|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 6364656667 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм 37
1 Давидов псалм. Не се лути на злосторниците, ниту им завиди на оние што прават беззаконие. ... 2 Се сушат брзо како трева, венеат брзо како зелено растение. 3 Надевај се на Господа и прави добро, живеј на земјата и храни се со вистината. 4 Сета твоја радост нека биде во Господа: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце! 5 Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сè. 6 Твојата правда ќе блесне како светлина и твојот суд како пладне. 7 Смири се пред Господа и надевај се на Него, не дразни се заради оној, кој напредува на својот пат, заради човекот кој кове подлост. 8 Стивни го својот гнев и остави ја лутината, не се дразни за да не направиш зло. 9 Зашто злосторниците ќе бидат сотрени, а кои се надеваат на Бога, ќе ја наследат земјата. 10 Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема. 11 Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
И кога Го видов паднав како мртов пред Неговите нозе; а Тој ја сложи Својата десница врз мене и ми рече: „Не бој се! Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови. Амин! И ги имам клучевите на Подземјето и смртта.
Откровение 1:17 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го Царството Божјо!” Ев.Лука 9:60 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[Колосјаните 3:18-21]
Жени, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа! Мажи, љубете ги своите жени и не бидете груби кон нив. Деца, слушајте ги вашите родители во сè, зашто тоа Му е угодно на Господа! Татковци, не ги дразнете своите деца, за да не станат малодушни! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!” Ев. Лука 14:15 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1ЈОВАН
Глава 1 8 Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас. 9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда. 10 Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето. Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба. Бидете еден спрема друг добри и милосрдни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христос! Ефес. 4:30-32 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Марко 6
11:25 И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови 11:26 Ако пак вие не проштавате, и вашиот Татко, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите гревови.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Колосјани: 3:13
Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Матеја 18
21 Тогаш Петар пристапи и Му рече: „Господи, колку пати да му простам на брата си кој греши против мене? До седумпати ли?” 22 Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесетпати по седум.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Оче, прости им, зашто не знаат што прават!” Ев. Лука 23:34 Изменето од spiros - 20.Март.2013 во 23:49 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
1ЈОВАН
Глава 2 1 Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не згрешите; и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исуса Христа, Праведникот. 2 Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет. 3 И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди. ... 4 Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него. 5 А кој го пази Неговото слово, во него, навистина, љубовта кон Бога стигнала до совршенство. По тоа знаеме дека сме во Него. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Псалм 1
1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите; 2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе: ... 3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева. 4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува. 5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните. 6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
[Колосјаните 3:12-17]
И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост! Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сè во совршенство! И Христовиот мир да владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни! Христовото слово да живее изобилно во вас; во секоја мудрост учете се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни, духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца. И сè што правите со збор или дело, правете сè во името на Господа Исуса, благодарејќи Му на Бог Таткото преку Него. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 6364656667 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |