|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 9495969798 157> |
Автор | |
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскопот ви открива дали знаете да лажете
и дали… Вашиот партнер лаже подобро!!! Знаеме дека лажењето не е убаво и ја сите ја знаеме онаа народната „На лагата кратки и се нозете“… но понекогаш и самите се фаќаме како измислуваме некои работи, а понекогаш и не можеме да ја избегнеме лагата… Според хороскопот некому лажењето му е вродено, некој лаже од забава, некој лошо лаже и… Близнаци Најголемите лажговци во хороскопот. И кога со најнаивниот израз на лицето ќе Ви се заколнат дека не лажат…знајте лажат. Тие тоа го прават од забава, глумат но многу се претпазливи нивната лага да не повреди никого. Скорпија Најуверливиот лажго. Измислуваат безобразно и ладно, но често нивните лаги не повредуваат никого. Лажат за да се извадат од веќе лоша ситуација. Лажат потценувајќи ја интелигенцијата на другите. Затоа секогаш бараат личности кои ќе им бидат равни во лажење затоа што таквите им се предизвик. Обожаваат да играат со лагата. Лав Лавот всушност е најискрениот знак во хороскопот. Лавот не лаже но ги преувеличува своите животни случувања, создавајќи приказна од сиријалот Џејмс Бонд… и сето тоа со силна желба да бидат во центарот на вниманието со понпезност и значајност. Овен Овните лажат неспретно и спаѓаат помеѓу најнеинвентивните лажговци. Импулсивно одлучуваат да лажат. Со висок тон на гласот во ефект лажат и често забораваат што излажале, а со тоа и често самите се заплеткуваат во мрежата на лагата. Дури се сметаат за најсмешните лажговци во зодијакот. Стрелец Вистината е неговото најсилно оружје. Кога лаже се чувствува несигурен. Кога лаже се црвенее и почнува да пелтечи и прави разни гестикулации како би ја затскрил слабата интелигенција на за лажење. Водолија Водолиите нејќат да лажат, но спремни се на се па дури и по секоја цена да ја „заташкаат вистината“. Доколку водолијата оцени дека треба да лаже ќе лаже до крај… Со водолиите лагата е повеќе од лага, можат стручно да ве изиграат. Вага Вагите ја заобиколуваат лагата. Тие попрво би премолчеле и дискретно би ја смениле темата, со нивната моќ на заведување отколку да почнат да лажат. Кога се присилени, лажат за да ги ублажат непријатните можни последици. Рак Доколку сакаат да Ве излажат ќе го направат тоа на најпрефинет начин. Тешки се за фаќање кога лажат. Точно памтат што излажале и кого излажале и нивната лага станува туѓа вистина. Но мора да се напомене дека тие ретко лажат за своја корист а многу почесто за користа на оние кои ги сакаат од се срце. Риба Рибите лажат мајсторски, но секогаш за ситни и непромислени лаги само да ги избегнат обврските и да го направат својот живот по интересен. Јарец Јарецот е супер лажго. Неговите лаги се добро смислени и предвреме создадени алибија за секоја искажана лага. Тие лажат ретко но кога ќе ве излажат Вие сте излажани тешко ќе забележите дека се изманипулирани. Бик Бикот лаже само во специјални ситуации, ја презира лагата па дури и полувистините. Лаже да Ве излаже и тогаш најверојатно нема ни да забележите дека тоа е така. Девица Ретко се служи со лагата како оружје. Но кога ќе ја употреби, лагата е толку иситнета што верувајте и самите не ќе знаете што е што и зошто ве лажела. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема врска...
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да не си близнаци?
|
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алкохолен хороскоп
Многу години наназад луѓето ги толкуваат ѕвездите и нивната поставеност со цел да си го предвидат денот, месецот, годината па и животот. Астролозите веруваат дека хороскопот може да каже сé за вашата личност, може да ви каже што ви одговара а што не, што е добро а што лошо за вас. Овој пат астролозите го направија алкохолниот хороскоп, кој покажува кој пијалок е најдобар за секој од нас, според нашите карактерни особини. Овен Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни. Тие сакаат да пробуваат нови работи, па пробувањето на нови коктели е нивни чест предизвик. Важно е само она што го пијат да не е многу слатко, а и многу брзо им здосадуваат вкусовите. Бик Биковите се весели, пријателски настроени луѓе кои уживаат во добро друштво и забава со блиските пријатели. Подобро се забавуваат со одбрано друштво отколку опкружени со луѓе кои не ги познаваат на луда авантура. Тие го ценат раскошот, па знаат да си дозволат чаша квалитетен и скап пијалок. Биковите имаат мал проблем со контрола над количината, како за храна така и за пијалок. Тие најмногу го ценат доброто виски. Близнаци Тие се многу комуникативни, отворени и лесно се снаоѓаат со секакво друштво. Под дејство на алкохол лесно кокетираат и комуницираат со непознати. Идеален пијалок за нив е пивото, но знаат да посегнат и по добро црно вино. Рак Они се импулсивни и многу емотивни, многу често го менуваат расположението и под дејство на алкохолот знаат да се однесуваат помалку театрално. Ги сакаат добрите италијански вина, но и слатките ликери може да дојдат во предвид. Лав Лавовите се великодушни, забавни, креативни и често сакаат да се напијат по една чаша со пријателите. Идеален пијалок за нив е џин, кој може да го пијат во секаква комбинација чист или мешан. Алкохолот нив може да ги направи само посимпатични и затоа се омилени во друштвото. Девица Тие се прекрасни луѓе, но под дејство на алкохол знаат да бидат помалку комплицирани. Омилен пијалок им е џинот, чист без никаква екстра калорија. Ако претераат со алкохолот на виделина може да излезе нивната потисната, помалку агресивна страна па тогаш навлегуваат во вербални конфликти. Вага И во најтешките ситуации, припадниците на овој знак можат да ја држат под контрола ситуацијата. Тие се луѓе со кои сигурно добро ќе си поминете на забава, лесно се вклопуваат во нови друштва. Идеален пијалок за жените е мартинито, а за мажите вискито. Ретко се случува да се опијат, а ако дојде до тоа следниот ден им е навистина тежок. Шкорпија Тие се одлучни, моќни, силни. Исто така може да бидат љубоморни и посесивни, па тоа доаѓа до израз со претераниот алкохол. Нив им одговара се и виски, и водка, а можат и пиво. Стрелец Тие ја сакаат слободата, искреноста и отвореноста, па таков е и нивниот избор на алкохол. Не сакаат “нашминкани” пијалоци, ги сакаат чисти. Тие обожаваат добра ракија, но не им претставува проблем да испијат и по некое пиво. Само треба да внимаваат да не мешаат многу, тогаш емоционалната страна доаѓа до израз. Јарец Тие се практични, внимателни, тврдоглави и помалку резервирани. Ако се решат на лудо излегување, се опуштаат целосно, но никогаш не забораваат на водата која ги одржува во “живот” и лесно ја одржуваат самоконтролата. За нив идеален пијалок е белото вино. Водолија Идеален пијалок за нескротливите водилии е текилата во сите облици. Може да ја пијат чиста, но и во комбинација со некој коктел. Не им треба многу за да си поминат луда и опуштена вечер. Риби Како што се чувствителни, нежни и често повлечени рибите на нив им е потребен пијалок кој ќе им даде топлина и истовремено ќе им го “одврзе” јазикот. За нив се идеални мешаните пијачки. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, имаш уште една можност да погодиш. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лав?
|
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, погодувај според емотиконите што ги ставив. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ни помош ни ништо туку се си мислам дека ти беше роденден зимно време?
ДЕВИЦА беше ти Изменето од Schatzii7 - 29.Јули.2013 во 16:53 |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
стрелец... подзнак сум девица. Изменето од LiDivio - 29.Јули.2013 во 16:54 |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не ми оди ова погодувањево
знаев дека имаше нешто со девица спомнато Изменето од Schatzii7 - 29.Јули.2013 во 16:56 |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со што освојува секој хороскопски знак?
Овенот освојува со својот сексапил. Бикот освојува со својата амбициозност и успешност. Близнакот освојува со поглед. Ракот освојува со бакнеж. Лавот освојува со својот неприкосновен шарм. Девицата освојува со рамнодушност. Вагата освојува со мудроста која ја поседува. Скорпијата освојува преку сексот. Стрелецот освојува со добриот изглед. Јарецот освојува со својата прекрасна насмевка. Водолијата освојува со својата добродушност. Рибата освојува со нежност. |
|
I just wanna feel real love.
