IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Павел Шатев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Павел Шатев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2013 во 14:45
Македонија - словени
Одринско - бугари

А словените во Македонија се чесни Македонци.


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2013 во 15:21
Значи Паисиj Хилендарски пишал "Историjа словено-бугарска" за словените од Македониjа и Бугарите од Тракиjа и Мизиjа?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2013 во 18:45

Шатев: Солун е главниот град на Македонија


По иницијатива на неколку интелектуалци Македонци, синови на видни позафатени трговци и занаетчии, внатре во самата Македонија се формира и Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација на чело со Централен комитет со седиште, според уставот, "Насекаде и никаде", а во суштина во Солун, главниот град на Македонија. Првите шест души основачи се Дамјан Груев, учител родум од с. Смилево, Битолско, д-р Христо Татарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, учител, а подоцна книжар во Солун, од Кукуш, Петар Поп Арсов, учител од с. Бабуна, Велешко, Антон Димитров, бивш турски апелативен судија во Битола, родум од с. Ајватово, Солунско, Христо Батанџиев, учител од Гуменџе


Обединувањето на Северна Бугарија со јужна или, како што тогаш се нарекуваше, Источна Румелија, даде нов импулс за материјалните производствени сили на областа. Почна засилена изградба на модерни патишта, железнички патни пруги, депоа, крупни претпријатија, објекти на општествени згради, касарни и друго. Македонското население, веќе одделено со граници од кнежевството Бугарија, се уште остануваше со полна верба и надеж дека ќе дојде ред и на Македонија, ако не целосно да се ослободи од турскиот јарем, барем да ја олабави својата очајна тешка, ропска положба и оти ќе тргне по патот на економски и културен развој по примерот на Грците, Србите и Бугарите во слободното веќе општество. На сите посвесни и со поголема иницијатива и претприемништво, погледите им се насочуваа кон новоослободените христијански држави и голем дел од Македонците тргнуваат на печалба во Романија, а најмногу запираат во Бугарија каде полесно наоѓаат сместување, работа и се чувствуваат крај блиски браќа по јазик, обичаи, карактери, битие, па и по крв. 

20.000 МАКЕДОНЦИ ВО СОФИЈА 
Од година во година бројот на доселените во Бугарија расте и во 1897 г., во Софија, од 70.000 души, има над 20.000 души Македонци, едни како бегалци, други како иселеници, гурбетчии, значи речиси 1/3 од целото население на главниот град Софија.
Многумина од нив добиваат општествени служби како чиновници, офицери, лекари, судии, адвокати, новинари, трговци итн. и стануваат фактор во новата држава.
Во целата област доаѓа до заживување во сите области на животот: стопански, трговски, а паралелно со тоа, по иницијатива на одделни лица Македонци, почнува една жива агитација, првично усна, а потоа и писмена, со посебни брошури, збирки од песни, па и весници, кои си поставуваат за цел морално и материјално да помогнат "братот роб" да се ослободи од турското ропство. Спомените од руско-турската и српско-бугарската војна се се уште свежи во свеста на многу општественици и други лица. Соблазните од Сан-Стефанска Бугарија уште неизлечени и првично повеќе како адут, претекст се зема фамозниот чл. 23 од Берлинскиот договор - органскиот устав изработен за островот Крит да се прилагоди според месните услови и во другите делови од Отоманската империја - Македонија и Одринско, населени со христијанско, главно словено-бугарско население.

Тие одделни, делумни иницијативи, за да не одат во крајност или за да не тргнат по еден погрешен пат се наложило да се основа на една општа македонска легална организација, која ќе ја води и насочува борбата за подобрување на положбата во деловите на останатите под турско ропство земји со бугарско население. Се формираат одделни групи, студентски и офицерски друштва и мали добротворни братства. Така, во 1890 г. во Софија се формира од постоечките околу 20 братства општ македоно-одрински комитет со претседател, познатиот учител, писател, поет и општественик Трајчо Китанчев, еден од најпочитуваните, чесен Македонец родум од Ресен, Македонија. Сите посвесни лица, главно селска и градска интелигенција и офицери, се групираат околу тој Комитет на чело со такво авторитетно лице како Трајчо Китанчев. 

МАКЕДОНО-ОДРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Голем дел од посвесните, осознаени Македонци, влегуваат во новоформираните групи, добротворни братства, друштва, а некои помлади и поактивни влегуваат и во тогаш таканаречените стрелачки дружини, раководени од пожелни офицери и подофицери. Така се создава Врховниот македоно-одрински комитет со седиште во Софија. Тоа е таканаречената надворешна македоно-одринска организација. Три години подоцна, по иницијатива на неколку интелектуалци Македонци, синови на видни позафатени трговци и занаетчии, внатре во самата Македонија се формира и Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација на чело со Централен комитет со седиште, според уставот, "Насекаде и никаде", а во суштина во Солун, главниот град на Македонија. Првите шест души - основачи се Дамјан Груев, учител родум од с. Смилево, Битолско, д-р Христо Татарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, учител, а подоцна книжар во Солун, од Кукуш, Петар Поп Арсов, учител од с. Бабуна, Велешко, Антон Димитров, бивш турски апелативен судија во Битола, родум од с. Ајватово, Солунско, Христо Батанџиев, учител од Гуменџе, а подоцна (1894) се приклучиле Ѓорче Петров, учител, родум од Прилеп, Гоце Делчев исто учител, родум од Кукуш, Пере Тошев, учител, родум од Прилеп, и Туше Делииванов, учител, родум од Кукуш. Првиот собир и размена на мислења се случува по иницијатива на Дамјан Груев во Ресен, а една г. подоцна општо, така да се каже, основачко собрание во Солун кога бил избран и првиот Централен комитет со претседател д-р Христо Татарчев, по професија лекар со приватна пракса во Солун (1904 г.).

"Првите пионери на ослободителната идеја во Македонија, вели Христо Силјанов во "Ослободителните борби на Македонија", том И, стр. 4, не вложуваат дури труд да ги видоизменат и приспособат кон македонските услови готовите обрасци, оставени од организаторите на револуционерната борба во Бугарија. Во своите Спомени, од 1891 г., Дамјан Груев, подоцна еден од создавачите на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација, говорејќи за целите и задачите на македонското студентско друштво "Дружба" при софиската Виша школа, вели:

"Сметавме да дејствуваме во насока да се издејствува примена на чл. 23 од Берлинскиот договор. Мислевме да создадеме организација по примерот на револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Христо Ботев, Васил Левски, Бенковски и др. Бевме ја проучиле таа организација. Белешките на Захари Стојанов, на пример, ни беа влијаеле и воопшто долгогодишната револуционерна литература."1.) Имавме во рака еден том од "Белешките" на Захари Стојанов и од нив го земавме за пример уставот на Бугарскиот револуционерен комитет", пишува во Спомените, д-р Христо Татарчев (стр. 9). Го задолживме Петар Поп Арсов врз основа на тој устав да подготви проект за нашиот устав. На организацијата и се даде името "Македонска револуционерна организација", а на солунскиот Комитет - "Централен македонски комитет" (Ц.М.Р.К.), со претседател д-р Христо Татарчев и секретар-благајник Дамјан Груев.



Изменето од mungos80 - 22.Јануари.2013 во 18:46
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2013 во 11:22
Тие одделни, делумни иницијативи, за да не одат во крајност или за да не тргнат по еден погрешен пат се наложило да се основа на една општа македонска легална организација, која ќе ја води и насочува борбата за подобрување на положбата во деловите на останатите под турско ропство земји со бугарско население.

Изпаднало е некаде по патот определението "словено" останало само "бугарско"
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2013 во 18:29
ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" ОД ПАВЕЛ ШАТЕВ (2)


Мис Стон плачела 6 дена


Четниците сакаат да се претстават како обични разбојници од разни народности, а жените мислејќи дека навистина паднале во рацете на обични разбојници непрекинато плачат 5-6 дена. Најпосле, Јане Сандански им ја открива вистината и тие се успокојуваат. Веста за запленувањето брзо се рашири од двете страни на океанот и неколку месеци по ред печатот од целиот свет се занимаваше со сензационалниот настан. Околу "разбојниците" и животот на двете запленети дами во планините се создадоа легенди. 
...На 21 декември ноќта, во една винарска визба крај с. Србиново, госпоѓа Цилка, наспроти сите тревоги, бранувања, неудобности, помогната од две жени, кои војводата ги повика од селото, среќно се ослободи од бременоста и доби бебе од женски пол - "здраво и живо", како што уверува Ј. Сандански


Доаѓањето на Гоце Делчев во втората половина на ноември, проследено со реализација на важни иницијативи и со едно решително и смело расчистување со предавниците и шпионите, го раскрили духот и ја прероди Организацијата, па Костурско почна да се посочува како пример за стегнат, дисциплиниран и вооружен реон. Тоа можев и самиот да го видам со сопствени очи во првите денови на август 1902 г., кога се најдов во Костурско и ги затекнав Г. Делчев и костурските раководители исполнети со задоволство и гордост од блескавите резултати на своите напори.

Недостигот од парични средства е вечната болка и на Организацијата во Македонија и на комитетите во Бугарија. За изнаоѓање поголеми суми се мисли постојано и се прават разни планови, за некого дури и фантастични. Во внатрешноста едвај има реони каде немало обиди или речиси да не се замислени грабежи за пари. Неостварливи во 99 од 100 случаи, тие обиди ја чинеа понекогаш скапо и Организацијата и населението. Запленувањето на грчкиот лекар Керемедчиолу во Лозенград, во мај 1900 г., создаде цела афера и фрли во затвор околу 70 души. Четата на Сл. Мерџанов и П. Соколов заплени за откуп едно Турче, но откриена, опколена и нападната од пешадија и коњаница од Одрин, таа ќе биде совладана по неколкучасовна херојска борба на 4 јули 1901 г. Загина целата чета од 11 души, а самиот Сл. Мерџанов, ранет и заробен, ќе биде обесен во Одрин на 27 ноември истата г.. Мислата за крупен плен не престана да го соблазнува Гоце Делчев за целиот негов револуционерен ангажман. Тој направи најмногу и најризични обиди. Два од нив извршени со ретка смелост и искуство се овенчаа со успех. Но и во двата случаја запленетите, кои не биле чувани со неопходната строгост, успеале ноќно време да избегаат од рацете на четата, тогаш кога откупните суми (3.000 и 600 лири) биле веќе испратени да се предадат на Г. Делчев. 


МИС СТОН И БРЕМЕНАТА ЦИЛКА
Нема да се занимаваме со другите, толку многубројни настани од таков вид за да можеме да се задржиме повеќе врз гласната историја по запленувањето на американската мисионерка мис Стон. Во летото 1901 г., Јане Сандански дошол на идеја да го зграби протестантскиот мисионер д-р Хаус, откако со помош на локалните протестанти од с. Банско ќе го најави неговото доаѓање од Солун. Од разговорот со протестантите тој дознава дека штотуку пристигнала во Разловечко мис Стон. Го напушта планот за Хаус и се насочува кон примамливата жртва - жена, притоа поданичка на земјата на доларите. Христо Чернопеев, кому Сандански му го открива планот, дава согласност и на 21 август, приквечер, една специјално за таа акција подготвена чета, облечена во аскерска и друга турска облека, на патот меѓу Банско и Горна Џумаја , кај "Потпрената скала", фаќа три жени: мис Стон, нејзината другарка Цилка, бугарска протестантка, и една бабичка. Еден Турчин се здава при запленувањето, пука кон четата со револвер, но бива убиен. Четата ја ослободува преплашената бабичка и ги поведува двете жени кон планината. 

Четниците сакаат да се претстават како обични разбојници од разни народности, а жените мислејќи дека навистина паднале во рацете на обични разбојници непрекинато плачат 5-6 дена. Најпосле, Јане Сандански им ја открива вистината и тие се успокојуваат. Веста за запленувањето брзо се рашири од двете страни на океанот и неколку месеци по ред печатот од целиот свет се занимаваше со сензационалниот настан. Околу "разбојниците" и животот на двете запленети дами во планините се создадоа легенди. Интересната положба на госпоѓата Цилка и очекуваното нејзино ослободување поради бременоста во една крајно оригинална "комитска" ситуација, односот на "разбојниците" спрема двете жртви на анархијата во Турција, енергичната реакција на американската влада и преговорите за откуп - сето тоа правеше од запленувањето на мисионерката една историја колку романтична, толку и актуелно политичка...

На 21 декември ноќта, во една винарска визба крај с. Србиново, госпоѓа Цилка, наспроти сите тревоги, бранувања, неудобности, помогната од две жени, кои војводата ги повика од селото, среќно се ослободи од бременоста и доби бебе од женски пол - "здраво и живо", како што уверува Ј. Сандански.


14.000 ЛИРИ ЗА ОТКУП
Преговорите за откуп се водеа во Цариград и Софија. Улогата на посредници ја одиграа рускиот дипломатски агент во Софија, Бахметов, и неговата служба, која лично ја познаваше мис Стон. Тие воспоставија врска меѓу пратеникот на американската легација во Цариград, Дикинсон, и пратениците на четата Кр. Асенов и Хр. Чернопеев. Директни преговори околу откупот и предавањето на жените внатре имаше и самиот Сандански со д-р Хаус, истиот кого што најпрвин имаше намера да го заплени. Бараше една сума од 25.000 лири. Но акцијата беше спроведена со непланирани потешкотии и големи ризици, а и многу се одолговлечи. Турците ја гонеа четата, измачувајќи го притоа, по обичај, месното население, ја вознемируваа и органите на бугарската власт покрај границата, ја прогонуваа и четите на врховистите, со кои во тоа време борбата се разгоруваше. 

Пред Цилка да се породи, четата беше нападната во селото Тросково од врховистичкиот војвода Дончо Златков со 78 души. Престрелката траела цели 10 часа и заврши со повлекување на четата, заедно со жените, кон с. Лешко. Сето тоа ги спречи пленителите да ја намалат сумата за откуп на 14.000 лири. Договорено беше предавањето на парите да биде извршено внатре. Парите, златни лири, во сандаче, беа однесени во Банско од д-р Хаус, во придружба од 250 души аскер. Требаше и четата да се подготви за преземање на парите, откако ќе се ослободи од жените. Д-р Хаус, кој не им се доверуваше и на војниците и го чуваше сандачето во својата соба, се согласи со барањето на четата - тајно, во џебовите, да го изнесе златото и да го однесе во една протестантска куќа во Банско, а наместо него, во сандачето да стави олово. Се се заврши: сумата беше земена и беше изнесена од Банско, Чернопеев ги ослободи двете жени во Струмичко, а војската, заедно со д-р Хаус, продолжи со придружбата на сандачето со олово дури до Сер. Таму веќе, Американецот им откри се на Турците.

Долготрајноста на пленувањето и блескавото финале се должат како на упорноста на пленителите, така и на совршенството на месната организациска мрежа. Дел од сумата беше поделена меѓу окрузите во внатрешноста, но поголемиот дел од "мисстонките" беше потрошен, како што признава и Ѓорче Петров, за борба против врховистите. Пленувањето на мис Стон има и добри и лоши резултати. Меѓу добрите треба да го споменеме и тој дека американската мисионерка се приврза кон идеалите на кои им служеа нејзините пленители и по ослободувањето, во Америка држеше конференции во полза на македонското ослободително движење. На тој начин, еден дел од американското општествено мнение се запозна со Македонија и нејзината ослободителна кауза.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5BA9807FCB45594DB6904E2F881B2EF5
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2013 во 18:30
ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" (3)


Целосна автономија на Македонија (Солунски, Битолски и Косовски вилает)


Македонија постојано се искористува од страна на Турција. Двата извора за нејзините приходи добиваат друг тек: даноците и глобите, финансиите и судниците се исто бојкотирани. Тогаш, особено од 1895 г., почнуваат прикриените методи за репресии: султанот ја повикува својата подвижна жандармерија од башибозуци (цивилна жандармерија), т.е. Албанците. Тие, откако ќе влезат во некое село, ограбуваат, колат или го одвлекуваат населението. Така, провинцијата Стара Србија во еден период од 20.000 души останува со 2.000. Најпосле, од Мала Азија се испраќаат резервисти (редифи), кои речиси гладни ги разграбуваат и опустошуваат трите вилаети - Македонија. Велат дека од 1902 г. биле напуштени 172 села, а во планините имало околу 180.000 Македонци-бегалци


А, во самата Македонија, во Солун се формира во 1893 г. Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) со програма за автономија на Македонија, следствено сосема различна од целта и задачите на Македонскиот врховен комитет во Бугарија. ВМРО поделена на посебни, тајни секции (реони) почна да се заштитува од Албанците, кои Абдул Хамид ги поттикнуваше на истребување на Словените, а истовремено со тоа сметаше дека ќе го разреши и аграрното прашање, откако ќе ги притеснат беговите, големите сопственици на чифлиците за да сопрат со издавањето на земјата под умерен наем. Организацијата ги регрутираше своите истомисленици меѓу сите Македонци, без разлика на вера, народност и јазик. Во неа влегуваат како сите Словени, така и Власи и Грци. Раководителите се главно учители и свештеници, а, исто така, и адвокати, лекари, офицери. Таа има и свој (надворешен) орган во "Л, Еффорт" што излегува во Женева на француски јазик.

ВМР Организација е една, суштински, тајна влада, чие централно раководство никој не знае каде е (според уставот, секаде и никаде).

180.000 МАКЕДОНЦИ-БЕГАЛЦИ
Македонија постојано се искористува од страна на Турција. Двата извора за нејзините приходи добиваат друг тек: даноците и глобите, финансиите и судниците се исто бојкотирани. Тогаш, особено од 1895 г., почнуваат прикриените методи за репресии: султанот ја повикува својата подвижна жандармерија од башибозуци (цивилна жандармерија), т.е. Албанците. Тие, откако ќе влезат во некое село, ограбуваат, колат или го одвлекуваат населението. Така, провинцијата Стара Србија во еден период од 20.000 души останува со 2.000. Најпосле, од Мала Азија се испраќаат резервисти (редифи), кои речиси гладни ги разграбуваат и опустошуваат трите вилаети - Македонија. Велат дека од 1902 г. биле напуштени 172 села, а во планините имало околу 180.000 Македонци-бегалци.

Една афера, меѓутоа, ќе и наложи на ВМРО да ја смени својата тактика. Во ноември 1897 г. турските власти откриваат во с. Виница, близу до бугарската граница, еден магацин со оружје и муниција. Од тогаш Внатрешната организација ја менува својата тактика. Започнуваат отворената борба и терористичките акции. Од 1898 до 1903 г. дошло до 130 судири со турската војска. Бугарската влада се обидува да ја искористи ситуацијата во Македонија. Таа бара берати за организирање на неколку нови бугарски митрополии - во Битола, Дебар, Кукуш, Мелник. На 20 април 1897 г., три дена по започнувањето на грчко-турската војна, за да ја принуди Високата порта, заминува за Берлин, бара "компензации", реформи, бугарски митрополии и училишта. Од Берлин се дава совет да се отстапи и се издаваат берати за уредувањето на три митрополии (Битола, Дебар, Струмица) (месец ноември). Кнез Фердинанд, меѓутоа, се уште стравува од развојот на македонското движење и постојано набљудува. Тогаш Софија има 70.000 души население, од кои 20.000 Македонци. Тој се обидува да го диригира движењето. Во 1898 г. видниот македонски револуционер Борис Сарафов е на чело, претседател на Македонскиот врховен комитет, кој има спогодба со ВМРО, и настојува да го засили со други поумерени водачи, попослушни и поисполнителни. 

Таа бугарска иницијатива и напори почнува да ги обеспокојува Австрија и Русија. Муравиев се среќава со Голуховски во Виена (21-25 октомври 1898 г.). Се предвидува војна меѓу Турција и Бугарија. Турците не треба да влезат во Софија, ниту, пак, Бугарите во Цариград. А бугарскиот дипломатски агент во Виена е лошо примен, откако бара согласност од Австрија за создавањето на Сан-Стефанска Бугарија. Бугарија со меморандум до Високата порта сака автономија на Македонија, со престолнина во Солун и губернатор од "владејачката нација" (јануари 1899 г.). Тоа беше вистинска бомба. Од друга страна, Англија и Италија ургираат кај султанот да се реши да воведе реформи. "Ново потхранување на револуционерните интриги и игри", јавува Бјулов од Берлин, новиот државен секретар. За да се избегне една колективна постапка на силите, рускиот пратеник во Цариград добива наредба да го повика султанот да преземе мерки и христијаните во Македонија да бидат заштитени и да им се подобри положбата (февруари). Пред својот германски колега тој признава дека мирот во Македонија е од суштествено значење, но без колективна интервенција (26 март).

Австриската политика, толку јасна и определена во своите цели, е побрутална во средствата и методите. Таа е цврсто решена да не дозволи Русија да дејствува и на тој начин да ги принуди да мируваат малите балкански држави, кои само чекаат погоден момент. Во Берлин, Голуховски му соопштува на Бјулов (4-6 мај 1900 г.) дека Австрија нема да и дозволи на која и да е сила да навлезе во Албанија (се визира Италија), ниту обединување на Србија и Црна Гора, како и влегување на Русија во Цариград. А пред Еленбург, германскиот пратеник во Виена, изјавува: "Ние едноставно ќе ја прегазиме Србија ако се усложни ситуацијата на Балканот и Србија се осмели да води друга политика освен таа што ние ја посакуваме" (6 јануари 1901 г.). Што се однесува до Бугарија, таа се следи од Романија, која во случај на една бугарско-турска војна се заканува дека ќе ја окупира Јужна Добруџа (1 февруари).

Македонското востание се разгорува. Тоа е најголемиот бунт од 1876 г., соопштуваат конзулите. Во сите планински месности се формираат чети - на Запад и Исток од Костурско до Штип. Најголемите се на Пирин и во Малешевско, крај бугарската граница. Оружје и чети се префрлуваат од Кнежевството на турска територија. Тие комити, во октомври 1902 г., ја заземаа Кресненската клисура по течението на реката Струма и ги изолираа северните македонски околии. Во Софија друга, двојна игра. Фердинанд менува на власт ту русофили, ту русофоби и ту ги протежира, ту ги апси видните македонски дејци, раководители. Борис Срафов бидува уапсен (април 1901 г.) и Фердинанд го заменува со свој пријател, генерал Иван Цончев. Гроф Игнатиев, поканет да присуствува на Шипченските прослави, апелира Бугарите да ја реализираат Сан-Стефанска Бугарија (1902 г.).

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НЕПОСЛУШНИЦИ
Во Петерсбург и во Виена наоѓаат дека договорот од 1897 г. е непрецизен, недоволен и негативен. Положбата во Македонија се смета како навестување, како почеток на криза во Отоманската империја и сите се обеспокојуваат. Францускиот конзул во Солун, Луј Стег, нуди програма за практични реформи: Наместо наемници, локални стражари, наместо прекупување на десетокот, негово прибирање преку монопол (28 октомври 1902 г.). Во Цариград, германскиот пратеник го поттикнува султанот на противдејство: Единственото средство против револуционерниот вриеж, му пишува тој на Бјулов (7 октомври), така како што се наметнува од Бугарија во Македонија, сигурно не се реформите, туку само воената репресија. Да се принудува султанот да воведува реформи, тоа значи да се потпалува пожарче на Балканот. И Високата порта се задоволува со формирање комисии, со кои ќе претседава Хилми-паша (1 декември).
Првокласен погреб, како што се изјасни Маршал. Франција претставува една општа промеморија: "Апсолутно е неопходно без задоцнување да се подобри положбата на населението во Македонија" (9 декември). Од Лондон, Лансдоун испраќа еден попрецизен план: Целосна автономија на Македонија (Солунски, Битолски и Косовски вилает) што се однесува до судската област и жандармеријата, назначување на еден губернатор христијанин, една контролна комисија, што ќе биде составена од конзулите (9 декември). 

Русија се вознемирува: Апсурдно е, изјавува Зиновиев, руски пратеник во Цариград, кога говори за англискиот проект. "Многу полесно е да се уништи целото турско владеење". Ламсдорф, веќе цела година министер, со своите идеи како балтички гроф е обожавател на германските области и е противник на секаква револуција. Уште во декември тој испраќа телеграма во Софија дека "царот не одобрува какво било толерирање од страна на бугарската влада на револуционерните движења" и дека сака растурање на Комитетот, а во Цариград дека никогаш нема да одобри какво било револуционерно незадоволство во Македонија. За него Македонците се повеќе непослушници, а не Словени.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=577867F8B0144F42BA215B933C83AC34
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2013 во 07:21
Ламсдорф, веќе цела година министер, со своите идеи како балтички гроф е обожавател на германските области и е противник на секаква револуција. Уште во декември тој испраќа телеграма во Софија дека "царот не одобрува какво било толерирање од страна на бугарската влада на револуционерните движења" и дека сака растурање на Комитетот, а во Цариград дека никогаш нема да одобри какво било револуционерно незадоволство во Македонија. За него Македонците се повеќе непослушници, а не Словени.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2013 во 13:39

ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" (4)


Грција зеде повеќе од половина Македонија


Грција доби 2.145.000 души, што претставува 81 проценти од своето првично население, кое поради речиси се удвои. Нејзиниот дел ги вклучуваше најплодните полиња на Солун, Серес, Драма, Воден, како и островите Крит, Митилин и други, потоа големото пристаниште на Солун, вториот град на бившата Европска Турција, Јанина, Кавала итн. Србија и Црна Гора добија пошироки земји, но помалку населени и не толку богати како тие дадени на Грција. Населението на тие земји од околу 1.750.000 души, го зголемуваше за 56 проценти населението на тие две словенски области на север. Кон Србија останаа градовите Скопје, Битола, Призрен, Приштина, Велес, Штип, Гевгелија и други. Земјите, што останаа под Бугарија, вклучуваа население од околу 633.000 души, од кои речиси 43 проценти - околу 415.000 муслимани, Турци и помаци. Притоа, Бугарија требаше да отстапи една територија населена од 280.000 души, така што добивката и се намали на околу 353.000 жители, т.е. едно зголемување од 7 проценти


Во Букурешт, Македонија ќе биде распната на крст - поделена на три дела, со ништо неоправдани граници, кои уште повеќе ја накрнија нејзината територијална целовитост како една географска и економска целина. Со тоа се спречи и нејзиниот економски и културен развој како посебна провинција. Бугарија ги зема околиите Горна Џумаја, Петрич, Мелник, Разлог, Неврокоп, Струмица, т.е. горните теченија на реките Струма и Места, планински краишта, малку населени и многу помалку плодни, од тие дадени на Србија и Грција.

Грција го зема најдобриот дел - повеќе од половина Македонија. Таа доби 2.145.000 души, што претставува 81 проценти од своето првично население, кое речиси се удвои. Нејзиниот дел ги вклучуваше најплодните полиња на Солун, Серес, Драма, Воден, како и островите Крит, Митилин и други, потоа големото пристаниште на Солун, вториот град на бившата Европска Турција, Јанина, Кавала итн.


МАКЕДОНИЈА РАСПАРЧЕНА
Србија и Црна Гора добија пошироки земји, но помалку населени и не толку богати како тие дадени на Грција. Населението на тие земји од околу 1.750.000 души, го зголемуваше за 56 проценти населението на тие две словенски области на север. Кон Србија останаа градовите Скопје, Битола, Призрен, Приштина, Велес, Штип, Гевгелија и други.
Земјите, што останаа под Бугарија, вклучуваа население од околу 633.000 души, од кои речиси 43 проценти - околу 415.000 муслимани, Турци и помаци. Притоа, Бугарија требаше да отстапи една територија населена од 280.000 души, така што добивката и се намали на околу 353.000 жители, т.е. едно зголемување од 7 проценти.

Притоа, загубите на различните војски за време на војната со Турците беа:
1. за бугарските војски 52.000 убиени и исчезнати и 164.000 ранети;
2. за српските војски 16.500 убиени и исчезнати и 48.000 ранети;
3. за грчките војски 3.000 убиени и исчезнати и 5.000 ранети; 
Букурешкиот договор беше потпишан на 28. VII (13. VIII) 1913 г.. Бугарските делегати ги прифатија тешките услови на договорот, од една страна поради заканите на романската влада дека ќе и нареди на својата војска да влезе во Софија, и од друга, зашто Русија и Австрија беа ветиле дека тој договор ќе биде подложен на една ревизија од страна на Големите сили. Но, во реалноста веќе не стануваше збор за ревизија на Букурешкиот договор, ниту за почитување на Лондонскиот. За првпат по еден век Големите сили се дефокусираа од балканските работи и ги оставија малите балкански држави и Турција самите да си ги средат нивните сметки. Меѓутоа, требаше многу кратко време за да ја разберат големината на направената од нив грешка.
Европа пропушти уште една можност на Балканот да воспостави траен и гарантиран мир. Нејзината воздржаност во 1913 г. беше, исто така, нечесно. Како и нејзината вмешаност во 1878 г., како и Берлинскиот договор, така и Букурешкиот мир го посеа семето на идните конфликти. Тој воспостави ситуација уште полоша од претходната, ја зголеми пропаста, противречностите и ривалствата што ги делеа двете словенски нации на југ. Тој направи меѓу Бугарија и Романија да се појави непријателство, што дотогаш не постоеше, зашто немаше никаква причина. Го охрабри национализмот и амбициите на Србите и даде можност меѓу нив и Австрија да се создаде ситуација во која идната нова војна стои на врвот на иглата, што и се случи по убиството на австрискиот престолонаследник во Сараево.

Во Букурешт, довчерашните сојузници со Романија се собраа всушност само за да го поделат заедничкиот плен. Таму Македонија беше, како што рековме, распната на крст. И гордиот и амбициозен бугарски цар Фердинанд, во манифестот за демобилизација уште во истиот момент додека заседаваше конференцијата во Букурешт, отворено изјави дека бугарските војски ги превиткуваат своите знамиња за подобри денови, а со тие зборови декларираше дека Бугарија ќе бара реванш!

БУКУРЕШКИОТ МИР Е ВОЈНА
И многу праведно бившиот англиски министер сер Едуар Греј, во своите мемоари вели дека "непријателствата меѓу народностите, што беа заборавени поради заедничката борба против Турција, се појавија одново кога Турците престанаа да претставуваат закана за Европа".
"Големите сили останаа бесчувствителни при потпишувањето на Букурешкиот мир. Тој договор го посеа семето на идните војни. Ја остави Бугарија навредена и оштетена, ограбена и лишена од тоа што таа веруваше дека треба да и припадне. Никаков иден мир не беше можен на Балканот, додека постои Букурешкиот мир. Турција исто и многу природно, беше навредена од поднесените загуби. Така, една година подоцна, кога почна Општоевропската војна, имаше две држави, Бугарија и Турција, кои очекуваа еден реванш и беа подготвени да се приклучат на страната, која и да е, што ќе им даде надеж за да го добијат. И двете сакаа реванш", вели тој.
И продолжува: "Создадената ситуација од Втората балканска војна не беше резултат на правото, туку на силата. Тоа неизбежно гарантира неспокојство во иднина. За да се обезбеди еден траен мир за во иднина беше неопходно Големите сили да се вмешаат и да помогнат од преговорите во Букурешт да произлезе праведен резултат. Тие не го направија тоа поради стравот од проблемите, што можеби ќе произлезеа и меѓу нив самите и тој страв фактички го направи мирот помалку стабилен во наредната г. кога беше објавена и општата европска војна". 

Букурешкиот договор, освен прашањето за територијална поделба на освоените и отстапени од Турција земји, постави и редица други второстепени прашања, што останаа отворени и неразрешени. Така, на пример, прашањето за народносните права, т.е. културните придобивки стекнати во текот на повеќе од педесетина години, по цена на толку напори, страдања и крв. Исто така, прашањето за напуштените имоти, останати необработени поради пропаѓање или заминување на нивните сопственици итн. Но, главно прашање, што во тоа време беше актуелно и живо се дискутираше и коментираше, беше прашањето за направените злосторства врз мирното и незаштитено македонско и друго население од страна на завојуваните страни.

Уште пред започнувањето на Втората балканска војна бившите сојузници почнаа меѓусебно да се обвинуваат кој, кога, каде и како извршил редица злосторства над мирното население и кој и како ги нарушил правилата на војувањето. Таа кампања, вербална и во печатот, продолжи долго и по завршувањето на двете војни. Целото општествено мислење на Балканот и во Европа живо се заинтересира и се наложи да се формира една меѓународна анкетна комисија, која ќе ги утврди фактите и ќе се произнесе околу поставеното прашање. Со средства обезбедени од американскиот милионер Карнеги, беше формирана соодветна комисија и беше наречена Карнегиева, составена од странци, кои на лице место требаше да ја реализираат анкетата за настаните за време на војните, да се произнесат и да дадат свои заклучоци. Анкетарите тоа навремено и го сторија и во еден голем извештај отпечатен на француски и англиски ги дадоа своите заклучоци, што неспорно се автентични, направени од сведоци и компетентни лица и како такви вистинити, објективни, непристрасни. Подолу ќе дадеме некои извадоци, цитати од извештајот на меѓународната комисија, што даваат макар мала претстава за извршените злосторства од страна на завојуваните "ослободители" на Македонија и читателот ќе види колку и какви маки, страдања, жестокости претрпе целото македонско население, без разлика на вера, јазик и народност...


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2013 во 10:47

ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" (5)


Шатев: Починаа многу невини, главно жени, деца, старци...


Како што се знае, војната траеше повеќе од три години, а на Балканот се водеше исклучиво на македонска територија. За време на војната, Македонија, општо земено, повторно даде големи човечки и материјални жртви, кои сразмерно беа поголеми отколку сите жртви што Македонија ги беше дала за време на Балканската и Меѓусојузничката војна. Беа разрушени цели градови: Кукуш, Дојран, Гевгелија и други, огромен дел од цивилното население, жени, деца и старци, беа евакуирани во внатрешноста на областа и распрснати по сите краишта: Ниш, Софија, Ќустендил, Пловдив, Скопје и др. Еден голем дел од цивилното население, особено во Источна Македонија-Драма, Серес, Кавала, Демир Хисар, поради општиот недостаток од храна, беше изложен на вистинска глад од што починаа многу невини, останати без секаква поддршка и помош луѓе, главно жени, деца, старци...


Македонија речиси целата разорена, ограбена, поделена со вештачки, неприродни граници, остана беспомошна и сама да бара начини, средства и можности за своето востановување и веќе со свои сопствени сили да се бори за својата слобода и независност, што беше и остана еден општ национален идеал како завет од претходниците, легални и нелегални дејци, македонски општественици, едни загинати во борбите, други во затворите и заточенијата по беломорските острови и азиски затвори, а трети прогонети и распрснати по сите страни на светот - Бугарија, Америка, Цариград и др. И уште веднаш по војните, ВМРО, иако разнебитена, успеа да се соземе и повторно да ја започне старата борба, но веќе не против турскиот апсолутизам, туку против новите поробувачи, навистина помали, но многу пожестоки и посвирепи од турските џелати. Уште во октомври 1913 г., согласно една спогодба потпишана во Цариград, се договорија условите за нова заедничка борба меѓу приврзаниците и симпатизерите на ВМРО и младотурскиот национален комитет со седиште во Цариград. Сега веќе и турската нација се виде во ситуација на угнетена. Според таа спогодба, ВМРО со своите чети требаше да дејствува во централна и северозападна Македонија, а младотурскиот комитет во источна Македонија: Сари-Шабанско, Кавалско, Драмско, каде беа останати компактни турски маси, од кои дел и како бивши војници обучени да ракуваат со оружје.

За релативно кусо време се создаде неопходниот легален и нелегален апарат, се подготвија и се екипираа многу востанички чети, со намена да навлезат секоја во својот претходно определен реон на дејствување, а во централна Македонија се создадоа и екипираа и мешани чети, кои започнаа со своите дејства - четнички акции и терористички акти, исто како во блиското минато. Уште во првите месеци во 1914 г. почна борбата, но многу бргу се објави општоевропската војна. Турција предвремено влезе во неа од страната на Централните сили - Германија и Австро-Унгарија и по мобилизацијата на својата војска, сите турски офицери и четници беа повикани да се јават во сопствените воени делови во Турција и ги напуштија четите, по што тие се расформираа без да се дочека времето за една заедничка акција во цела Македонија. Новите поробувачи останаа да го играат своето Јудино оро над живиот труп на несреќна Македонија, потпадната под ново, потешко ропство отколку во минатото под турско владеење.
Општобалканската ситуација се влоши уште повеќе, а и општоевропската положба стана застрашувачка - се подготвуваше општоевропската војна, која не задоцни да започне. Се чекаше само повод. Атентатот во Сараево - убиството на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга на 28. VI. 1914 г. беше тој повод. "Веќе не стануваше збор за нејасни опасности, за предвидувања, туку за еден реален факт од кој можеа да произлезат најлошите последици. Цела Европа беше во неспокој. Искрата, што фрли оган врз барутната атмосфера наталожена во Европа, беше предизвикана на Балканскиот Полуостров".


МАКЕДОНИЈА ПОД БУГАРИЈА
Австро-Унгарија, поддржана од нејзините сојузници, милитаристичка и до заби вооружена Германија, по еден ултиматум до Србија ја мобилизираше својата армија и ја започна војната против малата и незаштитена Србија, која за кусо време ја окупира и Бугарија, која, пак, исто така, чекаше само повод за својот отпорано навестен реванш. А, според силата на склучената тајна спогодба со Германија и Австрија на 24. VIII (6. IX) 1915 г., се стави на страната на таканаречените Централни држави и влезе во војната откако заедно со војските на Австро-Унгарија зазеде голем дел од Србија и целиот дел од Македонија под српско владеење. Една г. порано и Турција беше исто влезена во војната од страната на Германија и Австро-Унгарија. По заземањето на Вардарска Македонија, Бугарија влезе во војна и со Грција и ја зазеде цела источна Македонија. Фронтот на војната се протегна од Деде-Агач по крајбрежната линија до Орфанскиот залив, а од таму во средиштето на Македонија, т.е. по течението на реката Струма, до Беласица, Дојран, Гевгелија, Лерин, јужно од Битола до Охрид и од таму до Јадранското Море. Така, речиси цела Македонија, без Солун со околината, Воден, Лерин, Костурско, падна под бугарско владеење и војната со целата свирепост, во период од три години, се водеше исклучиво на македонска територија. Цела Македонија стана арена на долги и жестоко водени воени дејства меѓу силите на Централните држави - Германија, Австро-Унгарија и нивните сателити Бугарија и Турција од една страна - и силите на Спогодбата (Антантата) - Англија, Франција, Русија, Романија - од друга.

МАКЕДОНСКА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА
Уште пред општата мобилизација на бугарската војска, сите Македонци кои живееја во Бугарија, способни да носат оружје, иако се уште не го имаа стекнато правото да бидат бугарски поданици, беа повикани на "тринеделна" обука и од нив се формираше посебна пешадија наречена 11-та пешадиска дивизија. Таа, иако недоволно обучена и екипирана, уште во почетокот на воените дејства зема учество во борбите, што се случија и од левата и од десната страна на Вардар, кај Валандово, Криволак, Беласица, Круша Планина и кај Демир Хисар и се истакна во сите судири. Сите останати Македонци беа мобилизирани во соодветните делови на војските и на трите балкански држави: Бугарија, Србија, Грција. Така, сите Македонци, без разлика на вера и народност, се бореа на сите фронтови, но не за распределба на светот, за што се водеше општоевропската империјалистичка војна или за поделбата на заземените колонии, туку со сознанието и вербата дека се борат за слободата на Македонија.

Како што се знае, војната траеше повеќе од три години, а на Балканот се водеше исклучиво на македонска територија. За време на војната, Македонија, општо земено, повторно даде големи човечки и материјални жртви, кои сразмерно беа поголеми отколку сите жртви што Македонија ги беше дала за време на Балканската и Меѓусојузничката војна. Беа разрушени цели градови: Кукуш, Дојран, Гевгелија и други, огромен дел од цивилното население, жени, деца и старци, беа евакуирани во внатрешноста на областа и распрснати по сите краишта: Ниш, Софија, Ќустендил, Пловдив, Скопје и др. Еден голем дел од цивилното население, особено во Источна Македонија-Драма, Серес, Кавала, Демир Хисар, поради општиот недостаток од храна, беше изложен на вистинска глад од што починаа многу невини, останати без секаква поддршка и помош луѓе, главно жени, деца, старци... Сите ги поднесуваа маките и страдањата притиснати од војната, но страдањата на македонското население беа најголеми по својот размер и траење...

Најпосле, во септември 1918 г., поради пробивот кај Добро Поле, бугарската армија ослабена, речиси деморализирана го напушти фронтот кај Добро Поле и позициите на реката Црна и Кајмакчалан и без команда и дисциплина се упати кон внатрешноста на Бугарија, главно кај Ќустендил, каде беше седиштето на бугарскиот главен штаб. А, од таму кон Радомир, Перник и стигна во околината на Софија, со цел да им се одмазди на своите раководители - воени и граѓански лица, и на владата, како единствено виновни за војната и настанатата национална катастрофа. Веднаш по потпишувањето на примирјето во Солун на 29. IX.1918 г., разбунтуваните и истоштени од долгата војна војници се распрснаа и се вратија по своите села.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4A2F914E7F3F9D46ABBF3F150DA94ACB



Изменето од mungos80 - 25.Јануари.2013 во 10:48
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2013 во 11:36

ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" (6)


Шатев: ВМРО стана држава во држава


Во самата Македонија уште првите години по Општоевропската војна, имаше околу 100.000 невработени. Со тоа на сцената се појави еден нов решителен фактор-градското и селското работништво, толку лошо притискано, експлоатирано од сопствените буржоазии во трите балкански држави: Србија, Грција и Бугарија, кои ја поделија Македонија. Така што покрај контингентот од безимотни или малкуимотни селани се појави и нов контингент од невработени, речиси гладни лица и цели семејства...


Многу бргу Македонците разбраа и се уверија дека Друштвото на народите, според својот состав и функционирање, беше повеќе еден институт, со свој специјален апарат, не за да ги заштитува останатите под туѓа власт национални малцинства и онеправдани и угнетени мали народи, туку за нивно поголемо и пожестоко поробување и угнетување. Зашто се зависеше и се решаваше од Советот на четворицата претставници на Големите сили, кои на секој можен начин само им олеснуваа на своите бивши сојузници, пријателски големи и мали држави кога преземаа освојувања, поделби, чисто империјалистички цели и ги заштитуваа своите груби материјални интереси. Македонците лишени од се, од имот, од граѓански, политички или национални права и слободи, останаа само со заветот од нивните претходници - со своето херојство! 
Единствениот преостанат "капитал" на Македонците беше тоа што во опустошените, раскинати делови на Македонија, пресечени со херметички затворени природни граници утврдени со бодликави мрежи и волчји јами, сепак имаше боречки елементи, кои наспроти сите непријателства, ограничувачки строги воени и административни мерки, останаа да се борат. Но, веќе не само за национално и политичко, туку и за социјално ослободување на татковината, зашто долгото искуство, маките страдањата ги беа научиле дека, всушност, економското, социјалното ропство е тоа што го потхранува и нивното национално и политичко ропство. 


30.000 БЕГАЛЦИ

Околноста дека по Првата општоевропска империјалистичка војна само во Бугарија избегаа или се преселија повеќе од 30.000 бегалци, повеќето бивши активни легални и нелегални дејци во Македонија, придонесе новата борба за слобода и независност да започне речиси истовремено со приклучувањето во воените дејства на завојуваните големи европски и мали балкански држави. И така, натрупаната повеќеилјадна македонска емиграција во Бугарија и Америка, започна да се реорганизира, да се подготвува со нови сили за претстојната нова легална и нелегална борба.
А, како општоевропската така и општобалканската ситуација беше од корен променета. Израснаа нови политички, економски, национални општествени организации и политички партии, кои, според програмата, менталитетот и разбирањето, целосно се разликуваа од управувачките партии пред војните. Во самата Македонија уште првите години по Општоевропската војна, имаше околу 100.000 невработени. Со тоа на сцената се појави еден нов решителен фактор - градското и селското работништво, толку лошо притискано, експлоатирано од сопствените буржоазии во трите балкански држави: Србија, Грција и Бугарија, кои ја поделија Македонија. Така што покрај контингентот од безимотни или малкуимотни селани се појави и нов контингент од невработени, речиси гладни лица и цели семејства...

Македонците беа меѓу првите, кои се насочија спрема СССР. За кусо време, беше воспоставен контакт со некои револуционерни фактори, организации и лица во СССР за да се бара еден нов пат за борба со сеопшта помош на новата веќе револуционерна, толку пространа држава. Изменетата општоевропска и општобалканска ситуација и прегрупирањето на општествените, социјални сили на Балканот уште повеќе помагаше да се постави одново рационалното разрешување и на македонското прашање, откако ќе започна една нова легална и нелегална борба, различна од таа во минатото, базирана врз нови методи и средства, и не само одделно во Македонија, туку и на Балканот. Уште првите години се започна со формирање, пред се, на еден општ македонски револуционерен фронт составен од сите дотогашни организации, групи и посебни лица, фронт кој ќе влезе во координација со подготвуваниот заеднички балкански револуционерен фронт во кој влегуваа сите социјал-револуционерни партии, групи и лица од сите балкански држави. Така се дојде до идејата за формирањето на еден општ револуционерен фронт во кој требаше да влезат ако не сите, барем мнозинството од тогаш постоечките национал-револуционерни и социјал-револуционерни организации, партии, групи и лица за заедничка координирана борба и на Балканот со моќната поддршка и сеопшта помош и содејство на новиот револуционерен фактор-Сојузот на Советските Социјалистички Републики, кој се повеќе и повеќе стекнуваше престиж и влијание како во Европа, така и во целиот свет.

Како почеток на тој заеднички национал-револуционерен фронт, по една долготрајна подготовка и по долги, тешки преговори и иницијативи, во 1925 г. се формира ВМРО (Обединета) како посебна, нова македонска, општо револуционерна организација. Но, минатото го остави своето "наследство". Многу од старите националистички и милитаристички остатоци и предрасуди беа останати во главите и на лицата, кои влегуваа во разните легални и нелегални македонски организации, групи и лица. Некои од реакционерните фактори на Балканот се уште живееја со своите стари претстави и разбирања, се уште не можеа да ги изживеат своите заблуди, предрасуди и сфаќања, со оглед на своите класни, државни, партиски, династички или групни, сталешки интереси, и директно или индиректно ги побудуваа, поттикнуваа или им помагаа на останатите главно политички непросветени лица, кои тињеа по еден фатален пат кон нови потреси и државни и национални катастрофи. Наспроти околностите дека и последниот Македонец од искуството разбра и се убеди дека Македонија не можеше и нема да може да се ослободи по пат на војна, туку само по пат на револуција и тоа ако се бори не посебно, изолирано, туку паралелно без да се меша со останатите социјал-револуционерни партии, организации, групи и лица во сите балкански држави. Само национал-револуционерните и социјал-револуционерните организации, групи и лица беа и можеа да бидат природните сојузници во борбата на македонскиот народ за слобода, национално и социјално ослободување. 

УБИЕН ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Но, за несреќа на Македонија, во Бугарија воскресна, се повампири стариот врховизам и го започна своето пакосно дело и влијание.
И во тој меѓупростор, жалните остатоци од бившата ВМРО се групираа и за кусо време се создаде една доста силна организација, која главно во Македонија под бугарска власт - Пиринска Македонија, разви една колку фатална, толку и пакосна дејност, повторно со истите средства и методи - четнички преминувања и терористички акти, што постепено се проширија и во останатите два дела од поробена Македонија - Вардарска под српска власт и Егејска под грчка власт. На тој начин, самите Македонци го ставија надвор од законите целото македонско население, без разлика на вера, јазик и народност. Што се однесува посебно до Бугарија, каде таа дејност беше полека и поттикнувана од заинтересирани неодговорни лица и групи-фактори во државата, подновената ВМРО стана држава во државата. Но, како што рековме, борбата беше почнала и диференцијацијата меѓу широките македонски емигрантски маси и тие во Пиринска Македонија се повеќе и повеќе се зголемуваше се додека не се стигна повторно до формирањето на јасно определена десница и левица, кои влегоа во отворена и непомирлива борба. Поради редица разногласија, започнаа следења, измачувања, масовни и поединечни убиства не само во Пиринска Македонија, туку и меѓу македонската емиграција во внатрешноста на Бугарија дури до Русе, Варна, Пловдив и други места, села и градови.

Особено по убиството на Тодор Александров на 31. VIII. 1924 г., следењата, масовните и поединечни убиства се засилија, зачестија и се стигна дури до заемни братоубиствени борби, невидени и нечуени дотогаш. Пиштолот, бомбата, ножот, беа единствените аргументи. Дури, по улиците на Софија, Варна, Пловдив, паднаа сосема невини луѓе, убиени по грешка, само зашто на изнајмените убијци им се сторило дека лицето е истото што требало да се убие! Во тоа време, како што се знае, падна убиен од изнајмен убиец и најголемиот ум како национал-револуционер Ѓорче Петров, без да ги набројуваме имињата на сите останати отплатени жртви - видни легални и нелегални активисти во македонското национал-ослободително движење. Во период од 5-6 години беше убиена елитата на македонската револуционерна мисла - беа убиени повеќе од 1.000 души македонски револуционери. Многумина, кои случајно останаа живи, беа принудени да се сокријат, други да избегаат во странство - Европа, Америка и Цариград. Тоа беше една од последните низи на македонската мартирологија. Тоа е, можеби, најцрната точка во историјата на македонската национал-ослободителна борба или поточно од историјата на македонските братоубиства.

ВЕЧЕР пренесува дел од капиталната прва Историја на Македонија", напишана од Павел Шатев. Изборот и преводот се на Предраг Димитровски кому ракописите во форма на микрофилм му ги предаде ќерката на авторот, Милка Шатева. Издавачи на делото се "Македоника" и Архивот на Македонија

КРАЈ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BCADA490C4F06A4DB0A2054D594D750E

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2013 во 11:58

Гемиџијата Шатев не го сотреа ни Турците, ни Бугарите, туку нашите

Павел Шатев, легендарниот гемиџија, македонскиот национален деец, државник во првата македонска влада, единствена политичка личност со три полициски досиеја – бугарско, руско и македонско, почина осамен, напуштен и разочаран од новата македонска комунистичка власт.

Тоа што не го сторија турските „едикулиња“ и „фејзани“ и бугарските участоци и логори, го сторија македонските власти со интернирањето во сопствената татковина, на која ѝ го посвети целиот свој револуционерен живот.

 

Павел Шатев

Павел Шатев е еден од најистакнатите македонски револуционери, национални дејци, политичари и државници. Како публицист на поголем број трудови  и автор на повеќе необјавени ракописи за историското минато на македонскиот народ, тој се легитимира како прв македонски научен историограф.

Револуционерната дејност на Павел Шатев е интегрално вткаена во најсудбоносните собитија на македонското национално ослободително движење како непосреден учесник и активен сведок речиси на сите етапи на македонското револуционерно минато. Неговата револуционерна дејност, главно, може да се подели на три периоди.

Анархистички период

Овој период од неговата најрана револуционерна дејност започнува од неговото школување во гимназијата во Скопје, каде се запознава  со револуционерното движење од страна на истакнатите дејци на македонската револуционерна организација, Христо Матов и Пере Тошев. Школувањето го продолжил во гимназијата во Солун и во 1899 година станал член на Македонската револуционерна организација и член на револуционерно-терористичкиот кружок на младите ученици  од Велес, наречени гемиџии. Во 1902 година учествувал во копањето канал за минирање на Отоманската банка во Цариград, а во 1903 година во солунските атентати, извршил диверзија на францускиот патнички брод „Гвадалкивир“, за што бил осуден на доживотна робија и испратен во затворот во градот Мурзук, во областа Фезан, Либија. По Младотурската револуција во 1908 година Шатев бил амнестиран и во Софија завршил правни науки, а во 1912 година и докторски студии во Брисел.

Национално-федералистички период

Мајски манифест

Во овој втор период од револуционерната дејност на Павел Шатев по Првата светска војна, тој се јавува како политички активист во редовите на македонска емиграција во Бугарија. Како левоориентиран македонски национален деец, тој се приклучил кон Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО), прифаќајќи ја политичката платформа на оваа легална македонска организација за решавање на македонското прашање: „Создавање на Македонија во нејзините географски и економски граници во самостојна политичка единица како етапа за остварување на балканска федерација“. Како искусен револуционер и авторитетна личност во македонските емигрантски средини во Бугарија, Шатев ќе биде избран за претседател на Основачкиот конгрес на МЕФО, одржан на 4 декември 1921 година во Софија, и за претседател на Комисијата за „обединување“, односно за помирување и постигнување договор со Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија.

Од средината на 1922 година Павел Шатев ќе стапи во контакт со претставниците на Советскиот Сојуз и со Коминтерната и со нив ќе го поврзе и водачот и член на ЦК на автономистичката ВМРО, Тодор Александров. Станувајќи нивен платен соработник и разузнавач, Шатев ќе учествува во подготовката и преговорите за потпишување на Мајскиот манифест во Виена во 1924 година. Во ноември 1924 година тој емигрирал во Турција, а во јули 1925 година во Виена.

Понатамошната своја револуционерна дејност тој ќе ја продолжи во раководните редови на ВМРО (Обединета), учествувајќи во основањето на ВМРО (Обединета), каде бил избран за заменик-член на ЦК и член на редакцијата и соработник во органот на ВМРО (Обединета), весникот „Македонско дело“ (1925-1933). Во редовите на новата македонска левоориентирана организација, Шатев ќе ја афирмира и пропагира македонската национална индивидуалност и државна и политичка физиономија.

Во април 1928 година Павел Шатев активно учествувал во одржувањето на Првата општа конференција на ВМРО (Обединета) во Берлин, во јули 1928 година. Застапувајќи ја национал-револуционерната струја на организацијата, тој се конфронтирал соДимитар Влахов околу политичката платформа на организацијата, застапувајќи ги ставовите за непартиска, националноослободителна организација, независна од Коминтерната и од Бугарската работничка партија (БРП). Во 1929 година во Цариград, Шатев заедно со Михаил Герџиков и Георги Занков ја организирале Цариградска конференција на членовите на национал-федералистичката струја на ВМРО (Об), која се застапувала за самостојност на Организацијата и отфрлање на комунистичкото „туторство“ на Коминтерната.

Во јуни 1931 година Павел Шатев се вратил во Софија и до почетокот на Втората светска војна ќе се придружи кон антифашистичкиот сили, пројавувајќи се како голем патриот и антифашистички борец. Притоа, тој постојано ќе биде следен, приведуван и сослушуван од полицијата, ставајќи го својот живот повторно на големи искушенија во бугарските затвори и логори.

Пред почетокот на војната, Павел Шатев е потписник на два апела – меморандуми за решавање на македонското прашање. Првиот, на 1 ноември 1938 година заедно со Туше Делииванов и Божин Продановна апелот „Известување од македонската општественост до светската општествена јавност“, во кој се барало: „ставање крај на крајно неподносливата асимилаторска политика во Македонија; признавање правата на Македонците да се третираат за самостојна народносна единица; право и слобода на македонскиот народ легално да се пројават и да се воспитуваат во духот на традициите на својата полувековна борба; обласно самоопределување на одделните делови на Македонија; и целосна амнестија на сите Македонци – политички затвореници“. Вториот, во летото на 1940 година задно со д-р Тодор Павлов и Петар Шанданов на Меморандумот до Президиумот на Врховниот совет на  СССР, во кој, во името на „Општиот македонски народен сојуз“, барале  Советскиот Сојуз да се заложи за „решавање на македонското прашање“, врз основа на принципите со кои било решено националното прашање во Советскиот Сојуз, како и „признавање на правото на Македонците да се третираат како самостојна народносна единица“.

Во Софија Павел Шатев продолжил да соработува со претставниците на амбасадата на Советскиот Сојуз како професионален разузнавач, со своја радиостаница, но не како комунист и „партиен“, туку, како што тој самиот им изјавил, како „македонски национален револуционер, антифашист и демократ“. Во јуни 1941 година го предвидел нападот на Германија над Советскиот Сојуз и за ова ја известил Москва со телеграма.

На 10 октомври 1941 година Шатев бил уапсен од полициските власти во Софија под обвинение дека „работел во минатото за создавање на македонска комунистичка организација“ и дека бил „во конспративна врска со чиновници од советската амбасада, од која што добивал инструкции за организирање и обединување на македонските-Бугарикомунисти  од новоослободените земји“. Во ноември истата година бил испратен во логорот Крстополе, кај Ксанти, а потоа во логорот „Гонда вода“ кај Асеновград. Во јули 1942 година бил осуден на 15 години затвор, и покрај одбраната дека „со класна работа“ не се занимавал и дека работел „по македонска линија“. Бил затворен во затворот во Хасково, а подоцна во Ќустендил.

Комунистичкиот период

Гробот на Павел Шатев во Битола

Во овој трет и последен период од револуционерната дејност на Павел Шатев, тој се јавува како македонски политичар и државник, вклучувајќи се во државниот и политичкиот живот на новата македонска власт со членувањето во АСНОМ.

По капитулацијата на Бугарија, Павел Шатев во септември 1944 година, заедно со уште 29 македонски револуционери и општественици, припадници на сите струи во македонското револуционерно движење (ВМРО, ВМРО-Протогеровистичка, ВМРО-Обединета и на БКП), се јавува како прв потписник на „Апелот до Македонците во Бугарија“, за поддршка на македонската борба за слобода и за создавање на македонска држава. Апелот имал цел да ги запознае Македонците во Бугарија дека во Македонија се создаде АСНОМ, кој се застапува за „целосно самоопределување на македонскиот народ“, дека во Македонија е востановена револуционерна народно ослободителна власт. Во Апелот било подвлечено дека Македонците во Бугарија имаат „долг“ да притекнат „во поддршка на Народноослободителната револуционерна борба, внатре во самата Македонија“, во актуелниот миг „кога македонскиот народ со оружје во рака се бори за својата слобода и самоопределување“. Доаѓајќи со бригадата „Гоце Делчев“ во ослободена Македонија, Павел Шатев во октомври 1944 година бил кооптиран за член на АСНОМ, а во јануари 1945 година за член на Президиумот на АСНОМ. Шатев бил иницијатор „материјалите и историските документи што се однесуваат на историјата на македонскиот народ“ што се чувале во Македонскиот научен институт во Софија, истиот да ги префрли во Скопје, во „столицата на Федерална Народна Република Македонија“.

Во април 1945 година Павел Шатев бил избран за член на првата влада на Федерална Македонија и за министер на правосудството. Во мај 1946 година бил избран за потпретседател на Президиумот на АСНОМ и за сојузен пратеник во Уставотворното собрание. Во 1948 година бил сменет од политичките функции и поставен за советник, а на крајот на истата година пензиониран.

На 16 јуни 1949 година Павел Шатев бил уапсен како сојузен пратеник во Загреб и 11 месеци бил држен во истражен затвор во Скопје. Бил  обвинет од раководството на македонската политичка и партиска власт како „потенцијален непријател“ за соработката со Советскиот Сојуз и за контактите што ги имал со бугарската амбасада во Белград. По престојот во истражниот затвор во Скопје, Шатев бил интерниран во Битола и сместен во зградата на поранешниот италијански конзулат, во руиниран објект, без струја и прозорци и нередовна храна. Во такви неподносливи услови за живеење, се разболел и умрел во затворската болница во Битола на 29 јануари 1951 година.

Бил погребан на гробиштата кај црквата Св. Недела во Битола, во  организација на Службата за државна безбедност, во присуство на неговата сопруга, која дошла од Загреб, и неколкумина негови пријатели.

(Од предговорот на Зоран Тодоровски на книгата „Борис Сарафов (биографија)“ на Павел Шатев во издание на  Државниот архив на Македонија и на Македоника литера. Книгата ќе излезе од печат на 30 јануари)

http://www.mkd.mk/93039/makedonija/gemidzijata-satev-ne-go-sotreba-ni-turcite-ni-bugarite-tuku-nasite/

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2013 во 11:59

СПРОТИ ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПОСЛЕДНИОТ ГЕМИЏИЈА И ПРВ МИНИСТЕР ЗА ПРАВОСУДСТВО НА МАKЕДОНИЈА

Биографијата за Шатев е напишана, ама неоткриена

Kако разузнавачи и конспиративци Павел Шатев и Виктор Аќимовиќ со Морзеова азбука, со удари по затворските решетки се договараат тој што ќе преживее, по ослободувањето од затвор, да ја кажува вистината за другиот

Предраг Димитровски

„На 30 јануари се навршуваат 35 години од смртта на Шатев. Те молам за овој ден да купиш еден убав венец, а на лентата (црвена и широка) да стои натписот: На Павел, по повод 35 години од неговата смрт, од неговите пријатели. Јави колку ќе чини венецот, да ти испратам пари. Ти испраќам порцеланска фотографија на Павел и те молам да биде ставена на неговиот гроб. На гробиштата Св. Недела има мајстори за изработка на надгробни споменици, па тие нека ја постават над натписот на гробот (солидно).“

Ова е содржината на препорачаното писмо, што Виктор Аќимовиќ му го испратил на 3 јануари 1986 година на д-р Душко Kонстантинов во Битола за одбележување на годишнината од смртта на македонскиот револуционер, последниот гемиџија и прв министер за правосудство во повоена Македонија, Павел Шатев. Писмото е дел од оставината на Аќимовиќ, која се наоѓа во Државниот архив и сега е предмет на обработка. Но ова, како и многу други имиња од богатата македонска историја сè уште не е целосно расветлено, иако станува збор за контроверзна личност од релативно поновиот период. Шатев и Аќимовиќ ги поврзува нишка што потекнува од времето минато заедно во занданите на УДБА и проткаена со речиси филмска приказна. Дали и претходно имале соработка, пред и за време на Втората светска војна, засега нема документи. 

Единствен извор за животот и делото на Аќимовиќ е магистерскиот труд на актуелниот директор на Музејот на македонската револуционерна борба Бранислав Светозаревиќ. 

Пријателство во Идризово

Виктор Аќимовиќ е тетовец по потекло, чиј дедо и прадедо биле српски учители, но според своите национални и политички убедувања, тој бил суштинска спротивност на неговото семејство. И токму тој факт му претставувал голем хендикеп зашто неговото потекло кај припадниците на социјалистичкото и комунистичкото движење во Тетово и во Македонија предизвикувало сомневање во неговите вистински определби. Документацијата од 1934 до 1941 година укажува дека Аќимовиќ бил постојано во судир со актуелниот режим на Kралството Југославија. За својата антирежимска, прокомунистичка и најмногу, за национална македонска дејност неколку пати бил казнуван од судските власти. Во ноември 1934 година тој го издава својот весник „Тетовске новине“, кој прокнижил десетина броја. Тетовската полиција постојано го следела поради неговата партиска активност, но се наоѓал и на списокот на сомнителни лица како агент на советската тајна служба НKВД. 

Ова и самиот на извесен начин го признава во документ од 70-тите години, кога води спор за признавање на стажот во врска со неговото учество во антифашистичката војна. Таму Аќимовиќ ќе наведе дека во тој период како припадник на вооружените формации на СССР работел на специјални задачи од воено-известителен карактер на секторот Македонија-Грција-Албанија. Поткрепувајќи го ова тврдење во документот, наведува дека известителниот центар, што се наоѓал во Софија и постоел за време на целата војна, го водел воениот аташе на амбасадата на СССР.

Kонспиративноста и соработката со советската и тајната служба на Црвената армија се елементот, што ги поврзува Виктор Аќимовиќ и Павел Шатев. За обајцата, по ослободувањето не биле кобни прифаќањето на Резолуцијата на Информбирото, туку поканите, односно средбите и разговорите во бугарската амбасада во Белград. Епилогот е познат, двајцата завршиле во занданите на УДБА во Идризово, кога почнува и нивниот директен контакт и познанство. Различни се само местата на апсење. Шатев бил уапсен во својот дом во Загреб, по седница на тогашното Сојузно собрание, а Аќимовиќ на југословенско-унгарската граница, наводно во обид да ја премине.

Иако не се знае точниот датум на нивната прва средба, сепак во Идризово се родило ново пријателство. Оттогаш датира една малку позната приказна, која може да се спореди и со филмско сценарио. Kако разузнавачи и конспиративци Павел Шатев и Виктор Аќимовиќ со Морзеова азбука, со удари по затворските решетки се договараат тој што ќе преживее, по ослободувањето од затвор, да ја кажува вистината за другиот. Чиј бил предлогот е сосема неважно. Важно е што договорот бил исполнет, иако, за жал, не целосно.

Шатев бил триесетина години постар од Аќимовиќ. Починал во домашен притвор во Битола на 30 јануари 1951 година, само неколку месеци по судењето на Аќимовиќ, на кое е казнет со четири години затвор поради обидот за бегство во Унгарија. Во образложението на пресудата стои дека е обвинет и за дејности што не ги направил, но кои, според судот, би ги направил ако успеал да пребегне од другата страна на границата. Исто така, Аќимовиќ бил обвинет и осуден и за контакти со окупациските власти и изборот во 1944 година за член на иницијативниот комитет, што наводно требало да претставува дел од марионетската управа на т.н. независна држава Македонија на чело со Иван Михајлов, создадена и контролирана од германската известителна служба. Историчарите очигледно ќе треба да разјаснат извесни контроверзии за Аќимовиќ. Зашто истовремената соработка и со советската НKВД и наводно со бугарскиот окупатор најмалку што бара е објаснување, дотолку повеќе што Аќимовиќ се гледа на фотографии како партизан од септември 1944 година, кога како новинар и фоторепортер (патем речено, тој говорел седум јазици), бил непосреден сведок на формирањето на весникот „Нова Македонија“ и на други настани. 

Споредба со Kопинич

Наспроти неумоливите биолошки закони, Аќимовиќ до крајот на животот останал доследен на дадениот збор. По ослободувањето од затвор, почнал да собира документи и сознанија за Шатев од неговиот револуционерен период, од времето кога бил прв повоен министер за правосудство на Македонија, па до домашниот притвор во Битола и неговата смрт. И тука, врз основа на расположливите документи, сè доаѓа до интересни факти, што првенствено го наметнуваат прашањето - каде се наоѓа биографијата за Павел Шатев што систематски и внимателно ја подготвувал Аќимовиќ?

На 16 октомври 1985 година, значи две години пред да почине, Аќимовиќ испратил писмо до Државниот архив на Македонија со кое бара да му се дозволи увид во документите за Шатев.

,,Ова ми е потребно поради тоа што веќе неколку години работам на пишувањето на неговата биографија, која наскоро треба да ја објавам во посебна книга. Во целиот мој повеќегодишен труд, од разни документи, негови книги, лични искажувања додека беше жив, архивски материјали од Државниот архив во Софија, фотодокументација и сл. неговата биографија ми е наполно оформена, од неговото детство, па до 1950 година. Ми недостига само многу кусиот период од 1950 до неговата смрт на 30.01.1951 во интернација во Битола. Иако и за овој кус период имам прибрано материјал од поедини лица од Битола, не можам нивните искажувања да ги прифатам за апсолутно точни бидејќи можат да имаат и субјективен карактер, така што тие искажувања не ги прифаќам како апсолутно веродостојни.

Поради наведените причини молам да ги прегледам првенствено следните документи: сè што се однесува за него од денот на неговото апсење во 1949 до неговата смрт во Битола. Првенствено молам да ми се дадат на увид неговите сослушувања, одговорите дадени на неговите иследници, неговиот престој во Битола и лекарската дијагноза за причината на смртта му. Сакам да напоменам дека Павел Шатев е мртов веќе 34 години, така што не може да има никаква причина да не се осветлува неговата личност. Сметам, пак, дека без сестраното осветлување на живота и дејствијата на Шатев, мојот постар другар, историјата на македонскиот народ многу се осиромашува. Ако денес опширно се пишува за Kопинич и некои други, нема никаква причина да не се пишува и за Шатев, кој во ништо не заостанува зад Kопинич“.

Одговорот од Државниот архив, соодветно на историскиот миг, нормално бил негативен. Но, зачудува што во фондот на Виктор Аќимовиќ никаде не фигурира ниту биографијата за Шатев, што тој ја подготвувал, ниту пак веќе напишаниот дел. Kаде и како завршил материјалот засега е неизвесно. Меѓутоа, историјата, порано или подоцна, излегува на виделина. Необјавените ракописи на Шатев почнаа да се објавуваат, истото ќе се случи и со неговата биографија, а вистината за неа ќе се знае и никој не ќе може да ја присвои.

Објективот на Аќимовиќ насекаде присутен

Виктор Аќимовиќ се приклучил кон Главниот штаб на НОВ и ПОМ во септември 1944 година и е еден од првите фоторепортери и фотодокументаристи. Покрај создавањето на весникот „Нова Македонија“, тој ќе овековечи значајни моменти од ослободувањето на македонските градови, настани и личности, како и судските процеси против предавниците на македонскиот народ и соработници на фашистичкиот окупатор. Поради судир со високи функционери на македонската држава, тој првите години по војната не работи како новинар во Македонија, туку е дописник на белградска „Политика“ и на други весници од тогашните југословенски републики. 

Аќимовиќ во 1967 година бил еден од основачите на киноклубот „Kамера 300“.

Излезе „Историја на Македонија“ од Шатев

Kнигата „Историја на Македонија“ од Павел Шатев се појави кон средината на месецов како прв том од оставината на овој македонски револуционер, еден од солунските атентатори и прв министер за правосудство, чии трудови досега речиси воопшто не биле објавувани кај нас. 

Изборот од неговата оставина, која има повеќе од 4.000 страници во ракопис и три труда, објавени во Бугарија непосредно по Првата светска војна, го направи Предраг Димитровски, кој е автор и на воведот, а стручната редакција, коментарите и предговорот се на професор д-р Зоран Тодоровски. 

Оригиналните ракописи и целокупното зачувано творештво на Шатев се во Државниот архив на Хрватска, а микрофилмовите со право на објавување минатата година на Димитровски му ги отстапи Милка Шатева, ќерка на Павел Шатев. Целата приказна првпат беше објавена на страниците на прилогот „Публика“. 

- Единствената грешка на мојот татко беше тоа што никогаш не се согласи да биде комунист и тоа го плати со својот живот - велеше госпоѓата Милка, пишува Димитровски во воведната белешка. 

Kако приредувач на книгата, тој остава влијанието на оваа определба на Шатев да ја утврдат историчарите, но го констатира непобитниот факт дека името на последниот гемиџија, бриселскиот доктор по право, конспиративецот и прв министер за правосудство на слободна Македонија стана парадигма за сликата на македонскиот револуционер. 

„Двапати осудуван на смрт, еднаш од турскиот султан и вторпат од бугарскиот цар, и двапати помилуван, Шатев стана жртва на својата Македонија, на која ~ го посвети целиот живот“, велат издавачите на книгата од Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ и од Државниот архив.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5391CB66367B5E49B082754D21B8FB3E

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2013 во 06:41
Во тоа време, како што се знае, падна убиен од изнајмен убиец и најголемиот ум како национал-револуционер Ѓорче Петров, без да ги набројуваме имињата на сите останати отплатени жртви - видни легални и нелегални активисти во македонското национал-ослободително движење.
---
Мислех што Ѓорче Петров е контраверзна фигура - соработник на бугарскиот експанзионизам.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2013 во 20:46
Е убаво , секој има право на свое мислење.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.