![]() |
|
БЕЗ КОМЕНТАР |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4950515253 84> |
Автор | ||||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Кога веќе го посочуваш Гранит како компанија тогаш треба да говориш од твое лично искуство со таа компанија... Имено Гранит е една од 3-те македонски компании кои работат надвор од Македонија. Но медалот има и второ лице. Гранит во Македонија има над 1000 доверители кон кои должи пари, и се разбира се навраќаме на моментот, дека тие долгови во огромен процент ги затвора со цесии, или компензации, а додека другиот договорен дел со наплата го тегне ко пита до судњега дана. Секоја компанија која соработува со Гранит, ќе ти каже дека со нив да работиш и извлечеш чиста пара е како да си добил на Бинго. Но во Македонија не е само Гранит како компанија која работи во делот на градежништвото. За да го создаде тој профит Гранит, распрашај се наоколу и ќе дознаеш многу вознемирувачки информации, и тоа дека над 20 помали компании доверители се доведени до буквален банкрот баш заради таа соработка со нив. Имено компаниите веќе и го избегнуваат Гранит за соработка во Македонија, иако е најголем. Порано важеше за носител и столб на градежништвото но денес не е тоа што беше порано. Така да од обична информација од некој весник не се ослонувај, пак ќе ти кажам распрашај се наоколу, зашто градежништвото во Македонија е многу осетлива гранка и во неа има повеќе изгорени отколку збогатени... |
||||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||||
![]() |
||||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Поентата во муабетот околу тие фантомски агенции за вработување ми беше дека и тоа се сведува на партизираност. Приоритет при вработувањето преку тие агенции имаат лицата со партиска членска книшка од владеачкиот блок. На тој начин и тие квалитетни кадри кои ете сакаат да се вработат во тие странски компании во Македонија се доведени во ситуација да бидат приморани да извадат книшка па да се стават во долгиот ред на чекање на "заслужни". И нормално е дека добар дел од нив нема да сакаат да го сторат тоа, а агенциите работат со расположливиот потенцијал од човекови ресурси и вршат селекција. И нормално е дека голем дел квалитетни кадри нема да го вкусат интервјуто во тие компании, бидејќи нема да имаат можност да аплицираат зашто не се дел од расположливиот арсенал на тие фантомски агенции. Сето тоа води кон одреден степен на диктатура, каде за да може човек да си обезбеди егзистенција, мора да биде партизиран. Баш заради тоа странските компании добиваат впечаток дека во Македонија нема расположлив арсенал од квалитетна работна сила. |
||||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||||
![]() |
||||||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ако се спореди она што се случуваше по македонските плоштади и паркови со ова што деновиве се случува во Турција покажува зошто турците имале толкувековна империја а ние десетдневна република....
Иако се гордеам што сум Македонец во Македонија, денеска е гордост да си Турчин во Турција....затоа сакам да им честитам на храброста....така се гради и брани држава а не како кај нас, со вовлекување во анусот на власта и со 'ќути, има и полошо' .... |
||||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||||||
![]() |
||||||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Македонец е синоним за летаргична состојба ,затоа Нинџа не барај промена во свеста кај народот бидејки само ке се нервираш.
Ги прочитав погорните постови ,сите сте во право на некој начин но не сте на позиција да промените нешто бидејки оние кој се сега на позиција се менаџерите кој за 5 минути ги завршија факултетите,а ги поставија на раководни позиции каде треба големо искуство и знаење. Ми остави голем впечаток средбата со еден пензионер од Англија кој е Машински инжињер но во своите 35 години работно искуство човекот учествуваше во изградбата на нуклеарна централа во Индија,на бродоградилиште во Фанција,во Украина како надзор на гасоводот,но човекот и покрај толкаво знаење и искуство сеуште нема магистрирано. Ни објасни дека и кај нив сега не е толку строг системот како во 70 години од минатиот век но стекнувањето на титула звање Магистер или Доктор на науки и во Англија а посебно Франција е многу ригорозно бидејки треба да си исклучителна личност докажана во областа каде делуваш и затоа титулите се малце на број за разлика од кај нас каде се штанцаат дневно а тоа ни го поткопува целиот образовен систем кој подоцна треба да продуцира кадри кој ке даваат придонес за развој на опшеството во секоја свера. Не дека и кај нас нема квалитетни кадри но тие не гледаат перспектива во Македонија бидејки сме мал пазар а додатно политичко -олигарските кланови ги потискаат и затоа шансата си ја бараат надвор од Македонија. |
||||||
![]() |
||||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Магистратура кај нас се стекнува после 1 година пост дипломски студии со само 1-2-3 месеци пракса. Кај нас и во наши услови теоријата речиси никогаш не преминува во пракса. By the book, кај нас можеби ќе дојде и ќе се работи кога многу други работи ќе се средат. Убав е тој начин на функционирање но кај нас за жал е само на хартија... кај нас сеуште има (а во последно време се во експанзија пак) газди со основно образование и со прикрпен кеш и ти продаваат памет. Да може да ми продаваат памет ама за тоа што јас не го знам, ама за нешто што го знам, и сум сигурен дека не е така, неможам да им речам дека се во право само заради тоа што тие се газди а јас сум понудувач.
|
||||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||||
![]() |
||||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
За жал парите често пати стигнуваат пред културата и образованието.
Убаво е да се мериме со Франција и Англија, ама 65 години не се исто што и 800, нели? Згора на тоа тие биле и империи, колонијални сили. НГРМКД, Ако некој нешто продава, ти немораш да го купиш. Остави вепечаток дека навистина нешто ново си научил. Не реагирај емотивно, балкански, тој мене ќе ми кажува, копук еден! На крајот на краиштата тој копук, has got your money in his pocket! Ако му го масираш некому егото, нензачи дека ти си губитник. Тој треба да се почувстува добро за самиот себе, а не загрозен или потценет. Само на тој начин ќе успееш да му продадеш. Ништо нема да те чини, верувај! Тој однос Англичаните многу добро го усовршиле во измнативе 800 години. Па ке речат, yes, you are right, but..... |
||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||||
![]() |
||||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Не е муабетот за таквите кои ете незнаат, а се праат дека знаат.. муабетот ми беше за покондурените... да секако ги моите пари во неговиот џеб, но зборот беше за оние без образование и без основна култура, кои мислат дека ако ги имаат парите, имаат се, па дури и културата која впрочем ја заборавиле во шталата... Јас точно знам со кого и како да се поставам.. Секако дека пред клиент не се поставувам во стилот што го опиша ти, копук тој мене ќе ми кажува, туку напротив го третирам како да е крал на Сијам, или фараон од египет, но за жал поголемиот број од тие новопечени квази бизнисмени се од типот кој го опишав.... Така да горниот пост беше чисто отсликување на состојбата со нашите учени и "учени" бизнисмени, директори, магистри и сл.
|
||||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||||
![]() |
||||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Латас – директор на МРТВ, Ивона економски промотор?!На јавниот сервис МРТВ наводно му следи уште едно кадровско освежување дознава Либертас. Владата, според овие извори, притисната од критиките, пред се од надвор, дека со реклами ги контролира речиси сите национални телевизии, направила план како да се ослободи од ваквата квалификација, пишува порталот Либертас.
Во овој план на Владата не била заборавена и уредничката во Сител и на дневниот весник Вечер, Ивона Талевска. Можно било таа да добие место на владин економски промотор во Белград. Ивона, според изворите на Либертас, покрај новинарството се занимава и со пи-ар и веќе тоа го работи за познати македонски компании. ОВА СЕ НАРЕКУВА ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕГ НА ГУБИТНИК.... Ивона Талевска наградена како економски промотер во Белград... Да лапа пари на државен трошок... Добро си ја сместил Латас својата КОНКУБИНА, а богами тој нели беше тој што изјавуваше дека никогаш не би земал пари од државата, а сега е кандидат (а повеќе од сигурно е дека ќе биде) за директор на МРТВ..... |
||||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||||
![]() |
||||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Нешто повеќе за невработените и барањето работа: " Уште пред да почне процесот со пререгистрација, посредувавме за една компанија која бараше 10 вработувања. Обично во вакви случаи покануваме далеку повеќе кандидати, некогаш 10 или 20 невработени од тој профил. Поканивме 200 лица. На разговор дојдоа најмногу 40 лица, а другиот ден уште 20 со образложение дека им задоцнил поштарот или со други изговори. Од тие 40 кандидати, уште на влез половината „испарија“. Kој болен, има мало дете за чување, кој не може да работи сега, некои се прешколуваат, па ќе се пријавеле со високо образование. На тие што влегоа, уште непочнат разговорот, првото прашање им беше колкава е платата. Не дозволуваа работодавецот да ги каже условите бидејќи некогаш платите се високи, а условите за работа лоши. Дел од нив не ги прифаќаа условите, а од тие прифатија 8 до 10 невработени ги упативме кај работодавецот. Таму е друга приказна. Kај него дојдоа максимум 5-6 лица, од кои тројца веднаш бараат работодавецот да им даде потврда дека не се за кај него, односно дека не соодветствуваат за таа работа. Остануваа само еден-двајца, кои потпишаа договор за вработување. " |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
![]() |
||||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Колку е убаво да се гледа само едната страна од паричката... би било чесно да се каже за какво работно место станува збор...? кои биле бараните квалификации од работодавачот...? кадар со какво образование и квалификации бил испратен на интервју...? каде било лоцирано работното место, во град, во индустриска зона...? од кои места на живеење биле посочените кандидати...? и окулу секое од поставените прашања може да зборуваме многу... на кратко само - кандидат што живее во Ѓорче Петров... добива понуда за работа во индуструска зона Илинден (Билимбегово)... каде треба да работи двократно, значи денес два пати да оди и да се враќа... да работи и во сабота... по потреба и во недела... сето тоа за 8 000 денари... ако малку удриш рачун на приказната, ќе видиш дека... тој истиот ќе биде ќар до гуша... и ќе го нарекуваат неработник... следно на кратко... мајка на 2 деца добива понуда да работи во фирма за плата 8 000 денари... пошто децата нема кој да и ги чува,м мора да ги прати во градинка каде ќе плаќа оклулу 3 000 ден за двете... башка други трошкови... од остатокот, треба да се покрие пат до работа, доручек... ќар до гуша... и уште многу слични примери има... и не можам да разберам, како може да се осудува некој ако праша за големината на платата... ![]() па нели е тоа нормално, кој иде на работа за без пари... ![]() и дугачка тема е таа... паушални заклучоци, површно размислување и поглед на работите... и сведување на проблемот на статистика... доведува до дебилни заклучоци... Изменето од којсумјас - 08.Јуни.2013 во 14:45 |
||||||
![]() |
||||||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Месенџер... Ај направи ти една штик проба... пушти оглас на некој од нашиве сајтови за работа... www.najdirabota.com.mk највеќе одговара, и највеќе е посетуван... Пушти оглас на 10 дена траење (бесплатен е), стај емаил адреса за да ти испраќаат св и чекај... ако немаш над 1000 св пристигнато во рок од една недела, јас ќе се сечам кај што сум најтенок.. Од тие 1000 св, повикај 100 на разговор на како втор филтер... Гарантирам дека сите 100 ќе ти дојдат на разговор, можеби -2 -3 макс. Од тие 100 одбери 10-15 и пак повикај ги... СИТЕ ДО ЕДЕН ЌЕ ДОЈДАТ, И НИКОЈ ПРВО НЕМА ДА ТЕ ПРАША КОЛКУ Е ПЛАТАТА.... Пробано, видено, знаеме... И не е само кај нас во фирма.. Во скоро сите фирми е така....А на ова пишаново од директорот на агенцијата за вработување, ми доаѓа да си избришам задник ... Се додека читате и верувате на монтирани интервјуа, колумни, текстови и ред др. работи, се до тогаш нема да знаете што е вистината.
Затоа ти кажав... ПРОБАЈ ПУШТИ ОГЛАС И ЌЕ ВИДИШ КОЛКУ САМИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ.... Ќе бидеш изненаден колку и какви се ќе ти се пријават на огласот, и на што се спремни луѓето за да дојдат до работа и парче леб. |
||||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||||||
![]() |
||||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
![]() ...a i belki nema...posleden da bide! ![]() |
||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||||
![]() |
||||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Пријателе, имаш право во своите забелешки... уште повеќе, јас веќе реков дека подразбирам оти секој има право да бира работа и дека тука не гледам ништо лошо. Но, сето тоа кажува дека мораме да го прифатиме, а не да го негираме фактот, дека постои БАРАЊE работа и БИРАЊЕ работа. А коментарот на министерот и нештата за кои дискутираме тука говорат токму за ТОА. Во наведениот пример, поканети се луѓе без работа кои гравитираат кон подрачјето на фабриката. Не се канети потенцијални работници од друг крај на градот или од друг град. Тие исти работници занеле за кое која работна оганизација се работи, каде се наоѓа и кои се работните места. Така да, иако сум спремен начелно да ги прифатам твоите забелешки, тие nе одговарaат на посочениот случај. Патем, редовно доаѓам во Македонија, постојано разговарам со луѓето и многу добро ми е познато како размислуваат оние кои бараат работа (меѓу нив имам и пријатели и роднини). Патем, во сетo ова се наоѓам и јас... потсетувајќи се како БАРАВ работа кога бев новодојден преку океанот. Не ми беше важно каква работа ќе најдам, колку ќе бидам платен и колку ќе биде далеку од местото на живеење. За едно од работните места во еден правец патував со подземна железница и два автобуса цели 2 часа. Секојдневно патував по половина работно време само за да дојдам до работното место и да се вратам од него. И бев среќен затоа што имав работа. И денес кај мене луѓето, оние кои БАРААТ, а не БИРААТ работа живеат така како што живеев јас. И денес милиони работници секојдневно во еден правец патуваат како што би патувале македонците од Велес или Струмица до Скопје и назад. Некои тоа го прават со сопствени превозни средства (сами или здружени со неколкумина) или со јавен превозен сообраќај (мешано: воз - автопат - поѕемна железница - градски сообраќај). И денес многумина патуваат во убаво веме по 2 часа во еден правец (за зимските денови да не спомнувам). И сета поента на разговорт е токму тоа - колку од заведените невработени навистина БАРААТ работа или БИРААТ работа... или само фиктивно се водат како невработени за да уживаат некакви бенефиции. И ако тоа е така, како што е така, тогаш тоа мораме да го прифатиме како факт, а не да го негираме. Изменето од Messenger - 08.Јуни.2013 во 17:42 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
![]() |
||||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Значи кога зборуваме на темата... ти правиш јасна разликана поимите "бараат" и "бираат"... и јас те разбирам... таму некаде веројатно е така... но да бидеме реални... овде нема слободни работни места... има работни места за кои се нудат многу лоши услови... па дури и оние кои немаат работа, ги одбиваат... заради мала плата која нема да ги покрие ни трошоците за одење на работа... заради фирма која е позната по тоа дека своите вработени ги плаќа со задоцнување... а потоа воопшто не им ги доплаќа заостанатите плати... заради тешки работни услови... заради исти причини за кои и таму на запад нема доволно кадар во одредени струки... Инаку приказната дека е подобро да се водат како невработени за тоа што имаат некакви бенефиции... е тоталка аут... невработените немаат ама никаква бенефиција од таква ситуација... освен ако не рачунаш здравствено осигурување и плави картони... но бесплатна здравствена заштита имаат сите, од социјалци па надаље... види.. темата е прилично комплексна... но дефинитивно е погрешно да се каже дека во РМ има работа, ама се одбива... јок... |
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4950515253 84> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |