IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7576777879 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2013 во 10:50
1 Коринтјаните 1:27-29.

Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните; и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто, за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2013 во 07:55



   
Градот беше четириаголен, а должината му е колку што и широчината.
Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува 2220 километри;
должината, широчината и височината негова - му беа еднакви.



Откр. 21:16






Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2013 во 09:05




Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,
од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,
да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,
и преку верата Христос да се всели во срцата ваши,
та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е длабочина и височина,
и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење,
за да се исполните со сета полнота Божја.

Еп.Ефес. 3:14 + сле.   








Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2013 во 10:43
2 Самуил: 23:2-3...7


”Господовиот Дух зборува преку мене, Неговото слово е на мојот јазик.
Јакововиот Бог ми рече, Израелевата Стена ми рече: ‘Кој владее праведно со луѓето, и кој владее со страв Божји,
тој е како утринската светлина кога ќе огрее сонцето, утро без облаци, на кое светка земната трева после дождот.’
Да, мојата куќа стои цврсто пред Бога: Тој склучи вечен Завет со мене, во сè добро уреден и утврден. Да, Тој ќе направи да напреднува сето мое спасение и секоја моја желба.
Беззакониците се како трња во пустината, зашто никој не ги фаќа со рака.
Никој не ги допира освен со железо и со дршка на копјето и потполно ги изгоруваат во оган.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2013 во 10:37
Евреите 12


14 Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа,
15 внимавајќи да не му недостасува некому Божјата благодат, „за да не изникне некој горчлив корен” и за да не ве вознемири, и за да не се онечистат со него мнозина;
16 да не биде некој блудник или несвет како Исав, кој за едно јадење го продаде своето првородство.
17 Имено, знаете дека подоцна кога сакаше да го наследи благословот, беше отфрлен, зашто не најде место за покајание, иако го бараше со солзи.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2013 во 12:20
Римјаните 8

31 И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?
32 Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сè друго со Него?
33 Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува?
34 Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?
35 Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?
36 Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.”
37 Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби.
38 Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите,
39 ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2013 во 10:15
Еремија: 29:8
Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите бајачи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате.

Захарија: 10:2
Зашто лажните гледачи зборуваат празни зборови, и вражачите гледаат лажливи работи и прикажуваат лажни соништа; тие утешуваат со празни зборови; затоа талкаат како овци, талкаат оти немаат пастир.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 11:05
1 Коринтјани: 5:7-8...13


Очистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас.
Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и лукавството, туку со бесквасниот леб на искреност и вистина.
Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници,
не воопшто со блудниците на овој свет, или со лакомците, или со разбојниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот.
Но сега ви напишав да не се дружите со оној, кој се наречува брат, а блудник е или лакомец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница или разбојник. Со таков и да не јадете!
Зашто, не ми се паѓа мене да ги судам оние, кои се надвор? Зар вие не им судите на оние, кои се внатре?
А Бог ќе им суди на оние кои се надвор. „Отстранете го злиот од својата средина!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2013 во 11:24
9 Кога мудриот спори со безумникот, или да се гневи, или да се смее, сеедно, нема мир.

Неправедникот им е омразен на праведните, а праведникот е омразен на нечесните.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2013 во 23:39
СПАСЕНИЕТО ПРИБЛИЖУВА - ПОВИК ЗА СВЕТ ЖИВОТ

РИМЈАНИТЕ 13


11 И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме.
12 Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги офрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината!
13 Да одиме пристојно како дење, не во гозби и пијанки, не во блуд и страстољубие, не во препирки и зависти,
14 туку облечете се во нашиот Господ Исус Христос, и не мислете како да ги задоволите похотите на телото
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2013 во 10:07
ЛУБОВТА Е ЈАТКА НА ЦЕЛИОТ БОЗЈИ ЗАКОН

РИМЈАНИТЕ 13


8 Не должете му никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби другиот, го исполнува Законот.
9 Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!” - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!”
10 Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2013 во 11:13
Колосјани: 3:13

Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие!

Псалми 106:47

Спаси нè, Господи, наш Боже, и собери нè од безбожните народи, за да Го славиме Твоето свето Име, за да се фалиме со Твојата Слава.


СКАПОЦЕН ТЕМЕЛ И СВЕТА ГРАДБА

2Петар 2:4-9

Дојдете кај ИСУС ХРИСТОС. Тој е Живиот Камен, Кој , навистина од лугето беше отфрлен, но БОГ го одбра и за Него е скапоцен.Сега и вие како живи каменња сте вградени во еден духовен дом, за да бидете свето свештенство, да принесувате духовни жртви прифатливи за Бог, заради ИСУС ХРИСТОС.За ова во Светото Писмо Бог вели: Еве ,во Ерусалим ке поставам Камен темелник, одбран и скапоцен, кој ке поверува во НЕГО, никогаш нема да се разочара. Да за вас што верувате:Тој Камен што зидарите го отфрлија ,стана Камен темелник, Скапоцен Камен,а за оние што го отфрлаат ,истиот Камен е: Камен од Кој ке се сопнуваат, Карпа преку која ке паѓаат.Тие се сопнуваат затоа што не ја слушаат и не ја веруваат Божјата порака. Но вие сте одбрани луге царско свештенство, свет народ, луге што му припаѓаат на Бога. Вие сте избрани за да им ја покажете ла луѓето Божјата добрина, зашто БОГ ве изведе од темнината и ве воведе во Својата прекрасна светлина.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2013 во 10:22
Исаија 49:14
Сион рече: „Господ ме остави, Господ ме заборави.”
15 Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас нема да те заборавам тебе.
16 Ете, те врезав во Своите дланки, твоите ѕидови секогаш Ми се пред очите.

Малахија: 1:6

Синот го почитува таткото, а слугата господарот. Но ако Сум Јас Татко, каде е почитувањето кон Мене? Ако Сум Господар, каде е стравот од Мене? Тоа ви говори Господ над Воинствата вам, свештеници, кои го презирате Моето име, а прашувате: ‘ Со што го презревме Твоето име?’


Пословици
14:26 Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.
14:27 Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.
15:33 Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2013 во 10:57
Исаија 45:18

Да, вака зборува Господ, Творецот на небесата - Тој е Бог - Кој ја вообличи и ја создаде земјата, Кој ја зацврсти и не ја создаде пуста, туку ја вообличи за живеење: „Јас Сум Господ и нема друг.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7576777879 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.