|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 6566676869 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Матеј: 6:6
А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно. Ако некој рече: „Го љубам Бога”, а го мрази брата си, лажец е; зашто кој не го љуби брата си, кого го видел, не може да Го љуби Бога, Кого не Го видел. (1Јован 4:20) 1 Јованово: 2:15 Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него, |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Благиот јазик е дрво на животот, а пакосниот е рана за духот.
Разумното срце бара знаење, а безумничката уста се занимава со глупост. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Откровение:3:18
Те советувам да купиш од Мене злато,пречистено во оган,за да се збогатиш;и бели облеки,за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота;и очна маст,за да ги намачкаш своите очи,за да гледаш. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм: 119:41 О, Господи, нека Твојата милост дојде врз мене, и Твоето спасение според Твоето ветување.
119:81 Мојата душа копнее за Твоето спасение, со надеж го чекам Твојот збор. Исаија: 1:17 Учете се на добри дела: стремете се кон правдата, притекнете му на помош на угнетуваниот, помогнете му на сирачето до правдата, заземете се за вдовицата.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јаков: 2:1
Браќа мои, имајте вера во нашиот славен Господ Исус Христос, не гледајќи кој е кој! Зашто ако на вашето собрание дојде човек со златен прстен и со светла облека, а влезе и сиромав во бедна облека, па погледате во оној, во светлата облека, и му речете: „Ти седни тука убаво!” а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!” или „Седни до моето подножје.” Не правите ли разлики помеѓу себе и така станавте судии со лоши помисли?” Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог оние, кои се сиромаси пред светот, за да бидат богати во вера и наследници на Царството, кое им го ветил на оние, кои Го љубат? |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него.
Болскотот Му е како светлина, зраци светкаат од Неговите раце, таму е скривалиштето на Неговата сила. (Авакум 3,3.40 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од читањето на постовиве во темава ми се наметна следново:
1. Зарем има стихови во библијата кои не се убави? 2. Ако се продолжи со цитирање на „најубавите“ стихови, мислам дека во скоро време на овие страници ќе можеме да ја прочитаме целата библија! |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само цитирање на стихови, без анализирање и дискутирање за нив, мало е фајдето.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
12 Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение со страв и трепет.
13 Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја. ==Филипјаните 2:12-13 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм: 139:1
За началник на пејачи. Давидов псалм. Господи, ме согледуваш целиот и ме познаваш, Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли. Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта. Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш. ... Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене. Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам. Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си. Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето, и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи. Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!” Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина. Зашто Ти ги создаде моите бубрези, ме истка во мајчиното крило. Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае. Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата. Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сè беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додека не беше ниеден. Колку ми се драгоцени Твоите науми, Боже, колку е непресметлив нивниот број. Да ги бројам! Повеќе се од песок! Кога се будам, уште сум со Тебе! Боже, истреби ги злотворите, нека отстапат од мене крволоците! Зашто се бунтуваат подмолно против Тебе, напразно се подигаат Твоите непријатели. Господи, зар да не ги мразам Твоите мразители? Зар да не ми се гадат Твоите противници? Јас ги мразам со далабока омраза и ги сметам за свои непријатели. Испитај ме целиот, Боже, запознај ми го срцето, испитај ме и запознај ги моите мисли: Погледај да не одам по гибелен пат и поведи ме по вечниот пат! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе направиме. Ев.Јован 14:23 Изменето од spiros - 17.Април.2013 во 17:42 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2 Вака зборува Господ, Кој ја создаде земјата, ја вообличи и ја зацврсти - Името Му е Господ!
3 ‘Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што не знаеш ништо.’ ==Еремија 33:2-3 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.” Ев. Јован 8:31+32 Изменето од spiros - 18.Април.2013 во 20:35 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение, кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него
==Евреите 2:3 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 6566676869 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |