IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 58>
Автор
Порака
Linda-Lolita Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Linda-Lolita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2013 во 17:03
-Ода на Романтиката во една зима по Транзицијата-

Зима е, зимовина, грчовита ладовина, помалку снеговина но сепак ново поглавје и Нова година...
Ех, зима.
Ја љубам. Ја обожувам со сите нејзини мириси, студени допири, пустелии од улици, магловити светлини од уличните светилки, мене на некој чуден начин ми го грее срцето.
Ме потсетува на љубов и романтика.
Романтика ми фали...некогаш.
Не мене и на мојата врска, сполај му, мојот господин Либенце знае, вешто, мудро и лукаво да го допре моето срце со неговата специфична романтика.Да ме разгалува..доволно, колку да не станеме две тинејџерчиња со извитоперен бебешки јазик кои си гугукаат и им ги креваат цревата на сите присутни во собата.
Како и да е...констатацијата беше глобална.
Фали бре романтика, фали онаа правата романтика, нешто повеќе од литите фејсбук коментари, исрпувачките навидум љубовно идилични муабети на мсн...фали она што се случува на реално место.
Кога бев мала уживав во расказите на баба ми, кои беа најверојатно малку напрскани со пекмез арома, ама како и да е, идеа неверојатно добро со топли костени и плеталото на баба ми.
Писмата, андолираните фризури, намигнувањата на дедо ми Боро, и нивниот прв бакнеж...
Со каква сласт, со каква доза на умереност е раскажувана таа приказна. Приказна во која има очекувања, неизвесност.
Сега таквите приказни се знаат од почеток.
Тој: Здраво, ти кажал некој дека имаш најсекси газе во цела дискотека?
Таа: Ух...Колку си сладок.
Тој: Овде е гужва, да идеме кај мене.
Следната сцена е веќе позната. Толку ти е романтиката, три реплики и се раѓа љубов која трае и траееее....до следното утро. Подоцна во главно следуваат плачки, кукања, стотици смс, и мал милион песни со одмазничка содржина на ѕид (ако воопшто успеат да си разменат фб).
Не осудувам, не сакам да звучи така. Животот не сум му го подарила никому за да бидам создавач на животни правила.
Само пусто е бре некако, веќе видено и проживеано е...фали онаа трошка на старска убавина шо би се рекло. Сите си дозволивме да не понесе налудничавиот тек на развивање на светот и се во него, или барем тоа ни е најдобар изговор.
Некогаш ми се чини дека заборавивме да бидеме само обични.
Без сите исфорсирани начини да докажеме колку сме оригинални, без сите напори да бидеме модерни и општо прифатени...едноставно, да бидеме едноставни.
Мора да е до транзицијата.
Во времето на другарот Тито немало само гага прошетки низ бившата ни голема југословенска татковина, ами имало и љубов зачинета со романтика.
Ова излагање е само пуста носталгија.
А, за љубовта и нејзиното конзумирање нема дефиниции, нека биде ко што е воља.
Чин чин фор дет...зимата ме потсети, проклетство.
Насмевката е тоник, олеснување, отстранување на болката.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2013 во 00:01
Некоја Надеж, безобразна...
не турка Напред..и кога би сакале да застанеме..
Уморни...
Наоѓаме ситни, радости ..за да преживееме..
Се радуваме..со туѓите Среќи кога не сме успеале да создадеме свои..
Ти доаѓа...Да го запреш Времето...
Да врескаш...до бесознаие..поради својата Немоќ, да промениш нешто...

Ти доаѓа..Да ги кренеш рацете да се откажеш од Животот..

Но кои сме Ние...Да го Разочараме ..Бог...
Кои сме ние да не го Почитуваме неговиот ...Подарок..
Каде би заминале нашите души , ако го отфрлиме она што ни е од Него..

Што би биле Ние..ако не сме Благодарни.....!!!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2013 во 00:42
Оди си.Те молам исчезни од мојот живот.Си ја исполни својата цел,зар не?На сите им била позната,освен на мене.Па,да ја знаев,немаше да ти дозволам да ја оствариш,зар не?Ги знаеш правилата,искуството е зад тебе.Ти честитам,одлична претстава.Искрено и јас уживав во неа.Но,крајот ме погоди,ме рани во срцето.Мора некој да го извлече подебелиот крај.А колку само проклето те сакав.Зошто ги сменивме улогите?Јас треба да сум пресреќна што се ослободив од болката,а ти да жалиш за највредното нешто што постоело во твојот живот.Помниш ли се што имавме?Мене секој ден ме прогонуваат спомените како духови.Се плашам,бегам од нив но тие се побрзи од мене.Не заслужуваш да ти го споменам името,а постојано си во моите мисли.Твојот лик ме прогонува каде и да одам,ти си насекаде околу мене.Ти си мојата болка,раната во срцето.А се беше толку прекрасно.Скоро совршено.Љубов како сонце.Секој ден се повеќе и повеќе ме грееше.Толку голема што и планини можевме да поместиме.Прекрасни погледи,преубави зборови.Среќни мигови,поминати во прегратките на саканиот.Ах,колку е убаво чувството кога те буди секое утро неговиот глас.Мислев дека никогаш нема да престане.Каде ли замина се?Зарем е можно од таа љубов што гореше да остане само пепел?Па со неа ги победивме сите препреки во животот.Зошто нен и сега?Што се смени,што се случи?Мене не ми се потребни зборови,јас знам да читам и од делата.Дури и од тишината која убива.Се е кристално јасно.Само една мисла ме убива,ми го кине срцето.А ти тоа не го гледаш.Ти дури не ни приметуваш во што се претвори.Ајас,јас ги исплакав сите солзи,срцето постојано крвари..на секој збор,на секоја постапка.Порано тие зборови живот значеа.Но,сега се изменети..Сега срцето почна дури и да се плаши од нив.Се плаши од уште еден нож забоден во него.Зборовите како олово тежат.Ништо не боли повеќе од зборот.Целиот мој живот на дланка ти го дадов.Се што имав ти дадов.Повеќе немам ништо.Никогаш не мислев дека ќе ме разочараш.Нема повеќе во мене љубов за друг,целата ти ја зема.За цел живот....

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2013 во 20:21
Sakajki da ve zaboravam,se pronajdov sebesi.I,se setiv na onasto sakav da go zaboravam.Ve zaboraviv na mestoto kade sto ve i sokriv.A se setiv na ona sto sakav da go zaboravam.SE PRASUVAM PO NEKOGAS ,,MOZNO LI E TOLKU DA SUM VE SAKALA GOSPODINE?,,Pomnenjeto slabo me drzi ,ne zameruvajte mi.No se sejkavam na edni oci,edno ime i dusa megu dvata ogna rastrgnata.Sepak sakajki da ve zaboravam se pronajdov sebesi.................
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2013 во 20:23
роден сум сред пурпурни водопади дете на ѕвездите господар на желбите ратник, трагач таинствен осаменик!!!!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2013 во 20:25
Те чувствувам во себе и сакам да ти признаам дека тоа е едно од не честите убави чувства кои ретко беа дел од мене.Се восхитувам на тоа што господ те создал таква, различна од другите, необична....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 06:45
за мене ти си цвеќе 

не можам душо веќе 

да ти одолеам 

и искрено се смејам
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2013 во 22:40
ovie zborovi doajgaat od dlabocinata na nesto,nesto koe nie lugeto go vikame dusa,a jas i sama vejke neznam zosto toa mora preku poraka da bidat iskazani.bla bla bla .......................
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2013 во 01:14
eh, sto tekst sega ke iznapisev....ama koga ne me biva ...тага
Кон врв
bilokoja Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 68
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај bilokoja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2013 во 08:30


Barajki gi tvoite baknezi

Trgnav na patot koj ne vodi nikade
tamu na edna livada tecese izvor od strasti od kok zedno piev
jato od ptici nad mojata glava mi se potsmevaat i peat

OVA E PESNA ZA LJUBOVTA

barajki gi tvoite baknezi
pocukav na rajskite porti
Samo edna zana vo bel fustan izleze i me prsa
STO BARAS
se rasplakav na kraj se sramev o kolku se sramev da kazam
me zade vo skut i me pogali

Barajki gi tvoite baknezi
pominav kraj ezeroto mladost
poglednav vo vodata i go vidov tvojot lik
se obidev da go dopram
No potonav vo dlabicinite na ladnats voda
A tamu nemase Nikoj
kraj.


B

Batajkki gi tvoite baknezi tsmi vo

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2013 во 01:03
Бев само...веќе не сум

Бев само минута во твоите часови. Бев само капка вода во океанот на твоите страсти.

Бев сосема незначајна планета во твоето соѕвездие, само момент на сјај во твоите очи. Бев само еден трендафил во многуте цветови и капка вода во преполнетата чаша. Бев само чекор во аргентинското танго и тоа оној последниот. Бев само мало интермецо, но сепак те сакам, иако бев само сосема мал дел од твојот живот!

Штом ноќта се спушти на прозорот твој низ небесната површина ти праќам бакнеж мој, нека стигне таму каде што не можам јас и нека ти каже те сакам најмила!

Некогаш толку многу ми фалиш и се обидувам сè да ставам во пределот на заборавот. Се она што се вика спомени, а тоа се река од убави моменти што живеат во мене!

Нездраво, несватливо, тотално, незамисливо, невозможмо, ненормално, лудо, волшебно, крајно, неодоливо, фамозно, искрено ТЕ САКАМ.

Никогаш не вели “те сакам„ ако не ти значам. Никогаш не зборувај за чувства ако не постојат. Никогаш не ме допирај ако имаш намера да ми го скршиш срцето. Никогаш не вели “ке биде со време„ ако не мислиш да почнеш. Никогаш не ме гледај во очи ако се што правиш е лага. Никогаш не вели здраво ако мислиш збогум. Никогаш н...е вели никогаш затоа што тоа “никогаш„ ме тера да плачам..Те сакам.. ама џабе е!

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2013 во 14:35

Декември. Сив и студен. Ми се чини студот, како да пробива длабоко низ моите коски и предизвикува кратки треперења на мојата душа. Додека декември ги одсликува своите пејзажи пред моите очи, ветерот како да ми ги носи твоите невкусни зборови упатени на моја сметка. Демек малце ми беше еднаш да ги слушнам, па сум принудена да ги почувствувам со секое шумолење на ветрот. Да не се сфатиме погрешно, тоа што твоите навреди и твојот длабок поглед кон мене се насекаде околу мене, не значи дека и ти си тука. Напротив. Те нема.Знаеш…

Не си ти декемвриски тип. Ти не си го почувствувал студот во душата, кој е полош и од декемврискиот. Ти не мирисаш на снег, не мирисаш на студ. Ти не изгледаш сиво, ниту пак тажно. Ти никогаш не си слушнал за тоа. Ти си јули. Топол, разнобоен, прекрасно миризлив и среќен. Каква (не)комбинација…

Како што никогаш не би ги споила декември и јули, не би не споила ни нас. Ми изгледа како залудно спојувањето на мразот и огнот.Страшно е да се спојат разумот, гордоста, љубомората и љубовта.Тоа никаде не води…

Затоа не останувај, не губи време безнадежно. Оди што подалеку те молам. Оди бакнувај, уживај, живеј. Само оди.Оди и не враќај се.Не враќај се на местото на спомените, не враќај се на нас, на ништо повеќе.Оди без причина и не враќај се со изговор. Бидејки како и да е, декември и јуни ќе се спојат во мај и септември, а јас и ти никогаш повеќе.





Изменето од evangeline - 07.Декември.2013 во 14:36
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Sparki13 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Јануари.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sparki13 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2014 во 13:07
Луѓе пиѓувам еден текст со кој сакам да го погодам мојот дечко мене ми текна како тоа се да го напишам ноо незнам како да започнам.иначе текстот е како расажување на една љубов во која девојката умира а дечкото останува сам... Паа ќе сакате ли да ми помогнете
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 04:36
Originally posted by Sparki13 Sparki13 напиша:

Луѓе пиѓувам еден текст со кој сакам да го погодам мојот дечко мене ми текна како тоа се да го напишам ноо незнам како да започнам.иначе текстот е како расажување на една љубов во која девојката умира а дечкото останува сам... Паа ќе сакате ли да ми помогнете

А од каде да знаеме ние што мислиш да напишеш за да ти помогнеме (напишеме)?голема насмевка
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 58>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.