IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најголемиот грев  во овој свет!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најголемиот грев во овој свет!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2013 во 00:29
spirose, 

можеме да ги искривуваме работите до бескрај за да одговараат на некоја догма, цврсто верување или моментални морални вредности, но нештатa се онакви какви што с'е...

... а тоа е - слободнатат воља е СЛОБОДНА ВОЛЈА затоа што слободно одбира што ќе стори, вклучувајќи и оноа што како избор не е полезно ниту за самиот избирач. 

Ако се става недозволувања на избор, забрани и ограничувања тогаш тоа не е СЛОБОДНА воља.

Знам дека тешко е да се разбере тоа, но не можеш истовремено да ја имаш и да ја изедеш тортата.

Одбери едно.

Или имаме слободна воља или немаме слободна воља.

Тоа што слободната воља е венчана со нејзините последици и личнатa одговорност е сосем друга работа. Тоа е оноа што луѓето не го разбират или не сакаат да го разберат и да го прифатат. 

СЛОБОДНАТА ВОЛЈА е венчана за последиците и личната одговорност.

На кој му е тешко да ја прифати таа реалност со мирна душа нека се одрекне од таквата слобода.

Едно треба да се разбере - дадено ни е од Бога да грешиме. И секогаш ќе грешиме бидејќи не сме совршени.

Затоа Бог никого не го одбива во Царството Божје, ниту најголемите грешници. И како би можел да го стори тоа кога тој ја дарил слободната воља и и нашата несовршеност. Секој оној кој во еден миг ќе разбере дека промашувал во животот и ќе се покае за тоа, ќе појде во Царството Божје.

Сите сме чеда Божји и Бог не одбива никого. Само ние можеме да го одбиеме Него.










Изменето од Messenger - 23.Март.2013 во 00:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2013 во 13:39



Абсолутно е точно тоа дека БОГ сака сите да влезат во Царството на Неговата Светлина и да се спасат, но - за жал - сите не Го сакаат Спасот БОЖЈИ колку што го сакаат својот индивидуален и колективен егоизам!

Вистинската слободна волја е венчана за вистинската слобода и вистинската волја, која што не е идентична со “слободата“ и “волјата“ на телесно (материјално) ориентираниот човек, кои - од нивна страна - се венчани со гревот!


Сите кои што се од БОГА родени (духовно преродени), тие се и вистински чеда БОЖЈИ, додека сите кои што вистински не Ја бараат, не Ја признаваат или Ја одфрлаат Слободата и Волјата чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, тие Го одфрлаат и БОГА како свој вистински Родител!

Тоа - покрај хулењето кон Светиот Дух - е најголемиот грев што еден човек може да го направи во својот живот!



Поздрав




А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост.
Против такви нема закон.   

Еп. Галат. 5:22   


п.с. Подолу постирам видео (на германски) на кое Алберт Ајнштан - цитирајќи го Шопенхауер - вели дека не верува на човековата слободна волја, бидејќи :

“Човекот може да прави што сака, но не може да сака (да реши), што ќе сака!“


Јас знам дека оваа констатација е потполно точна, кога се работи за телесниот човек, кој по телесно наследство е роб на гревот.


*Кликни на плавите текстови за линк и за видео.





Изменето од spiros - 23.Март.2013 во 13:45
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2013 во 14:23
Originally posted by spiros spiros напиша:




Абсолутно е точно тоа дека БОГ сака сите да влезат во Царството на Неговата Светлина и да се спасат, но - за жал - сите не Го сакаат Спасот БОЖЈИ колку што го сакаат својот индивидуален и колективен егоизам!

Вистинската слободна волја е венчана за вистинската слобода и вистинската волја, која што не е идентична со “слободата“ и “волјата“ на телесно (материјално) ориентираниот човек, кои - од нивна страна - се венчани со гревот!


Сите кои што се од БОГА родени (духовно преродени), тие се и вистински чеда БОЖЈИ, додека сите кои што вистински не Ја бараат, не Ја признаваат или Ја одфрлаат Слободата и Волјата чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, тие Го одфрлаат и БОГА како свој вистински Родител!

Тоа - покрај хулењето кон Светиот Дух - е најголемиот грев што еден човек може да го направи во својот живот!,,,,,,



Поздрав




А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост.
Против такви нема закон.   

Еп. Галат. 5:22   


п.с. Подолу постирам видео (на германски) на кое Алберт Ајнштан - цитирајќи го Шопенхауер - вели дека не верува на човековата слободна волја, бидејќи :

“Човекот може да прави што сака, но не може да сака (да реши), што ќе сака!“


Јас знам дека оваа констатација е потполно точна, кога се работи за телесниот човек, кој по телесно наследство е роб на гревот.


*Кликни на плавите текстови за линк и за видео.



,,,,,,

,,,,,absolutno /dogma /,,,ne e tochno deka bog saka nekoj da vleze vo carstvoto na negovata svetlina za spasenie,,,/bidejki dal razreshenie za sloboden izbor i volja,,/
,,,,,bidejki bozhjata svetlost e vo nego samiot  ili na sosema drugo mesto,,,/koj znae znae ,,,koj ne ke doznae,    ako  ,,,,,/,,
,,,,,i za golema nadezh e deka site go sakaat spasot bozhji,,/koga tagash,,/,,,kolku shto go sakaat svojot individualen pozitiven egoizam,,,
,,,,,a kolektiven egoizam ne postoi  ,,,,postoi kolektivna svest,,,/za zhal kaj makedoncite voopshto ne postoi ,,po nieden osnov,,/,,
,,,,,a za drugoto ,,,zatoa potoa,,,,
,,,,,pozdrav,,,среќа,,,,
,,,,,/nekoi kvalifikacii   i navredi ,,,ne se ni vredni za spomen,,/,,,,намигнување
,,,,,pozdrav,,,,,,среќа
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2013 во 21:22
Originally posted by spiros spiros напиша:


Вистинската слободна волја е венчана за вистинската слобода и вистинската волја... 

???

Originally posted by spiros spiros напиша:

... која што не е идентична со “слободата“ и “волјата“ на телесно (материјално) ориентираниот човек, кои - од нивна страна - се венчани со гревот!


Вистинско, невистинско... безброј пати сме те прашале за тоа што е вистинско и с'е уште не си ни објаснил, но нaстрана од тоа...

... очигледно не се разбираме околу едноставни нешта. Едно од тие нешта е што е СЛОБОДНА ВОЛЈА.

СЛОБОДНА ВОЛЈА spirose е кога по воља можеш да одбереш оноа што ти е тебе по воља, без разлика дали тоа е духовно, материјално, идеално, за никаде, за секаде, морално, неморално, традиционално, новосоздадено, македонско, кинеско, никакво, секакво, туѓе, свое, црно, бело, светло, темно... 

Секое недозволување, забранување и диктирање на твојот изборот не е СЛОБОДНА ВОЛЈА. Тоа е ОГРАНИЧЕНА ВОЛЈА.

Слободната воља според тоа е венчана за "успеси", "неуспеси", "погодувања" и "промашувања", гревови и патења...  уште повеќе затоа што ние не сме совршени битија. Ние сме Божји креации и СИТЕ носиме Божји здив во нас, но ние не сме Него. Според тоа, гревот вечно ќе си го носиме под мишка. Тој што мисли дека еден ден ќе стане безгрешен наВИСТИНА се лаже.

Затоа Бог никогаш не н'е отфрла поради нашите гревови.

Знам дека можеби кажаново е тешко прифатливо за некои кои постојано гледаат рески во туѓите очи, секогаш судат и посочуваат на мали, средни и големи гревови... но, тоа е ТОА.

41 И, ние сме праведно осудени разбојници, зашто го примаме заслуженото од тоа што сме сториле. Но, Овој не направил никакво зло.”

42 И рече: „Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во Твоето Царство!”

43 А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во Pајот.”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава  23  


Е сега, соодветно со твоето верување за "вистинска" слободна воља или за немање слободна воља (како што велиш на крајот на твојата реплика) -  реши се за што ќе се одлучиш: или имаме слободна воља или немаме слободна воља ? 

Дали ќе ја чуваш тортата или ќе ја изедеш? Hе може да ги имаш и двете опции истовремено, иако гледам дека тоа најмногу го посакуваш.













Изменето од Messenger - 23.Март.2013 во 21:33
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2013 во 12:12




Originally posted by Messenger Messenger напиша:


???   




Човекот кој што преку Милоста и Духот Светол БОЖЈИ не е ослободен, тој се’уште е роб на лагата и неговото со грев инфицирано тело, а неговата слободна волја е релативна и далеку од вистинската, иако тој упорно се лаже себеси дека неговата слободна волја е навистина вистинска и слободна!         





Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Вистинско, невистинско... безброј пати сме те прашале за тоа што е вистинско и с'е уште не си ни објаснил,...

... очигледно не се разбираме околу едноставни нешта. Едно од тие нешта е што е СЛОБОДНА ВОЛЈА.    




