IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7172737475 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2013 во 10:36
1 Јован 2


1 Деца мои, ова ви го пишувам за да не згрешите; и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исуса Христа, Праведникот.
2 Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.
3 И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди.
4 Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него.
5 А кој го пази Неговото слово, во него, навистина, љубовта кон Бога стигнала до совршенство. По тоа знаеме дека сме во Него.
6 Кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што одеше Тој.
7 Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток; старата заповед е словото, што сте го чуле.
8 Но сепак ви пишувам нова заповед; - и тоа е вистинско и во Него и во вас - зашто темнината поминува, а вистинската светлина веќе свети.
9 Кој вели дека е во светлината, а го мрази својот брат, тој е сеуште во темнината.
10 Кој го љуби својот брат останува во светлината и во него нема соблазан.
11 А кој го мрази својот брат во темнината е и во темнината оди, и не знае каде оди, зашто темнината му ги заслепила очите.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 05:11
34 И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.”

МАТЕЈ 6       



Постои само СЕГА. Ако се згрижиме како што треба за СЕГА, тогаш нема потреба да се секираме за УТРЕ.


УТРЕ ќе биде згрижено како СЕГА.




              

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 05:16
60  Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци. 

ЛУКА 9                     


Не им пречи на умрените да се занимaваат со умрешки работи. И онака друго не можат да разберат. Секој збор не е зa сечии уши.

Остави ги... добро ќе сториш и за нив и за себе.












Изменето од Messenger - 10.Јуни.2013 во 05:17
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2013 во 10:58
Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам? Господ е штит на мојот живот, пред кого да треперам? Псалм 27:1

Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Божјата мудрост, Бог благоволи да ги спаси оние, кои веруваат, преку безумството на проповедувањето. 1 Коринтјаните 1:21
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2013 во 11:19
Лука 14

12 Му рече и на оној, кој Го повика: „Кога даваш ручек или вечера, не повикувај ги своите пријатели, ни твоите браќа, ни своите роднини, ниту богатите соседи, за да не те повикаат и тие и да ти биде вратено.
13 Туку кога даваш гозба, повикај ги бедните, сакатите, хромите и слепите!
14 И ќе бидеш блажен, зашто немаат со што да ти вратат! Ќе ти биде вратено при воскресението на праведниците.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2013 во 12:00
ПСАЛМИ 105


1 Славете Го Господа, повикувајте Го Неговото име, навестувајте ги Неговите дела меѓу народите!
2 Пејте Му, свирете Му, раскажувајте ги сите Негови чудеса!
3 Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!
4 Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте Го секогаш Неговото лице!
5 Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!
6 Авраамовиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници!
7 Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја!
8 Тој си спомнува секогаш за Својот Завет, за словото што им го кажа на илјади поколенија:
9 за Заветот што го склучи со Авраам, и за Својата заклетва на Исак.
10 Го воспостави како закон за Јакова, вечен Завет за Израел,
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2013 во 10:39
12 Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.”Дела Апостолски 4:12.

Јован 16
27 Мир ви оставам, мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бо
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2013 во 11:31
1 Солунтјаните 5

14 Ве молам уште, браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на немоќните и бидете трпеливи со сите луѓе.
15 Гледајте никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш барајте го доброто меѓу вас и за сите луѓе!
16 Радувајте се секогаш,
17 молете се постојано и
18 благодарете за се, зашто тоа е Божја волја за вас во Христос Исус!
19 Не гаснете го Духот, не презирајте ги пророштвата,
20 туку испитувајте се, а држете се за доброто.
21 Воздржувајте се од секој вид на зло!
22 А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно!
23 И вашиот дух, душата и телото да бидат запазени целосни и беспрекорни при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
24 Верен е Оној Кој ве повикува, Кој и ќе го стори тоа.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2013 во 22:25
14 Но тебе ти признавам дека според Патот, кого тие го нарекуваат секта, така Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во сè што е според Законот и Пророците

==Дела Апостолски 24:14 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2013 во 09:02




Стојте во слободата со која Христос нè ослободи и не се подавајте пак под ропски јарем!
   

Галатј. 5:1






Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2013 во 10:14
Побожниот исчезна од земјата, ниеден праведник меѓу луѓето! ...секој му поставува мрежа на својот брат....главатарот бара подарок, судијата суди според поткупот...и така тие, заедно го ткаат злото.
(Михеј 7:2-3)


Пророкот Михеј ја опишал состојбата на денешницата!!!...и дава надеж, и пишува: "А јас, јас сум загледан во Господа...мојот Бог ќе ме послуша мене.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2013 во 10:20
Псалм 139


1 Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш,
2 Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли.
3 Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта.
4 Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш.
5 Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене.
6 Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам.
7 Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице?
8 Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си.
9 Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето,
10 и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи.
11 Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!”
12 Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина.
13 Зашто Ти ги создаде моите бубрези, ме истка во мајчиното крило.
14 Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае.
15 Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата.
16 Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додека не беше ниеден.
17 Колку ми се драгоцени Твоите науми, Боже, колку е непресметлив нивниот број.
18 Да ги бројам! Повеќе се од песок! Кога се будам, уште сум со Тебе!
19 Боже, истреби ги злотворите, нека отстапат од мене крволоците!
20 Зашто се бунтуваат подмолно против Тебе, напразно се подигаат Твоите непријатели.
21 Господи, зар да не ги мразам Твоите мразители? Зар да не ми се гадат Твоите противници?
22 Јас ги мразам со далабока омраза и ги сметам за свои непријатели.
23 Испитај ме целиот, Боже, запознај ми го срцето, испитај ме и запознај ги моите мисли:
24 Погледај да не одам по гибелен пат и поведи ме по вечниот па
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2013 во 00:29


Оди при мравката, о мрзливецу, набљудувај ги нејзините патишта и постани мудар.   


Мудр. изреки 6:6





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2013 во 10:36
СТИХ ОД БИБЛИЈАТА

Господ ќе ме избави од секое зло дело и ќе ме запази за Своето Небесно Царство.Нему слава за вечни векови.Амин!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7172737475 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.