IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ЧЕТВРТА ГЛОБАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА HA ОМД
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЧЕТВРТА ГЛОБАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА HA ОМД

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2013 во 23:50

Мето Колоски, лажен патриот по кеш тарифа









Напишано од Зоран Божиновски

 

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, освен набројаните бизниси за квалитетна провизија со израелската компанија ЕЛБИТ и сопствениците на шпијунскиот софтвер Фин Фишер, има развиено и бизнис со македонскиот патриотизам. Во дијаспората постои лажната патриотска организација Обединета Македонска Дијаспора, раководена од лажниот патриот Мето Колоски. Антонио и Мето измислиле профит преку наплата на македонски патриотизам по тарифник за кој квалитетно им се плаќа од доаѓањето на Никола Груевски на власт.


Веднаш по победата на ВМРО ДПМНЕ на јулските избори 2006. и по седнувањето на Антонио Милошоски во фотелјата во министерството за надворешни работи, воспоставена е интензивна маил комуникација со американско-македонската организација со триумфално име, Обединета Македонска Дијаспора. Во реалноста нема никаков триумф во работењето на ОМД со американскиот Македонец Мето Колоски на чело. Суштински, оваа организација е измислена за цицање кеш пари од македонскиот буџет, со амин на новопечениот министер за надворешни работи во тоа време, Антонио Милошоски. Неколкумесечните подготовки на менторот Милошоски и послушникот Колоски, резултираат со два договори на Владата на РМ на почетокот на 2007. година, со две лоби куќи, едната европска „Вебер Шендвик„ и другата американска „Квин Гилеспи„. Номинално, договорите со две лоби куќи се потпишани за лоби ангажман на полето на евро и НАТО интеграциите, како и ангажман на овие лобисти околу решавањето на спорот со Грција. Од денес достапни медиумски објави, но и од проспектот на „Вебер Шендвик„ (извадоци имате во прилог во галеријата слики!), знаеме дека месечните оброци кон американската лоби куќа изнесувале најмалку 32.000 американски долари, а кон европската лоби куќа било плаќано и по неколку стотини илјади евра од буџетот на РМ (види прилог).


Од денешна перспектива јасно се заклучува дека Милошоскиии и Колоски манифестирале евро/доларски кеш патриотизам за продавање на „чист македонски воздух„ во лименка од кока кола, оти ефектите од нивните кампањи преку двете реномирани лоби куќи се еднакви на нула. Не толку заради неспособноста на двете лоби куќи, колку поради паралелното терање на кампања „НЕ У ЕУ!„ и перманентното опструирање на преговорите за решавање на спорот околу името со Грција, токму од македонска страна. Со откривање на низа докази за инволвираноста на Антонио Милошоски во овие опструкции, станува јасно дека ангажманот на „Вебер Шендвик„ и „Квин Гилеспи„ од страна на Антонио Милошоски, со потпис на Никола Груевски и посредништво на измамникот и мешетарот Мето Колоски, бил само да се исцица огромен кеш од буџетот за плаќање на фактурите на лоби куќите, за никаква работа. Од проспектот на „Вебер Шендвик„ јасно се чита дека Мето Колоски и ОМД посредуваат во овој патриотски кеш инженеринг измислен за лесна заработка.


Од своја страна, Мето Колоски лаже дека нема врска со Антонио Милошоски и со двете лоби куќи. За да го соочам со тие лаги, уште додека Милошоски беше министер за надворешни работи си обезбедив докази за посредништво за провизија на Мето Колоски и ОМД. Потоа му испратив и прашања по маил за да видам дали ќе лаже. Еве ги прашањата и неговите одговори:

Господине Колоски, какви се Вашите релации со Министерството за надворешни работи и со министерот Антонио Милошоски?

ОМД има одлични односи со МНР и министерот Милошоски. Контактираме повремено преку е-маил и разменуваме мислења за работи поврзани со македонската дијаспора. Имавме слични контакти и со г. Илинка Митрева додека таа беше на истата позиција. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму со министерот Милошоски и во иднина. Според нас, министерот има план како да ја ангажира дијаспората и ние го поддржуваме овој план.


Дали Вие лично имате некаква (било каква!?) улога во определувањето на актуелната Влада на кои лоби куќи (фирми!) ќе им го препушти лобирањето за Македонија во Вашингтон и Брисел?

Не, ние немаме никаква директна улога. Низ разговор сме одговориле на прашања што мислиме за повеќе организации во Вашингтон од проста причина што ние сме присутни тука, но ние немавме улога ниту пак било какво влијание за тоа кои куќи ќе лобираат за Македонија во Вашингтон. Одлуката ја дознавме од медиумите.


Имате ли било какви врски со лоби фирмите „Квин Гилеспи„ и „Вебер Шендвик„?

Нас ни се познати овие две фирми заради тоа што се доста активни во Вашингтон. „Квин Гилеспи„ е меѓу најдобрите пет фирми во Вашингтон, а „Вебер Шендвик„ ја доби наградата 2005 European Consultants Firm of the Year“, како една од најдобрите ПР фирми во светот па привлече доста внимание. Но, пак ќе повторам, ние немавме никаква улога нити пак имаме релации со ниту една од овие две фирми.


НАПОМЕНУВАМ повторно дека Мето Колоски кога одговара на овие мои прашања и ми ги испраќа по маил, ПОИМ НЕМА ДЕКА ИМАМ ДОКАЗИ ДЕКА ЛАЖЕ т. е. дека го имам проспектот на „Вебер Шендвик„ во кој јасно пишува дека е посредник помеѓу нив и македонската Влада. Во тој момент, а и до сега кога го чита овој текст, Мето Колоски поим нема дека имам негови маил преписки со Антонио Милошоски и директорот на „Вебер Шендвик„, кои до мене ги испрати дел од неговите соработници кои не беа задоволни од неисплата на нивната заработка од сработеното во ОМД. Имено, Мето Колоски милува да лаже и да манипулира, да не ја кажува фактичката состојба и да не прикажува прилив на пари. Поради ова, неговите соработници ми го доставија уште тогаш (јануари 2007.) проспектот на Вебер Шендвик„ кој се однесува на посредништвото на Колоски меѓу „Вебер Шендвик„ и македонската Влада, која е нарачател на „услуги„. Па така, иако мене Колоски ми тврди дека врска нема со оваа работа, сепак од неговата маил комуникација со Милошоски и Роберто Ферињо, директор на оваа лоби куќа, читаме нешто сосема друго. Во оваа маил порака до Ферињо, манипулаторот Колоски му објаснува дека бил во Македонија и се сретнал со Груевски и Милошоски и со тогашниот државен секретар во МНР и дека на Милошоски му препорачал да не објавува тендер за оваа работа и дека е најдобро да се потпише договор со „Вебер и Шендвик„ со непосредна спогодба. Уште згора Колоски нагласува и дека неговата фирма и жиро сметките се подготвени за реализација на финансискиот аранжман. Маил пораката ја имате во прилог на овој текст, како и маил пораката до Антонио Милошоски на оваа тема во која Колоски му дава инструкции на министерот во тоа време како да се однесува и што да прави за бизнисот да успее и тарифата да им донесе кеш... ДОКАЗ ДЕКА СЕТО ОВА Е ВИСТИНА Е ПОДОЦНЕЖНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ ВЛАДАТА И ЛОБИ КУЌИТЕ „ВЕБЕР ШЕНДВИК„ И „КВИН ГИЛЕСПИ„, ПОТПИШАН СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА И БЕЗ ТЕНДЕР!!!


Договорите беа потпишани на почеток на 2007. година и за лобирање на овие две лоби куќи им се исплатувани редовно, на месечно ниво, фактури од кои боли глава. На сите исплатени пари од буџетот на РМ, провизија имаат Мето Колоски како посредник и Антонио Милошоски како одобрувач на лоби кампањите како неопходни и крајно корисни...


УТРЕ: Писмо од дијаспората - КОЈ Е МЕТО КОЛОСКИ!?

УПС .....не кажувај никому
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2013 во 01:17
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Незнам дали Божин Павловски го сметате за дијаспоранамигнување оти човекот е само 25 години во својата втора татковина, а сега очигледно ја напушта првата си татковина и пред заминување ги пресече папочните врвци со институциите.
Божин Павловски излезе од МАНУ и ДПМ
Меси ( со кој за многу работи се разидуваме, спориме, ама сепак си го почитувам оти има и теми за кој се согласуваме и од кој најмногу црпам информации кога ми треба некоја консултација за образованието надвор од овие граници големо гушкање) вели незнае дали се скарани меѓу себе, вели не се во дослух со владеачката политика, вели многу работи, ама нејсе можеби и незнае дека едно се зборува друго се правиголема насмевка. Вчера, поточно синоќа една пријателка правејки муабет онака уз кафе ми вели дека Божин  ќе го лустрирале оти го бранел Славкозбунетост. Јас онака наивно ја прашав случајно да не го бранел Славко оти знаел дека ако се отвори пандорината кутија на крај нема да остане ни надежта дека имаме „видни дејци„ кои не биле кодошитага Што чудна земја си бевме, не останаа патриоти и земјољубци, се е кодош, предавник и тоа официјално, една постава ни кажува за друга па обратно притоа не размислувајки дека ја „соголеја и сотреја„ и историјата и културата и традицијата и дејците кои ја кроеја низ вековите. Може ли некој да ги сопре ( и едните и другите)?
И на крај зошто тоа тука го пишувам, во темата за глобалната конференција на дијаспората?збунетост
Епа затоа што бадијала ни се милион глобални конференции на кој ќе зборуваат луѓе за кои и не знаеме дека во некоја си блиска или далечна иднина може да бидат лустрирани и да се докаже дека биле шпиони/кодоши и соработници со власта.тага



Уметник е уметник, научник е научник... и кодош може да биде секој од нив, без обзир дали е од дијаспората или е некој кој не мрднал никогаш надвор од татковината.

И уште нешто, уметничките и научните заслуги никому не му дава виза за кодошење и уништување на туѓи животи, ниту му дава амнестија од последиците на неговиот однос.

P.S.Коментарот не е соодветен на тематава бидејќи ние во неа говориме за сегашниот придонес на мноштвото луѓе за Макдонија, а не за тоа дали можеби некој од нив некогаш ќе биде лустриран за неговиот некаков однос. Говориме за оноа што Е, а не за оноа што МОЖЕБИ би било со некој од нив.



Изменето од Messenger - 20.Јули.2013 во 01:23
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2013 во 01:47
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Во дијаспората постои лажната
патриотска организација Обединета Македонска Дијаспора, раководена од
лажниот патриот Мето Колоски
.


Народот има многу убава поговорка која вели "ќе тресне глупост и ќе остане жив".

Ова е нешто најсоодветно што може да се прокоментира за напишанава глупост.

И ќе повторам уште еднаш, секој кој сака од прва рака да се запознае со ОМД и нејзината работа сега има шанса да го стори тоа во директен контакт со сите оние луѓе кои ќе дојдат на Конференцијата во Скопје.

Така ќе види колку е "лажна оваа организација", колку се "лажни оние кои членуват во неа", колку се "лажни сите оние кои активно ќе партиципираат" со свои дела на Конференцијата и т.н.

Не дозволувајте да ве заведуваат негативци од секаков калибар кои тоа го прават од личен, партијски или странски интерес.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2013 во 13:48
Ниту сум го напишал, ниту измислил сево ова... човекот го напишал, објавил, а врз тоа објавува и документација... Овој муабет т.е пишуваното со докази, сеуште никој не го оспорил, а премногу брзо се рашири по народот. Така да јас верувам на цврстиот доказ.. конференцијата и не ми е многу веродостојно нешто, тоа ти е исто како да ми речеш дојди на митинг на ве ме ро то, и да слушаш, а знам дека 90 % од кажаните работи на тие митинзи се популистички, пренадувани, измислени и бајки за мали деца, кои некогаш прераснуваат во утопија.


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2013 во 00:11
Не реков дека си го измислил оноа што си го пренел, туку реков не им верувај на оние кои однадвор си конструираат свои приказни со цел да омаловажуваат и уриваат македонски организации.

За жал такви имало, има и ќе има.

Нам надворешни непријатели не ни требаат, доволни ни се овие внатрешните.

Ќе ти повторам уште еднаш, ако НАВИСТИНА сакаш да ја дознаеш вистината дојди личнио и увери се во неа од прва рака, а не од рекла-казала и "документи" од уривачите на македонштината.

Ама штом не те интересира вистината...   




Изменето од Messenger - 21.Јули.2013 во 23:10
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2013 во 02:14
Ме интересира за КАКВА МАКЕДОНШТИНА ЗБОРУВАШ И КОИ СТЕ ТОА ВИЕ КОИ МИСЛИТЕ ДЕКА ЗБОРУВАТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА.
Јас би ти поставил едно праШање,пошто се сметаш за голем патриот со Кољо водачот,
Дали ви знаете за оние кои прострадаа за македонија,по затворите ,од 1946-47,па наваму,Дали знаете за нивните семејства,како и сега си поминуваат,како се десеткувани БАШ од НАСЛЕДНИЦИТЕ НА ТИЕ РЕЖИМИ,
Дали знаете на кого се населдници Денешните Властодршци, дали ви е позната УДБА, КОС и други служби,
Дали знате зашто Драган Богдановски(ОСНОВАЧОТ на ВМРО-ДПМНЕ),веднаш после неколку месеци си замина од Македонија,
Дали знаете за ВРХОВИЗМОТ,не вие не знаете МНОГУ РАБОТИ,НО
РАЗВИВАТЕ ГОЛЕМА ПРОПАГАНДА,рамна на ГЕБЕЛСОВАТА,и затоа не зборувајте многу,зашто не СТЕ ГИ ПРАШАЛЕ ВИСТИНСКИТЕ КОИ ПРОСТРАДАЛЕ И КОИ ОСТАНАЛЕ ОВДЕ.
Затоа Ви ВЕЛАМ,на вашата КОНВЕНЦИЈА;да му ПОСТАВИТЕ ПРАШАЊЕ НА ГОСТИТЕ ОД СВЕТСКИТЕ СИЛИ,да ГИ ВРАТАТ ДЕЛОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И ДА ГИ ОТВОРАТ СКРИЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ,па ПОСЛЕ ЌЕ СЕДНЕМЕ И ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ;ДАЛИ СТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА,ТОА ДА МУ ГО ПРЕНЕСЕТЕ НА Мето Колоски.


Изменето од Gorazd777 - 21.Јули.2013 во 02:15
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 04:07

Писмо од дијаспората: Мето Колоски, лик и недело









Напишано од Зоран Божиновски

 


Ви пишувам анонимно поради страв од последици. Ја видов најавата за Антонио Милошоски и Методија Колоски. Знам доста шокантни работи за патриотот по потреба и за кеш - Мето Колоски, работи кои македонската јавност има право да ги знае.

Би замолил внимателно да го прочиташ оваа писмо, во кое се наведени досега необјавени шокантни факти. Во првиот дел има информации за работењето на Мето Коловски за ДПМНЕ и неговите пљачки по дијаспората (читај молзење пари од тие кои ќе му поверуваат), а во вториот дел има докази кој самиот ги изнесува во интервјуа и написи, во кои се гледа дека работи за американските тајни служби.

 

Мето Коловски работи за американските служби, за ДПМНЕ и за парите на дијаспората, односно секаде кај што има интерес. Цел на американските служби е да се оствари контрола  над македонската дијаспора и да се влијае врз јавното мислење во Македонија. Истиот Мето Коловски во исто време работи и за ДПМНЕ се со цел ДМПНЕ да има сигурен пратеник од Америка. Во исто време Мето Коловски си работи на своја агенда за лично збогатување на грбот на македонските печалбари. Подолу е објаснето сево ова во детали.

Мето Коловски уште на претходните парламентарни избори изразил желба ВМРО ДПМНЕ да го кандидира за пратеник од Америка, но бидејќи немал македонско држвјанство ВМРО не ни го сфатила сериозно. Но тој упорно им се нуди, а ВМРО во него виде добар инструмент за контрола на дијаспората. Најверојатно и затоа постојано е поддржуван од провладините медиуми како Сител, Нет Прес и Курир, за преку него ВМРО да ги остварува целите. Пред неполна недела токму Мето Колоски се раскара со Игор Аврамовски (иден кандидат на Достоинство за пратеник од Австралија). Чудно е од каде Мето Колоски и ОМД прв пат досега почнаа „војна“ во македонската дијаспора токму со идниот кандидат на Достоинство за пратеник. За биде случајот уште почуден, тоа се случи нецела недела пред датумот за објавување на пресудата помеѓу Македонските Црковни Општини и Владиката Петар. Дали намерно и пополека некој подготвува терен против кандидатот на Достоинство Игор Аврамовски кој може да им земе пратеник на ДПМНЕ? Во секој случај, ова е само претпоставка.


