IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 170171172173174 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 10:50

Ете затоа народот не ве гласа


Вековниот притисок за бришење на Македонија и Македонците деновиве повторно добива на интензитет. Како и многупати досега, најгласни се домашните субјекти.

Зоран Заев и кичмите веќе не ги коментирам. За човек и тоа лидер на партија што за прашањата од највисок државен интерес зборува преку метафората на скршена, шината, свиткана или каква и да е друга заболена кичма, не вреди да се трошат време и зборови.
 
Од  друга страна пак, сосема оркестрирано, се јавува Тито Петковски со комичните предвидувања дека Македонија ќе се распадне ако не попушти пред грчките небулози и психози. Иако тој и претходно од собраниската говорница повикуваше на промена на името, читајќи ги коментарите по социјалните мрежи, мислам дека Тито со последната изјава и дефинитивно си го зададе и финалниот удар во политичкото самоубиство.  Е мој народе, наместо еден македонски политичар да повикува на обединување на народот - и старо и младо и ВМРО и СДСМ и неопределени и верници и атеисти и Македонци и Албанци и Турци и Роми...за заедно да кажеме НЕ на непристојниот предлог за продавање на името и идентитетот, тој со сиот памет констатира дека ќе сме се распаднеле. Тие останаа...Тито Петковски, Нострадамус и Баба Вањѓа. Интересно човече да ти бил овој Тито. Јас би му предложила да ги погледне, еве на пример, новоснимените 7 епизоди од „Тврдокорни“, ги има на „ЈуТјуб“, па да види и како се сака и како се гине за Македонија...а, и да види како се постапувало со предавниците. Па може ќе поднаучи нешто.

Во истиот оркестар со Петковски е и Шеќеринска. Госпожава најсериозно тврди дека Груевски бил виновен за штетната политика на Грција кон Македонија. Демек Груевски е виновен што со векови Грците се обидуваат да ни го украдат не само името, туку и идентитетот и до ден денешен не се откажуваат од тоа. Исто така, Груевски е крив и за егзодусот и геноцидот врз Македонците од Егејска Македонија. Груевски и само Груевски е крив што Грците им ги сечеа главите на Македонците, што силуваа малолетни Македонки, убиваа деца, палеа македонски куќи. И што до ден денешен не ги враќаат имотите на македонските бегалци. Да, за оваа штетна политика на Грција кон Македонија што трае веќе стотици години очигледно само Груевски може да биде крив. Па според тоа, Груевски е виновен што Самарас пред неколку години во интервју за државна телевизија велеше дека Македонија ќе се распадне. Исто така, Груевски е виновен што Самарас во раните деведестти кога беше шеф на грчката дипломатија со 130 милиони евра потплаќаше новинари и медиуми за да шират антимакедонска пропаганда и да ја промовират наводната „грчкост“ на Македонија. Инаку, дел од тие пари отидоа и на сметките на македонски новинари и политичари.

Зборот ми беше, Груевски е крив. Груевски е крив што меѓународната заедница молчи пред јасната пресуда од судот во Хаг дека Грција нема право да не блокира. И Груевски е крив што Грција нелегално не блокира со години.

Ама приказната за Грција како единствената пречка за македонска интеграција во Европа е веќе минато. Сега има и втора пречка, позната како Бугарија. Да не се лажеме дека Груевски е исто така крив за вековната штетна политика на Бугарија кон Македонија.

Еве на Шеќеринска нема да и ги препорачам „Тврдокорни”. Неа ќе и’ ја препорачам книгата „Македонскиот јазол“ од поранешниот германски амбасадор во Македонија, Ханс Лотар Штепан. Е овој извонреден човек потрошил години и години од својот живот, проучувајќи ги архивите на германското МНР за зад себе да остави едно дело во кое, врз основа на јасни факти, ја прикажува историјата на апетитите на соседните земји кон Македонија.

Па така за Бугарија, Ханс Лотер Штепан пишува дека за експанзионистичките претензии на оваа земја кон Македонија доволно зборуваат четирите балкански војни во 20 тиот век во кои што Бугарија учествуваше за да ја освои Македонија, а едната од нив – втората, сама ја предизвика.

„Бугарите тврдат дека македонска држава може да постои, но дека не постојат македонска нација и македонски јазик“, пишува Лотар Штепан нагласувајќи дека ваквата позиција Бугарија ја зазема особено од почетокот на 20-от век односно со анексијата на пиринскиот дел на Македонија.

Ханс Лотар Штепан потсетува и на зеднички издаденото соопштение на Грција, Бугарија и Србија во 1991-ва година, кое гласеше: „Во Македонија живеат само Срби, Бугари и Грци, па македонска нација не постои“.

Ако се праша Шеќеринска, сигурно и за ова е виновен Груевски.

За крај едно прашање. Ако треба да ги прифатиме сите уцени и барања на нашите драги соседи за наводен влез во евроатлантските структури, како што предлагаат нашите опозиционери, се прашувам што ќе остане од Македонија и Македонците на крајот?

И после се чудат зошто народот не ги гласа.  Епа нема да ве гласа...

автор: Марија Котовска / Дописник на Нетпрес од Атина


намигнување


Изменето од novace - 08.Јули.2013 во 10:54
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 13:09
Можеш да пушташ спинови колку сакаш, УБАВО СЕ ЧИТА ВО ОФИЦИЈАЛНОТО ПИСМО НА МИЛОШОВСКИ ДЕКА ГРУЕВСКИ ПРИФАТИЛ ПРОМЕНА НА ИМЕТО... 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 17:31
Да ни беше сменето името ... ние веќе ќе си бевме членка на НАТО .
И секако... ќе си бевме пред крај на преговорите за пристапување во ЕУ. 
пс
Само затоа што другите услови.... веќе ги има(в)ме исполнети...барем така ни велеа оние од Брисел.голема насмевка
намигнување


Изменето од novace - 08.Јули.2013 во 17:31
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 18:40
Така си е.. А зошто како добро упатен во работите не кажеш и зошто овој пат Македонското прашање не беше ни на дневен ред пред Европскиот парламент? М? Или ви чини да си пуштате спинови дека заради еди кој си таму не сме дошле на дневен ред, а реалната слика, дека заради нарушената демократија, слободата на медиумите и ред други работи, Македонија е далеку уназадена? Не е веќе проблемот само името... Иако пробувате да го спинувате само тоа... Многу причини се наведени, но никој нема храброст тоа да го објави од страна на Владата, зашто тоа по автоматизам значи дека сама треба да си удри бокс по нос. Ептен ја догуравте земјава до пропаст, ама ептен.. Следен чекор ќе биде одземање на кандидатскиот статус, припојување кон БГ или Србија и чао белла ќе биде со Македонија.
Ете до каде и до кое дереџе не донесе дегенерикот демохристијан и неговото стадо.
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 18:44
И која е вистината.. Или сега Милошоски ќе го наречете предавник, ќе фрлате партиски анатеми врз него, и ќе го набркате од државава, зашто неговото писмо излегло во јавност каде што убаво се чита дека Груевски прифатил промена на името, а тука нас ни соли памет дека името нема шанси да се смени.. Шамар мава врз народот кој што го влече за нос. Дел по дел лагите избиваат од сите страни.. Дури веќе немаат ни толку чистачи во портокаловите да ја собираат прашината под килим.. Од што има премногу под килимот набрзо ќе дојде до ерупција, е после што праиме? 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 19:08

Екс-шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски и пратеникот Влатко Ѓорчев по одлуката на Брисел, овој пат Македонија да не биде ни спомената во извештајот на Европската комисија, од низа причини, пред се името, уназадување на демократјата, лошото судство, од партискиот врв добиле задача да ги посетат месните комитети и на членството да му објаснуваат дека не се случило ништо страшно, дознава Либертас од извори во владеачката партија.

MILOSOSKI_OHRID_MITING[1]

Во настапот пред членството во општина Илинден во партиските канцеларии, и Милошоски и Ѓорчев, слично како и во другите месни комитети, објаснувале дека единствен виновник за недобивањето датум е пречката што на земјата  ја прави Грција со името.

Двајцата, според партиските извори, имаат задача да спречат евентуално незадоволство и ширење дефетизам помеѓу вмровците дека сепак, покрај Грците, за уназадувањето на земјата на патот кон ЕУ, вина имаат и домашните власти односно немањето демократија, селективно судство, партизирана администрација и корупција која е во пораст.


Ептен почна зорт да ги фаќа... Што ли ќе лажат сега помеѓу своето членство? Ќе ги сскаат и палат како кучиња пред борба и ќе им кажуваат дека комуњарите се криви за се? Хехехехехе.. 7 години на власт, а целиот процес наместо напред отиде дааааалеку назад, и уште бараат кривци во другите, ни никако и никогаш кај себе.


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2013 во 21:17

Она политичка волја некако ми мути вода...
то значи дека они...
ако сакаат ќе го решаваат прашањето...
ако не, то е нивна волја...
а наш проблем...

а го слушам оној Фрчковски...
вика, глупост било да бараме директни преговори...
а...?!

У право ли е...збунетост
Фрчковски v.s. Боцевски...


Изменето од којсумјас - 18.Јули.2013 во 21:24
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 22:32
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

... припојување кон БГ или Србија и чао белла ќе биде со Македонија.
...

Точно, големите сили можат да направат Република Македонија да се припои кон БГ или Србија. (btw. а зошто не кон Албанија, Грција или да речеме кон Косово?плазење )

Значи, има 2 варијанти:
1. Ако не’ спојат со друга држава, Република Македонија како таква нема да постои.
2. Ако самите си го смениме името, Република Македонија како таква нема да постои.

И? Која е разликата? не знам

За мене е поприфатливо самите да не прифатиме промена на името, бидејќи ако прифатиме, тогаш со сигурност нема да постои Република Македонија. А ако не прифатиме ... има некои шанси ... кој ќе го знае ... 20 и кусур години „се влечеме“, па зошто не уште толку. Можеби нешто ќе излезе! Тоа никој неможе да го предвиди.


Р.Ѕ.  Е да, луѓето пак ќе си живеат на овие простори, ама тогаш ќе си имаме многу пари, оти нели тие земји се во ЕУ, а таму ... пари, пари ... ма шта да ти причам. голема насмевка ма ајде

Р.Р.Ѕ. Зошто на сите кои сакаат да ни’ кажат дека во ЕУ е многу убаво, дека има многу пари ..., во прв план им се Германија, Британија, Франција, Холандија, Шведска, Финска ... зошто не даваат споредба со Бугарија, Шпанија, Португалија, Кипар, Малта, Словачка, Литванија ...?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2013 во 01:24

 a shto?!изненадување...ushte ne e smeneto?
...mislam  aktuelnovo....Fyrom .
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
aurelianus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aurelianus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2013 во 14:56

ne sakame nie,ne e samo do grcite.

a moze ke se vikame,ke ne krstat vo juzna srbija.

8"
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2013 во 15:03
Веќе имаме ново име и новата карта сигурно е напревена.Поделба сигурен сум дека пак ќе има.
I just wanna feel real love.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2013 во 16:35
Originally posted by FosterThePeople FosterThePeople напиша:

Веќе имаме ново име и новата карта сигурно е напревена.Поделба сигурен сум дека пак ќе има.
 

покажи мата и кое вие новото име ?
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2013 во 17:44
Картата не е кај мене,а името е ФИРОМ,а уште малце и тоа ќе го немаме.
I just wanna feel real love.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2013 во 11:02

Самарас и пред ОН одби да разговара за Македонија...

И...

што ни е гајле нас бре за Самарас...

се додека имаме поддршка од Зимбабве...

а никако да не го заборавиме и Того...

со главен град Ломе...намигнување

ич кур не ни чуе...

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 170171172173174 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.