IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - БЕЗ КОМЕНТАР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БЕЗ КОМЕНТАР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4950515253 84>
Автор
Порака
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2013 во 01:33
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:


П.С. Инаку окулу градежништвото и тоа дека ја развива економијата...
еднаш дискутиравме и секој си остана на своето, нормално...намигнување
но се согласувам со се што кажа NRGMKD...
само би додал...
кога градежните компании ќе излезат надвор од државата да работат....
и ќе носат заработка дома...
тогаш ќе збориме за градежна индустрија...
ко на она Турците што не ебавале 500 години...
а сега си ја развиваат градежната индустрија кај нас...
дотогаш од шупливо у празно...

и браво, навистина падна цената на становите...
4 %...
јако..
убаво Брзиот си кажа...
идам и јас да побрзам да купам поефтин стан...намигнување
да не ги снема пошто се ефтини...
така ние у МК си купуеме станови...
како гаќи на пазар поефтини...
3 за 100...изненадување



Како прво, не е точно дека градежната индустрија не работи со профити. Eve konkretni fakti za toa: http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1144715902/skopski-granit-belezi-ogromen-rast-na-dobivkata?utm_source=daily.mk
Дали може подобро? Сигруно дека може, како што може насекаде во светот. Дали сите заработуваат така? Сигурно не, како што е насекаде во светот.

Како второ, можеби не си знаел, но нашите градежни фирми работат во странство, во овој период особено во Турција и на блискиот исток.

Како трето, кога говоревме за важноста на градежната индустрија и за намалување на цената на становите со нивната интензивна изградба (која толку многу ја критикуваше), тогаш тврдеше дека нема да има ништо од намалување бидејќи еве, се градело, а од тоа немало фајде. Тогаш ти одговорив дека нештата на пазарот не се одвиваат преку ноќ, туку за тоа треба извесно време. Тоа го гледаме сега, не повеќе од половина година од нашиот муабет. А сега ти велам, очекувај цените да паѓат уште повеќе. Амо не веруваш, на ова ќе те потсетам после половина година. 







Кога веќе го посочуваш Гранит како компанија тогаш треба да говориш од твое лично искуство со таа компанија... Имено Гранит е една од 3-те македонски компании кои работат надвор од Македонија. Но медалот има и второ лице. Гранит во Македонија има над 1000 доверители кон кои должи пари, и се разбира се навраќаме на моментот, дека тие долгови во огромен процент ги затвора со цесии, или компензации, а додека другиот договорен дел со наплата го тегне ко пита до судњега дана. Секоја компанија која соработува со Гранит, ќе ти каже дека со нив да работиш и извлечеш чиста пара е како да си добил на Бинго. Но во Македонија не е само Гранит како компанија која работи во делот на градежништвото. За да го создаде тој профит Гранит, распрашај се наоколу и ќе дознаеш многу вознемирувачки информации, и тоа дека над 20 помали компании доверители се доведени до буквален банкрот баш заради таа соработка со нив. Имено компаниите веќе и го избегнуваат Гранит за соработка во Македонија, иако е најголем. Порано важеше за носител и столб на градежништвото но денес не е тоа што беше порано. Така да од обична информација од некој весник не се ослонувај, пак ќе ти кажам распрашај се наоколу, зашто градежништвото во Македонија е многу осетлива гранка и во неа има повеќе изгорени отколку збогатени...

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2013 во 01:40
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:


Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:


Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

не навлегувам во критериумите за селекција, но согласно условите во огласот, луѓето кои што ги спомнав и повеќе од доволно одговараат на профилот, но и во одговорот стои дека 

И ОДБРАНИ ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО РАБОТА .... Барем нека не ги мавтосуваат дека се тие што ќе почнат со работа и да ги држат секој ден во неизвесност... и во најмала рака, ако толку немаме квалификувана работна рака (а со сигурност знам дека имаме и повеќе од доволно) тогаш нека сменат критериуми, или нека не бараат некој западњачки систем, бидејќи сите големи компании имаат свои фабрики во неразвиените земји каде квалификуваноста на работната сила е далеку под нивото на нашата квалификувана сила, но таму ете работат без проблем.. има некој друг проблем и тоа во повеќето новодојдени компании но тоа допрва ќе испливува на површина... се шпекулира за некакви си инструирани списоци за вработување, за наем на агенции без доволно квалификации да вршат селекција и сл, а се блиски до актуелната власт... како што кажав допрва ќе излезат некои работи на површина.


Што ќе излезе допрва на површина ???  Kритеријумот што си го користи фирмата за вработување во сопствената фабрика ??? голема насмевка

Го немаме оригиналниот одговор од фирмата пред нас, па можеме да збориме што сакаме, но како што веќе ти одговорив фирмата има апсолутно право да избира кој кога ќе го повика и кого ќе го вработи.

Истото важи и за апликантите - никој не ги обврзув да висат на закачалка и да чекаат кога ќе бидат повикани, туку веднаш можат да аплицираат на други места.

Case closed.


П.С. Уште повеќе, апликантот кој е вработен може во било кој момент да аплицира на друго место и ако е примен веднаш да даде оставка на старото и да се префрли на новото. 

Какви работи допрва ќе излагаат на површина ???

Додуша имаш право, за некои допрва ќе излагаат на површина старите капиталистички норми на слободна размена на трудот.
















Е ај сега ако сакаме да ја тегнеме ко пита нема проблем... Јас кажав дека почна на големо да се шпекулира дека фирмите инвеститори во Македонија се во голем дел обврзани да соработуваат со некои агенции за вработување кои ја вршат во голем дел од постапката при селекција и вработување... А сите знаеме дека ако некоја агенција е фаворизирана, како оди понатаму постапката... не го зборам ова од памет, јес да е рекла казала, но штом е веќе излезено во јавност и почнува да се врти низ чаршија тоа значи дека има нешто во позадина... Значи никој тука не спомна поранешни системи, туку говорам за сегашно време.



Абе на некој навистина не му одговара едноставноста и очебијноста на нештатa, па ја развлекува како пита.... те инвеститорите за свои пари биле обврзани да соработуваат со агенции за вработување, те агенцииве имале голем удел при селекцијата, те некои од нив биле фаворизирани, те ова, те она, те вака, те онака... те верувај ми на чаршијските муабети бидејќи не се чаршијски и ќе излезат на виделина... 

... па што да чекаме да излезат на виделина ако се вистински ??? Што да чекаме ако не се чаршијски муабети од стилот "рекла-казала"??? Што ми велиш да чекам ако веќе со сигурност ги знаеш ??? Повели, распостели ги фактите.








Твојов муабет е како оној на кралицата... немаме пари за леб таа им вика јадете колачи... Јас воопшто не сум тој што треба да ги обелодени фактите за кои што наголемо се збори по народот... Од проста причина што имам семејство на мој грб... Ако тој систем го нема кај тебе горе во Канада, тогаш тој систем функционира во Македонија... Не е нормален но е наметнат од актуелната власт... Лесно да се каже ајде изнеси ги фактите, но што потоа... Македонија е ова... секоја друга нормална власт во друга земја може сериозно да се разниша со ова, но кај нас стапот ќе го изеде само оној кој ќе ги изнесе фактите...




НГРМКД,

Незнам на што мислиш кога зборуваш за системот кој го наметнува актуелната власт?!

Груевски и компанија не измислуваат топла вода. Тие едноставно одат по светот снимаат, копираат и ги применуваат туѓите искуства. Буквално се!

Со други зборви, тоа што го искусваш во Македонија го има во белиот свет. Разликата е во големината на државата и обемот на еконмијата. Во помала средина, полесно е да се видат аномалиите.

Whistle blowers има насекаде и никаде не се прифатени, барем не од оштетената страна.

Во капитализмот е дозволено се, само доколку си во рамките на пропишаната регулатива. Со оглед дека работната сила е едена од најзначајните компоненти во цената на чинење на било кој производ, тогаш компаниите не само што треба да бидата внимателни кого вработуваат, туку и да имаат стратегија која ќе ја обезбеди иднината на истата. Во услови каде понудата на работан сила е огромна, тогаш е сосема норамлно компаниите да бидат пребирливи и се стремат да го изберат најдоброто.


Поентата во муабетот околу тие фантомски агенции за вработување ми беше дека и тоа се сведува на партизираност. Приоритет при вработувањето преку тие агенции имаат лицата со партиска членска книшка од владеачкиот блок. На тој начин и тие квалитетни кадри кои ете сакаат да се вработат во тие странски компании во Македонија се доведени во ситуација да бидат приморани да извадат книшка па да се стават во долгиот ред на чекање на "заслужни". И нормално е дека добар дел од нив нема да сакаат да го сторат тоа, а агенциите работат со расположливиот потенцијал од човекови ресурси и вршат селекција. И нормално е дека голем дел квалитетни кадри нема да го вкусат интервјуто во тие компании, бидејќи нема да имаат можност да аплицираат зашто не се дел од расположливиот арсенал на тие фантомски агенции. Сето тоа води кон одреден степен на диктатура, каде за да може човек да си обезбеди егзистенција, мора да биде партизиран. Баш заради тоа странските компании добиваат впечаток дека во Македонија нема расположлив арсенал од квалитетна работна сила.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2013 во 11:01
Ако се спореди она што се случуваше по македонските плоштади и паркови со ова што деновиве се случува во Турција покажува зошто турците имале толкувековна империја а ние десетдневна република....
Иако се гордеам што сум Македонец во Македонија, денеска е гордост да си Турчин во Турција....затоа сакам да им честитам на храброста....така се гради и брани држава а не како кај нас, со вовлекување во анусот на власта и со 'ќути, има и полошо' ....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2013 во 09:03
Македонец е синоним за летаргична состојба ,затоа Нинџа не барај промена во свеста кај народот бидејки само ке се нервираш.

Ги прочитав погорните постови ,сите сте во право на некој начин но не сте на позиција да промените нешто бидејки оние кој се сега на позиција се менаџерите кој за 5 минути ги завршија факултетите,а ги поставија на раководни позиции каде треба големо искуство и знаење.
Ми остави голем впечаток средбата со еден пензионер од Англија кој е Машински инжињер но во своите 35 години работно искуство човекот учествуваше во изградбата на нуклеарна централа во Индија,на бродоградилиште во Фанција,во Украина како надзор на гасоводот,но човекот и покрај толкаво знаење и искуство сеуште нема магистрирано.
Ни објасни дека и кај нив сега не е толку строг системот како во 70 години од минатиот век но стекнувањето на титула звање Магистер или Доктор на науки и во
Англија а посебно Франција е многу ригорозно бидејки треба да си исклучителна личност докажана во областа каде делуваш и затоа титулите се малце на број за разлика од кај нас каде се штанцаат дневно а тоа ни го поткопува целиот образовен систем кој подоцна треба да продуцира кадри кој ке даваат придонес за развој на опшеството во секоја свера.
Не дека и кај нас нема квалитетни кадри но тие не гледаат перспектива во Македонија бидејки сме мал пазар а додатно политичко -олигарските кланови ги потискаат и затоа шансата си ја бараат надвор од Македонија.


Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2013 во 14:58
Магистратура кај нас се стекнува после 1 година пост дипломски студии со само 1-2-3 месеци пракса. Кај нас и во наши услови теоријата речиси никогаш не преминува во пракса. By the book, кај нас можеби ќе дојде и ќе се работи кога многу други работи ќе се средат. Убав е тој начин на функционирање но кај нас за жал е само на хартија... кај нас сеуште има (а во последно време се во експанзија пак) газди со основно образование и со прикрпен кеш и ти продаваат памет. Да може да ми продаваат памет ама за тоа што јас не го знам, ама за нешто што го знам, и сум сигурен дека не е така, неможам да им речам дека се во право само заради тоа што тие се газди а јас сум понудувач. 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2013 во 18:32
За жал парите често пати стигнуваат пред културата и образованието.

Убаво е да се мериме со Франција и Англија, ама 65 години не се исто што и 800, нели? Згора на тоа тие биле и империи, колонијални сили.

НГРМКД,

Ако некој нешто продава, ти немораш да го купиш. Остави вепечаток дека навистина нешто ново си научил. Не реагирај емотивно, балкански, тој мене ќе ми кажува, копук еден! На крајот на краиштата тој копук, has got your money in his pocket! Ако му го масираш некому егото, нензачи дека ти си губитник. Тој треба да се почувстува добро за самиот себе, а не загрозен или потценет. Само на тој начин ќе успееш да му продадеш. Ништо нема да те чини, верувај!

Тој однос Англичаните многу добро го усовршиле во измнативе 800 години.

Па ке речат, yes, you are right, but.....
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2013 во 03:35
Не е муабетот за таквите кои ете незнаат, а се праат дека знаат.. муабетот ми беше за покондурените... да секако ги моите пари во неговиот џеб, но зборот беше за оние без образование и без основна култура, кои мислат дека ако ги имаат парите, имаат се, па дури и културата која впрочем ја заборавиле во шталата... Јас точно знам со кого и како да се поставам.. Секако дека пред клиент не се поставувам во стилот што го опиша ти, копук тој мене ќе ми кажува, туку напротив го третирам како да е крал на Сијам, или фараон од египет, но за жал поголемиот број од тие новопечени квази бизнисмени се од типот кој го опишав.... Така да горниот пост беше чисто отсликување на состојбата со нашите учени и "учени" бизнисмени, директори, магистри и сл.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2013 во 23:32

Латас – директор на МРТВ, Ивона економски промотор?!

На јавниот сервис МРТВ наводно му следи уште едно кадровско освежување дознава Либертас. Владата, според овие извори, притисната од критиките, пред се од надвор, дека со реклами ги контролира речиси сите национални телевизии, направила план како да се ослободи од ваквата квалификација, пишува порталот Либертас.

latasСпоред порталот, наводно веќе било одлучено јавниот сервис да се зајакнува и со кадар и со реклами, најмногу на сметка на водечките тв станици, Сител и Канал 5.  На овие тв станици во иднина се помалку Владата ќе се рекламирала, а парите ќе ги усмерела кон МРТВ и тв Алфа, која ќе биде со нови спортско-музички профил. Во овие комбинаторики, според непотврдени информации, владата за директор на јавниот сервис размислува да го постави главниот уредник на тв Сител, професор доктор Драган Павловиќ Латас.

Во овој план на Владата не била заборавена и уредничката во Сител и на дневниот весник Вечер, Ивона Талевска. Можно било таа да добие место на владин економски промотор во Белград. Ивона, според изворите на Либертас, покрај новинарството се занимава и со пи-ар и веќе тоа го работи за познати македонски компании.


ОВА СЕ НАРЕКУВА ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕГ НА ГУБИТНИК.... Ивона Талевска наградена како економски промотер во Белград... Да лапа пари на државен трошок... Добро си ја сместил Латас својата КОНКУБИНА, а богами тој нели беше тој што изјавуваше дека никогаш не би земал пари од државата, а сега е кандидат (а повеќе од сигурно е дека ќе биде) за директор на МРТВ.....



The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 13:51
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Министерот Ристовски ги искара младите оти немаат желба за работа 
........
Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, туку е проблем да се ангажираат дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани. Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места....
........

изненадување...
не знам...


Воопшто не е далеку од вистината. Нештата во Македонија се како оноа  "барам работа, молам Бога да не ја најдам".

Убав пример за тоа е "Кемет Еlectronics". Фирмава дојде затоа што владата насекаде труби дека имаме средно и висококвалификуван кадар за електроника, електрика и машинство кој бара да биде вработен.

"Кемет Еlectronics" објави оглас за првични 200 работни места на кој се јавија скоро 2000 луѓе. После селекцијата, од оние 200 одбрани на првиот ден во фабриката дојдоа само 20 (дваесет) ! Од сите други повеќе глас не се слушна. 


Нешто повеќе за невработените и барањето работа:


" Уште пред да почне процесот со пререгистрација, посредувавме за една компанија која бараше 10 вработувања. Обично во вакви случаи покануваме далеку повеќе кандидати, некогаш 10 или 20 невработени од тој профил. Поканивме 200 лица. На разговор дојдоа најмногу 40 лица, а другиот ден уште 20 со образложение дека им задоцнил поштарот или со други изговори. Од тие 40 кандидати, уште на влез половината „испарија“. Kој болен, има мало дете за чување, кој не може да работи сега, некои се прешколуваат, па ќе се пријавеле со високо образование. На тие што влегоа, уште непочнат разговорот, првото прашање им беше колкава е платата. Не дозволуваа работодавецот да ги каже условите бидејќи некогаш платите се високи, а условите за работа лоши. Дел од нив не ги прифаќаа условите, а од тие прифатија 8 до 10 невработени ги упативме кај работодавецот. Таму е друга приказна. Kај него дојдоа максимум 5-6 лица, од кои тројца веднаш бараат работодавецот да им даде потврда дека не се за кај него, односно дека не соодветствуваат за таа работа. Остануваа само еден-двајца, кои потпишаа договор за вработување. "







Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 14:42
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Нешто повеќе за невработените и барањето работа:


" Уште пред да почне процесот со пререгистрација, посредувавме за една компанија која бараше 10 вработувања. Обично во вакви случаи покануваме далеку повеќе кандидати, некогаш 10 или 20 невработени од тој профил. Поканивме 200 лица. На разговор дојдоа најмногу 40 лица, а другиот ден уште 20 со образложение дека им задоцнил поштарот или со други изговори. Од тие 40 кандидати, уште на влез половината „испарија“. Kој болен, има мало дете за чување, кој не може да работи сега, некои се прешколуваат, па ќе се пријавеле со високо образование. На тие што влегоа, уште непочнат разговорот, првото прашање им беше колкава е платата. Не дозволуваа работодавецот да ги каже условите бидејќи некогаш платите се високи, а условите за работа лоши. Дел од нив не ги прифаќаа условите, а од тие прифатија 8 до 10 невработени ги упативме кај работодавецот. Таму е друга приказна. Kај него дојдоа максимум 5-6 лица, од кои тројца веднаш бараат работодавецот да им даде потврда дека не се за кај него, односно дека не соодветствуваат за таа работа. Остануваа само еден-двајца, кои потпишаа договор за вработување. "


Колку е убаво да се гледа само едната страна од паричката...
би било чесно да се каже за какво работно место станува збор...?
кои биле бараните квалификации од работодавачот...?
кадар со какво образование и квалификации бил испратен на интервју...?
каде било лоцирано работното место, во град, во индустриска зона...?
од кои места на живеење биле посочените кандидати...?

и окулу секое од поставените прашања може да зборуваме многу...

на кратко само - кандидат што живее во Ѓорче Петров...
добива понуда за работа во индуструска зона Илинден (Билимбегово)...
каде треба да работи двократно, значи денес два пати да оди и да се враќа...
да работи и во сабота...
по потреба и во недела...
сето тоа за 8 000 денари...

ако малку удриш рачун на приказната, ќе видиш дека...
тој истиот ќе биде ќар до гуша...
и ќе го нарекуваат неработник...

следно на кратко...
мајка на 2 деца добива понуда да работи во фирма за плата 8 000 денари...
пошто децата нема кој да и ги чува,м мора да ги прати во градинка каде ќе плаќа оклулу 3 000 ден за двете...
башка други трошкови...
од остатокот, треба да се покрие пат до работа, доручек...
ќар до гуша...

и уште многу слични примери има...

и не можам да разберам, како може да се осудува некој ако праша за големината на платата...збунетост
па нели е тоа нормално, кој иде на работа за без пари...збунетост

и дугачка тема е таа...

паушални заклучоци, површно размислување и поглед на работите...
и сведување на проблемот на статистика...
доведува до дебилни заклучоци...



Изменето од којсумјас - 08.Јуни.2013 во 14:45
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 14:46
Месенџер... Ај направи ти една штик проба... пушти оглас на некој од нашиве сајтови за работа... www.najdirabota.com.mk највеќе одговара, и највеќе е посетуван... Пушти оглас на 10 дена траење (бесплатен е), стај емаил адреса за да ти испраќаат св и чекај... ако немаш над 1000 св пристигнато во рок од една недела, јас ќе се сечам кај што сум најтенок.. Од тие 1000 св, повикај 100 на разговор на како втор филтер... Гарантирам дека сите 100 ќе ти дојдат на разговор, можеби -2 -3 макс. Од тие 100 одбери 10-15 и пак повикај ги... СИТЕ ДО ЕДЕН ЌЕ ДОЈДАТ, И НИКОЈ ПРВО НЕМА ДА ТЕ ПРАША КОЛКУ Е ПЛАТАТА.... Пробано, видено, знаеме... И не е само кај нас во фирма.. Во скоро сите фирми е така....А на ова пишаново од директорот на агенцијата за вработување, ми доаѓа да си избришам задник ... Се додека читате и верувате на монтирани интервјуа, колумни, текстови и ред др. работи, се до тогаш нема да знаете што е вистината.
Затоа ти кажав... ПРОБАЈ ПУШТИ ОГЛАС И ЌЕ ВИДИШ КОЛКУ САМИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ.... Ќе бидеш изненаден колку и какви се ќе ти се пријават на огласот, и на што се спремни луѓето за да дојдат до работа и парче леб.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 14:49
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:



паушални заклучоци, површно размислување и поглед на работите...
и сведување на проблемот на статистика...
доведува до дебилни заклучоци...

да- chunki ke da e prvat ,

...a i belki  nema...posleden da bide!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 17:33
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Нешто повеќе за невработените и барањето работа:


" Уште пред да почне процесот со пререгистрација, посредувавме за една компанија која бараше 10 вработувања. Обично во вакви случаи покануваме далеку повеќе кандидати, некогаш 10 или 20 невработени од тој профил. Поканивме 200 лица. На разговор дојдоа најмногу 40 лица, а другиот ден уште 20 со образложение дека им задоцнил поштарот или со други изговори. Од тие 40 кандидати, уште на влез половината „испарија“. Kој болен, има мало дете за чување, кој не може да работи сега, некои се прешколуваат, па ќе се пријавеле со високо образование. На тие што влегоа, уште непочнат разговорот, првото прашање им беше колкава е платата. Не дозволуваа работодавецот да ги каже условите бидејќи некогаш платите се високи, а условите за работа лоши. Дел од нив не ги прифаќаа условите, а од тие прифатија 8 до 10 невработени ги упативме кај работодавецот. Таму е друга приказна. Kај него дојдоа максимум 5-6 лица, од кои тројца веднаш бараат работодавецот да им даде потврда дека не се за кај него, односно дека не соодветствуваат за таа работа. Остануваа само еден-двајца, кои потпишаа договор за вработување. "


Колку е убаво да се гледа само едната страна од паричката...
би било чесно да се каже за какво работно место станува збор...?
кои биле бараните квалификации од работодавачот...?
кадар со какво образование и квалификации бил испратен на интервју...?
каде било лоцирано работното место, во град, во индустриска зона...?
од кои места на живеење биле посочените кандидати...?

и окулу секое од поставените прашања може да зборуваме многу...

на кратко само - кандидат што живее во Ѓорче Петров...
добива понуда за работа во индуструска зона Илинден (Билимбегово)...
каде треба да работи двократно, значи денес два пати да оди и да се враќа...
да работи и во сабота...
по потреба и во недела...
сето тоа за 8 000 денари...

ако малку удриш рачун на приказната, ќе видиш дека...
тој истиот ќе биде ќар до гуша...
и ќе го нарекуваат неработник...

следно на кратко...
мајка на 2 деца добива понуда да работи во фирма за плата 8 000 денари...
пошто децата нема кој да и ги чува,м мора да ги прати во градинка каде ќе плаќа оклулу 3 000 ден за двете...
башка други трошкови...
од остатокот, треба да се покрие пат до работа, доручек...
ќар до гуша...

и уште многу слични примери има...

