IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - политика и религија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

политика и религија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: политика и религија
    Испратена: 01.Јули.2013 во 14:46
Политика ја водат група луѓе кој што ја претставуваат вољата на народот но нивните интереси се секогаш примарни и се над интересите на колективот.
Религијата е алката без која политиката не можи да опстои,бидејки народот мора да верува но мора и да се плаши бидејки во спротивно преставува сила која стално можи да ги загрози интересите на оние кои се на врвот.
Ова е мое видување на работите и не мора да кореспондира со вашите ставови но бидејки Бог е еден и е ист за сите нас се прашувам.

Дали Бог е помилозлив спрема оние кои ке се помират со судбината или повеке ги милува оние кои сакаат да доведат до промена на состојбата..??

Изменето од Alekxandar - 01.Јули.2013 во 17:30
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2013 во 15:40
Не ми е јасно во кој контекст си ја ставил резигнацијата со политиката и религијата ?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2013 во 18:08
Ја изменав темата со цел да разјасниме дали е добро или лошо да се трага по вистината,да се биди бунтовник против системот ,да се откриваат нови нешта кои можи да пркосат на догмите или само да седиме во хибернација бидејки така го заслужуваме почесното место.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2013 во 23:36
Види сега... зависи на кое столче седиш. И колку сигурно седиш.

Ако си седнал на верско столче, оноа кое вели дека треба само да ја отвориш устата и да ја голтнеш нафората кој некој однапред ти ја подготвил како дефинитивно догматско решение, тогаш секако дека секој трагач по вистината (религиозен човек) ќе го окарактеризираш како бунтовник, изгубен, народен непријател, следбеник на ѓаолот и т.н.

Ако пак седиш на религиозно столче, оноа кое вели дека самиот треба да трагаш по изворот, тогаш другите ќе ги гледаш како заспани или хибернизирани луѓе.

Веројатно има и некаква средина меѓу овие столчиња, но во однос на твојата поставка во темата, нештата стојат токму онака како што ги имплицираш со своето прашање - oстанува до личниот избор на човекот, до неговото разбирање, афинитети и избор на вредности.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2013 во 23:58

Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Ја изменав темата со цел да разјасниме дали е добро или лошо да се трага по вистината,да се биди бунтовник против системот ,да се откриваат нови нешта кои можи да пркосат на догмите или само да седиме во хибернација бидејки така го заслужуваме почесното место.




Власта треба и мора да се почитува, бидејќи таа е од Совршениот БОГ допуштена слугинка на земјата која го чува редот, мирот и правдината!

Ако власта ама се противи на БОЖЈИОТ ред, мир и правдина, тогаш таа власт е под влијание на нечистата сила и само затоа таа се однесува така!

Како треба да се однесуваме кон таква власт и политика?

Ние треба да се однесуваме исто како што се однесуваше отелотворението на Мудроста БОЖЈА (Исус Христос) и Неговите вистински Апостоли и следбеници, знаејќи дека чедата на темнината ќе не’ мразат, исто како што Го мразеја (и мразат) Царот на БОЖЈИОТ Ред, Мир и Правдина!








Мудрост проповедаме меѓу совршените, но не мудрост од овој век, ниту, пак, онаа на преодните господари од овој свет,
туку ја проповедаме Божјата Премудрост, тајна сокриена, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава,
која никој од господарите на овој свет не ја познал; зашто, ако ја беа познале, тогаш немаше да Го распнат Господа на славата.

1 Коринтј. 2:6-8

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2013 во 14:35
Правниот поредок треба да се почитува се додека не ја попречува слободната мисла.Секое попречување на слободната мисла значи репресија на основните демократски права и е главна причина за промена на системите.
Проблемот на глобално ниво е што религиите наместо да го следат духовното се впуштија грамзливо на материјалните добра и привилегиите кои им ги даваат властите,а тоа е спротивно на она што го пропагираат преку светите книги.
Тоа е додатна причина за намалувањето на бројот на верници наспроти зголемениот број на скептици во православната и католичката црква.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2013 во 01:54
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Правниот поредок треба да се почитува се додека не ја попречува слободната мисла.Секое попречување на слободната мисла значи репресија на основните демократски права и е главна причина за промена на системите.

Се сложувам за неприкосновеноста на слободната мисла (до граница на нејзината деструктивност), но не се сложувам дека токму тоа е услов за промена на системите. Системите се менуваат кога ќе станат претесни за комплетниот развој на општеството, или кажано според Маркса (што е веројатно потполно точно): општеcтвeните системи се менуваат кога производните сили ќе ги израснат производните услови. 

Но веројатно ти мислиш на нешто друго кога си употребил термин - системи. Претпоставувам дека си мислел на раководството (владата) на државата. Ако е така, тогаш си во право. Системот останува доколку ги задоволува потребите на општетсвото, но затоа пак, власта се менува доколку е репресивна


Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:


Проблемот на глобално ниво е што религиите наместо да го следат духовното се впуштија грамзливо на материјалните добра и привилегиите кои им ги даваат властите,а тоа е спротивно на она што го пропагираат преку светите книги.
Тоа е додатна причина за намалувањето на бројот на верници наспроти зголемениот број на скептици во православната и католичката црква.

Организираната и институцијализираната вера (популарно наречена "религија")  нема ништо заедничко со слободната мисла од едноставна причина што кај неа тоа едноставно не постои. Религијската догма de facto ги нихилира слободната мисла и слободниот говор. Тие се анатемизирани доколку не се истоветни со религијската догма.

Институцијализираната вера не познава термин - демократија.







Изменето од Messenger - 05.Јули.2013 во 02:24
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2013 во 22:52
Симбиозата на власта со религијата независно дали тоа се прави во технократски,теократски..опшества,создава процес на организирана манипулација на масите и лесно управување со нив бидејки само така успева државниот корпорациски капитализам.
Мноштвото религии се најефикасното средство за создавање на модерно ропство преку манипулациите на корпоратократите.

Вероватно членовите на Laibach многу порано ја сватија оваа работа па направија и албум на оваа тематика.

https://www.youtube.com/watch?v=Meh5BXBdx_A
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 03:33
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Симбиозата на власта со религијата независно дали тоа се прави во технократски,теократски..опшества,создава процес на организирана манипулација на масите и лесно управување со нив бидејки само така успева државниот корпорациски капитализам.
Мноштвото религии се најефикасното средство за создавање на модерно ропство преку манипулациите на корпоратократите.

Една од најстарите вистини е дека секоја власт е далеку посигурна на тронот доколку зад својот грб ја има на помош институцијализираната религија. Комунистичка Русија се обиде да го докажи спротивното, па знаеме како тоа се заврши.

Поентата е што државата раководи со умот, додека религијата со духот на луѓето. И додека умовите можат да имаат најразлични убедувања, духовите на нивните сопственици обично имаат исти или слични духовни вредности. 

Затоа желба на властодржецот е да има што помалу различни религии, а идеално - само една. Пример за тоа имаме уште од Константин кој расчисти со религиите и нивните деноминации во неговото време, подржувајќи само една.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 23:19
Со тријадата политика,религија и мас медиуми се срекаваме постојано во текот на нашиот живот и го секаваме нивното делување не зависно дали е тоа на директен или индиректен начин.
Медиумите наведуваат,религиите разединуваат,политикантите ги канализираат процесите.
Порано се сметаше дека најдобро е да постои една религија,еден владар или пак влада бидејки на тој начин полесно ке се раководи со масите но во тоа време мас медиумите беа во зачеток.
Денес никој не размислува за еднорелигиски систем бидејки во свет со мноштво религии многу лесно се постигнува целта и со една пласирана шпекулација
Лугето не го имаат достигнато оној стадиум да го користат својот мозок рационално туку се наведуваат и веруваат во имагинарни нешта посебно водени од мистификацијата на световните лица независно на која религија припагаат па така лесно се создава војна или мир,миротворци и нобелисти ,богата класа и сиромаштија,а се под превезот дека така бог ги поставил работите и судбината треба да се прифати како таква.



Изменето од Alekxandar - 08.Јули.2013 во 23:21
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2013 во 21:25
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Правниот поредок треба да се почитува се додека не ја попречува слободната мисла.Секое попречување на слободната мисла значи репресија на основните демократски права и е главна причина за промена на системите.
Проблемот на глобално ниво е што религиите наместо да го следат духовното се впуштија грамзливо на материјалните добра и привилегиите кои им ги даваат властите,а тоа е спротивно на она што го пропагираат преку светите книги.
Тоа е додатна причина за намалувањето на бројот на верници наспроти зголемениот број на скептици во православната и католичката црква.


Се сложувам со твоето мислење кое го изнесе во овој пост да
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 18:17
Прочитав некои работи од темата, доста интересно, а и се поклопува со она што сакав да го поставам како еден сериозен проблем на верските организации во Македонија.

Речиси денес и да не постои некоја јавна манифестација или собир на „православни христијани“ каде што нема политички декор и претставници од политичката елита кои покрај своето приватно право на слобода, поради ситнопрофитерски политичко-партиски интереси се промовираат под маската на некој религија од позиција на партиски функционери. (Спомнав “повеќе религии“ бидејќи од актуелните случувања тоа не е случај само со православните христијани.) Со тоа во повеќе наврати сериозно се нарушува принципот на секуларност - дека црквата е разделена од државата и дека ЦРКВАТА НЕ Е ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, а Црква на народот Божји и сите слободни мирољубиви верници. Како последица на ова широката маса на традиционални верници добива искривена претстава за основите на верата и христијанскиот живот.

Секојдневно преку средствата за масовна информација стануваме сведоци на ваквиот непрекинат „терор“. Дали верата претставува „парадирање на збир од суети без трошка христијанско смирение и доблест, со манифестирање на верата преку политичка форма заради пари, или според учењето на Христа и другите верски водачи, нешто сосема друго?“

Дали народот, свештенството (а она што е најстрашно, и дел од монаштвото во Македонија) се повикани да го сведочат Христа (на христијански Христообразен начин - бидејќи нити Христос нити било кој од историјата на Црквата никогаш не се занимавал со политика;) или да бидат „сведоци и исповедници на одредени политички партии“ ратоборно сеејќи соблазни и заблуди кај народот и целокупната општествена заедница за основите на христијанската вера и христијанскиот живот.

„Партиската книшка е гаранција за рајот“ - време е да измислат нови догми и канони, бидејќи тие и без тоа одамна веќе не служат на веќе постоечките.

По повод Божиќните празници последниве години станавме сведоци како одредени нови народни грчки песни преку ноќ станаа дел од нашата христијанска традиција.

Логично се наметнува прашањето: Кој? и со каква цел стои зад сето ова сакајќи да го претстави како наша „вековна заборавена традиција“

Како да божем ние сме дрво без корен, та сега новите „просветители - црковни великодостојници - повеќе политичари од вистинските политичари“ а згора на тоа и „патриоти“ ќе ни зборуваат за Вистината и за религиозните чуства, та и за она што е „наше“ а што НЕ!

за илустрација погледнете ги следните клипови:
http://www.youtube.com/watch?v=W5vtG9dUjAE
http://www.youtube.com/watch?v=h1yAaau0lCc

http://www.youtube.com/watch?v=nHckQsqemQ8
http://www.youtube.com/watch?v=iUwz-UQhvTQ
http://vimeo.com/83445676

http://www.youtube.com/watch?v=re65neOw9u8
http://www.youtube.com/watch?v=ibVGFrRckqs

http://www.youtube.com/watch?v=tnhZHXa9FM0

Κάλαντα - Christmas songs from Greece

Па нека се запрашаат и нашиве „политичари верници“ та и „патриоти“ на какви религиозни манифестации присуствуваат и на каква нова извитоперена традиција служат земајќи учество.

Во соседството народни инструментални песни, кај нас богослужбени, та дури и „стари византиски“... Заклучокот е повеќе од логичен.


секој дополнителен коментар е целосно непотребен.


п.с. „Партиската книшка е гаранција за рајот“ - време е да измислат нови догми и канони, бидејќи тие и без тоа одамна веќе не служат на веќе постоечките.

убаво е човек да создава пријатели не да шири омраза. Но реалноста секогаш е сурова.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 19:25
evangelist, не сум стручњак за стрoцрковни песни, но знам дека песните се создадени во минатото, во рамките на териториите во кои владеело христијанството, а не според администрацијските граници на денешниве држави. Така што тие песни се верски, а не национални. Тоа што отпосле тие се преведувани и модифицирани е сосем друга работа. Доколку се знае тоа, нивната употреба од црквата и застапеноста во верскиот живот не би требало да се гледа како некаков проблем.

Оноа што мене ми паѓа во очи е константото и интензивно порамнување на верата со националноста. И токму тоа е  оноа што е податно за политизирање.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 21:12
Messenger Токму таму е проблемот бидејќи тоа се нови грчки народни песни кои никогаш во историјата на обредната богослужбена форма не биле дел од црквата и црковните песнопенија и никогаш не се пееле внатре во храмот бидејќи и без тоа се народни инструментални песни кои не се предназначени за богослужба. Парадоксот е уште поголем со тоа што никој друг православен народ таквите песни не ги пее никаде. Кај нас од одредени црковни структури (можеби поради задни скриени политички намери) се направи овие пресни пред народот лажно да се претстават како стари традиционални коледарски песни.

Во Македонија никогаш за Коледа, односно Бадник не се пееле вакви песни. Старите жители во многу градови во Македонија многу добро знаат дека за Коледа се пеел тропарот на празникот „Рождество Твое Христе Боже наш“ или кондакот на празникот: „Дева днес.“

Точно овие луѓе без сопствен образ и идентитет се обидуваат да наметнат некакви нови измислени народни грчки песни лажно претставувајќи ги како „стари и традиционални“ т.е. „заборавени песни во Македонија“

Ваква глупости и заблуда не би измислил ни најлукавиот политичар кај нас та дури ни најголемиот противник на црквата.

Тоа што го тврдам се однесува конкретно на тие нови народни грчки песни кои за жал кај нас денес го заземаат местото на традиционалните богослужбени текстови токму поради неразбрани и скриени задни политички намери. (можеби за ова треба и посебна тема... но и тука може да остане бидејќи сепак е поврзано со политичка нецковна појава)

Нели денес навистина е проблем што „вистинските верници“ молчат за политизирањето на верата...

за жал живееме во време кога политичарите (поточно овие таканаречени квази духовници кои се занимаваат со политика повеќе од вистинските политичари наместо чисто да ја проповедаат верата) денес станаа образ и слика на црквата, а со нивните постапки постојано го заблудуваат народот а ја искривуваат вистинската претстава за Црквата воопшто. Секој нормален човек кој има барем малку познавање од верата знае дека она што кај нас се нарекува црква во онаа формална надворешно институционална форма е далеку од вистината.

Не може да се проповеда Христос или некоја друга личност од која и да било религија со партиска книшка и бескрајно лицемерие.

Не може нити еден политичар да присуствува на црковни манифестации во функција на политичар. Затоа сметам дека секој јавен настап би требало да биде осуден. Секој има право на слобода и своја приватност, но затоа кога некој од нив сака да оди во црква или некој друг верски објект, тоа нека го прави како обичен граѓанин, а не со партиски симболи и од позиција на некаква институција.

Во спротивно, сите ние стануваме сведоци на политизирање и партизирање на она што се нарекува „вера и религиозна припадност“ на човекот, а сето тоа најмногу станува од самите т.н. „црковни служители“

Тоа може да биде се' но не и нешто што е поврзано со религиозни чуства и возвишена интроспективна форма на човекот.

Црквата има една и едниствена порака: да шири љубов, мир и едниство, а не преку формата на „форсирање на одредена политичка партија“ да ја проповеда верата, со изговор дека истата партија била „наклонета кон цркават и 'благочестива'“

Затоа јасно и гласно би кажал: О вие лукави духовници кои лажно се претставувате дека служите на Бога, а служите на Мамон и Партијата - надвор од Црквата!!!
убаво е човек да создава пријатели не да шири омраза. Но реалноста секогаш е сурова.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.