Исто така, во приватниот живот Мето Коловски е склон на машкиот пол. Немам материјални докази за ова тврдење, но општо познато е дека живее со лице од машки пол од турска националност, а на неговиот фб профил силно ги брани хомосексуалците. Во Октомври 2012. Мето Коловски преку ОМД се избрза и излезе со официјална осуда на Македонец во Австралија (20 годишно дете Ананија Ананиевски) кој на својот фб профил го употребил зборот педер! Случајот беше толку банален (и смешен) што ОМД мораше да ја избрише веста. Не ли е премногу чудно однесувањето на Мето Коловски??? Зошто толку го заболело што некој искоментирал нешто негативно против геј парада во Австралија??? Се шпекулира наоколу дека американските служби се информирани за ова и успешно го злоупотребуваат ова. Немам информации дека можеби и ДПМНЕ има информации за неговиот афинитет кон машкиот пол.

Идол на Колоски му е Срѓан Керим. На нашите Македонци во Америка им организирал средба со неговиот идол, па им барал за секој кој ќе присуствува по 500 УСД од човек! Кога отпосле нашинците од Македонија го прашале како е можно да собира по 500 УСД од човек, тој само кусо им одговорил дека таму хотелите не биле по 50 долари како во Македонија. Истото го направил и за Груевски, Иванов и сличните, но наплатувал по 50-200 долари, иако средбите се одржувале во цркви кај што не се закупува сала и сл. Сите средби на Македонските политичари не одат преку неговата организација, но има добар дел кој ги организира и собира зелени банкноти преку ОМД. На средбите со Македонските политичари се собираат по 200 и повеќе Македонци, а на вечерите што ги приредуваат и преку 500. Ако на 200 наши им зеде по 50 долари за средба во црква со Груевски на пример, тоа се 10.000 долари за него лично, а ако зеде по 200, е тоа се веќе 40.000. На тие средби нема јадење и слично, тоа се средби во црква кај што нема никаков трошок.

Мето Коловски е патриот по повик и за кеш. Живее луксузен живот во Вашинтон на грбот на Македонската Дијаспора и се шета низ светот. Си има регистрирано организација со звучно име – Обединета Македонска Дијаспора (која е само една од 700  македонски организации низ светот), името е магнет за многумина иселеници да му донираат пари.  Така таа организација собира секоја година минимум 300.000 долари, а се шпекулира дека во последните години се собираат многу повеќе. Мето ги убедува иселениците со трикот демек ако дадат пари за ОМД ќе и помогнат на Македонија, па така Мето Колоски ги убедува да купат членство во ОМД кое изнесува од неколку стотини па се до 10.000 долари!!! Се члениш во ОМД и Македонија оди напред!!! За членарините видете повеќе на нивната веб страна:


http://umdiaspora.org/index.php/en/join-umd-today/261-become-a-united-macedonian-diaspora-member-today-and-help-macedonia


Овие членарини кои сега се нудат за 1.000+ долари MACEDONIAN COMPANIONS MEMBERSHIP LEVEL – $1,000 +, во минатото ги продаваа за цели 10.000 долари! Само погледнете колку луѓе имаат купено вакви членарини и сами пресметајте колку пари се тоа! Овде се имињата само на членовите за оваа година, сметајте колку пари досега има лапнато Мето  Колоски.


http://umdiaspora.org/index.php/en/get-involved-umd/macedonian-companions


Толку голем патриот е што на нашите во Македонија им бара 15.000 денари за влез на конференцијата на неговата организација што ќе се оддржи во Скопје,



http://umdglobalconference.com/en/registration/register-now.html


Видете му го само ценовникот. Ако некој сака да оди на конференцијата на неговата организација треба да плати $250, а ако сака веднаш да купи влезница ќе треба да плати $300 или скоро 15.000 денари. Сигурно дека нема дијаспората од Америка да доаѓа специјално во Скопје за оваа конференција, ова е повеќе за Македонците во Македонија. Бараат 15.000 денари само за присуство на таа нивна конференција??? Што се занесуваат???? Луѓето умираат од глад, а тие се толкави патриоти што бараат 15.000 денари за 2 дена во земја во која одвај се наоѓа месечна работа за плата од 7.000 денари. Просечен Македонец ќе треба да работи 2 месеци само за една влезница! И тоа не е се. За конференцијата во Скопје бара спонзорства кои достигнуваат и до 25.000 долари!!


http://umdglobalconference.com/en/sponsors-exhibits/be-a-sponsor.html


Толку пари бараат за една конференција, ако се вистински патриоти барем можат тие пари да ги донираат на некој на кој му требаат пари за лекување и да спасат некој живот. Или пат да купат храна за армијата од стотици илјади невработени и сиромашни Македонци кои одвај врзуваат крај со крај. И на крајот може ќе се најде некој печалбар што ќе им купи влезница, но што станува со тие пари??? Колку гладни усти може да се најадат со 15.000 денари? Мето се пофали дека на нивната последна конференција во Америка собрал 2.000 Македонци, ако направиме математика дека секој од нив платил по минимум 250 долари, испаѓа дека се собрани 500.000 долари само од влезници!!!

За да ги покрие парите, дополнително собираше пари (околу 20.000 долари собраа нашите) за хуманитарни настани во Македонија, за деца без родители и слично. Но тие се пари собрани од страна на иселениците кои Мето ги прикажува како да се од членарината на ОМД, сите пари од ОМД се прикриваат. Досега само ја замајува јавноста со трошките кои ги даваат.

Лани во декември повторно ОМД имаше акција, да се соберат 60.000 долари за работењето на ОМД до крајот на годината. Значи ова се дополнителни донации, не од членарини и влезници. Ако за еден месец собра 60.000 долари од донации, колку собира ОМД годишно од донации? Колку од членарина? Колку од влезници?

Никој не знае што станува со главнината од парите од ОМД, Мето Колоски тврди дека се трошат за лобирање за Македонија. Има најдено повеќе пребогати Македонци, како милијардерот Мајк Илич, кои дополнително ги молзе за пари и никој не му бара сметка за тие дополнителни пари, ниту пак некој знае колку се вкупно. А на тие малку кои му бараат, им ги покажува неговите лични трошоци за престој во Вашинтон!

Има Борд на директори на неговата организација кај што сите што одлучуваат се негови луѓе, а остатокот се ставени само на хартија. Има ставено и звучни имиња како советници за да нема никаков сомнеж каде одат  парите. Во врска со неговото лобирање и на Википедиа (иако википедиа не е реална, имаше интересни информации за Колоски) пишуваше за лобирањето на Мето Колоски и неговата организација, но текстот подоцна беше избришан. Како што гледам, има корисник на википедиа со име UnirtedMacedoniaDiaspora кој менува содржина, а има и многу скриени промени, моја претпоставка е дека Мето Колоски лично брише на Википедиа.


Колоски и службите


1. Официјална пријава до Американското министерство за Правда (Foreign Agents Registration Act (FARA) )


http://www.fara.gov/docs/3712-Short-Form-20080626-262.pdf


Потпишано е лично од Коловски дека се регистрира како лобист (соработник) на Турската Држава!!!! Исто така, под националност тој напишал САД, а не Македонец, иако добро се гледа дека има поле и за државјанство и за националност, значи тој не го пишува САД бидејќи е американски државјанин, туку навистина се смета за Американец по крв. Како може таков човек да изигрува македонски патриот? Исто така донирал пари за Турски организации, во 2010 1.000 долари, а во 2012.година 350 долари. Иако не се многу пари, ова кажува нешто. Овде убаво се чита и името ОМД


http://www.opensecrets.org/pacs/pacgave2.php?cmte=C00432526&cycle=2010

http://www.opensecrets.org/pacs/pacgave2.php?cmte=C00432526&cycle=2012

 

2. Организацијата на Мето Колоски се викала – Македонска Асоцијација на Студенти и Млади Професионалци, а потоа Колоски си ја преименувал во Обединета Македонска Дијаспора. ОМД на својата веб страна го потврдува ова:


http://www.umdiaspora.org/index.php/en/frontpage-news/58-unity/260-happy-8th-anniversary-united-macedonian-diaspora

I gathered about twelve of us and we met near American University.  That night, we informally established a group called the Macedonian Association of Students and Young Professionals (MASYP) of Washington, D.C....MASYP made sure there was a Macedonian at every event in Washington, D.C. related to Macedonia and/or the Balkans, a Macedonian voice.


Колоски потврдува и во ова интервју


http://diasporaalliance.org/macedonian-american-advocates-for-homeland-interview-with-metodija-koloski


(читај кон средината How did the United Macedonian Diaspora get started?)

 

Исто така, треба да се праша како е можно Мето Колоски на само 22 години сам да формира организација ОМД и зошто го избрал баш тоа име, со кое лажно се претставува дека ја обединува дијаспората?



Ова е најважниот дел


Нема да коментирам, само ќе го копирам текстот од интервјуто на Мето Коловски за време на одржувањето на Меѓународната Дијаспорска Конференција, на која говор одржа и Хилари Клинтон.


(Помош: На 7ми Ноември 2004. беше референдумот за територијална поделба на Тодор Петров, а на 28ми Октомври 2004. Коловски како 22 годишен студент е повикан во Стејт Департментот. Кој фактор е тој на 22 години да формира меѓународна организација??? Малку подоцна ОМД добива грант од 150.000 долари преку американски државни фондови. Не ли е малку чудно???)

 

http://diasporaalliance.org/macedonian-american-advocates-for-homeland-interview-with-metodija-koloski/


How did the United Macedonian Diaspora get started?

I came to Washington, DC in 2003....In October 2004, a few of us Macedonian-American advocates had a meeting with the U.S. Department of State to discuss U.S.-Macedonia relations, and one of the questions posed to us was “Is there a national organization representing all Macedonian-Americans?” There was no national organization for Macedonian-Americans (we had churches, social organizations, cultural dance groups but no unitary body), thus preventing our community from having a full-time voice in Washington, DC especially for expressing our concerns to the U.S. Department of State and other U.S. agencies and bodies. Our answer was, “No, there isn’t one.” After that conversation, we decided to re-structure MASYP to form the United Macedonian Diaspora with the goal of uniting the worldwide Macedonian Diaspora communities one step at a time.

 

И уште една потврда од нивниот официјален вебсајт

 

http://www.umdiaspora.org/index.php/en/frontpage-news/58-unity/260-happy-8th-anniversary-united-macedonian-diaspora


On October 28, 2004, we organized a meeting with some State Department officials over the building of the new U.S. Embassy in Skopje.  Towards the end of the meeting, one of the officials asked us, why isn’t there a national organization for all Macedonian-Americans based out of Washington, D.C.  This is how MASYP grew into the United Macedonian Diaspora (UMD).

Then November 4, 2004 came - our dear honorary Macedonian Jason Miko called me at 6:00 a.m. in the morning! “Meto, did you hear President Bush recognized Macedonia?”  I will never forget his words!  I jumped out of my bed, went to the college library and began writing thank you letters, e-mails, spreading the word!  The feeling was great!  Finally, the country I call home recognizes my ancestral homeland by its rightful name!

A few months passed, we started developing UMD’s agenda and mission statement… a few Americans were already
involved...


Очигледно е дека САД стојат позади Мето Колоски и неговата ОМД. Од кај пак Џејсон Мико со него се знае во 2004? Џејсон Мико е американски агент, кој глуми кловн на ДПМНЕ, и зема пари како лобист, аналитичар и советник на ДПМНЕ.


Исто така, Мето Колоски е силно поврзан и со бугарските структури, и има исти финансиери кои го финансираа Ванчо Михајлов во 60тите и 70тите, но тое е целосно друга приказна за која сеуште ги барам деталите. Незнам човеков како може да успее толку финансиери да најде и од секаде да смука?

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 06:43
Ретко тешка папазјанија напишана од некој кој појма нема што се случува и како се работи, кој со текстов ги направи ОМД И Мето Коловски тајни агенти и конспиратори на САД, Бугарија, Грција, Турција и светската хомосексулна организација, а сите македонци од дијаспората, вклучувајќи ги и оние милионерите, глупави, недоквакани и наивни будалетинки.

На крајот го добивме македонскиот Джеjмс Бонд... ма каков Бoнд, вакво способно дете е супергенијалец за супер глупости како што се нема родено до сега на светов.

Претходно напишав дека не ни се потребни непријатели од надвор оти доволно ги имаме од внатре. Сега се дополнувам... навистина многу ми e жал што постојат вакви јадни луѓе за кои секакво коментирање е непотребно. Поради ваквите Македонија патела во минатото, а пати и денес.

Од приложените текстови едно е повеќе од јасно - некому во Македонија не му одговара обединување и делување на македонската дијаспора за добробит на татковината. Некому му пречат нејзините резултати и с'е поголeмото присуство во Македонија.Писателот на текстот не е ништо друго од платеник кој претставува инструмент во рацете на тој кој има за цел по секоја цена да го оцрни и девалвира организираното делување на македонската дијаспора.










