|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 5960616263 98> |
Автор | |||||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||||
Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!
Откровение 1:7 |
|||||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Mesi, Koj del od prashanjeto ne ti e jasen? Na prashanje se odgovara so konkreten odgovor. Ti ne go razbirash jazikot na koj pishuvame. |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не знам, можеби си во право дека не го разбирам јазикот на кој пишуваме, но се трудам тоа да го премавнам. Повторно, јас коментирав за конкретен цитат од Светото Писмо и нешто што е клучно во неговата мудрост која провејува низ неговите страници, а ти наведуваш некаков пример кој тебе ти е јасен, а мене не. Не можам да дадам никакво мислење за нешто со што не сум запознат. Не би сакал да судaм некого само затоа што е блудница или само затоа што отишол кај неа. И двајцата се Божји креации и во нив е Божјиот здив - тие се Божји чеда. Има Библијски пример каде што Давид оди кај блудница и не е суден поради тоа. А кој колку од нив двајцата ги вреднува материјалните и духовните вредности само тие си знаат. Мојот коментар беше упатен кон учењето на Словото, а не кон судењето на луѓето. Секој живее и се однесува онака како што осознал во тој момент, вклучувајќи не и мене и тебе. Изменето од Messenger - 06.Февруари.2013 во 21:40 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
||||
Кога ги истураа нивните навреди на Него, Тој не возврати; кога страдаше, Тој не се закани. Наместо тоа, Тој се довери себеси на Оној кој суди праведно.
(1 Петар 2:23) |
|||||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
1.Во цитатите не провејува некаква духовна и материјална вредност,такво нешто провејува само во глават на оној кој ги чита. 2.Тие не тежнеат ниту на едната ниту на другата страна,секој што ќе ги прочита според неговите сваќања за материјалното и духовното ќе ги стави на кантар.Која страна ќе натежни,според опомената во цитатот таа и ќе му се обезвредни. 3.Она што може да се прочита од цитатот е тоа дека оној момент кога ќе се возгордее човек на своето богатство истото ќе го изгуби. Без разлика дали за богатство го смета материјалното или духовното,па дури и својте деца кој се најголемо богатство на човекот, ќе го изгуби. 4.Што се однесува до прашањето кое произлезе само од еден твој збор "вредностите" е типичен пример на трговијата помеѓу материјалното и духовното,секојпат кога едното ќе натежни на кантарот,отпочнува трговијата,а каде има два колци на добивка и губиток се провлекува гревот. 5.Нема никаква разлика од оној што оди во јавна куќа за да плати една вечер со блудница, со оној што оди во книжара за да купи една книга. Разликата е само која страна од материјалното и духовното во него на кантарот натежнале. Но,за тебе овие цитати не важат,бидејќи ти не си од овој свет. 1 Тимотеј: 6:17 Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеваат на непостојано богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслад се во изобилие; |
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами... имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат неутврдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството! 2 Петр,2:13 Изменето од spiros - 07.Февруари.2013 во 22:16 |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Иако генерално се сложувам, конкретно во врска со посочените цитати не се сложувам бидејќи ти бега од предвид акцентот во пораката:
Јас го прокоментирав следново:
Во мојот коментар го посочив материјалното богатство бидејќи Blagoj_s го акцентираше токму него. Доколку ти сакаше тоа да го прошириш и на некоа друго богатство, тогаш можеше само да се надоврзиш и да го додадиш тоа наместо да поставуваш загатки кои мора да ги одгонетнуваме за да разбереме што ти е поентата или да коментираш за коментаторите наместо за коментарите. Изменето од Messenger - 08.Февруари.2013 во 05:19 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Да,Меси знам. Тоа го оставив за тебе.
Очигледно е дека не ми го разбираш јазикот на кој пишуваме. Како и да е,поентата е дека додека во умот не дојдеш до празнина,каде ниту духовното е богатство, ниту материјалното,ќе има трговија помеѓу. А ќе има и такви кои ќе продаваат во нивно име,нудејќи некакви вредностите на човекот. Така да твојата "суштина" во кометарот е сосема погрешна.
Не,Меси во суштина не говори за тоа, затоа немој да продаваш нешто,а притоа да се повикуваш на цитати кои демек во својата суштина говорат за некакви вредности. |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Pica pica, cе сложувам дека имаме потполно право да не се сложиме по повод посочените цитати. Патем, за да ја воочиме поентата од последниот цитат...
... да се потсетиме во кој контекст е искажан од Исуса: 6 А кога Исус беше во Витанија, во куќата на лепрозниот Симон, 7 Му се приближи жена, со сад од алавастер со скапоцено миро, па го излеа врз Неговата глава, додека беше прилегнат до столот. 8 Штом учениците го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „За што е ова растурање? 9 Оти тоа миро можеше да биде продадено скапо, и сребрениците да им се дадат на сиромасите!” 10 Но Исус го разбра тоа и им рече: „Зошто и здодевате на жената? Таа Ми направи добро дело, 11 зашто сиромасите ги имате секогаш со себе, а Мене Ме немате секогаш; Матеј 26,6-11 Исусовата порака е многу јасна: втемелувањето во матeријалното богатство и правењето атачмент од него е едно од најголемите гревови. Затоа Исус му вели на младиот човек да го подели материјалното богатство на сиромасите и потоа да појде по него и дека побрзо камила ќе мине низ иглени уши отколку што богатиот ќе мине низ тесната порта во Царството Божје. С'е додека човек е цврсто врзан за материјалното нема никогаш потполно да го осознае духовното. И тоа е оноа што му оневозможува да оди во Царството Божје. Но, како што реков, не мора да се сложиме околу ова, што e потполно во ред. Изменето од Messenger - 08.Февруари.2013 во 16:12 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Eve shto podeli Isus. Марко: 14:22 И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.” Iako toa e samo metaforicno,toj se podeli samit sebe. Da se podelish samiot sebe,vo polza na drugite,treba najnapred treba da se otkachesh od sebe. Матеј: 16:24 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека Ме следи. Tokmu so izlevanje na skapocenoto miro,zenata ja nagovesti negovata smrt. Toa e neshto slichno koga eden ostapuva mesto na drug,deteto na tinejdzerot,tinejdzerot na sozreaniot,sozreaniot na stariot. Eden umira drug doaga,no za zal i toj e smrten,pa go otstapuva mestoto na drug. No,Isus saka da kaze neshto drugo,kako ednash da umresh i poveke ne! Za zal ti misliish deka duhovnoto "bogatstvo" i besmrtnost e vo napreduvanje, redosledno sozrevanje i osoznavanje,sobiranje na iskustva i znaenje. Ne e toa Mesi. Kaj takvite kako tebe postoi poim za promena,kaj drugi ne postoi promena. Ili kazano! Лука: 18:17 Вистина ви велам, кој не го прими Божјото Царство како дете, тој никако нема да влезе во него.” Ostanuvajki Bozji deca,pez promeni. Toa ke ostane za tebe nepoimlivo i ne svatlivo. побрзо камила ќе мине низ иглени уши отколку што богатиот ќе мине низ тесната порта во Царството Божје Mnogu pogreshno gi tolkuvash citatite i se koncentriran na nekakvi "vrednosti",mozebi poradi toa shto vo tebe ne postoi dete. Razlichni poimi za vrednosti postojat kaj decata,a sosema pinakvi kaj vozrasnite. |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Многу интересно е како ти знаеш подобро од мене што мислам јас. Тоа кажува многу за тебе. Инаку, сето оноа што го пишуваш е надвор од оноа што го цитираше Благој_с на кое јас се надоврзав. Тоа што коментираш во репликава е сосем друга работа, а тоа што тебе ти се чини дека е иста со првичните цитати е само твое разбирање на нив. Иако во начело се сложив со тебе за нешто во претходниот твој коментар, за ова што го пишуваш сега во врска со (не)промените, за тоа што сакал Исус да кажи и што симболизираат децата во неговите беседи не се сложувам, како што не сум се сложувал и порано со твоите поимања за оганот и водата, жената и децата. Бидејќи нашите искуства и ставови се различни и непомирливи, нашето натамошно дискутирање не само што непрекинато ќе оди надвор од темава, туку ќе биде бесплодно. Но ти ветувам дека и покрај тоа ќе посветам нужно внимание на оноа што го рече и ќе се обидам да го разберам кажаното. На крајот ќе повторам оноа што сум го велел и порано: соочување и признавање на незнаењето од позиција на знаење е една работа, а истото од позиција на незнаење и темнина е нешто сосем друго. На прв поглед изгледаат исто, но во суштина разликата меѓу нив е како ден и ноќ. Зарем се споредува декларирањето на Буда и Сократ дека "сега знаат оти ништo не знаат" со оноа нашето ? Изменето од Messenger - 09.Февруари.2013 во 05:07 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Mesi,
Toa shto go napiishav e vo kontekst na citatiite,dodeka tvoeto svakanje da se podeli bogatstvoto e samo na materijalnoto,no istoto ne bi bilo kompletno ako go nema i duhovnoto delenje,odnosno otkazuvanje. I povtorno sme na pochetokot,toa shto celo vreme ti go potenciram,a toa deka nema duhovni i materijalni VREDNOSTI,seto toa treba da se podeli, razdeli za da moze chovek da vleze vo bozjoto carstvo. Te posochiv shto toa mislish,bidejki se otkriva vo poveketo tvoj postovi. Sega ostanuva ushte da kazesh,od koja pozicija vo odnos na Sokratovata misla dade tolkuvanje na citatot shto go postirashe Blagoj?
Матеј: 5:3 ”Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно! Totalen promashajh beshe tvojot komentar. Ke te iskaram so prsteto sega, prv i posleden pat da ti bide ova,drzi se za citatot od Sokrat i ne deli pamet za neshto shto mislish deka go znaesh.
Tokmu poradi tie poimovi postojano kamen na sopnuvanje ti e temata bludnica. Изменето од Pica pica - 09.Февруари.2013 во 21:12 |
|||||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јован: 15:18 ”Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас! Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази. Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето. Туку, сè ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил. ... Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко. Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè замразија Мене и Мојот Татко. Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’ ”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.” |
|||||
www.myspace.com/sblagoj
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Pica picа, да не бегаме од темава "Најубавите стихови во Библијата" го цитирам само овој дел од твојата реплика. Во цитатот на Blagoj_s беше споредбата меѓу материјалното и духовното. Таму коментирав:
И факт е дека тоа се среќава насекаде во Писмото и навистина ме чуди доколку тоа не си го увидел. Твојот новопостиран цитат за сиромаштво во духовноста е исто така погрешно поставен бидејќи, прости ми на забелешката, но погрешно го интерпретираш, како што правиш и со некои други цитати од Писмото. Како може Исус и пророците да проповедаат духовно сиромаштво ??? Зошто тогаш Исус ги м'кнел апостолите со години низ Палестина учејќи ги оноа што не е за сечии уши ??? На крајот од краиштата зошто воопшто се пишувани делата на Апостолите ако луѓето трабa да останат духовно сиромашни ??? Првата Исусова прокламација пред насобраниот народ, од редот други кои следат на гората, во својата навидум едноставност содржи две битни работи. Онаа првичната, која е дел и од неговото говорење за "станување како деца", е резрешување со натрупаното суперфицијално знаење и празно интелектуализирање кое и ден денес, за жал, се смета за некаква духовност и умност. Тој, како и во останатите свои говорења, го посочува срцето како наш водител пред индоктринираниот ум (нешто што им го посочуваше и на фаризеите). Втората работа е дека духовноста исто така треба да се споделува како и материјалните вредности. За ова второво се сложивме од порано и мислам дека тука нема недоразбирање. Битното во посочениот цитaт не е дека Исус проповеда буквална духовна бедотија. Сето негово патешествие и работење го докажува токму спротивното. И уште повеќе, почнувајќи со своето испосништво во пустината кога се разрешувајќи од материјалното богатство, тој постојано проповеда дека духовното е вистинската вредност и спасение за човековата душа. Бидејќи веќе спомнав оти нашава дискусија често дигресира од темата, би те замолил доколку сакаш таа да продолжи тогаш најди некоја посоодветна или отвори нова тема. Инаку, твојот збор нека биде последен. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 5960616263 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |