IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6162636465 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2013 во 22:33

БИК

Бикот е хедонист, но само кога е на топло и сигурно. Во снегот ќе ужива само со камин, топло чоколадо и филм. Ќе ужива во погледот преку прозорец, но никако нема да сака да излезе на мавање со топки, затоа немојте ниту да се обидувате да го наговорите, бидејќи само бадијала ќе се изнервирате.


аха нема грешка само преку прозорма ајде

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2013 во 22:30

Кои хороскопски знаци уживаат во снегот

Дознајте кој хороскопски знак е љубител на зимската магија, а кои да не ги вклучувате во своите планови за забава на снег.
 

ОВЕН

Овенот сака акција и нема да го помине времето пишувајќи статуси на Фејсбук („Паѓа снег“ и „Ова е погледот од мојот прозорец“), веќе на првите снегулки ќе излезе надвор на мавање со топки и правење Снешко. Овенот ужива во животот, неповрзан за временската прогрноза.

 

БИК

Бикот е хедонист, но само кога е на топло и сигурно. Во снегот ќе ужива само со камин, топло чоколадо и филм. Ќе ужива во погледот преку прозорец, но никако нема да сака да излезе на мавање со топки, затоа немојте ниту да се обидувате да го наговорите, бидејќи само бадијала ќе се изнервирате.

 

БЛИЗНАЦИ

Близнакот е прилагодлив, зашто подеднакво ужива и во сончање, но и го мавање со топки. Нема прв да иницира романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако радо ќе во прифати повикот и ќе ви се придружи.

 

РАК

Како некој што ужива во фамилијарното опкружување и познат како емотивец, го обожава овој период од годината! Нова година, Божиќ, слава, правење Снешко - сето ова е она во што Ракот ќе ужива и ќе го направи по среќен и исполнет.

 

ЛАВ

Веќе во септември планира скијање, така што на првите вести за снех, веќе ќе биде на некоја фенси дестинација и ќе се загрева за скијање или сноуборд (snowboard). Сака да се докажува и натпреварува, затоа овој период од годината секако ќе го искористи за тоа.

 

ДЕВИЦА

Девиците се прилично сериозни и нема да се возбудат околу снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимската магија кај возрасните, за нив е банално. Само ќе чекаат да помине зимската лапавица, за да можат да им се вратат на своите омилени удобни патики.

 

ВАГА

Вагата е спремна да го дочека првиот снег: обувки, зимски гуми, топла капа, се е тука. Секогаш добро организирана и ова ќе го дочека спремна, а потоа веднаш тргнува во правец према природата. Прошетка, чист воздух, и по тоа убаво вино, за нив нема поголема радост.

 

СКОРПИЈА

Скорпијата обожава се` што е поврзано со зимата и зимските спортови. Има изразен спортски дух и желба за победување, затоа многу добро владее со зимските спортови. Обожава лизгање и скијање, и едвај ќе дочека за да се докаже!

 

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот е вечно дете и авантурист, така што едвај дочекува да излезе на мавање со топки снег и ќе го „малтретира“ целото друштво, додека сите не се појават, бидејќи ужива во тоа да ги собира луѓето. Никој нема да ужива повеќе од Стрелец во глетката од 15 луѓе како се глупираат на снегот.

 

ЈАРЕЦ

Чудно е како може типичен зимски знак како Јарец, воопшто да не ужива во било што, кое има врска со зимата. Ќе ја толерира, но нема да ужива во зимската магија. Во овие моменти попрво се замислува себеси на некој топол остров и на големо го планира летувањето.

 

ВОДОЛИЈА

Водолијата ќе падне во екстаза штом здогледа снег, и ќе го испланира цел викенд, но од тие планови ништо нема да се случи, затоа што Водолијата е едноставно таква. Ќе се запали, но многу брзо и поминува волјата и сепак ќе остане пред ТВ и нејзините омилени серии.

 

РИБИ

Рибата ќе ужива во глетката, но нема да излегува надвор ако не мора. Ќе се намести покрај прозорецот и со часови ќе ги набљудува снегулките, но во исто време ќе ужива во топлото, и ни најмалку нема да посака да се навлажни надвор.

Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2013 во 18:29
Водолија

Водолиите секогаш сакаат да размислуваат надвор од вообичаените граници. Доколку ѝ се допаѓате на една водолија таа може во еден момент да ве провоцира, во друг момент да се шегува со вас, а потоа да започне длабок интелектуален муабет. Нивното ексцентрично однесување значи дека им се допаѓате и дека тие се обидуваат да сфатат дали можете да се вклопите во нивниот необичен свет.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2013 во 19:03

Хороскопските знаци и алкохолот:

Скорпија

На скорпија никогаш не ѝ кажувајте дека и е доста, бидејќи ќе се навреди и тајно ќе продолжи да пие додека целосно не се опие. Тие сакаат да пијат, а ако тоа не ви одговара, подобро тргнете ѝ се од пред очи. Тие се одлично друштво за пиење, со нив ќе водите интересни разговори и ќе флертувате на посебен начин. Исто така, ќе се сеќаваат на сè што сте направиле, па затоа пијте само со скорпии што ве сакаат.

ме погодиле тотално, не се седи на суво кога сакаш добро да си поминеш да
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2013 во 11:54
Која храна му одговара на секој хороскопски знак?

Доколку барате идеален рецепт за заведување на романтична вечера, еве неколку совети од астролозите кои ќе ви откријат какви прехрамбени тајни кријат хороскопските знаци.
Овен
Зачинетата храна го поттикнува нивото на ендорфинот во крвта, кој пак го подигнува нивото на адреналинот. Овој хиперактивен знак обожава возбуда, исто како што ја обожава вашата поддршка.

Бик
Биковите најмногу сакаат салати, бидејќи за разлика од останатите знаци се најприврзани за земјата. Тие дефинитивно ќе се насладат со салата која е прелиена со некој богат и вкусен прелив. Никогаш нема да одбијат ни убав десерт.
 

Близнаци
Близнаците сакаат разноликост, па не се обидувајте да им подметнете нешто што e вообичаерно. Инвестирајте во брзи и готови јадења.

Рак
Колачи, мафини, свежо печена и топла пита. Ако ова му го сервирате на Ракот, верувајте ќе биде воодушевен.

Лав
Во друштво на Лав не е на одмет да бидете драматични, а со оглед на тоа што станува збор за огнен знак, со фламбирани јадења нема никогаш да погрешите.

Девица
Со што и да ја послужите Девицата, само внимавајте да е нешто добро за нејзиното здравје. Девицата е знак кој владее со здравјето и вежбањето.

Вага
Ова е знак кој дава ново значење на изразот „врамнотежена исхрана“.

Шкорпија
Ако јадењето е возбудливо, со други зборови – ако Шкорпијата се чувствува по малку перверзно додека јаде – и вам ќе ве обожава поради кулинарските способности.

Стрелец
Никогаш не му нудете диетална храна, ќе мисли дека сте „забегале“.

Јарец
Не му нудете ништо премногу благо, ништо пресолено, пребогато, ни премногу зачинето.

Водолија
На Водолијата може да и сервирате шлаг на вашето тело, пред да ја понудите со било што друго.

Риби
Рибите сакаат нежна храна, нешто што нема тешко да им падне на желудникот. Коктел од морски плодови е совршен избор, или пак топла супа.





Изменето од Schatzii7 - 19.Јули.2013 во 12:01
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2013 во 07:43

Најголемите плачковци според хороскопот


1.Рак - важат за многу емотивни знаци, нив може да ги расплаче и најмала ситница. Постојано можете да ги видите дека плачат, тие не ги кријат солзите од другите. За нив најдобар начин да се ослободат од стресот е да пуштат по некоја солза.

2. Лав - иако можеби ова не е верно за вас, лавовите и премногу често плачат. Можеби тие и долго време се прават силни пред другите, но факт е дека целиот стрес и болка, ги исфрлаат преку солзите. За нив солзите не се знак на слабост пред другите.

3. Близнаци - тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл.

4. Водолија - премногу осетлив знак, емоција во секој чекор. Незнаат како да се помират со одредени нешта во животот, па најлесно им е да плачат, но не пред другите, тие плачат сами со себе, за нив солзите се знак на слабост.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2013 во 13:48
Кои хороскопски знаци се најдобри во кревет?

Астрологијата може да предвиди и какви љубовници сте во кревет, соодветно со вашиот хороскопски знак. Затоа, ако сакате да дознаете каков е тој во кревет, доволно е да знаете што е во хороскоп:
Овен
Овие знаци се одлични бакнувачи. Сакаат да имаат контрола и многу лесно се возбудуваат. Нетрпеливи се, понекогаш себични во сексот и тоа може да предизвика проблеми во врската. Но ако знаете како да ги возбудите, ниту еден друг љубовник нема да ви пружи постраствени моменти од Овенот.
За да го заведете овој знак, не треба да се срамите. Покажете му дека сте интелегентна личност, и бидете спонтани, бидејќи ништо не го воздбудува Овенот повеќе од непредвидливоста.

Бик
Ова е најмаженствениот знак од сите, а и најдобриот љубовник. Апетитот за интимност кај Бикот е огромен, а сексот за него е како уживањето во добра храна- треба да потрае долго.
За да го заведете Бикот подарувајте му многу подароци.

Близнаци
Ако сакате паметни луѓе, Близнаците се знак за вас. За да направите нешто со Близнак, мора да бидете интелегентни и досетливи. Тие се господари на флертот и може многу лесно да паднете на нивниот шарм.
Менталниот капацитет ги прави исклучително креативни љубовници, па така никогаш нема да ви биде здодевно со нив. Осигурајте се дека и вие нема да им здосадите на нив, бидејќи постојано бараат промени и возбудувања.
За да заведете Близнаци, делете им комплименти и фокусирајте се на нивниот ум. Побарајте совети од нив и не заборавајте да ја предизвикувате нивната интелегенција.

Рак
Ова е најемотивниот и најчувствителниот знак. Раковите имаат потреба од меки и нежни допири и длабока емоцинална поврзаност, како и партнер кој води грижа за нив и кој секогаш прави добри дела. Тие се слатки и грижливи љубовници, но ако ја изневерите нивната доверба, ќе направат се’ да за ви се одмаздат.
За да заведете Рак, фокусирајте се на романтична атмосфера и чувствителноста. Тие уживаат некој да се грижи за нив.

Лав
За многумина, овој знак е најдобриот љубовник. Лавовите се многу страствени и имаат огромна сексуална самодоверба и моќ. Секогаш превземаат контрола во креветот и испробуваат различни сексуални задоволства.
Константно ги осипуваат нивните партнери со подароци и внимание. Заведувањето на Лавот е многу едноставно- тие имаат потреба од констатно внимание.

Девица
Ако сте подготвена некому да му станете едиственото нешто во животот, ниту еден друг љубовник нема ви го овозможи тоа како Девицата. Тие изгледаат ладно и смирено, но се многу чувствителни. Сепак, за многумина не се идеалниот знак за најдобар љубовник. Девиците стануваат опседнати со една личнност и се заљубуваат засекогаш.
За да заведете Девица, бидете колку што можете почисти и средени. Ова им е навистина важно.

Вага
Како личности кои сакаат да задоволуваат други, Вагите се многу внимателни и посветени љубовници. Тие се многу романитчни, но бидете трпеливи со нив и пробајте да ги исполните нивните фантазии. Бидејќи флертот за нив е природна работа, сакаат многу да експериментираат во креветот.
За да заведете Вага, овозможете и класична романтична приказна. Мора да бидете софистицирани, учтиви и претпазливи. Бидејќи и самите се привлечни, мора да им покажете дека може и вие да бидете привлечни и дека имате свој стил.

Шкорпија
Шкорпијата е најсексуалниот знак. За многу луѓе Шкорпиите се дефинитивно најдобриот љубовник од сите останати знаци. Тие имаат магнетна, неодолива личност во физичка смисла, но може да изгледаат емоционално недостапни.
Да заведете Шкорпија е исклучително тешко, бидејќи со нивниот неодолив шарм и манипулативна моќ, тие се оние кои најчесто заведуваат.

Стрелец
Овој знак е детинест и расположен за игра, но како љубовник може да биде многу креативен. Тие остануваат секогаш млади во срцето, па затоа се отворени за разни експерименти во креветот. Немаат моќ да задржат врска, па затоа ако барате одлична авантура, ова може да биде виситнскиот знак за вас.
За да заведете стрелец, фокусирајте на нивната половина и на бутовите бидејќи обожават таму да бидат допирани. Имајте лабав пристап кон животот и одлична смисла за хумор и тие веднаш ќе паднат во ваши раце.

Јарец
Јарецот е многу резервиран и треба да биде навистина заљубен за да се впушти во физичка интимност. Јарците често не се отворени за нови експерименти, но вистински плус за вас е што се стабилни и лојално партнери за цел живот.
За да заведете Јарец, трудете се многу, а напредувајте бавно. Фокусирајте се на мали кратки допири и погледи и не им давајте се’ наеднаш.

Водолија
Овој знак ве сака поради вашето тело и навистина не се грижи дали кога имате секс сте во врска или не. Тие сакаат луди физички авантури и непредвидливи романси. Тие исто така се сметаат за едни од подобрите љубовници во зодијакот.
За да ги заведете, бидете недостапни.

Риби
Рибите нудат емотивна врска полна со задоволства и романса. Тие се навистина опуштени и сакаат смирен, среќен партнер. Откако ќе најдат ваков тип на партнер, тие со задоволство ќе ги решаваат сите караници и несогласувања со одличен секс.
За да ги заведет, бидете агресивни. Тие се по природа мрзливи и не сакаат многу игри, па затоа ќе мора се сами да смислите нешто интересно.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2013 во 13:37
ОМИЛЕНИ ФЕТИШИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

Сексуалните потреби се разликуваат кај сите луѓе, а тие варијации во сексуалните интереси можат да се препознаат и според хороскопските знаци.
Астрологијата има свое видување за тоа кој ужива во страстни бакнежи, кој во употреба на секси играчки и различни секси игри. Но, едно е сигурно, според овој хороскоп Рибите и Раковите себе си даваат најмногу слобода кога се во прашање сексуалните фетиши.

Овен
Секогаш му е потребно да почувствува адреналин. Големо задоволство му причинува утринскиот секс. Обожава кога партнерот ќе го повлече за коса во текот на сексот.

Бик
Сакаат страсни бакнежи, особено по вратот. Припадниците на овој знак сакаат чоколадо- тоа на нив делува како афродизијак.

Близнаци
Близнаците ги возбудува орален и брз секс, но не се имуни ниту на сексуални играчки.

Рак

Сака кога партнерот го допира по градите и стомакот. Најголемо задоволство му пружа сексот во хотелска соба.

Лав
Егзибиционист е. Го возбудува гризење, гре**ње и секс на плажа. Секогаш уживаат кога некој друг ги фали.

Девица
Во сексот сакаат да користат превез преку очите. Не се срамат да употреуваат и лисици. Обожаваат секс долна облека.

Вага
Ерогената зона на Вагата е задникот, па таа ужива во допирите во овој дел од телото.

Шкорпија
Без размислување ке се одлучи за секс во вода или секс на јавно место. Сака да проба сѐ.

Стрелец
Авантурата е составен дел од нивниот живот. Тој без размислување ќе се одлучи за секс на јавно место. Предложете му сексуална игра и тој веднаш ќе ја прифати.

Јарец
Фантазира за секс на „височина“. Доколку сакате да му пружите врвно уживање имајте секс на планина со него.

Водолија
За Водолиите е идеален телефонскиот секс, односно водење безобразни разговори. Сакаат и секси играчки.

Риби
Ерогена зона им се стапалата, особено прстите на нив. Сакаат да ги снимаат своите сексуални искуства.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2013 во 13:39
ВОДОЛИЈА:Неа не ѝ е грижа дали ќе ја поддржувате во она што го прави, ниту пак ќе ужива доколку ѝ доделувате разни комплименти. Таа е безгрижна девојка на која не ѝ е гајле што другите луѓе мислат за неа, а уште помалку ѝ е гајле дали начинот на кој се однесува вади некого од такт. Таа смета дека треба да ја поседува слободата да го живее животот кој избрала да го живее, а истата слобода им ја овозможува и на луѓето во нејзиниот живот. Верува дека секој човек треба да прави што сака, сѐ додека со своите постапки не повредува некој друг. Нејзиниот отворен ум, ѝ овозможува да гледа пошироко на светот околу себе, па поради тоа е и многу добродушна личност, која ги разбира чувствата на другите луѓе. Нејзината хумана страна ја тера отворено и страсно да ги покажува и сопствените емоции.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2013 во 00:36
Schatzii не знам од кај ти е ова ама за мене е скрос точно.

Водолија
Водолиите и алкохолот не одат едно со друго. Кога се пијани имаат чувство дека знаат сѐ, а доколку во таа состојба добијат некоја идеја, нема да се откажат по ниту една цена. Но, доколку приредуваат забава или организираат излегување, преокупирани се со детали од кои не се откажуваат до крај. Во овој случај тие се слатки и шармантни. Во голем број случаи, тие се грижат за оние кои навистина претерале со алкохолот. Инаку, тие сакаат пијани луѓе и обожаваат да водат чудни разговори со нив.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2013 во 21:47
Пијанството и астрологијата

Секој си има своја мерка и своја граница, кога станува збор за алкохолот. Но, не секогаш работите се одвиваат онака како што сакаме, па лесно може да се случи да се изгуби контрола. Прочитајте како се однесува вашиот хороскопски знак кога е во близина на алкохол.

Овен

Импулсивниот овен сака да се забавува и понекогаш не знае кога е доста. Неговиот натпреварувачки дух го тера да се забавува натпреварувајќи се со пријателите кој може повеќе да испие. Кога пијат тие се забавни и сакаат да флертуваат. Кога доволно ќе се напијат, од нив можете да дознаете сè што сте сакале, а не сте можеле да го извлечете кога биле во трезна состојба. Сè лошо што ќе направат во пијана состојба, до утрото го сметаат за заборавено.

Бик

Биковите сакаат да пијат мала количина алкохол и често доволно им е да се опијат. Кога навистина се пијани, тие се како вистинско стампедо. Често знаат да ја истурат пијачката по луѓето, а знаат и да се однесуваат невкусно со своите претпоставени. Кога се пијани сакаат да бидат во центар на вниманието, а во таа состојба најдобро е да се однесат на караоке забава. Со нив забавата е загарантирана.газење од смеење

Близнаци

Близнаците се забавни и можат да се опијат без премногу да го сменат својот вообичаен карактер. Дури и кога се пијани, близнаците се расположени за разговор, а вниманието често оди во некои други насоки. Понекогаш нема ни да сфатите дека се пијани. Способни се да флертуваат со неколку луѓе одеднаш, а во секоја рунда нарачуваат различен пијалак бидејќи едноличноста секогаш им е здодевна, дури и кога пијат.

Рак

Тие се нежни души, кои најчесто пијат за утеха. Тие сакаат да се напијат некоја чаша вино по вечерата, а понекогаш и пет-шест пива по работниот ден. Тие се одлични кога треба да одат на тајни ВИП забави на кои не се поканети. Во вистински гламурозен стил, раковите никогаш не се целосно пијани, туку често се „уморни и емотивни“. Сепак, нема ништо позабавно од тоа да испиете шише црно вино со вашиот омилен пријател роден во знакот рак.

Лав

Лавовите сакаат да пијат и да танцуваат, секако доколку се добри во танцување. Кога се пијани, стануваат мили и драги, но секогаш се свесни како се однесуваат. Ги знаат своите граници бидејќи се плашат да не ја изгубат контрола. Кога претеруваат со пиење, тогаш флертуваат, но никогаш не ја преминуваат границата. Утредента, обично се мамурни и се обидуваат да се извинат доколку направиле нешто лошо.

Девица

Девиците се познати како претерано чисти, па така нивниот карактер не им дозволува да се опуштаат со алкохолот. Тоа значи дека внимателно го одбираат пијалакот кој го пијат. Ретко губат контрола, но доколку ја изгубат, очекувајте спектакл. Тогаш се забавни и сексапилни, благодарение на тоа што во пијана состојба помалку размислуваат и не се оптоваруваат со ситници.

Вага

Симпатичните ваги често ќе ви кажат дека пијат од забава и дружељубивост. Вагата најмногу сака забава, флертување и запознавање нови луѓе. Кај нив, некои видови алкохол ја поттикнуваат подобрата, а кај некои полошата страна. Бидејќи се многу шармантни и без самоконтрола, вагите можат да флертуваат со сите во просторијата, а понекогаш знаат и на половина вечер да се онесвестат.

Скорпија

На скорпија никогаш не ѝ кажувајте дека и е доста, бидејќи ќе се навреди и тајно ќе продолжи да пие додека целосно не се опие. Тие сакаат да пијат, а ако тоа не ви одговара, подобро тргнете ѝ се од пред очи. Тие се одлично друштво за пиење, со нив ќе водите интересни разговори и ќе флертувате на посебен начин. Исто така, ќе се сеќаваат на сè што сте направиле, па затоа пијте само со скорпии што ве сакаат.

Стрелец

За нив важи поговорката In vino veritas (Во виното е вистината). Кога ќе се напијат, стрелците ќе ги кажат сите ваши, а и многу свои тајни. Доколку ова го тргнеме на страна, со стрелците е многу интересно да се пие. Во вој знак се родени голем број забавувачи, како Френк Синатра, Кит Ричардс и Ана Никол Смит. Стрелците се луѓе кои зборуваат со сите во просторијата, а знаат да го убедат цело друштво да направи некој нов и чуден подвиг. Немојте да се зачудите ако во текот на пиењето со стрелец се најдете во некоја нова земја или барем на непозната локација во вашиот град.

Јарец

Најчесто јарците се практични, сакаат пари и општествен статус, па не е чудно што често не се на списокот за некоја луда забава. Сепак, ова е знакот во кој се родени Елвис Присли, Ени Ленокс и Дејвид Боуви, што кажува дека јарците сепак знаат да се забавуваат. Тие се вистински рок ѕвезди, независни се, моќни и харизматични, а не сакаат премногу да им досадуваат на луѓето околу нив.

Водолија

Водолиите и алкохолот не одат едно со друго. Кога се пијани имаат чувство дека знаат сѐ, а доколку во таа состојба добијат некоја идеја, нема да се откажат по ниту една цена. Но, доколку приредуваат забава или организираат излегување, преокупирани се со детали од кои не се откажуваат до крај. Во овој случај тие се слатки и шармантни. Во голем број случаи, тие се грижат за оние кои навистина претерале со алкохолот. Инаку, тие сакаат пијани луѓе и обожаваат да водат чудни разговори со нив.

Риби

Доколку сте родени во овој знак, веројатно веќе знаете дека го делите со некои најпознати зависници на сите времиња. Во знакот риби родени се Курт Кобејн, Елизабет Тејлор и Лајза Минели. Рибите не само што сакаат да отпатуваат во светот на соништата креиран со помош на алкохол, туку многу брзо и стекнуваат толеранција на него. Од друга страна тие се одлични партнери, без разлика дали станува збор за обичен разговор или нешто навистина лошо. Со рибите можете да ја почнете вечерта со пијачка и да завршите во кревет со денови. Зборот „зависници“ може да се сфати на повеќе начини.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2013 во 15:21
Strelac: "Nemoj da me zoveš, zvaću te ja."голема насмевка
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2013 во 14:59
Што му е најважно во љубовта на секој хороскопски знак?

Можеби не сме свесни, но сите луѓе имаме една работа која нè прави весели, задоволни и исполнети. Многу е важно да успеете да ја препознаете таа работа кај луѓето, за да ги направите среќни. Прочитајте која е најважната работа во љубовта за секој хороскопски знак.

Овен

Овните секаат партнери кои со нив се отворени и директни. Нестрпливоста и недостатокот на способности може потполно да им ја уништи врската. Најтешко им доаѓа чувството кога мислат дека партнерот крие нешто од нив. Затоа бидете директни и кажете му на вашиот овен што ви се врти во глава.

Бик

Нежноста е една од најважните работи за бикот. Тој не сака суровост, вулгарности, невкусен изглед или какви било грубости. Со срцето на бикот владеат софистицираноста и префинетоста, па доколку партнерот не му биде цивилизиран, тешко ќе може да прејде преку тоа или да го опрости таквото однесување.

Близнаци

Комуникацијата е најважна работа ако имате близнак за партнер. Со него ќе морате постојано да се допишувате, да се слушате на телефон, да си испраќате СМС-пораки и слично. Доколку не сте во постојана комуникација, тоа може да биде погубно за вашата врска. Со нив морате да комуницирате и преку допирот, мирисот и вкусот. За близнаците не постои изразот „премногу кажани зборови“.

Рак

Раковите не само што сакаат да бидат заштитени, туку сакаат да чувствуваат дека и тие го штитат партнерот. Ова создава чувство на безбедност, со која љубовта може да цвета. Верноста, заштитата и целосното чувство на безбедност во прегратката на саканата личност се најубавите чувства за ракот.

Лав

Лавот мора да се чувствува непотиснат и слободен за да може да биде нежен, искрен и разигран. Детската игривост за лавовите е голема работа. Тие во неа ја пронаоѓаат страста.

Девица

Искрената добрина е единственото нешто што ѝ треба на девицата. Нивниот партнер мора да покаже добрина, како и спремност за помагање. Кога ќе видат дека личноста што ја сакаат е нежна со послабите од себе, помладите, со лицата со посебни потреби или со животните, нивното срце е целосно освоено.

Вага

На светот може му недостига мир и хармонија, но тоа е токму тоа што ѝ треба на вагата. Нивниот партнер мора да биде прилагодлив и да прави што помалку проблеми. Вагите многу ценат кога некој се обидува и се труди, а потоа знаат да опростат за секоја грешка.

Скорпија

Без искреност и чесност, скорпиите се чувствуваат празно и изневерено. Фантастичниот секс е исто така нешто што им е многу важно. Тие сакаат и да сокријат некоја тајна и да не зборат наоколу баш сè за себе. Но, сето тоа е попатно, најважно им е да имаат отворена и искрена врска.

Стрелец

Спрема стрелците морате да бидете многу дарежливи. Во нивната врска на највисоко место е взаемната дарежливост. Кај нив постои и јавниот аспект, па партнерот мора да ја прифати нивната повремена желба да бидат во центарот на вниманието. Сексот исто така е важен дел во нивната врска.

Јарец

Почитувањето, работната етика и сè спротивно на мрзеливоста се работи кои го одржуваат јарецот во живот и кои му го греат срцето. Исто така, за него љубовта и емотивната преданост идат рака под рака со работната етика. Јарецот никогаш не треба да го сфаќате здраво за готово. Премногу пофалби можат да ги доживеат како навреда.

Водолија

Возбудувањето и експериментирањето се многу важни во односите и во животот на водолиите, но секогаш на прво место се праведноста и отвореноста спрема новите идеи. Незабележителните партнери кај нив немаат шанси. Со нивните идеи не мора да се сложувате, но не е лошо доколку е така.

Риби

Рибите се најосетливиот знак во Зодијакот, и тоа во секој поглед. Постојаното повредување на нивните чувства нема да донесе ништо добро. Нив им треба некој што е отворен и сочувствителен и некој што знае да се изрази. Исто така им треба некој кој ќе ги утеши доколку заплачат, а тоа сигурно некогаш ќе се случи.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13901
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2013 во 13:48
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Originally posted by mrzla mrzla напиша:

Според мене:

....

Водолиите.....Знаат и да откачат да зезнат зависи од ситуација може без причина да те остават на цедило

.....
и така.....


цццц....абе знаеш дека и други ми рекле вака.....изненадување
,,,,

,,,kuti ,,,ninja,,,odma etiketa dobivash,,,,плазење
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6162636465 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,031 секунди.