата во љубов
Припадниците на овој знак долго ќе ја набљудуваат својата „цел“ пред да се одлучат да пристапат, а откако ќе го сторат тоа веројатно ќе бидат малку заљубени. Во романса влегуваат со сериозни намери и за кратко време кај нив се појавуваат длабоки чувства, па тоа морате да го имате на ум ако не сте подготвени за долга врска.

Лав е идеален за летна романса
Опуштени, желни за внимание и љубов, припадниците на овој знак се како создадени за летна љубов. Лавовите изгледаат одлично, па ќе ве заведат со физичкиот изглед. Дури во подлабоки разговори ја откриваат нивната нежна и романтична страна. Со нив ве очекуваат прошетки крај море, вечера на зајдисонце, но и будење во зора на плажа.

Девица сака забава без обврски
Коктел во една, мобилен во друга рака и тотално исклучен мозок – ова е опис на однесување на Девица на одмор. Тие не се склони кон авантуристичко однесување, па во својата глава однапред ќе ги ограничат љубовните авантури на краток рок.

Вагата сака летни романтики
Романтичните припадници на овој знак знаат што се летни романси, но во нив се однесуваат како и во секоја врска и бараат многу романтики, комплименти и заведување. Ретко кога сами ќе пријдат некому, но баш „случајно“ знаат да се најдат на исто место каде што е нивната симпатија. Неколку убави денови поминати со Вага ќе ви донесат убави сеќавања за цел живот, но само за оние кои се подготвени да се потрудат и да освојуваат.

Шкорпиите сакаат освојувања
Гитара, топка и чадор, или било што друго, може да биде реквизит со кој Шкорпиите стапуваат во контакт со потенцијалната „жртва“. Повеќето припадници на овој знак сакаат летни авантури и ретко ги одбиваат, дури и ако другата страна е во сериозна врска или брак. Сепак, би можело да се случи и сами себе да се прелажат, односно место кратка и слатка летна авантура, едноставно да се заљубат во некој што најмалку очекуваат.

Стрелецот сака необични сценарија
Плажата е идеално место за опуштање на припадниците на овој знак, а таму самоуверено ги привлекуваат погледите со своето екстровертно однесување. Можете да ги освоите со покана за банџи џампинг или параглајдерство. Нивните бакнежи се страстни, тие даваат сериозни љубовни изјави, но на тоа повеќе влијае летото отколку чувствата кон симпатијата. Стрелците само уживаат, и многу се добри во тоа.

Јарецот е заводник
Ладнокрвите и промислени припадници на овој знак, секое лето одново заведуваат, па се однесуваат многу слободно и без претерани грижи за последиците од своите дела. Јарецот нема сам да ѝ пријде на симпатијата, туку чека другата страна да го стори тоа. Сексапилот и ослободената страст ги прави Јарците многу посакувани.

Водолијата сака необичност
Читање поезија, свирење гитара или филозофски разговори со чаша вино, се ситуации во кои Водолијата очекува заведување. Нема да ги привлече само некој што добро изгледа, туку битно им е и личноста да поседува шарм и харизма. Сепак, колку и да изгледаат нивните намери посериозни од само летна авантура, нема големи шанси дека подоцна ќе ви се јават пак.

Рибите се сензуални и емотивни
Припадниците на овој знак се летни љубовници кои секој би ги посакал – сензуални, директни и романтични. Заедно можете да одите на нуркање, или само да се држите а рака и да го гледате ѕвезденото небо.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2013 во 13:55
Водолијата сака необичност
Читање поезија, свирење гитара или филозофски разговори со чаша вино, се ситуации во кои Водолијата очекува заведување. Нема да ги привлече само некој што добро изгледа, туку битно им е и личноста да поседува шарм и харизма. Сепак, колку и да изгледаат нивните намери посериозни од само летна авантура, нема големи шанси дека подоцна ќе ви се јават пак.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
камелеон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
девојката со точакот

Регистриран: 12.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 587
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај камелеон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 14:19
Близнаците сакаат бескрајна забава
Припадниците на овој знак лесно е да ги препознаете. Обично носат минијатурен костим за капење, најгласни се во друштвто и се главните луѓе за забава. Најлесно заведуваат преку спортот, а ако успеете да ги вовлечете во разговор подолг од неколку минути, големи се шансите дека се заинтересирани, но вие мора да бидете подготвени за една активна романса во која постојано ќе бидете во движење и опкружени со луѓе.
голема насмевка
http://www.youtube.com/watch?v=sEj3Ife6rqU
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:17
Ракот ја претвора аферата во љубов
Припадниците на овој знак долго ќе ја набљудуваат својата „цел“ пред да се одлучат да пристапат, а откако ќе го сторат тоа веројатно ќе бидат малку заљубени. Во романса влегуваат со сериозни намери и за кратко време кај нив се појавуваат длабоки чувства, па тоа морате да го имате на ум ако не сте подготвени за долга врска.намигнувањетрепкањетрепкање
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:18
za rakovite sum cula i jasзадоволство
vivi
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:22
Originally posted by vivi1 vivi1 напиша:

za rakovite sum cula i jasзадоволство
de da cujam i jas za .."tebe"трепкањетрепкањесреќа
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:22
najdi me задоволство
vivi
Кон врв
speed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 803
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај speed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2013 во 18:50
Bikot zavodnik vo bar na plaza, tocno e toa :)
speed
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 05:55
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 15:41
Кои се најлошите љубовни парови според хороскопот?