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мааните на хороскопските знациОВЕН 1. Овните имаат најманипулативен нарав. Би требало да научат како да го контролираат бесот. 2. Да се забавувате со Овен значи да бидете во врска со незрела и наивна личност, па понекогаш ќе ви се чини дека имате работа со тинејџер наместо со зрела и возрасна личност. 3. Овните сакаат да се впуштаат во нови нешта, но не можете да очекувате од нив дека ќе ја довршат работата, бидејќи во меѓувреме вниманието ќе им го одземе нешто друго. 4. Имаат големи проблеми со трпението. 5. Многу се себични и немојте да се чудите ако не се потрудат да ги сфатат вашите амбиции. БИК 1. Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победуте во расправија. Тие едноставно не попуштаат. 2. Со среќа нека ви е поделбата на домашните обврски. 3. Нивните потреби се секогаш поважни од потребите на другите лица. 4. Ужасно се неинтересни. 5. Тешко се отвораат емотивно, па од нив не можете да очекувате да ги поделат своите грижи. БЛИЗНАЦИ 1. Близнаците се во потполност неверодостојни личности. 2. Секој ден е предизвик бидејќи никогап не знаете која страна на личноста ќе преовлада. 3. Слаткоречиви се и многу ветуваат, но се останува само на зборови. 4. Брзо се заситуваат. 5. животот со Близнаците значи да се живее со полудовршени проекти и идеи. РАК 1. Нивните промени во расположението се исцрпувачки. 2. Раковите се сколни на навреди, но никогаш нема да ја земат одговорноста за искажаното. 3.Наметливи се. 4. Можно е да се случи да ве запросат на вториот состанок. 5. Животот со Ракот може да биде прилично досаден. Така, тешко ќе ги натерате да одите во некој нов ресторан или на некое непознато патување. ЛАВ 1. Со Лавот никогаш нема да се чувствувате сигурни во врската бидејќи се склони на флертување во било кој, било каде. 2. Никогаш нема да ве сакаат како што го сакаат својот одраз во огледалото. 3. Ниту еден Лав никогаш не признал дека не е во прво. 4. Нивната баналност е непријатна. 5. Мора да бидат во центар на вниманието, па секогаш покрај нив ќе бидете во сенка. ДЕВИЦА 1. Склони се на осудување и на претерани критики. 2. Животот со Девицата значи дека секогаш ќе треба да го направите привот чекор. 3. Променливи се. 4. Несигурноста им е вродена. 5. Ако случајно оставите валкана чаша, ќе го памти тој „инцидент“. ВАГА 1. Никогаш нема да знаете што навистина мислат, бидејќи Вагите ќе ви го кажат само она што мислат дека сакате да го чуете. 2. Донесувањето на одлука трае со часови. 3. Во секој момент може да ви го свртат грбот без никакво објаснување. 4. Опседнати се со физичката убавина. 5. Им недостига волја. ШКОРПИЈА 1. Љубоморната Шкорпија е надалеку позната. 2. Никогаш нема да знаете што всушност чувстува бидејќи се склони кој манипулација дури и на своите чувства. 3. Спремни се да ве остават и да ве повредат како никој до тогаш. 4. Многу се таинствени. 5. Малите расправии ги претвораат во огромни драми. СТРЕЛЕЦ 1. Стрелците се најлоши сослушувачи од сите хороскопски знаци. 2. Забавата е единствено нешто што им е во мислите. 3. Тие знаат апсолутно се, така што, среќно ако пробувате да ги научите нешто ново. 4. Многу се доминантни и склони да контролираат. 5. Често пати немаат осет на туѓите чувства. ЈАРЕЦ 1. Нивниот приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го кажат. 2. Два збор: контрол фрик! 3. Се што прават, прават исклучиво поради себе и не се грижат дали ќе ве повредат. 4. Ја сакаат рутината па врската во нив е многу досадна. 5. Затворени се зад своите ѕидови. ВОДОЛИЈА 1. Водолиите го живеат во својата глава и често се чини дека се отсутни. 2. Тие секогаш знаат што е најдобро па врската во нив може да се чини дека е константно добивање инструкции. 3. На состаноците ретко ќе бидете сами заедно, бидејќи го сакаат своето друштво. 4. Сакаат однапред да донесуваат заклучоци и да осудуваат. 5. Секогап ќе знаете што мислат, но не и што чувствуваат. РИБИ 1. На Рибите им е потребен многу простор. 2. Не можете да ги натерате да го довршат она што го започнале. 3. Ретко знаат што сакаат од животот.
4. Рибите ќе ги жртвуваат своите потреби и емоции за врската да биде поквалитетна, но подоцна ќе ви замерат за тоа. 5. Секоја своја врска ја идеализираат, но од вас очекуваат да ги исполните нивните фантазии за совршен партнер. |
|
Внеси реплика | страница <1 9495969798 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |