|
Антица 1.0 |
Внеси реплика |
Автор | |
Nep0znatPr0ekt
Нов член Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Март.2013 во 18:36 |
Поттикнат од неодамнешниот Global Game Jam Macedonia, започнав со собирање материјали од сајбер светов и ја создадов Антица, македонска авантуристичка 3D игра, која би се категоризирала како TPS (Third-person shooter). Играта содржи само едно ниво и сеуште се наоѓа во фаза на развивање кое ќе продолжи врз база на укажаниот фидбек. Според вашите коментари ќе одлучам до која развојна точка да ја ширам приказната со играва, додавање нови нивоа, објекти, карактери... Многу луѓе со своите совети директно или индиректно помогнаа во финализирањето на конечниот 1.0 продукт.
Опис: Вие ја контролирате Антица, главниот карактер во играта. Вашата цел е движејќи се низ теренот да ги пронајдете десетте кутии со шеснаесеткрако сонце кои ви носат по 10 поени. Стандардните контроли за движење се W,S,A,D или стрелките соодветно, Space (за скок) и Shift+Z (за миграција од run во walk mode). Притоа внимавајте на: непријател|негов квантитет|штета што ви ја нанесува врз здравјето (поени) отскокнувачка топка|110|30 оган|6|50 вода (мало езеро)|2|во зависност од поминатото време при интеракција За помош е вклучена и т.н. воздушна камера која ќе го прикажува воздушниот простор над ликот во определен момент. На секој агол од теренот има и по еден портал (всушност античка македонска кованица) кој инстантно ќе ве одведе кон некој од останатите портали во теренот. Галерија (16 слики) http://www.youtube.com/watch?v=iiOqqQi29Ds Од технички аспект: http://www65.zippyshare.com/v/24231595/file.html Ако поради било која причина не можете да го искористите примарниот линк, повелете алтернативни линови: https://mega.co.nz/#!hpYCHCKR!RHIkWFif3wwkLoF4iGtaTy-8oEt_IssfG8Wx8qTH0No http://www.mediafire.com/?e9sw3h7b43u385g http://www.sendspace.com/file/9dklno Архивата "тежи" околу 22mb. По симнувањето екстрахирајте ја користејќи дополнителен софтвер како WinRAR, WinZip или бесплатниот 7-Zip. При отворањето имате можност да ја промените резолуцијата или деталите според вашите хардверски можности. Тестирана е и успешно работи на повеќе компјутери со различни хардварски перформанси (дури и на доста слаби графички) и на различни оперативни системи (XP, 7, 8). Како автор не нарушувам никакви закони за спречување на пиратеријата. Секако имате моја дозвола да копирате било кој сегмент од овој текст на вашиот портал/блог. Не заборавајте да ја препорачате и споделите со вашите пријатели. Официјален блог: http://www.nep0znatpr0ekt.com/ За понатамошен контакт со авторот, критика, пофалба, совет, пишувајте на следниов мејл: |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |