|
Поучни случки |
Внеси реплика | страница <1 212223 |
Автор | |
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Се надевам нема да бидам офтопик со приказнава,
но ептен ми се допадна и морав да ја постирам. Мудра приказна: Богатство за еден час Еден човек работел цел живот и многу штедел, па собрал цело богатство, сонувајќи како еден ден кога веќе нема да работи, ќе го потроши на уживање и на размислување како најдобро да ги вложи парите. Одеднаш, пред него се појавил Ангелот на смртта кој дошол по неговиот живот. Човекот заплакал, очаен и навел илјада причини за да може барем уште малку да поживее, но Ангелот не попуштал. „Подари ми само уште три дена и ќе ти дадам половина од моето богатство“ – го преколнувал човекот, но ангелот ги игнорирал неговите зборови и го повлекол за раката. „Подари ми само уште еден ден, те молам, и сето она што сум го стекнал со толку многу напор и пот ќе биде твое“. Но, Ангелот воопшто не обрнал внимание на неговите зборови. Човекот на крајот успеал да го убеди барем да го остави уште неколку минути за да напише една порака: „Кој и да ја пронајде оваа порака, ако има доволно за живот, нека не губи време на собирање и трупање богатство, туку нека ужива! Јас со сето мое богатство не успеав да купам ниту еден час живот!“ Кога ќе умре милионер луѓето прашуваат: „Колку пари оставил?, логичниот одговор е: „Сè“ |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Амин!
Моментот на смртта е последната шанса за човековото просветлување... ... пред да почине татко ми, осознавајќи ја илузијата на световниот живот во кој тој толку многу веруваше, ми рече - "животов бил лук и вода". Блажени се оние кои тоа го осознале уште додека се млади. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
alexa_1
Сениор Регистриран: 07.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 1378 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Лебот и скапоценостите
Еден крал решил да даде дел од своето богатство за милостина. Тој посакал да дознае што ќе се случи со неговиот дар. Затоа го повикал кај себе пекарот и му рекол да испече две векни леб. Во едната да стави скапоценостите, а другата да ја направи само од брашно и вода. Пекарот требал да одбере двајца од своите муштерии и да им ги даде векните. Еден, кој бил добродетел и еден кој бил грешен. Следното утро во пекарницата дошле двајца муштерии. Едниот бил облечен во дервишка руба и изгледал како вистински добродетел, иако всушност бил вистински грешник. Другиот пак, кој веднаш ги подал своите пари, пекарот воопшто не го сакал. Пекарот му го дал лебот со скапоцености на дервишот, а обичната векна на другиот муштерија. Кога ја зел својата векна, лажниот дервиш почувствувал дека таа е потешка од обично. Ја зел во дланките, ја опипал и кога ги почувствувал скапоцените камења помислил дека брашното не е добро замесено. Но кога го погледнал пекарот, неговото сурово лице, решил да не се буни и му се обратил на другиот купувач: -„Ајде да се замениме со лебовите. Ми изгледа како да си гладен, а мојата векна е поголема од твојата!“ Другиот човек со смирен поглед му го дал својот леб на лажниот дервиш и го зел неговиот. Кралот ја гледал случката од внатрешната одаја на пекарницата, но навистина не разбрал кој од нив е добродетел, а кој грешник. Откако ги размениле лебовите, муштериите заминале. Кралот оставил се на Божјата воља. Вистинскиот добродетел откако ги пронашол скапоценостите во лебот, ги употребил за добри дела. - „Јас направив како што ми беше кажано!“ – рекол пекарот. - „Судбината не е во нашите раце!“ – рекол царот. - „Многу паметно постапив!“ – се радувал лажниот дервиш. |
|
Човек гледа добро само со срцето, најсуштественото е невидливо за очите.
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Селски Муабети
Едно вредно семејство имало само едно магаре. Кога мајката, таткото и детето се враќале од својата нива, детето го качиле на магарето за да не оди пеш.
Другиот ден мајката се враќала на магарето, но тогаш луѓето во селото зборувале „како не ѝ е срам на мајката, не ѝ е жал детето да оди пешки?!“. Следниот ден таткото се качил на магарето, ама тогаш целото село зборувало „како може маж да дозволи неговата уморна жена и дете да се влечат пеш покрај него!?“. Четвртиот ден сите тројца се стиснале на магарето, а луѓето биле вџашени - „Па, како не им е жал за кутрото магаре?!“. Следниот ден сите тројца се враќале пешки, крај магарето, а селаните им се смееле - „Што глупави луѓе! Си имаат магаре, а цел пат се мачат пешки!“. Поука извлечете си сами и обидете се барем денес да не коментирате туѓи магариња....!!! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ОРЕЛОТ И ПИЛИЊАТА „И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе!“ Кол. 3:1. Еден селанец еднаш фатил едно младо орле, го врзал со канап за ногата и го пуштил во својот кокошарник. Не поминало многу време и орлето почнало да се однесува како пилињата – научило да прета и да колве по земјата! Птицата што некогаш владеела на небото, сега била задоволна со понизниот живот на една кокошка. Еден ден, на гости кај селанецот дошол еден овчар од високите планини, каде што живеат орлите. Кога го здогледал орелот, овчарот му рекол на селанецот: „Голема срамота е да ја чуваш оваа птица врзана во кокошарникот! Зошто не ја пуштиш на слобода?“ Селанецот се согласил и го пресекол канапот. Но, орелот си продолжил да прета и да колве низ дворот, како и порано. Овчарот го зел орелот и го поставил на еден висок ѕид. Првпат, по толку месеци, орелот го здогледал небесното пространство и сјајното сонце. Раширувајќи ги своите крилја, се вивнал во спирален лет кон височините. Најпосле, повторно се однесувал како орел. Можеби, и ти си се одомаќил во кокошарникот на овој свет, заборавајќи на своето небесно место како Божјо дете. Напушти го својот грев и барај го она што е горе! Како во случајот со орелот, сè уште не е доцна повторно да се вивнеш во небесните височини! „ОД НЕБЕСНИТЕ ВИСОЧИНИ, ПОГЛЕДОТ КОН СВЕТОТ Е СОСЕМА ПОИНАКОВ!“ |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПРИКАЗНА ЗА ПЕПЕРУТКАТА Еден човек гледал како некоја пеперутка се мачи неколку часови да излезе од својот кожурец . Не можејќи повеќе да гледа како пеперутката се мачи и се бори, одлучил да и' помогне. Земал ножици, го расекол кожурецот и пеперутката конечно излегла. Човекот бил многу радосен што и' помогнал на пеперутката да излезе и сакал да види како пеперутката ќе почне да лета. Но, тоа не се случило. Крилјата на пеперутката биле неразвиени, а телото и' било слабо. Човекот продолжил да ја надгледува пеперутката , очекувајќи дека сепак некако крилата на пеперутката ќе се отворат, зголемат и рашират, и дека некако телото на пеперутката сепак ќе зајакне. За жал, тоа не се случило. Пеперутката целиот свој живот го поминала лазејќи наоколу со своето слабо тело и неразвиени крилја. Тогаш човекот сфатил дека иако имал добра намера, и' одмогнал на пеперутката. Тој не знаел дека тешкотиите со кои пеперутката се соочувала додека се мачела да излезе од кожурецот и' биле потребни , затоа што кога таа се борела, крвта од телото и' преминувала во крилјата така да кога ќе се ослободи ќе може да биде способна да лета. Така е и во животот на луѓето. За да можеме да бидеме силни и издржливи во животот, понекогаш ни се потребни тешкотии и борби за да можеме духовно да раснеме и да станеме посилни и поспремни да се соочиме со сите предизвици кои ни ги донесува животот.
Изменето од KINGDAVID - 03.Септември.2012 во 23:34 |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Големо количество злато пронајднено во домот на мртов АмериканецАмериканските власти пронашле златни поголемо количество злато (монети и плочки) во домот на веќе починат Американец. На крајот на јуни соседите на Волтер Самаско повикале полиција бидејќи од неговиот дом се разнесувал непријатен мирис. Тој бил доста чуден човек, кој живеел сам. Поука: голи сме дошле и голи ќе си одиме. Не вреди животот да се потроши во собирање и чување земни богатства. Изменето од Messenger - 18.Септември.2012 во 17:37 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС НАША СУДБИНА ( Вилхелм Буш) Во градот Либек има една прекрасна стара црква, Либечката катедрала. Таму се наоѓа една прекрасна слика на распетие што ја насликал сликарот Ханс Мемлинг во 15 век. Во 1942 г. имало бомбардирање на градот и црквата пламнала, па постоела опасност се' да изгори. Еден непознат војник, ризикувајќи го својот живот, се втурнал во црквата заедно со неколку пријатели и ја спасил сликата. Набргу по војната јас држев предавања во Либек. Еден ден, директорот на една уметничка галерија ми рече: "Kaj мене во визбата се наоѓа прочуената слика на Мемлинг. Ако сакаш да ја видиш, со задоволство ќе ти ја покажам. Јас не сакав да ја пропуштам таа шанса. Заедно со директорот и со уште еден пријател, отидовме во визбата. Сликата беше прекрасна: војници на коњи вооружени со копја, војници што фрлаат ждрепка, толпа народ, расплакани жени под крстот, фарисеи како се подбиваат. Над сите се издигаат три крста. Тогаш забележав нешто чудно: сред таа турканица, под самиот крст имаше една чистинка, едно празно место. "Toa e чудно", реков јас, "што бара едно празно место точно под крстот на Исуса. Што сакал сликарот да каже со ова? " Средновековните сликари, всушност, сакале да пренесат некоја подлабока порака со своите слики. Тие биле на некој начин експресионисти. Тогаш мојот пријател ми појасни: "Мислам дека сликарот сакал да му каже на гледачот: 'Овде, под Исусовиот крст, има едно празно место. Заземи го ти!' " Често си размислувам за таа слика и се сеќавам на зборовите во песната: Таму на крстот на Голгота, Гревот мој вечно е закован! Крвта на Исус се пролеа, Знам, и за мене. Да, јас се радувам бидејќи под Исусовиот крст има едно слободно место. И за тебе има едно слободно место. Дали твоето место ќе остане засекогаш празно? Hans Memling - Crucifixion Изменето од KINGDAVID - 03.Мај.2013 во 03:44 |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Внеси реплика | страница <1 212223 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |