IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Шпанија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Шпанија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Шпанија
    Испратена: 09.Јули.2013 во 15:07
Шпанија е дефинитивно најпопуларна европска дестинација за одмор во 2013 година.

Најновото истражување покажува дека најпопуларна земја за летување годинава е Шпанија, а по неа следуваат Италија, Франција, Австрија, Германија, Грција, Велика Британија и Хрватска.

Односот на Европјаните кон туризмот е утврден со анкета спроведена во 27 земји членки на Европската унија, како и во Хрватска, Турција, Македонија, Норвешка, Исланд, Србија и Израел.

Во август минатата година посетеноста на Шпанија била најголема од 1995 година па наваму. Тој месец бројот на странски туристи пораснал за 5%, а за тоа најзаслужни биле руските туристи кои ги имало 47% повеќе, Французите (+17,5%) и Британците (+ 4,7%).

Позната по плажите но и престолнината Барселона, Каталонија е најпосетена област во Шпанија, а после неа најпопуларни се Балеарските острови, Андалузија и Канарските острови.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 15:08

Лорет де Мар, Шпанија – медитеранска оаза за туристи на сите возрасти !!!


Популарната туристичка дестинација Лорет де Мар, се наоѓа на медитеранскиот брег и од година во година привлекува сé повеќе туристи. Овој мал каталонски град, припаѓа на шпанската провинција Џирона и е оддалечен од Барселона само 70 километри. И поради неизмерната убавина и поради она што вистински го овозможува, Лорет де Мар е дестинација која туристите ја бираат за да се запознаат со културата, историјата и архитектурата на Барселона…

1 (1)

Се протега на површина од 48 километри квадратни, неговата историја се протега длабоко во минатото, а градот успеал да го сочува она по што е познат. Не само со плажи, ова место се одликува и со неверојатна архитектура и природи атракции. Исто така, важи за еден од подобрите спортски центри, бидејќи поседува атлетски терен, фудбалски стадион, павиљон за кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика, џудо…

1 (1)

Во Лорет де Мар, се наоѓа само една плажа, во центарот на градот. Покриена е со бела песок и е неверојатно опремена. Иако во околината има и други одлични плажи, оваа е најпосетувана. Ако сакате интимност, изолација, камена или песочна плажа или можеби трагате по нудистичка плажа…. Лорет де Мар ќе Ви го овозможи сето тоа…

1 (2)

Лорет де Мар е градот кој никогаш не спие… Многуте кафулиња, дискотеки, ноќни клубови, работат до рано наутро. Поради сето она што го овозможува, забавата овде не престанува. Она што е сигурно е дека освен што ќе си поминете убаво, ќе се вратите и со нови познанства, бидејќи доброто расположение овде не престанува, а насмевките од лицата, едноставно, не се симнуваат…

Доколку не сте биле во овој каталонски град, време е да го ставите на листата на места кои треба да ги посетите !!!

1 (4)

1 (5)

1 (7)

SANYO DIGITAL CAMERA

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2013 во 00:40
Летување на Ибица, островот на забавата и совршените плажи

Кога станува збор за летувањето, многумина како совршен одмор го посочуваат толку патувањето на Ибица, а тоа и не треба да зачудува, ако се има во предвид фактот за убавината на овој шпански остров.
Со своето природно и историско богатство, совршено надополнето со златни плажи и топли медитерански води, не е ни чудо што Ибица важи за најдобрата дестинација за летување.


Многумина ќе се согласат дека постои нешто единствено што го прави овој остров толку посебен. Природната убавина која што се претопува во убавината на традиционалната шпанска архитектура, како и имиџот на светски позната локација за добра забава и ноќен живот, на Ибица и даваат аура на мит, нешто што не може да се опише со зборови туку единствено треба да се доживее.


Островот е долг 45 километри, а неговата ширина изнесува 25 километри, па тоа значи на Ибица има доволно нешта за да се истражат, а особено предизвикувачки се пределите во северниот дел од островот, каде што се сместени селските населби кои што нудат можност за уживање во руралната шпанска сценографија и огромните полиња со засадени маслинки, смокви и бадеми.


Брегот се состои од 80 прекрасни плажи кои што сечие летување ќе го направат незаборавно. Топлата медитеранска клима, проследена со освежувачкиот морски ветар, ја прават Ибица место совршено за летување и одмор, каде што преку ден туристите уживаат во опуштањето помеѓу природата, а во текот на ноќта забораваат на секојдневието во некој од познатите и популарни ноќни клубови.


Репутацијата на Ибица како антички главен град на туризмот ја инспирирала и индустријата на ресторани и и ја дала потребната креативност, нешто што на крајот резултирало со богата понуда.


Тука, влијанието на светската кујна не можело да им направи ништо на старите шпански ресторани на Ибица, каде што локалните рецепти се послужуваат во идилично опкружување.


Кога станува збор за ноќниот живот, веројатно и малите деца веќе слушнале дека Ибица е симбол на најдобрата летна забава во светот. На островот се сместени дел од најпознатите ноќни клубови во светот и истите се како втор дом на најголемите диџеј ѕвезди од светот. Токму затоа и не е за чудење што овој остров често се нарекува и островот на забавата.


Во продолжение уживајте во прекрасните фотографии од Ибица, за миг помислувајќи дека сте таму, се до оној момент кога ќе добиете и можност навистина да ја посетите!



















»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:55

Related image



Image result for photos of barcelona



Image result for photos of barcelona


Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 20:23

Летувалиштето Ша се наоѓа во живописниот шпански град Аликанте и се состои од 5 одвоени и уникатни архитектонски градби, кои се меѓусебно споени со прекрасен мост.

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-01

При градењето на овој луксузен објект се користени исклучиво префинети материјали, а при декорацијата користени се само дизајнерски детали.

Во петте згради се наоѓаат 93 најлуксузно опремени апартмани, чија големина варира од 80 до 230 метри квадрати, каскадно пространи базени, простории за луксузни третмани за убавина и многу зони за опуштање.

Атмосферата во овој спа центар е неверојатно спокојна, нуди мир и релаксација во средоземните тропски градини, на кој никој до сега не останал рамнодушен.

Погледнете за какво уживање зборуваме...

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-02

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-03

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-04

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-05

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-06

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-07

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-08

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-09

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-10

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-11

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-12

minimalisticko-opustanje-vo-spanija-13

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 02:44

Херез де ла Фронтера - Шпанија


Херез де ла Фронтера е место во близина на Кадиз, Андалузија. Населено е со околу 215.000 жители и претставува мал рај за оние што сакаат да го спојат историското со модерното. 

Во Херез де ла Фронтера можете да го пробате веројатно најубавото бренди на тие простори, бидејќи ова место е далеку познато по производство на бренди, шери, вино и добри коњи. Шерито тука се произведува од сортата на грозје Паломино, која што за овие намени се одгледува во околината. Грозјето Паломино е одбрано за оваа намена бидејќи содржи најмалку шеќер и е идеално за производство на шери. 
Дегустацијата на шери и вино тука е неизбежна.

Освен по бренди, шери и вино, Херез де ла Фронтера е место познато и по коњите. Тука се одгледуваат и размножуваат голем број на коњи, можеби најмногу во цела Шпанија. 

Од 11 до 18 мај 2014 година, Херез де ла Фронтера ќе биде домаќин на саемот за коњи кој што е веќе традиционален и добро познат во цела Андалузија па и пошироко, за кој се смета дека се одржува повеќе од 500 години.








Автор: Evangeline


Изменето од evangeline - 07.Март.2014 во 02:45
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 08:11

20 причини зошто да се откажете од сè и да заминете за Шпанија


20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-01

Позната по прекрасната клима и рајските плажи, Шпанија е идеална дестинација за вашето следно бегство од реалноста.

Зошто токму Шпанија?

1. Медитеранскиот брег е вистинско парче рај на земјата

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-1


2.
 ...исто како и венецот од огромни планини кои се наоѓаат на само неколку километри.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-2


3. 
Во Шпанија се лоцирани најдобрите ресторани во светот.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-3


4. 
...исто како и најстарите.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-4


5. 
Има уникатни Египетски знаменитости.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-5


6.
 ...и огромен број на Римски остатоци.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-6


7. 
Исто како и мавритански места вредни за посетување.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-7


8. 
Забавите во Шпанија се легендарни!

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-8


9.
 Постојат огромен број на случувања и помирете се со тоа дека нема да стигнете да ги посетите сите.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-9


10. 
Катедралите се уметност која го одзема здивот.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-10


11. 
Во Шпанија има џамии стари над 1.000 години.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-11


12.
 И водени паркови кои ќе ви го заматат умот!

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-12


13. 
Секој ден имате можност да посетите некоја нова, пуста, до тогаш неоткриена плажа.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-13


14. 
Во Шпанија ќе го пробате највкусното вино во светот.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-14


15. 
Покрај тоа, секогаш добивате бесплатна храна кога нарачувате пијалак.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-15


16.
 Посетата на куќата на Salvador Dali е секогаш отворена опција.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-16


17. 
Исто како и скарата подготвена на активен вулкан.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-17


18.
 Секоја куќа во Шпанија е декорирана на природен и пријатен начин.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-18


19. 
Имате најголем избор на морска храна.

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-19


20. 
Кој би го одбил медитеранскиот начин на живот?

20-pricini-zosto-da-se-otkazete-od-se-i-da-zaminete-za-spanija-20

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 21:29

Мадрид – град со музика во душата!


Динамичниот шпански град Мадрид, кој е фантастично место полно со чиста енергија, носи едноставна порака: во овој град е лесно да се живее… Ова е место кади сите страсти на Европа се собрани на едно место и го сочинуваат секојдневниот живот, ова е град со музика во душата и со чекори на танц во срцето. Но Мадрид исто така е еден од најотворените градови во светот. Кога сте во Мадрид, не е важно од каде сте бидејќи нивното мото е: „Ако сте во Мадрид, тогаш од Мадрид сте.“

Image result for photos of madrid spain


Само неколку градови на светот имаат чисто уметничко педигре како Мадрид и многу љубители на уметноста се враќаат тука, што ни укажува колку е богата уметничката колекција што ја поседува овој град. Со векови шпанското кралско семејство го трошело богатство на прекрасни уметници, од локалните таленти како Гоја и Веласкез до неверојатните италијански мајстори. Ремек-делата на овие и на другите шпански уметници, како Пикасо, Дали и Миро, ги украсуваат ѕидовите на градските галерии од светска класа. Три музеи се посебно важни – „Museo del Prado“, „Centro de Arte Reina Sofia“ и „Museo Thyssen-Bornemisza“.

Image result for photos of madrid spain



Издигнувајќе се над својата скромно фалена локална кујна, Мадрид стана една од најбогатите кулинарски престолнини во Европа. Ова е град кој со целото срце ги прифати креативноста и иновацијата на шпанската гастрономска револуција. Но ова прифаќање е трајно поврзано со страсната традиција на шпанската кујна – навистина не е случајност фактот што најстариот ресторан во светот е токму тука – така што имате можност за уживање во единственото искуство да испробате храна од секој шпански регион. Од тапас, односно нивното познато предјадење, до новите оброци со примеси на модерни елементи, кујната во Мадрид е задоволство за секого.

  Image result for photos of madrid spain

Мадридските ноќи се легендарни и совршено дополнети со шармот на уметноста и на исхраната. Градот има повеќе барови од кој било друг град во светот, коктел-барови и ноќни клубови со допир на гламурот, кои работат постојано. Но, ова само на еден начин објаснува колку е привлечен Мадрид по заоѓањето на сонцето. Прошетајте по улиците на овој град во текот на ноќта и ќе се воодушевите од многубројните луѓе и местата за добра забава.

Image result for photos of madrid spain


Можеби Мадрид нема архитектонско педигре како Париз, монументална историја како Рим или модернистичка репутација како Барселона, нема еквивалент на Ајфеловата кула, Колосеумот или Саграда фамилија, но и нема потреба да им завидува за тоа. Мадрид е град што е преполн со своја лична архитектонска историја, од средновековните вили и кралски палати, до незамисливите агли на шпанската современа архитектура. Едноставно речено, овој град е прекрасен.



Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 09:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2014 во 18:09
18 причини за да ја посетите прекрасната Шпанијада


Температурите се накачуваат а вие веќе сигурно почнавте да размислувате каде би отпатувале за празниците, викендите или пак можеби на годишен одмор. Еве зошто Шпанија е една од најдобрите земји за посета и незаборавно искуство.

1. Шпанија има прекрасна храна


2. Нивните колачи би ве натерале да си ги излижете прстите


3. Произведуваат вино со врвен квалитет


4. Кога сме кај најдоброто, го имаат и најдобриот ресторан на светот "elBulli"


5. Тука дури се наоѓа и најстариот ресторан на светот, основан во 1725 година


6. Во Шпанија се наоѓаат двете прекрасни метрополи - Мадрид и Барселона


7. Но исто така, и најфантастичните плажи


8. Магичните градови покрај вода


9. Импресивните џамии


10. Катедралите кои ќе ве остават без здив


11. Доколку сакате возбудливо искуство, тука сигурно ќе го најдете 


12. Но исто така, и доколу сакате нешто забавно и адреналинско


13. Можете да присуствувате на натпревари на едни од најдобрите клубови


14. Шпанците се преубави мажи


15. А жените...


16. Тука може да го научите нивниот традиционален танц "Фламенго"


17. Шпанците имаат преубава уметност


18. И се разбира, поради акцентот...


Изменето од Schatzii7 - 05.Април.2014 во 18:11
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 15:38

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ШПАНИЈА


Покрај кризата и нестабилноста во земјата, оваа година во Шпанија е забележана рекордна посетеност на туристи кои не престануваат да се воодушевуваат на оваа земја и да ги откриваат нејзните магии.

Туристичката посета во Шпанија во август месец била најголема од 1995 година, бидејќи тој месец земјата ја посетиле 7,9 милиони луѓе. Познатите плажи, Барселона, Каталонија, Андалузија и Канарските острови се она што најмногу ги привлекува туристите кои дошле во оваа земја.

Последната во низа атракции во Шпанија е фреската „Ecce Homo“ која ненадејно привлекла огромен број на туристи.

„Во првите девет месеци Шпанија ја посетиле 40,7 милиони туристи, односно 3,6 проценти повеќе на годишно ниво“, се наведува во соопштението од минстерството за индустрија.

Британците се број еден странски туристи кои ја посетуваат оваа земја, бидејќи 24,1% од нив ја посетиле, а потоа се французите со 21,7, па германците со 13%.

Ова лето било исклучително успешно во туристичкиот сектор на Шпанија, бидејќи уште во јули месец беше надминат рекордот од 7,7 милиони посетители. Туризмот е клучниот сектор во шпанската економија и претставува 10% од бруто домашниот производ.



Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 09:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 10:30

Водич низ Мадрид: Места кои мора да ги посетите


Ако патот ве однесе во срцето на Шпанија, тогаш не дозволувајте си да заминете, а да не ги посетите овие места...

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-1

Станува збор за најзначајните и најпопуларните места и архитектури кои ќе ви го одземат здивот.

Ако Мадрид е вашата следна дестинација, тогаш овој мини водич ќе ви биде од голема помош:

Royal Palace Madrid

Станува збор за најголемата зграда во Мадрид, а слободно може да се опише и како една од најубавите. Лоцирана е на плоштадот Plaza de Oriente и изградена е во 1974 година на местото каде што некогаш се наоѓал дворец, кој бил опожарен. Царската палата е најголемиот објект во цела Западна Европа, а околу неа уште можат да се видат остатоците од старата палата која ја изградил архитектот Филипо Хувара за тогашниот цар Филип V. Еден дел од оваа палата е преуреден во музеј каде се наоѓаат автентичните прикази на палатата, но и многу други уметнички дела.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-2


Cathedral de la Alamunda

Зградата е компилација од повеќе стилови, па така нејзината надворешност е во неокласичен стил, а во внатрешноста изобилува готскиот стил. Станува збор за старата црква која е преуредена во сегашна катедрала Santa Maria la Real de la Alamunda. Катедралата се наоѓа помеѓу плоштадот Америка и Царскиот плоштад и истата е секојдневно отворена за посетители.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-3


La Plaza Mayor

Станува збор за главниот плоштад во Мадрид и е сместен во самиот центар на градот. Околу плоштадот се протегаат стари згради со големи тераси чиј поглед е директно на плоштадот. Сите главни случувања се одвиваат токму тука и ова место е идеално за дегустација на шпанското вино.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite4-


Puerta de Sol

Најпопуларниот, но и најголем централен плоштад во Мадрид кој се наоѓа само на неколку минути пешки од големиот плоштад. Порано токму на ова место се наоѓала големата градска капија, а денес истиот има полукружна форма по последното реновирање во 19-ти век. Ова место е многу привлечно за туристите, бидејќи тука се лоцирани најголемиот број кафулиња, ресторани и продавници.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-5-


Puerta de Acala

Оваа капија денес е симболот на Мадрид. Лоцирана е само на неколку метри од старата капија изградена во далечната 1559 година, во знак на добредојде на Маргарита од Австрија, жената на царот Филип Трети. Нешто подоцна во 1779, владетелот Карло Трети го променил изгледот на оваа капија. Инаку, се наоѓа во источниот дел од градот во средината на една од најстарите улици на Мадрид.

vodic-niz-madrid-mesta-koi-mora-da-gi-posetite-6



Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 09:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.