и не можам да разберам, како може да се осудува некој ако праша за големината на платата...збунетост
па нели е тоа нормално, кој иде на работа за без пари...збунетост

и дугачка тема е таа...

паушални заклучоци, површно размислување и поглед на работите...
и сведување на проблемот на статистика...
доведува до дебилни заклучоци...


Пријателе, имаш право во своите забелешки... уште повеќе, јас веќе реков дека подразбирам оти секој има право да бира работа и дека тука не гледам ништо лошо. Но, сето тоа кажува дека мораме да го прифатиме, а не да го негираме фактот, дека постои БАРАЊE работа и БИРАЊЕ работа. А коментарот на министерот и нештата за кои дискутираме тука говорат токму за ТОА.

Во наведениот пример, поканети се луѓе без работа кои гравитираат кон подрачјето на фабриката. Не се канети потенцијални работници од друг крај на градот или од друг град. Тие исти работници занеле за кое која работна оганизација се работи, каде се наоѓа и кои се работните места. Така да, иако сум спремен начелно да ги прифатам твоите забелешки, тие nе одговарaат на посочениот случај. Патем, редовно доаѓам во Македонија, постојано разговарам со луѓето  и многу добро ми е познато како размислуваат оние кои бараат работа (меѓу нив имам и пријатели и роднини). 

Патем, во сетo ова се наоѓам и јас... потсетувајќи се како БАРАВ работа кога бев новодојден преку океанот. Не ми беше важно каква работа ќе најдам, колку ќе бидам платен и колку ќе биде далеку од местото на живеење. За едно од работните места во еден правец патував со подземна железница и два автобуса цели 2 часа. Секојдневно патував по половина работно време само за да дојдам до работното место и да се вратам од него. И бев среќен затоа што имав работа.

И денес кај мене луѓето, оние кои БАРААТ, а не БИРААТ работа живеат така како што живеев јас. И денес милиони работници секојдневно во еден правец патуваат како што би патувале македонците од Велес или Струмица до Скопје и назад. Некои тоа го прават со сопствени превозни средства (сами или здружени со неколкумина) или со јавен превозен сообраќај (мешано: воз - автопат - поѕемна железница - градски сообраќај). И денес многумина патуваат во убаво веме по 2 часа во еден правец (за зимските денови да не спомнувам).

И сета поента на разговорт е токму тоа - колку од заведените невработени навистина БАРААТ работа или БИРААТ работа... или само фиктивно се водат како невработени за да уживаат некакви бенефиции.

И ако тоа е така, како што е така, тогаш тоа мораме да го прифатиме како факт, а не да го негираме.










Изменето од Messenger - 08.Јуни.2013 во 17:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2013 во 18:34
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

........................
И сета поента на разговорт е токму тоа - колку од заведените невработени навистина БАРААТ работа или БИРААТ работа... или само фиктивно се водат како невработени за да уживаат некакви бенефиции.

И ако тоа е така, како што е така, тогаш тоа мораме да го прифатиме како факт, а не да го негираме.


Значи кога зборуваме на темата...
ти правиш јасна разликана поимите "бараат" и "бираат"...
и јас те разбирам...
таму некаде веројатно е така...

но да бидеме реални...
овде нема слободни работни места...
има работни места за кои се нудат многу лоши услови...
па дури и оние кои немаат работа, ги одбиваат...

заради мала плата која нема да ги покрие ни трошоците за одење на работа...
заради фирма која е позната по тоа дека своите вработени ги плаќа со задоцнување...
а потоа воопшто не им ги доплаќа заостанатите плати...
заради тешки работни услови...
заради исти причини за кои и таму на запад нема доволно кадар во одредени струки...

Инаку приказната дека е подобро да се водат како невработени за тоа што имаат некакви бенефиции...
е тоталка аут...
невработените немаат ама никаква бенефиција од таква ситуација...
освен ако не рачунаш здравствено осигурување и плави картони...
но бесплатна здравствена заштита имаат сите, од социјалци па надаље...

види..
темата е прилично комплексна...
но дефинитивно е погрешно да се каже дека во РМ има работа, ама се одбива...
јок...


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4950515253 84>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.