Некои од знаците совршено се сложуваат, а некои пак постојано се одбиваат. Односите на вториот тип на хороскопски знаци не се препорачуваат ниту како пријатели, ниту како љубовници.

Откријте ги најлошите љубовни хороскопски парови кои никогаш нема да успеат.

Овен - Вага

Овенот секогаш ќе ја води неодлучната вага. Тој се смирува со нејзината рамнотежа и учи за дипломатските односи и правила. Проблемот може да настане кога Овенот е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност. Тогаш е неопходен компромис. Добро е што Овенот е секогаш подготвен на нешто ново, а Вагата е прилагодлива, па само со ваков став ќе може да опстојат.

Бик - Скорпија

Ова е прилично еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Сензуални се и секогаш се сложуваат во сексот, а проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора. Доколку пронајдат пристојно решение, врската може да опстои. Главната разлика се наоѓа во темпераментот.

Близнаци - Стрелец

Овие два знаци може да опстојат само ако некаде отпатуваат заедно. Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Двајцата се отворени и друштвени, а проблемот може да настане затоа што Близнакот е приземен знак, додека Стрелецот сака да лета високо. Токму затоа повеќето врски се осудени на пропаст.

Рак - Јарец

Ова е длабока и искрена врска. И двата знаци се амбициозни, но Ракот е популарен повеќе од Јарецот. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Проблемот може да се јави во периодот кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, додека Ракот очекува нешто повеќе на приватно поле.

Лав - Водолија

Ова е идеален пар за сите видови на забава. Лавот обожава публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба. Лавот сака деца, а Водолијата сака да биде слободна. Тука може да настане голем проблем, кога Лавот ќе се обиде да ги наметне своите принципи. Водолијата може да игнорира одредено време, а потоа да се препушти на тоталната слобода во која ужива.

Девица - Риби

Ова е врска во која има постојано надмудрување. И двата знаци се интелектуални типови, а може да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што немаат доволно храброст. И додека Девицата сака сè што е уредно, кај Рибите е обратно. Не е ни чудо што оваа љубовна врска постојано се справува со ситни кавги и несогласувања. Рутините за Рибите се неподносливи, додека Девицата го сака деталниот план на животот.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 16:42
Originally posted by емил емил напиша:

Африкански хороскоп



јас сум ТЕТКА во африканскиот хороскоп

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 00:39

Леле: Што си во хороскоп?
- Вештерка! изненадување
Подзнак - метла...газење од смеење


П.С. Не сум јасголема насмевка


Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 07:24
Овен
Постои опасност физички да се истрошите, затоа бидете трпеливи и не вложувајте многу напор. Добро размислете кои работи се вредни и посветете се на нив. Потрудете се да избегнете расправии, бидејќи ништо нема да решите на таков начин.

Бик
Се советува да бидете свесни за сите потези што ги преземате. Постои опасност од повреди. Околината може да биде агресивна спрема вас, затоа потрудете се да избегнувате контакти и да се контролирате.

Близнаци
Брзо реагирате во секоја ситуација и тоа ви помага одлично да функционирате. Во решавањето на проблемите ќе вложите голема ментална енергија. Најдобро за вас е интуицијата да ја искористите правилно.

Рак
Потребата за љубов ви е доста силна, па одлично ќе функционирате. Доколку партнерот не успее да ги сфати вашите желби, ќе бидете многу нервозни. Потрудете се да бидете свесни за својата убавина во секој момент.

Лав
Благи стресови на емотивен план ја прават врската поинтересна. Како и да е, не ви е досадно, но оној што е покрај вас тешко дека ќе ве трпи. Не сте свесни за сопствените слабости.

Девица
Решавате битни работи и многу се нервирате. Никако не можете да го сфатите однесувањето на партнерот. Потрудете се да најдете компензација во оние работи што ги сакате. Во овој период пожелно е да отидете на патување.

Терезија
Ви оди од рака извршувањето на повеќе работи одеднаш. Уживате во хармонијата и успехот на блиските. Правите планови за нови потфати. Оние кои се осамени може да го запознаат човекот на својот живот.

Скорпија
Кога сe ви оди од рака, олабавени сте и мислите дека таа состојба постојано ќе трае. Потрудете се голем дел од работите да ги промените од корен. За голем дел од обврските не сте свесни колку се сериозни.

Стрелец
Фантазирате, а тоа е добро доколку се занимавате со уметност, но не и за секојдневниот живот. Доколку сте свесни за ова, ќе избегнете разочарување и финансиски проблеми. Имате добри односи со околината.

Јарец
Доколку партнерот не ви одговара, тоа и не е голем проблем. Голем дел од обврските, пред сe, бараат толеранција и трпеливост. Потрудете се да изградите добри односи со соработниците.

Водолија
Она што другите ги излудува вас ве прави рамнодушни. Тоа е и една од причините поради кои околината не ве разбира најдобро. Моментално функционирате благодарение на интуицијата.

Риби
Многу вложувате и очекувате заработка, но морате да причекате. Проблемите полека се решаваат. Бидете внимателни со исхраната, бидејќи крвната слика не ви е добра. Бидете смирени
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9596979899 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,223 секунди.