Изменето од Messenger - 22.Јули.2013 во 06:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 08:17
Баталете кој што пишува, него едно искрено прашање-Дали навистина се наплаќа за присуствозбунетостМеси толку срдечно не канеше, што јас и се двоумев дали некој саат да одвојам да чујам што ќе кажат нашинците, ама 15 000 изненадување
ttp://umdiaspora.org/index.php/en/get-involved-umd/macedonian-companions


Толку голем патриот е што на нашите во Македонија им бара 15.000 денари за влез на конференцијата на неговата организација што ќе се оддржи во Скопје,



http://umdglobalconference.com/en/registration/register-now.html


Видете му го само ценовникот. Ако некој сака да оди на конференцијата на неговата организација треба да плати $250, а ако сака веднаш да купи влезница ќе треба да плати $300 или скоро 15.000 денари. Сигурно дека нема дијаспората од Америка да доаѓа специјално во Скопје за оваа конференција, ова е повеќе за Македонците во Македонија. Бараат 15.000 денари само за присуство на таа нивна конференција??? Што се занесуваат???? Луѓето умираат од глад, а тие се толкави патриоти што бараат 15.000 денари за 2 дена во земја во која одвај се наоѓа месечна работа за плата од 7.000 денари. Просечен Македонец ќе треба да работи 2 месеци само за една влезница! И тоа не е се. За конференцијата во Скопје бара спонзорства кои достигнуваат и до 25.000 долари!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 08:39
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Баталете кој што пишува, него едно искрено прашање-Дали навистина се наплаќа за присуствозбунетостМеси толку срдечно не канеше, што јас и се двоумев дали некој саат да одвојам да чујам што ќе кажат нашинците, ама 15 000 изненадување
ttp://umdiaspora.org/index.php/en/get-involved-umd/macedonian-companions


Толку голем патриот е што на нашите во Македонија им бара 15.000
денари за влез на конференцијата на неговата организација што ќе се
оддржи во Скопје,




http://umdglobalconference.com/en/registration/register-now.html



Видете му го само ценовникот. Ако некој сака да оди на
конференцијата на неговата организација треба да плати $250, а ако сака
веднаш да купи влезница ќе треба да плати $300 или скоро 15.000 денари.
Сигурно дека нема дијаспората од Америка да доаѓа специјално во Скопје
за оваа конференција, ова е повеќе за Македонците во Македонија. Бараат
15.000 денари само за присуство на таа нивна конференција??? Што се
занесуваат???? Луѓето умираат од глад, а тие се толкави патриоти што
бараат 15.000 денари за 2 дена во земја во која одвај се наоѓа месечна
работа за плата од 7.000 денари. Просечен Македонец ќе треба да работи 2
месеци само за една влезница! И тоа не е се. За конференцијата во
Скопје бара спонзорства кои достигнуваат и до 25.000 долари!!





mamamd, не сакав да коментрам дел по дел од оној текст oти ќе можев да напишaм цела книга ... а не вреди бидејќи е матеница стокменa за негативна пропаганда.

Ти се поведе по една од намерно изнесените дезинформации во ток текст, а тоа е:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Сигурно дека нема дијаспората од Америка да доаѓа специјално во Скопје за оваа конференција, ова е повеќе за Македонците во Македонија.



Да потсетам, ова е Конференција на Обединетата Македонска Дијаспора. Што значи тоа? За кого е наменета? Да потсетам уште нешто, ова е четврта Конференција на која се собира дијаспората од сите континенти. Оваа година дијаспората ќе се собере како и сите претходни, но наместо тоа да биде во САД, Канада, Австралија или во некоја европска земја, тоа ќе се случи во Република Македонија.

Конференцијата е за македонци од дијаспората, а не се одбиваат македонци од републиката. Такви доаѓаа и во САД и Канада, а таквите во уште поголем број ќе дојдат и овој пат во Скопје. Се разбира, за нив важат, како што важеле и порано, истите услови за регистрирање како и за секој друг член.

Јас кога ја посочив шансата за сите оние кои НАВИСТИНА се интересираат за работењето на ОМД да присуствуваат на Конференцијата сметав дека интересoт ќе биде поважен од цената која што треба да се плати за покривање на трошоцитe за нејзиното организирање, но исто така посоветував дека за оние кои не се во можност да го платат регистрирањето благовремено да се пријават како волонтери.










Изменето од Messenger - 22.Јули.2013 во 08:43
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 09:33
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 09:39
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 14:08
15000 денари за влез? Па да дојдат 10 луѓе, салата во било кој хотел во Македонија ќе биде исплатена, а остатокот за што ќе оди? За печатење? Ма дај Меси...


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 17:28
Остатокот ќе оди за...
Македонија...
од Македонците за Македонија....
преку дијаспората...изненадување

инаку да не се лажеме...
патритизмот кошта...

особено лажниот...


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,781 секунди.