Безброј пати и сум објаснил дека се’ што потекнува од ТВОРЕЦОТ (Отецот) и е ЛОГОСАНАЛОГОС е вистинско, а се’ другото (повеќе или помалку) ветер и магла!

Скоро сите луѓе и колективи имаат (повеќе или помалку партикуларно) нешто вистинско - нешто што потекнува или упатува на Совршената Вистина - додека во БОЖЈИОТ Логос (Христос) Вистината е потполна (Совршена и Униврзална)!

Што се работи за слободната волја, најнапред човекот треба да разбере и сфати дека без слободата што единствено ја дарува Милоста БОЖЈА (Христос), телесниот човек е роб на (гревот во) неговото тело, а неговата слободна волја е многу релативна и далеку од вистинската слобода!

Затоа ги молам сите луѓе (“браќа и сестри“ по тело) се’ додека имаат време да не го направат фаталниот грев и ја одбијат Милоста БОЖЈА чиста – за спасение на сите – отелотворена во Исуса Христа!




п.с. Што се работи за твојата торта која постојано ја споменуваш, тоа ти го оставам тебе понатаму да го размислуваш и филозофираш,
но кога е збор за Благодата (Милоста) БОЖЈА, дури кога - со вера - (духовно) ќе ја изедеш, тогаш навистина и (во себе) ќе Ја имаш!





Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен
и Јас ќе го воскреснам во последниот ден!

Јован 6:54




Originally posted by pajser pajser напиша:



,,,,,absolutno /dogma /,,,ne e tochno deka bog saka nekoj da vleze vo carstvoto na negovata svetlina za spasenie,,,/bidejki dal razreshenie za sloboden izbor i volja,,,




Кога не би се правел попаметен од Евангелието на Мудроста БОЖЈА, би имало шанса да ти се отворат очите на срцето за големината на Љубовта БОЖЈА и чудесната ширина на Неговата Слобода и засигурно не би ги пишал погорепишаните зборови!

Слободната волја која што телесниот човек ја има во овој свет е многу релативна и ограничена, а не абсолутна, како што милува тој да верува!

Затоа (додека имаме уште време) треба да го искористиме тоа малку вистинска слободна волја и да внимаваме фатално да не згрешиме, туку за Милоста (Мудроста) БОЖЈА да се решиме!


Најискрени поздрави, желби и благослови









Изменето од spiros - 24.Март.2013 во 12:33
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2013 во 13:44
Originally posted by spiros spiros напиша:



Што се работи за слободната волја, најнапред човекот треба да разбере и сфати дека без слободата што единствено ја дарува Милоста БОЖЈА (Христос), телесниот човек е роб на (гревот во) неговото тело, а неговата слободна волја е многу релативна и далеку од вистинската слобода!


Не знам дали точно те разбирам (јазикот и изразувањето се многу несовршени форми за разменување на сознанието), но ако под кажаното подразбираш дека потполно слободна воља има единствено христоликиот (просветлениот, самореализираниот...) човек, тогаш апсолутно се сложувам. 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2013 во 11:48
Originally posted by pajser pajser напиша:



,,,,,


/dogma /,,,ne e tochno deka bog saka nekoj da vleze vo carstvoto na negovata svetlina za spasenie,,,/bidejki dal razreshenie za sloboden izbor i volja,,,




Кога не би се правел попаметен од Евангелието на Мудроста БОЖЈА, би имало шанса да ти се отворат очите на срцето за големината на Љубовта БОЖЈА и чудесната ширина на Неговата Слобода и засигурно не би ги пишал погорепишаните зборови!

Слободната волја која што телесниот човек ја има во овој свет е многу релативна и ограничена, а не абсолутна, како што милува тој да верува!

Затоа (додека имаме уште време) треба да го искористиме тоа малку вистинска слободна волја и да внимаваме фатално да не згрешиме, туку за Милоста (Мудроста) БОЖЈА да се решиме!


Најискрени поздрави, желби и благослови ,,,

,,,kako za pochetok prvoto boldirano beshe pozajmeno od tebe,,,

,,,i bi te zamolil da si go preprochitash napishanoto bidejki poveke kontradiktornosti na edno mesto nema,,,koga zboruvash ti,,,e dobro ,,,no koga nekoj drug ke kazhe neshto e togash drugiot nechini,,,da skratam,,,da ne otideme predaleku,,,

,,,,administrativno-taksativno citiranje na misli od svetite knigi ochigledno e deka ne si gi razbral tuku samo napamet ti se naucheni bez pritoa da navlezesh sushtinski vo istite,povrshnosta i drzhenjeto do chisto goli zborovi ne te pravi  nishto pogolem vernik od bilo koj tuka shto ne se slozhuva so tebe,,,a osobeno zakanite i obrnuvanjeto na vnim
anie ej pazete i vnimavajte vo sprotivno toa i toa kade shto vo razlichni sluchaevi gi koristish kako tebe ti odgovara ,,,voopshto ne e vo duhot na verata i verbata,,,
,,,tvojot institucionaliziran mentalen sklop i pravenje institucija od bog i sinot bozhji samo te oddalechuvaat od nimi ,,,,pri napor shto poblisku da bidesh do niv,,,,
,,,,blagodaram za zhelbite i pozdravite,,,no,,,
,,,davanjeto blagoslov,,,,ja prevzimash li roljata na gospod bog i negoviot sin bozhji,,,
,,,,,ovoa e moj posleden post na ovaa tema,,,bidejki ima sogovornik koj samo napamet ja nauchil verata ,,,,
,,,pozdrav i do tebe,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2013 во 11:50
,,,i PS,,,predi da davash kvalifikacii desetpati prochitaj,,,,dvaest razmisli,,,,za ednash da kazhesh a da ne pogreshish,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2013 во 23:51

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Не знам дали точно те разбирам (јазикот и изразувањето се многу несовршени форми за разменување на сознанието), но ако под кажаното подразбираш дека потполно слободна воља има единствено христоликиот (просветлениот, самореализираниот...) човек, тогаш апсолутно се сложувам.




Те разбирам што сакаш да кажеш за зборовите и мислам дека до некаде имаш право, но до некаде и не, бидејќи каде што навистина е Духот Светол, таму нема проблем и збрка со зборовите, туку перцепција и разбирање.

Човековиот проблем со зборовите започнува со Вавилонската јазична збрка, со актот на воздигањето на едниот (прв земјин цар Нимрод) врз другите, а е вкоренет во егоистичната (садистичка) желба да се доминира над истите. (Битие 10:8 ...)

За разлика од тој цар, вистинскиот Небесен Цар пред 2000 години дојде во човечко тело за да служи и тоа без ронка мазохисам, а со бескрајна љубов! (Матеј 20:25-28)

Исус потполно ги разбираше (и ги разбира) сите души и сите зборови, дури и тие кои се окупирани со легиони, или пак со неми демони!


Таму кадешто има вистинска љубов,
таму има и вистинско разбирање,
без разлика дали без, или со зборење!



Што се однесува за вистинската слобода на христоликиот (просветлениот, самореализираниот, ...) потполно се сложувам, додека се работи за вистинска христоликост (просветленост, самореализираност, ...), бидејќи - за жал - има и лажни христоси (просветлени, самореализирани, ...)!

- Како да ги разликуваме едните од другите?
- Многу едноставно: Вистинска Љубов и Понизност!

Вистинските христолики луѓе (просветлени, самореализирани, ...) не се израмнуваат себеси со (или издигаат над) *Светиот БОГ, Неговиот *Светол Дух, Неговата *Света Мудрост чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа!      








Изменето од spiros - 25.Март.2013 во 23:56
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2013 во 00:28

Originally posted by pajser pajser напиша:

,,,i PS,,,predi da davash kvalifikacii desetpati prochitaj,,,,dvaest razmisli,,,,za ednash da kazhesh a da ne pogreshish,,,




Еднаш те прочитав ... , се извинувам што вечерва нема повеќе да те читам и нема за тебе прекумерно да размислувам ..., бидејќи се’ додека учењето на Евангелието БОЖЈЕ за тебе е догма (која што негативно ја перцепираш), ќе морам да те дистанцирам.

БОГУ Фала и Слава, за мене учењето на Евангелието БОЖЈЕ - кога верувам со дечјо срце - на чудесен начин и практички Го доживувам дека е вистинска карта за најголемото богатство воопшто!    


Одсрце ти посакувам се’ најубаво    


п.с. Абсолутно никого со кого зборувам за Радосната Вест (Евангелието БОЖЈЕ) - без разлика каде тој во моменто духовно и телесно да се наоѓа - воопшто не го сметам за помалу вреден од мене, нити пак му ги замерам личните навреди и обвинувањата, но најљубезно го молам да не го девалвира Евангелието, бидејќи со тоа прави многу голема грешка. Најверојатно најголемата во неговиот живот!



   




Изменето од spiros - 26.Март.2013 во 00:31
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.