|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 6970717273 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на владетелите на овој свет, кои пропаѓаат, туку ја навестуваме Божјата премудрост, во тајна, сокриена, која Бог, пред сите векови ја предопределил за наша слава.
1 Коринтјани 2:6 Еремија 32 27 „Ете, Јас Сум Господ, Бог на секое тело! Мене ништо не Ми е невозможно!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДОБИВА ПОВИК ОД МАКЕДОНИЈА
Дела Апостолски 16 6 Тие поминаа низ Фригиската и Галатската земја, зашто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија. 7 А кога дојдоа спроти Мисија, се обидоа да отидат во Битинија, но Исусовиот Дух не им дозволи. 8 И така, поминаа низ Мисија и слегоа во Троја. 9 И на Павле му се јави во ноќта видение: еден Македонец застана пред него и го молеше, велејќи: “Дојди во Македонија и помогни ни!” 10 По тоа негово видение, веднаш побаравме да отидеме во Македонија, бидеки разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пословици 19
23 Стравот Господен води кон живот, и кој го има, секогаш ќе биде задоволен, и зло нема да го снајде. Пословици 22 8 *Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе го удри него самиот, Пословици 19 17 Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господа, и Он ќе му плати за неговата добрина. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС НАХРАНУВА ПЕТ ИЛЈАДИ ДУШИ
Евангелието според Лука 9 12 А кога денот почна да превалува, Дванаесетте Му пристапија и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди во околните села и куќи, за да најде преноќиште и јадење, зашто сме тука во пусто место!” 13 Тој пак им рече: „Дајте им вие да јадат!” А тие рекоа: „Немаме повеќе од пет леба и две риби; освен ние да отидеме и да купиме храна за сиот овој народ!” 14 Зашто беа околу пет илјади мажи. И им рече на Своите ученици: „Седнете ги во купчиња по педесет!” 15 И така направија и ги седнаа сите. 16 Тој ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото; ги благослови и ги раскрши и им даваше на учениците, за да ги стават пред народот. 17 И сите јадеа и се наситија, и го кренаа тоа што остана од парчињата - дванаесет кошници. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ВИСТИНСКИ И ЛАЖНИ ВЕРНИЦИ
Матеја 7 21 ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. 22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ 23 И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’ 24 ”И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен. 25 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен. 26 И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок. 27 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.” 28 И кога Исус ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење; 29 зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како нивните книжници. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПОСЛЕДНИОТ СУД
Матеја 25 31 ”Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава; 32 и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците. 33 И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата. 34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот! 35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте; 36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’ 37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме? 38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме? 39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе? 40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’ 41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели! 42 Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам, 43 бев странец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и во темница и не Ме посетивте.’ 44 Тогаш тие ќе одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како странец, или гол или болен или во темница, и не Те послуживме?’ 45 Тогаш ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку не му направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте!’ 46 И овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците во вечен живот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Исаија: 40:25
„Со кого ќе Ме изедначите Мене, кој Ми е рамен?” вели Светецот. Подигнете ги очите и гледајте: кој го создаде тоа? Оној Кој по број ја изведува нивната војска, и Кој ги вика сите по име. Зошто велиш, Јакове, и ти, Израеле, зборуваш: „Мојот пат е скриен за Бога, мојата правда Му избегнува на мојот Бог?” Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив. На заморениот му ја враќа силата, го зајакнува немоќниот. Младите се заморуваат и се истоштуваат, изнемоштените момчиња се тетерават. Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
БЛАГОСЛОВУВАЈТЕ ГО ГОСПОДА
Псалм 28:6 Благословен да е Господ, зашто го послуша гласот на моите молитви! 31:21 Благословен да е Господ, зашто ми ја јави својата чудесна милост. 41:13 Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, од века до век! Така нека биде! Амин! 66:20 Благословен да е Бог, Кој не ми ја одби молитвата, Кој не ја отстрани од мене Својата милост. 68:9 Боже, Ти испрати благословен дожд на Своето наследство, го зајакна кога беше уморно. 68:19 Благословен да е Бог од ден на ден, Бог нè носи, нашиот Спасител. 68:35 Страшен е Бог од Своето Светилиште. Израелевиот Бог му дава моќ и сила на Својот народ. Благословен да е Бог! 72:18 Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, Кој единствен твори чудеса! 89:52 Благословен да е Господ довека! Нека биде така. Амин. 106:48 Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, одвека довека! И сиот народ нека рече: „Амин! Алилуја!” 118:26 Благословен, кој доаѓа во Господово име, ве благословуваме од Господовиот дом. 119:12 Благословен си, о Господи, научи ме на Своите повелби. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пословици 3
5 Надевај се на Господа од се срце и не се потпирај врз твојот разум. 6 По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки. 7 Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото: 8 тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите ко |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
redribbon
Нов член Регистриран: 27.Февруари.2013 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
„Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина. Ниту пак светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен...” (Мат. 5; 14 – 19)
„Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери. Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба. Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век.“ (Пословици, 31:10-12) |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм 144
1 Ќе Те превеознесувам, Боже мој, Цару мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови. 2 Секој ден ќе Те благословувам и ќе го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови. 3 Велик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај. 4 Од род во род ќе се фалат делата Твои и за силата Твоја ќе се прикажува. 5 За велелепната слава на Твојата светост ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко. Ев. Јован 15:15 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Стих на денот
Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сe што Ми е по волја. ’ Исаија 46:10 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2ТИМОТЕЈ
Глава 4 1 Те заколнувам пред Бога и Христа Исуса, Кој е готов да им суди на живите и мртвите, со Неговото јавување и Неговото Царство: 2 проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука. 3 Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, 4 и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки. 5 А ти биди трезвен во сè, трпи го страдањето, врши ја работата на евангелист, исполнувај ја својата служба до крај. 6 Зашто јас веќе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи. 7 Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата. 8 Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 6970717273 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |