IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 164165166167168 184>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 08:42
Originally posted by brza brza напиша:

кубење коса...ammmaaannn vishe !


-vo taa organizacija , site imaat pravo na veto na bilo shto ,koeshto e od nechij interes!
...i nekoj ,vidi go drznikot ,si zel za pravo da si go iskoristi  svoeto pravo i....mu udril veto na neshto ili na  nekoj  shto ne mu se svigja!
...i posle ,...''nesvigjaniot'' si umisluva i ''melje'' nekakva filosofija ,deka  celata taa organizacija i ima postaveno nekakov si dodaten uslov , pa duri i go ucenuva so nego ,...itn.
...se prashuvam , koj tuka ne razmisluva ...i koj tuka  e vo zabluda  ! ма ајде

Очигледно има некој таков кој не размислува или размислува но во погрешна насока, што го доведува во зблуда.

Правото на вето е правно сретство кое се користи во случај ако се прекршат некои од претходно поставените и општоприфатени услови кои се базираат на правни норми, засновани на меѓународното право. Мислам, така би требало да биде. Сосема друга работа е што некој од позиција на сила, го злоупотребува овој правен инструмент, па си поставува вето за работи кои воопшто не се опфатени во претходно поставените услови за прием во членство.

Пак ќе речам, јас ли неубаво кажувам, вие ли не разбирате?  Или можеби многу убаво разбирате, ама се правите така, малку на ... се само за тие пари, кои мислите дека ќе ги имате.

Луѓе, абе не име да смениме, што сакате сменете и, еве да не’ примат, пак ќе нема да пркнеме, како што ние си мислиме или поскауваме. Ќе ни’ дадат некоја коска (добро, со можеби малку мевце на неа) да глодаме и ние сите „хепи“! Дали не ви е јасно дека на развиените не им е од интерес и некој друг освен нив да биде развиен, богат. Па зарем не гледате што им прават на посиромашните земји од нивното јато? Како перфидно ги „врзуваат“. А од друга страна прокламираат наводна загриженост за состојбата во нивната земја! Мижи Асан да ти баам. Но, тоа е интерсот. Некој мора да биде изворот на нивното богатство. Како беше она, „за некој да стане богат, друг мора да осиромаши“! Количината на парите е таа, само работата е како ќе се распределат. Развиениве нема да биле тоа што се, ако биле толку наивни, ако биле толкави алтруисти, човекољупци!

А доколку мислите да се смени името само за да се зголемат шансите за вие да „киднете“ од тука, тогаш сте егоисти, себични, злобни ... бидејќи мислите само на себе, без и малку обзир кон другите. Доколку сакате надвор од тука, тогаш тоа можете да го сторите и сега, кој ви брани!? Колкумина го сторија тоа, знаете? А тогаш и така-и така нема да бидете тука, па баш ќе ви е гајле како ќе се викаме! Плус ќе си имате многу пари, пари, пари, пари, пари ...

Каква ќе биде нивната перцепција за нас како народ, ако прифатиме промена на името? Сигурно јавно ќе декларираат дека сме мудар народ, народ со визија за својата иднина ... бла, бла, бла ... а во суштина ќе мислат дека сме слабаци, смотани, глупи, неспособни, без’рбетници, полтрони, сервилни, плашливи, неснаодливи, ...

И јас сакам да живеам убаво, да не му ја мислам што утре да јадам,  да одам на одмори по разни светски туристички дестинации ... да, но не по цена на уцени, понижувања, притисоци, закани. Сепак мислам дека сеуште има луѓе кои знаат што е чест, гордост, луѓе кои имаат образ и кои не се’ продаваат за пари. А тие што се продаваат за пари, се знае како се нарекуваат.

Минатиот пост спомнав за нашите стари за време на турско. Сега сакам да ги критикувам нашите стари од втората светска војна. Оние, партизаните де. Абе кој Цацко ги терал да се борат против Хитлер! Ах, гробот да им се урне. Абе што убаво ќе си живеевме сега, ќе си бевме германчиња (добро, можеби и бугарчиња, оти нели и тие беа тука да не’ ослободат), ќе си имавме многу пари, пари, ехехееее ... еден куп. А не сега, овака да се мачиме!

Р.Ѕ. Зошто имам некое претчувство дека за џабе зборувам, кога вие пак ќе си терате по свое? Баш сум глупчо!
 

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 17:19
Покрај манирите секаде се ценат финансиите - колку си платежно моќен.
За да влезиш во отмен ресторан треба да си пристојно облечен,галантен и да имаш пари да си ја платиш сметката а во овој момент ние сме како некој клошар кој освен што нема скршен денар да ја плати сметката уште дава и примедби за менито.


Изменето од Alekxandar - 03.Јуни.2013 во 13:55
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 23:52
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Минатиот пост спомнав за нашите стари за време на турско. Сега сакам да ги критикувам нашите стари од втората светска војна. Оние, партизаните де. Абе кој Цацко ги терал да се борат против Хитлер! Ах, гробот да им се урне. Абе што убаво ќе си живеевме сега, ќе си бевме германчиња (добро, можеби и бугарчиња, оти нели и тие беа тука да не’ ослободат), ќе си имавме многу пари, пари, ехехееее ... еден куп. А не сега, овака да се мачиме!

Р.Ѕ. Зошто имам некое претчувство дека за џабе зборувам, кога вие пак ќе си терате по свое? Баш сум глупчо!
 



-eehh, kamo srekja da sedele so skrsteno race i da ostavele drugi da se borat i da gi oslobodi...veruvam deka togash ni na kraj pamet na grcive nemalo da im padne na pamet takva glupost, kakva shto e da mu go negiraat na nekoj  imeto koe si go odbral.

..ama ,nema germanchinja ili bugarchinja da bile sigurno,...ako si sedele so skrsteni race, i ostavele nekoj drug da gi oslobodi.

...a se znae na chij pat bile tie i koj bi gi oslobodil .

...vidi gi denes site zemji koishto bile od niv oslobodeni ,...pa, valjda  ke ti bide jasno deka kade shto tie stapnale, posle na 'stapnatite'' ,...im procvetale ruzite i na drzavite i  na nivnite narodi..!

...sekade kaj shto stapnale  anglosaxoncite  vo minatoto ,
...duri  od otkrivanjeto na amerika e taka.

...ama samo tamu kade  tie bile pogolemiot del od naselenieto,. ili pak  ne mora da bile ,tuku ''samo''  go prifatile nivnoto''solenje pamet'',


....a be ,chudna rabota !
..samata  (cela) severna amerika,..germanija ...ustvari cela zapadna evropa....japonija ,...hong-kong,....tajvan ,...australija ...nov zeland,...se koja od koja porazviena ,
..ushte od mnogu odamna.

..prochitaj  go povekje pati ova za da sfatish shto sakam da kazam,..ako ne mozesh od ..."prva'' !намигнување

...i nemoj , ziti, da zborish za chest i gordost,...ako nekoj ima lice od gjon,...toa e deneshniov makedonec....ili koj i da bide vo idnina,...spored tebe.

...inache..p.s.
..i navistina djabe zborish koga...ti si terash po svoe! голема насмевка




Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2013 во 08:56
Во еден пост поназад пишав дека е неизбежно да го смениме името, дека се врши и ќе се врши се поголем притисок од секаков вид врз нас се додека не го смениме,и дека немаме друг избор.
Еве малку факти со кои ја поткрепувам оваа мисла(се извинувам ако постот е малку подолг).
Ќе се вратам во блиско минато-19 век на Балканот. Интересно е што големите сили, посебно Германија гледа шанса да го стави Балканот под своја капа кога гледа дека Отоманската империја е “на залез“. Во Грција инсталираат свој монарх Отон, а во Албанија Вилхелм. После Руско-Турската војна во 1878 Русија ја ослободува Бугарија и со Сан-Стефанскиот договор се проширува во Македонија. Алармот во Германија се пали и по само неколку месеци на Берлинскиот конгрес се поништува овој договор и Македонија ја враќаат на Турција.Бонус, другата 1879 година го поставуваат во Бугарија принц Алексндар фон Батемберг.Во Грција тогаш на власт е Кралот Вилијам од Шлезвиг-Холштајн. На север во Србија е династија Обреновиќ.
Остана ова парче земја-Македонија да се подели откако Турците се повлекоа од Балакнот.
Во 20 век почнува парчењето(грабањето на оваа земја) од соседните династии. Јасно било и тогаш дека ни на крај памет не им било создавање на независна држава Македонија, а камоли да признаат таков народ.
Во втората светска војна Македонија благодарејќи на комунистите формира во АСНОМ прв пат република Македонија, но како дел од Југославија. Во една емисија проф. Денко Скаловски спомена дека британските набљудувачи во АСНОМ кога дале извештај дека е формирана Реп. Македонија, Британија се согласува со фактот, но ја признава само како дел од Југославија.
1991 го осетивме континуитетот на оваа политика.Случајно или не, сите медијатори до сега во спорот со грција се Англо-Саксонци, и константно не притискаат и условуваат со промена на името.
Во 2001 направија и “војна“ и од тогаш ги користат и Албанците како дополнителен притисок за промена...
Инаетот наш досега тераше, во Хаг судот пресуди во наша корист, ама Англо-Сасонците не ја признаваат таа пресуда и не стискаат уште посилно.
Кога реков дека до Јуни ќе го смениме името и ќе не стиснат со сите средства, деновиве, еве веќе крај на Мај, нервите на ЕУ попуштаат.
Па ќебиде изјавата на Ховит дека ако не ги исполниме условите (промена на име) може да го изгубиме кандидтскиот статус. Вчера од НАТО -порака, Македонија во НАТО откако ќе си ја заврши домашната(промена на име).
Ние тераме инат, а вчера ни го намалија кредитниот рејтинг -со појаснување дека со овој потег инвеститорите ќе бидат повнимателни да инвестираат во Македонија.
Ова е веќе финале, ќе гледаме уште побезобразни и дрски закани....
Ова е она што го гледаме, се плашам од она што не го гледаме-тајната дипломатија....
Во секој случај, се гледа разрешницата на овој спор, Македонија сепак може да бира- змијата или магарето...

Изменето од Diogen - 26.Мај.2013 во 08:59
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 04:30
Originally posted by Diogen Diogen напиша:

... Ние тераме инат, а вчера ни го намалија кредитниот рејтинг -со појаснување дека со овој потег инвеститорите ќе бидат повнимателни да инвестираат во Македонија...

Да, голема е веројатноста да има поврзаност на извештајот од Стадард и Пурс за кредитниот рејтин на МК и проблемот со името. Но, исто така, голема е веројатноста овој рејтинг да го стекнеме заслужено, поради реалната економска политика која сеуште ја води Владата.
Но остајте што велиме ние (членовиве на форумов),  гледајте што велат нобеловците за ЕУ:
И, btw. сите се повикувате за богатството, развиеноста на земјите членки на ЕУ. Но, дали токму тоа членство во ЕУ ги направило толку богати или тие и пред тоа си беа? Мислам на оние кои се синоним за ЕУ, оние 12, чии ѕвездички се на знамето на ЕУ.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 06:50
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Но, дали токму тоа членство во ЕУ ги направило толку богати или тие и пред тоа си беа? Мислам на оние кои се синоним за ЕУ, оние 12, чии ѕвездички се на знамето на ЕУ.


ЕУ беше најпрво формирана како заедница на челик и јаглен формирана од Германија(замисли пак таа)и Бенелукс а подоцна како Европска економска заедница и на крај ЕУ, во која главна улога има пак замисли-Германија.ЕУ е „копија“ на Југославија, т.е. бирократска творба, во која Германија,Англија и Франција трупаат богатство и развиваат индустрија а другите земји се суровинска база и регрутен центар за евтина работна сила.Секоја нова членка која влегла, станала посиромашна од претходно, а водечката тројка се побогата.Затоа ЕУ вели дека проширувањето мора да продолжи. Не не сакаат нас дека сме богати или паметни, ја сакаат оваа земја како суровинска база.Ако влеземе, тука ќе се црпи све што е вредно, само плевелот и ѓубрето(кое што мора ние да го третираме според ЕУ законите, на наша сметка).
А народот ќе живее уште по бедно-пример Бугарија, Романија.Оние што ќе избегаат од тука и ќе работат во ЕУ, ќе влезат во таа нивна матрица, ќе станат евтина работна сила(робови). Нема никој да бега да работи во Полска, Романија или Грција, целта ќе биде како и кај сите други пред нас-Германија, Англија и Франција (во устата на волкот).
Затоа пак ќе речам,името ќе го смениме(за жал) а во ЕУ ќе влеземе (откако ќе не донесат до дно).
Не дека ние сакаме во ЕУ, туку затоа што ЕУ има зацртано ова парче земја да го експлоатира.....
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 07:57
Originally posted by Diogen Diogen напиша:

..........
А народот ќе живее уште по бедно-пример Бугарија, Романија.Оние што ќе избегаат од тука и ќе работат во ЕУ, ќе влезат во таа нивна матрица, ќе станат евтина работна сила(робови).
...................
Затоа пак ќе речам,името ќе го смениме(за жал) а во ЕУ ќе влеземе (откако ќе не донесат до дно).
Не дека ние сакаме во ЕУ, туку затоа што ЕУ има зацртано ова парче земја да го експлоатира.....

Добро бе Диоген...
викаш народот ќе живее уште победно во таа ЕУ...
а сега, како живее без ЕУ...
сакаш да кажеш дека текстилните работници ќе земаат...
помалку од 120-30 евра плата како што земаат сега...?изненадување
ќе работат 2 смени одеднаш...?изненадување
ма не заебавај, како и да биде полошо неможе...

ќе станел народот ефтина работна сила...!!изненадувањеизненадување...
а сега што е бе човек...
скапо платена работна сила...?

а прашај во Бугарија колку народ мигрира во ЕУ...
па сега имаат недостиг од на пример медицински кадар...
исто и Полска, Чешка...
значи бегаат луѓето заради подобри плати...
и ефтината работна сила во ЕУ е поскапа него кај нас...

а за другото што го туркате со Златникот...
па ваљда ви е јасно дека колонијализмот со воена сила веќе не постои...
сега тоа се прави со глобализација...
со борба за човекови права...
и што е тука чудно...
за да има богати, мора да има сиромашни...
ама тоа е во суштината на човековото живеење...
природен закон...
природна селекција...

западната цивилизација тоа одамна го знае...

наш избор, како држава, е да се избориме во кој круг ќе имаме подобар живот...
а не да кукаме дека некој некого искористувал...
било и ќе биде...
така е содаден светот бре...
а социјализмот е мртов...
алооо...


Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 08:59
Па затоа и постои овој ирационален проблем со името, токму заради тоа да НЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ. Овој случај никако не може да се реши на обострано задоволство, така што едната страна ќе загуби многу, а другата нема да добие премногу. Владата проценила дека НАТО и ЕУ не се вредни за промена името (цената е прескапа) и тоа е тоа.
 
среќа
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 09:44
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

... а прашај во Бугарија колку народ мигрира во ЕУ...па сега имаат недостиг од на пример медицински кадар...исто и Полска, Чешка...значи бегаат луѓето заради подобри плати...и ефтината работна сила во ЕУ е поскапа него кај нас...

Токму ова е тоа за кое јас цело време (меѓу другото) зборувам. Ние во МК шансата за прием во ЕУ ја гледаме само можност како полесно да (како што претходно пишав) „киднеме“ од тука.
А има и такви кои навистина очекуваат ЕУ да направи МК да биде рајска градина. И за тоа пишав во претходните постови. Тие нема да дозволат некој друг освен нив да „пркне“. Еве сега и ти пишуваш за тоа:
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

... а за другото што го туркате со Златникот...па ваљда ви е јасно дека колонијализмот со воена сила веќе не постои...сега тоа се прави со глобализација...со борба за човекови права...и што е тука чудно...за да има богати, мора да има сиромашни...ама тоа е во суштината на човековото живеење...природен закон...природна селекција...

Сосема ми е јасно тоа и, иако не го оправдувам, сепак го прифаќам како такво. На крајот на краиштата и човекот е животно, па гледа на свој начин (кој го нарекува „цивилизиран“) да опстане и да надвладее над другите.
Арна ама, тоа што неможам ниту да се согласам, ниту да го прифатам е геноцидот кој се сака да се изврши врз нас. Сакаат да не’ сотрат, да не постоиме. Истото тоа го правел и Хитлер со евреите, само што овие сега тоа го прават на многу пософистициран начин. Всушност би рекол многу подрзок, побезобразен, понечовечки начин - колективно „доброволно“ самоуништување.
Да резимирам, не сум толку против економското „поробување“, тоа секогаш и секаде го имало. И кај нас истото тоа го прават газдите. Но против сум истребувањето на еден народ. Тоа, на оваков начин, никогаш и никаде не е правено.

Р.Ѕ. Гледам пак спомна социјализам, па ми текна дека во еден пост од претходната страна ти поставив прашање, на кое не ми одговори: Има ли нешто за мене што јас не знам, а сакаш да ми кажеш?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 11:10
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

 
Арна ама, тоа што неможам ниту да се согласам, ниту да го прифатам е геноцидот кој се сака да се изврши врз нас. Сакаат да не’ сотрат, да не постоиме. Истото тоа го правел и Хитлер со евреите, само што овие сега тоа го прават на многу пософистициран начин. Всушност би рекол многу подрзок, побезобразен, понечовечки (!?!изненадување )начин - колективно „доброволно“ самоуништување.

ehh,...znachi fizichkata eliminacija ,..a pred toa so dolgotrajno  izmachuvanje   i (ponekogash) eksperimentiranje so negovoto telo i duh...psihichkata tprtura... , na ovoj mu bilo ...pochovechko ?!...bog da chuva!!

...mislam deka ,, so  nekoj   so vakvo razmisluvanje ( a kako da reche ednash deka e nekakov  uchitel )  zoshto chovek voopshto i nashol da se  ''prechka '' ...za bilo shto ,
...a najmalku za toa shto znachi  genocid , koj shto obilato go upotrebuva vo negovite obrazlozenija, za toa shto bi znachela  promena na imeto na nekoj.

....e pa eve , da mu postavime edna hipotetichko situacija:

...mu doaqgja  doma edna ''genocidna'' grupa i  ultimativno mu postavuva  eden  ''uslov'':

- slushaj momak, mu vikaat ,

...ili od utre nema da se vikate povekje kako shto se vikate ( a imaat nekoe retko unikatno prezime) i ke si produzite so zivotot i ti i  site tvoi tuka,( pa kakov i da vi e toj zivot) ili.
...site vie  od utre  nema da bidete megju zivite ,
...ama zatoa pak ke si go zadrzite imeto  ...vrz epitafite.

...shto bi odbral ovoj,...se prashuvam ?

...dali ke go prifati ''genocidnoto'' baranje ili pak,
...ke se reshi da zivee vechno ...na nadgobnata mu plocha ?


..a za eksploatacijata na  lugjeto od ovoj prostor na zapad,...taa konstatacija e edinstveno za vo tubrikite za humor i satira i ...nikade povekje !ма ајде
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2013 во 00:12
Originally posted by brza brza напиша:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

 
Арна ама, тоа што неможам ниту да се согласам, ниту да го прифатам е геноцидот кој се сака да се изврши врз нас. Сакаат да не’ сотрат, да не постоиме. Истото тоа го правел и Хитлер со евреите, само што овие сега тоа го прават на многу пософистициран начин. Всушност би рекол многу подрзок, побезобразен, понечовечки (!?!изненадување )начин - колективно „доброволно“ самоуништување.

ehh,...znachi fizichkata eliminacija ,..a pred toa so dolgotrajno  izmachuvanje   i (ponekogash) eksperimentiranje so negovoto telo i duh...psihichkata tprtura... , na ovoj mu bilo ...pochovechko ?!...bog da chuva!!...

Оф лелеее мори мајко ... Децата разбираат, а некои возрасни овде неможат или не сакаат!
Добро, ајде вака:

Претпоставка 1.
Хитлер успеал во неговата намера да ги уништи евреите. Ги убил сите до еден. Значи евреин повеќе не постои.

Претпоставка 2.
Грција, како олицетворение на нашите пријатели од развиениот и пред се цивилизиран запад, заедно со некои наши овдешни лесни и лакоми индивидуи, успева во својата намера да ни’ го смени името. Нормално, во државата која некогаш се викала Македонија повеќе не живеат македонци. Да, има некои физикуси, но тие не се македонци.

Нема евреи = нема македонци.
Е сега јас ова го нарекувам геноцид. А дали некој друг ова ќе го нарече со друго име ... дали е тоа воопшто важно?
Originally posted by brza brza напиша:

...mu doaqgja  doma edna ''genocidna'' grupa i  ultimativno mu postavuva  eden  ''uslov'':
- slushaj momak, mu vikaat ,...ili od utre nema da se vikate povekje kako shto se vikate ( a imaat nekoe retko unikatno prezime) i ke si produzite so zivotot i ti i  site tvoi tuka,( pa kakov i da vi e toj zivot) ili....site vie  od utre  nema da bidete megju zivite ,...ama zatoa pak ke si go zadrzite imeto  ...vrz epitafite.
...shto bi odbral ovoj,...se prashuvam ?...dali ke go prifati ''genocidnoto'' baranje ili pak,...ke se reshi da zivee vechno ...na nadgobnata mu plocha ?...

Знаеш, ова во целост ме потсетува на почетоците на христијанството. Мислам дека нема потреба да пишувам што се не им правеле на тие кои се декларирале како христијани.
Епилогот од тој геноцид мислам дека ти е многу добро познат.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2013 во 11:21
Доколку прифатиме име со географска одредница и влезиме во Нато и ЕУ дали мислиш дека ке вредиме помалце одколку сега.
Некој направил проценка на ситуацијата дека со начинот на исселување и асимилација на населението за неколку години Македонците ке станат малцинство во својата држава.
Многу пати Американците и ред други западни дипломати мегу редови посочуваат на овој факт и гледаат решение на овој проблем во интеграцијата на Македонија во Нато како би се гарантирал суверенитетот на државата која вака оставена во статус кво позиција е многу лесна мета за некои држави кои имаат територијални аспирации ...
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2013 во 12:59
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

....
Е сега јас ова го нарекувам геноцид. А дали некој друг ова ќе го нарече со друго име ... дали е тоа воопшто важно?....

-a be,ti mozesh  kako saksh da si go narekuvash ,ama negovata definicija e taa:




...-samo jas poprvo bi rekol deka na neinvazivna lobotomija se podlozeni deneshnive makedonci ...ama od  vnatre! ( i   po se izgleda deka ni gospod ne znae koi se i od kaj se tie , vsushnost )

...ama pa  , nivnata sporedba   so pojavata na hristijanite   ti e  pokulturno  kazano голема насмевка,...u pichku mater! ( neka me izvinat onie od eu za moeto prefineto  izrazuvanje , ama i navistina e taka).

...a be ti izgleda neviden optimist ( da ne se izrazam drujchie) si  , shtom mislish deka vo idnina ,i makedonshtinata i nejzinoto ,vo posledno vreme ''pronajdeno'',apsurdno (blago kazano) tvrdenje deka od nea poteknuvala seta deneshna  civilizacija na chovekot,...ke se rashirat niz site svetski meridijani i  naporednici .
...pa duri ete i nechuenata glupost do sega ,... toa  deka ako ne  bile tie,... deneska  najgolem del od  choveshtvoto na Zemjata , ke se razbirala megju sebe so nekakvi si  hieroglifi , a mozebi,i  samo so neartikulisani zvuci i gestikulacii.


..a, na prvite hristijani   im e vrshen genocid vo vistinaskiot smisol na izrazot.

..a, koj makedonec  do sega e namerno  ubien, samo i poradi toa shto  se vika  onaka kako shto .....go uchele?
...sakam da kazam,...samo poradi toa  shto ne saka da go vikaat  drukchie.ма ајде
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2013 во 13:20
Почетокот убаво кажува: „ Геноцид е ... “
А зошто во твојот цитат избегна да ги подвлечеш болдираниве зборови:
„ Геноцид е намерно потполно или делумно уништивање на националните, етничките, расините и религиските групи. Спаѓа во најтешка група на злосторства против човештвото. “ ?
Или го подвлекуваш само тоа што тебе ти одговара?!
Originally posted by brza brza напиша:

...a be ti izgleda neviden optimist ( da ne se izrazam drujchie) si ...

Не, не. Не сум оптимист (или ако „ се изразиш другчије“ - глуп).
Напротив, ако се земе дека песимистот е оптимист со искуство - тој сум.
Свесен сум дека низ историјата многу други и многу поголеми цивилизации исчезнале, па зошто македонската да биде исклучок? Разликата е само во начинот на истребување. Сите други се исчезнати или по пат на војни или со претопување со некои поголеми народи, или можеби поради болести или со намалување на прирастот или ... само нашава ќе биде уништена доброволно! Самоуништена!
Идните генерации ќе има да не’ проучуваат. Само незнам дали ќе ни’ се чудат, дали ќе ни’ се смеат, дали ќе ни се восхитуваат и ќе не’ величаат за нашата огромна мудрост што сме си го смениле името (а со тоа и идентитетот, јазикот, националноста, културата и се друго што промената повлекува) и тоа за „шаку долара“?!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 164165166167168 184>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.