|
Кафе |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 25> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кафе со шеќер за идеален почеток на работниот денУтринското кафе многу подобро ќе ве расони и ќе го подготви вашиот мозок за работниот ден ако го консумирате со шеќер. Кафето со шеќер ја зголемува ефективноста на мозокот
Шпански научници тврдат дека кафето има многу посилен ефект врз работата на мозокот ако се консумира во комбинација со шеќер. До овој заклучок тие дошле откако им го скенирале мозокот на 40 доброволци кои се напиле кафе, кафе со шеќер, консумирале само шеќер или се напиле само вода. Истражувачите откриле дека кај учесниците кои консумирале кафе со шеќер била забележана поголема ефективност на мозокот во областа задолжена за задржување на вниманието и областа за т.н. „работна меморија“ (способност да се помнат сите неопходни информации, релевантни за определена задача). Ако не сте обожавател на кафе со шеќер, тогаш заедно со кафето каснете некое мало колаче и ќе бидете подготвени да се фрлите на работа. Изменето од Valerija - 04.Ноември.2011 во 11:01 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кафето може да го намали ризикот од рак на кожатаИстражувањето на научници од Харвард резултираше со нови докази дека консумацијата на кафе е поврзана со намалениот ризик за заболување од најчестиот облик на рак на кожата. Ваквиот заштитен ефект на кафето бил изразен кај жените. Во просек жените кои дневно пиеле најмалку три шолји кафе имале 20 отсто помал ризик за заболување од карцином на базалните клетки отколку жените кои скоро воопшто не пиеле кафе. Во истражувањето учествувале околу 111.000 испитаници кои биле следени од 1984-та до 2008-та година. Изменето од Valerija - 04.Ноември.2011 во 11:00 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Теа Јованова
Нов член Регистриран: 22.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Заедно со Вита Голд кафе секојдневно се дружам:) Се шегувам го пијам 2-3 пати на ден во рок од три месеци. Едноставно само го заменив за турското, а со Вита Голд освен што уживам, дури и слабеам. На здравје кафе :)))
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кафе романса Прекрасно и необично подготвено еспресо за убаво и романтично расположение Потребни состојки:
Начин на подготовка: Во чаша за ирско кафе се става Калуата. По внатрешните ѕидови на чашата внимателно се налева Бејлисот (за да не се измеша со Калуата, туку да направи слој над неа). Потоа на истиот начин се става и подготвеното еспресо. Се наросува од кафеавиот шеќер на површината и на крајот се украсува со шлаг и чоколадни трошки. Изменето од evangeline - 15.Јануари.2012 во 06:48 |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто кафето претставува стрес за организмот?Кога сме уморни, нивото на шеќер во крвта расте, па потоа одеднаш се намалува, заради што ни е потребно нешто што ќе нè расположи. Тогаш најчесто посегнуваме по шолја кафе. Но, во продолжение следат неколку работи кои би било корисно да ги знаете доколку сте голем обожавател на овој пијалок. Организмот кој е под стрес лачи адреналин, кој пак му помага на организмот да
се бори со стресот. Од друга страна, кортизолот, другиот хормон на надбубрежната
жлезда, има подолго дејство од адреналинот и се лачи кога личноста е под стрес
подолго време. Кортизолот го зголемува крвниот притисок, нивото на шеќер во
крвта и делува деструктивно врз нервниот систем. Сепак, многу луѓе консумираат кафе и чај повеќе пати во текот на денот, а доколку тоа го прават и за да го спречат чувството на глад (што претставува стрес), нивните надбубрежни жлезди лачат адреналин. Како што кажавме, ако организмот е изложен на стрес подолго време, надбубрежните жлезди почнуваат да лачат кортизол, кој го уништува нервниот систем.
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто е добро да пиете кафе?Луѓето кои редовно пијат кафе имаат помали шанси да умрат од последиците на
срцевите заболувања, мозочниот удар, шеќерната болест и инфекциите, се тврди во
една нова студија Долго време се веруваше дека премногу кофеин е штетно, а сега научниците
велат дека кафето може да го продолжи вашиот живот. - Ова е важно истражување бидејќи дава докази кои покажуваат дека умереното консумирање на кафе е корисно и дека дава одредена здравствена корист, вели др. Пол Еуан, извршен директор на Британската задруга за кафе. Трудниците би требале и понатаму својот внес на кафе да го држат на 200 mg дневно во склад со насоките на јавното здравство, додава тој. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кафето нè буди по автосугестијаАко сте еден од оние кои мислат дека нема да го издржат денот без утринското кафе, тогаш се лажете. Научниците докажаа дека во прашање е автосугестија. Големиот број луѓе се чувствуваат успорено и поспано во текот на целиот ден доколку не се напијат утринско кафе, а ако не го испијат и она попладневното, стануваат нервозни. Иако и научно е докажано дека кофеинот предизвикува лачење на адреналин во нашиот организам, едно лондонско истражување покажало дека влијанието на кофеионот на нашиот организам пред сè е во нашите глави. Ако пиеме кафе за да се расониме, нашиот мозок така и ќе реагира. Научниците ги поделиле испитаниците во четири групи, давајќи им на дел од нив обично кафе, на некои исто така обично кафе но им било кажано дека е безкофеинско, а на останатите им било дадено кафе без кофеин за кои биле уверени дека е обично. Резултатите покажале дека луѓето кои пиеле безкофеинско кафе мислејќи дека во него има кофеин, подеднакво добро ги решиле тестовите кои им биле дадени и на оние кои пиеле обично кафе. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мммм... доволна е само една голтка од утринското кафе и едно вдишување на неговата арома за да нè обземе пријатно чувство и вистински да го означиме почетокот на денот. Кафето не само што е добро за расонување и што служи како добар изговор за долги разговори и озборување, туку тоа е и корисен производ кој може да се употребува низ домот и за негување на кожата и косата. Пилинг за лице, сојузник во борбата против целулит, дезодоранс за фрижидер, освежувач за автомобил... Еве само дел од многуте невообичаени примени на кафето:
Добрата вест е што во повеќето случаи треба да го користите талогот, па сепак претходно ќе можете да уживате во неодоливиот вкус и аромата на кафето. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најновото истражување целосно ги открива навиките на љубителите на кафе, а според резултатите дневно во просек се пијат 2,2 шолји, додека секој го прескокнува бескофеинското кафе.
Во истражувањето во кое учествувале 1.700 доброволци, 83 отсто од нив одговориле дека секојдневно уживаат во омилениот напиток, додека кафето за нив претставува дневна рутина. Околу 12 отсто пијат кафе неколкупати неделно, два отсто пијат неколкупати месечно додека еден отсто неколкупати годишно. Како дневна доза на кафе се посочени 2,2 шолји, додека помала група на луѓе посочила дека успеваат да ја намалат консумацијата неколкупати неделно. Истражувањето покажало дека бескофеинското кафе не е многу популарно така што само пет отсто преферираат да го пијат. Новото истражување покажа дека љубителите на кафето нема да престанат да го пијат дури и во кризни времиња. Кога кафето почнува да се пие на помлада возраст, подоцна е потешко да се одвикнете од навиката. Најголем број луѓе почнале да го консумираат на возраст меѓу 15 и 19 години. Научниците сметаат дека токму овој факт е пресуден зошто одвикнувањето е толку тешко. Дури 42 отсто од испитаниците признале дека не можат да се одречат од кафето, пренесува Huffington Post. Изменето од Valerija - 28.Февруари.2013 во 16:44 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто кафето е здраво за пиење?За многумина, кафето претставува секојдневен утрински ритуал без кој не може да се замисли почетокот на денот. Прочитајте кои се позитивните ефекти од секојдневното консумирање на овој миризлив напиток.
Дали знаевте дека кофеинот од кафето ги намалува опасностите од цироза и тоа до 80% доколку дневно се испијат најмалку четири филџани кафе? Овој податок е објавен од страна на германска здравствена организација. Истражувањето покажало дека кафето е добро за срцето и црниот дроб, бидејќи го забрзува метаболизмот. Имено, кафето содржи и голем број на други здрави состојки, како што се антиоксидансите кои можат да го преполоват ризикот од Алцхајмерово заболување. Исто така, кафето ја стимулира правилната работа на срцето и го намалува крвниот притисок, се разбира доколку не се претера со пиењето. Во умерени количини, кафето ги штити мозочните ќелии, а според некои истражувања може да го намали ризикот од деменција и Паркинсова болест.
Кафето ја подобрува концентрацијата, позитивно влијае на меморијата и ве одржува будни. Ако почувствувате нервоза од консумирањето, измешајте го со бескофеинското кафе и немојте да го пиете на празен желудник. Може да делува и на сонот, па најдобро е да не пиете кафе четири часа пред спиење. А, доколку држите диета, тогаш кафето без шеќер е идеално за вас. Можеби не сте знаеле дека кафето помага и кај главоболките така што може да спречи појава на главоболка и рани облици на мигрена. Кафето е богат извор на антиоксиданси кои го штитат организмот и го забавуваат стареењето, а некои студии покажаа дека кафето ја зацврстува издржливоста и ги подобрува спортските резултати. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Десет причини зошто треба да се збогувате со кафетоСе чувствувате уморно, исцрпено, депресивно? Можеби за сето тоа е виновно кафето. Докторите сугерираат да го обновите организмот со тоа што ќе го елиминирате од вашето секојдневие.
Во последно време кафето е главна тема во здравствените кругови. Иако постојат многубројни студии кои ја истакнуваат улогата на кафето во спречувањето болести, сепак една од најважните карактеристики е дејството на шеќерот во крвта. Во новата книга „The Blood Sugar Solution“, американскиот доктор Марк Хајмен истакнува дека инсулинската резистенција и воспаленијата се центарот на современите хронични болести. Тој пишува во „Huffington Post“ дека една од најважните здравствени навики кои треба да ги усвоиме се управување со нивото на шеќер во крвта преку намалување на активните супстанции кои го исфрлаат од рамнотежа. Дали знаевте дека кафето е еден од тие активатори? „Кафето има неверојатно моќна колекција на биолошки активни состојки“- вели докторот Волтер Ц. Вилет од Харвард. Според него, ефектите во организмот од кафето треба да се третираат како ефекти кои имаат дејство на моќна дрога. Научниците почнаа да ги истражуваат состојките на кафето. Истражувањата покажаа дека кај личности со дијабетес 2 внесувањето кафе е во корелација со покаченото излачување на инсулинот и зголемениот шеќер во крвта по оброкот. Понатамошните истражувања покажаа дека кофеинот во кафето може да биде одговорен за лачење на поголеми количини инсулин од панкреасот. Прочитајте ги овие десет причини зошто не треба да пиете кафе: 1. Кофеинот во кафето го зголемува хормонот на стресот. Реакцијата на стрес ги зголемува нивото на кортизол и инсулин. Инсулинот ги генерира воспалителните процеси од кои потоа се чувствуваме како болни. 2. Навикнувањето на кофеин ја намалува чувствителноста на инсулин. Големото ниво на шеќер доведува до оштетување на артериите и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. 3. Корисните хлорогени киселини можат да ја одложат апсорпцијата на гликоза во цревата што доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања. 4. Нефилтрираното кафе има најголемо ниво на антиоксиданси, но во организмот најмногу се внесуваат дитрепените поврзани со покаченото ниво на триглицериди. 5. Киселоста на кафето е поврзана со иритација на дигестивниот систем и нерамнотежа на цревната флора. 6.Зависноста е чест проблем кај оние кои редовно го консумираат кафето. Ако прашате некој кој не може без кафе како се чувствува без својата омилена напивка, неговата приказна ќе звучи како исповед на наркоман. 7. Бизнисот со кафе го поттикна создавањето култура која е зависна од слаткиот и моќен вкус на кафето. 8. Нивото на органската киселина 5-HIA и дел од неуротрансмитерот серотонин се со зголемено ниво во мокрачата на редовните косумери на кафе. Тие ризикуваат во мозокот да се синтетизира пониско ниво на серотонин потребен за нормална работа на цревата, расположението, добриот сон и нивото на енергија во организмот. Тоа е волшебен круг, бидејќи кафето може да влијае на сонот и да ја поттикне депресијата. Факт е дека колку повеќе пиете кафе, толку сте поуморни. 9. Оние кои почесто пијат кафе губат повеќе минерали како калциум, магнезиум и калиум. Тоа доведува до нерамнотежа и сериозни компликации по здравјето. 10. Состојките во кафето можат да сметаат на нормалната работа на метаболизмот на лековите и нормалниот процес на детоксикација во црниот дроб. Треба да се биде внимателен со кафе ако сте на одредена терапија за штитната жлезда или ви се припишани антидепресиви. Како да ја прекинете зависноста? Обидете се да се одморите од консумирање кафе и проверете како организмот ќе ви функционира на алтернативно гориво. Исфрлете го кофеинот од својот систем и веднаш ќе се почувствувате поенергични. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вкусот на кафето: 3 лесни рецептиДоброто старо црно кафе е одличен начин за започнување на денот и за брзо расонување. Сепак, на сите понекогаш ни станува здодевно од истиот вкус. Токму затоа ви препорачуваме овој пат да ја разбиете монотонијата со следните кафиња кои имаат малку поинаков вкус од она кафе кое го консумирате секој ден. Ледено кафе со цимет
Потребни состојки за базата: Топло мока кафе Потребни состојки: 2 шолји варено кафе 1 лажица какао 4 лажици ликер од кафе Шеќер по вкус Шлаг и чоколаден прелив за декорација Во жешкото кафе ставете ги преостанатите состојки и добро мешајте. Потоа украсете со преливот и чоколадото. Пунч кафе Потребни состојки: 4 лажици мелено кафе 2 стапчиња цимет Кора од портокал 4 мали чаши рум Сварете го кафето како што вообичаено го варите. Потоа во него ставете ги циметот и кората од портокал. Прелејте со рум кој претходно сте го загреале. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Понекогаш денот може и без кафе да ми помине
џабе имам кафе мат кога не пијам ни еспресо ни макијато...воопшто не ми се допаѓаат. Зимно време обично пијам капучино, понекогаш и ладно матено нес а летно само нес и ајс кафе. |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Milky Way капучино Потребни состојки: 90 мл еспресо 40 мл чоколаден прелив 40 мл сируп од карамела 20 мл зовриено млеко Начин на подготовка: Во шолја за кафе сипете го подготвеното еспресо, чоколадниот прелив и сирупот од карамела и потоа додадете зовриено млеко. На врвот ставете млечна пена. За само 5 минути ќе добиете фантастичен кафе напиток со шмек на неодоливите чоколатца Milky Way. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница <1 2021222324 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |