|
Развод !!! |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 15> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Родителите на близнаци повеќе се разведуваат
Истражување извршено во Велика Британија покажало дека родителите на близнаци се разведуваат повеќе од останатите, пред се поради финансиски проблеми кои се јавуваат со раѓањето на повеќе деца истовремено. Според резултатите на ова неодамнешно истражување, 28 отсто од родителите на близнаци и тројки живеат раздвоено или се разведени, за разлика од останатите семејства, кај кои таа стапка изнесува 24 проценти. Главната причина за раздвојувањето и разводот е од финансиска природа, бидејќи 62 отсто семејства со близнаци, тројки или уште поголем број истовремено родени деца, одговориле дека нивната финансиска ситуација значително се влошила по раѓањето на децата, за разлика од 40 проценти семејства во кои немало истовремено раѓање на повеќе деца. Истражувањето покажало дека таквите деца се почесто изложени на материјални одрекувања, бидејќи нивните родители мораат многу повеќе да се борат за да им ги обезбедат основните потреби на своите деца, како што се облека, прослави на родендени, спортски реквизити и летувања. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
подобро развод отколку да останеш да живееш во лош брак
и да се залажуваш себе си дека ќе биде подобро, кога си свесен дека нема Изменето од Schatzii - 17.Јули.2010 во 11:30 |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еден афоризам.....
Сите разводи се поради религиозни причини...
..еден од двајцата ...се однесува како Бог.....
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако е утврдено дека на 4 јануари се поднесуваат најголемиот број на бракоразводните парници, првиот работен ден во Новата година е прогласен за неофицијален ден за разводи во Велика БританијаБританските адвокати денешниот ден го означуваат како „ДД ден“, според англиските зборови „Day for Divorce“, па оние правни застапници кои се специјализирани за ваквите случаи на овој ден се најангажирани.Британските психолози утврдиле дека најголемиот број од брачните двојки во земјата, чија брачна врска е во криза, се одлучуваат за официјален развод на првиот работен ден во Велика Британија, по речиси двонеделното славење на божиќните и на новогодишните празници. Според статистичките податоци, што последен пат се направени во 2008 година, на секои два новосклучени бракови, се регистрира по еден развод. Ваквиот податок доаѓа по откритието дека од 1972 година, кога е забележан врв на склучувањето бракови во земјата, постојано се регистрира пад во бројот на венчавките. За разлика од порано, кога разводот се означуваше како траума во животот на брачните партнери, сега на него се гледа поинаку, па познатата британска стоковна куќа „Дебенамс“, од мината година почна прва со покренувањето на „листа на подароци“ за развод, исто онака како што постои таква листа и за венчавки, откако многу познати јавни личности во Велика Британија, своите разводи ги одбележуваат со специјални забави и приеми на кои сите носат подароци. Бизнисот со разводите бележи забрзан раст, особено кога станува збор за честитките и испраќањто електронски пораки преку интернет, при што како најпопуларни и најбарани се „честит развод“ или „кучката конечно си замина“. Како трговски хит се смета продавањето на маичката на која е напишано „штотуку разведен“, по цена од 22 фунти. Лондонските весници како најпознати разводи во 2010 година ги истакнуваат раскинот на брачната врска на пејачките Шерил Кол и Кристина Агилера, на актерките Сандра Булок, Скарлет Јохансон и Кортни Кокс, како и на поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор. ...извор к*рир.... Изменето од zamislena - 04.Јануари.2011 во 18:54 |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kade otide vekov |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Адвокат нуди бесплатен развод за Валентајн< allowtransparency="true" border="0" scrolling="no" ="http://plat.twitter.com/widgets/tweet_.1360366574.#_=1360832713876&count=horizontal&id=twitter-widget-0&lang=en&original_referer=http%3A%2F%2Fzase.mk%2Fadvokat-nudi-besplaten-razvod-za-valentajn%2F&size=m&text=%D0%90%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82%20%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B8%20%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%92%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%BD&=http%3A%2F%2Fzase.mk%2Fadvokat-nudi-besplaten-razvod-za-valentajn%2F" ="twitter-share- twitter-count-horizontal" title="Twitter Tweet " -twttr-rendered="true" style="width: 110px; height: 20px;"> < border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1360832712986" name="I0_1360832712986" ="https://plusone.google.com/_/+1/fast?bsv&size=medium&hl=mk&origin=http%3A%2F%2Fzase.mk&=http%3A%2F%2Fzase.mk%2Fadvokat-nudi-besplaten-razvod-za-valentajn%2F&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.en_US.xEgdBmhs4RA.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DgQI%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAItRSTOlQgJhozqGAVX8qFnuJQw9aQX8Uw#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2C&id=I0_1360832712986&parent=http%3A%2F%2Fzase.mk&rpctoken=10195448" allowtransparency="true" -gapiattached="true" title="+1" style=": static; top: 0px; width: 90px; margin: 0px; border-style: none; left: 0px; visibility: ; height: 20px;"> Адвокатот Волтер Бентли од Саутфилд, Мичиген, нуди специјален подарок за една брачна двојка – бесплатен развод по повод Денот на вљубените, Валентајн. - Наградата ќе ја добијат оние двајца кои ќе раскажат најпотресна и убедлива историја, зошто токму ним треба да им се помогне бесплатно да се разведат, изјави Бентли, пренесува ДПА. Според него, идејата му е да им помогне на луѓето кои сакаат да продолжат напред, но немаат пари за адвокат и развод. Тој има намера да ги плати сите трошоци и давачки, кои вообичаено чинат меѓу 1.500 и 3.000 долари. |
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
iznogud
Нов член Регистриран: 02.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova ti bese mnogu jako i naucno izdrzano! BRAVO! :) Se dodeka ima takvi zeni ke ima i razvodi.... |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се прашувам само во кој профил на луѓе се ставаат оние кои велат „живеј си го твојот живот без да мислиш на другите“ дали се многу паметни или ?
Во другите спаѓаат и децата створени во тој брак, имам почитување само кон оние кои ја сфаќаат таа одговорност и кои пред се друго го ставаат родителството на тие деца. Се е само компромис прво мајка па потоа жена, макар и додека „птичките не научат сами да летаат“. (Не зошто но се чувствувам како диносаурус секогаш кога ќе зборувам за моите ставови во врска со оваа тема )
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да се живее во лош брак само заради деца е најлошата одлука во животот. Утре кога птичките ќе научат да летаат и ќе одлетаат секој по својот пат, твојот брак и натаму е лош. Младоста поминала, животот отишол, што фајде тогаш од развод и нов почеток.
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако споствениот живот имал најголема вредност за личноста тогаш зошто воопшто се склучувал брак (што значи веќе делење на два) но тоа е занемарливо во споредба со прашањето зошто додаваат деца на сето тоа?
Лошиот брак има многу степени и категории, не е се подносливо (алкохолизам, физичко малтретирање, дрога....) но јас му реков, тој ми рече, ми сметаат неговите / нејзините, јас работам се тој/таа не работи ништо, мажот/женета ме изневериле (ова повеќе важи за мажите затоа што тие тешко простуваат а почесто им се простува ) и други такви глупости не оправдувам и верувам дека се може да се надмине со здрав разум и договор на двете полнолетни страни ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...неверојатно колку исто размислуваме по ова прашање.Иста ко ја!. Да не бев разведен,ќе те женев. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..... |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
развод? ако не се трпи зошто да не? никој не е должен да убие еден цел живот во нетрпеливост и малтретирање и не мислам тука само на физичко малтретирање,она другото е далеку пострашно а тоа што некои мислат дека децата треба да живеат со двајцата родители по секоја цена мислам дека ич не е ок што гледаат тие деца во текот на цел живот во бракот на нивните родители? каква слика ќе имаат за бракот воопшто понатаму? како тоа тие треба да се однесуваат потоа како возрасни во нивните бракови? не велам дека е лесна одлука ама гледајќи еден куп такви хаотични семејства околу мене кои надвор глумат совршен брак навистина мислам дека тоа е најголемата животна казна има работи кои пробуваш да ги изџвакаш и измазниш,ама има работи преку кои не се минува,башка надежта дека некој може да се смени на подобро е лудост... знаете како викаат-волкот влакното го менува ама табиетот не |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобро е да им ја препуштиме темава на тие што се развеле ако има такви на форумов. Добро, секој може да има став за нешто, но не е исто теорија и пракса...
Еве, ќе пробам да тропнам нешто во теорија:
Тој што не е подготвен да направи компромис со другиот, подобро нека не стапува во брак, бидејќи луѓето не се исти...
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |