IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Абортус, да или не?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Абортус, да или не?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 242526
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2013 во 06:08
Не би сакал оваа моја реплика да се сфати како настојчиво опонирање, но и покрај моето мислење дека абортусот треба да биде решение кое првично би се базирало на мајчината одлука, сепак сакам да посочам некои работи:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

се додека не се оддели како посебно функционирачко тело, не можеме да кажеме дека има живот, до тогаш е само уште еден дел од телото на мајката, исто како сите клетки, ткива и органи... особено репликата ми се однесуваше на текстот што погоре го извади BellaGrandma


Фетусот не е дел од мајчиното тело. Тој е во него и се храно од него, но не е нејзин дел, а најмалу нејзин орган. За ова доволно е аргументирано од медицината и правото.

Следствено...

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

не го оспорувам фактот дека фетусот е физички жив... го оспорувам тоа дека може да се третира како индивидуа со сопствен живот и права


... тој е индивидуа со сопствен живот, а правата му се оние кои според неговата специфичност ќе му ги додели општеството...

Originally posted by zabegan zabegan напиша:


плус, за каков фетус збориме? јас не зорам за 9 месечен фетус, збориме за фазата во која фетусот може успешно медицински да се отстрани...


... a како последица на ова, решението од кој момент фетусот ќе го сметаме како индивидуа со сопствени права е арбитрарно општетсвено решение на денот.

Originally posted by zabegan zabegan напиша:


и навистина не знам зошто толкава расправија се прави околу нешто толку едноставно, забраната на абортусот се пропагира од религиозни институции, кои забрануваат еден куп глупости по свој ќеиф, без разлика дали нивното религиозно учење е некако поврзано со тоа...


Полемиката околу абортусот не е некаков апстрактен религиозен проблем, тој ги надминува сите верски вредности и претставува хуманистички и етички проблем кој подеднакво ги засега и атеистите.

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

вакви дискусии ми се бетер од тоа да слушам од непушач за тоа колку биле штетни цигарите...


Зарем пререквизит да се знае дека пушењето е штетно е да се биде пушач ? Дали тие научни сознанија се недопирливи за непушачите или пак како непушачи ним не им прилега да говорат за тоа ?




Изменето од Messenger - 09.Август.2013 во 06:11
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 242526
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.