IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Општо за љубов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Општо за љубов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2013 во 18:01

Дали знаете зошто бурмите се носат на до малиот прст?


Гордите младенци речиси во сите култури на венчалната церемонија си разменуваат прстени такашто и едниот и другиот ги ставаат на прстот до малиот прст. 


Меѓутоа, малкумина знаат зошто е тоа така.

Старите Египќани веруваат дека една вена од овој прст води до срцето, додека пак сруги сметаат дека на прстот до малиот прст бурмата најмалку пречи.

Сепак една кинеска легенда нуди едно симпатично објаснување.

- Палците ги претставуваат родителите.

- Показалците ги претставуваат вашите браќа и сестри.

- Прстите во средина ве претставуваат вас.

- Малите прсти ги претставуваат децата.

Спојте ги рацете дланка на дланка, на начинот кој е прикажан на фотографијата. 

1prst500

Обидете се да ги раздвоите палците (родителите). Се раздвојуваат, бидејќи тие не би требало да живеат со вас вечно. Потоа повторно спојте ги.

Обидете се да ги раздвоите показалците (браќа и сестри). Се раздвојуваат бидејќи тие одат по својот животен пат. Потоа повторно спојте ги.

Обидете се да ги раздвоите малите прсти (децата). Се раздвојуваат бидејќи и децата растат и си одат. Потоа повторно спојте ги.

Конечно за крај, обидете се да ги раздвоите прстите до малите прсти (љубовните партнери) и ќе се изненадите. Ова е невозможно да се изведе. Двата прста се судбински врзани до последниот ден од животот и затоа венчалниот прстен се носи баш на тој прст.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.