|
Што прави опозицијата?! |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 41> |
Автор | ||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Као прво ТОА ШТО Е СПОРЕД ТЕБЕ Е НЕКОЕ ДЕЛО ТАМУ е ИЗМАМА НА НАД 20 ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВАДЕЊЕ НА АМЕРИКАНСКИ ВИЗИ ЗА ИСЕЛЕНИШТВО (такво нешто не постои, освен греен кард) ВО ВРЕДНОСТ ОД 280 000 ЕВРА... Измама не е исто што и затајување на данок, за што беше осуден Велија Рамковски. Не ги мешај делата. За секоја измама, т.е за секој измамен граѓанин има добиено поединечно години.... Капиш? Ако Велија бил штитеник на опозицијата, тогаш што е Миленко и дали е потребно таков човек да биде штитеник на позицијата кога и на најдобриот пријател во притвор што му бил сега му забива ножеви во грб... ??? Убаво реков погоре во постовите.. С КИМ СИ, ТАКАВ СИ ... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште во 2006 Миленко е осуден на 3 години затвор за таа измама. До сега се уште нема информации дека пресудата станала правосилна. Најверојатно нема ни да стане правосилна во брзо време. Инаку се товареше за измама на четворица граѓани за сума од 35000 долари. И кој знае уште колку измами направил кои не добиле судска развршница.
Инаку околу темава, опозицијата не прави ништо, бидејќи нема никаква подршка од непартиските граѓани. Тие што протестираат се партиски послушници кои доброволно или под притисок, сеедно мораат да протестираат. Па кој нормален би ги подржал Бранко и Љупчо во обидот да се вратат на власт. Од Грујо и компанија, единствено полоши се Бранко и компанија. |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Судијата Милан Доганџиски за ова кривично дело на двапати му досудил затворска казна на Неделковски. Првата пресуда е од 2004 година, кога случајот бил вратен на повторно одлучување. На второто судење Неделковски добил казна затвор од една година и шест месеци. Тогаш, како што дознаваме, судијата Доганџиски бил отповикан од случајот по барање на обвинетиот Миленко Неделковски. Предметот и бил доделен на судијката Снежана Бајлозова, која му досудила условна казна, односно му овозможила да излезе на слобода.
Подоцна, кон средината на 2008 година Бајлозова беше унапредена во судија во Апелацискиот суд. Оваа судијка претходно беше критикувана поради низа судски процеси и двапати нејзините одлуки беа на врвот на листата за најматен настан. Еднаш за експресното ослободување на Агим Красниќи со неговите осуммина соработници, кои се обвинуваа за тероризам. На врвот на оваа листа Бајлозова се најде и со нејзината пресуда за 30 полициски специјалци што ја демолираа дискотеката „Процес“, а таа ги казни слично како Неделковски - со условна казна затвор од една година. Целата приказна за Неделковски стана актуелна во мај 2004 година кога тој беше приведен поради измама со која заработил повеќе од 150.000 долари. Според обвинението, Неделковски како сопственик на фирмата „Супер-Б“, заедно со Ратка Илиевска, директорка и управителка на фирмата во 2001, 2002 и во 2003 година, како и братот на Миленко, Ратко Неделковски, измамиле 20 скопјани ветувајќи им дека ќе им обезбедат работни визи за САД. Тие, според обвинението, лажно прикажувале дека имаат агенција за посредување во вадење визи „Имигрејшн“ и „Американски правен центар“. На оштетените скопјани им ветувале дека во период од 120 дена од страна на американски адвокати за имиграциско право со седиште во Тампа - Флорида, Марк Вејнер и Лорен Аронс, ќе им биде изработена комплетната документација за легален престој и работа во САД. Граѓаните ги уплатиле бараните суми, но агенцијата за посредување во вадење визи воопшто и не постоела. Не била регистрирана ниту канцеларија на „Американски правен центар“. Браќата Неделковски и управителот на фирмата, според обвинението, парите ги земале и ги трошеле за себе. Жртвите, откако по извесно време сфатиле дека се измамени, го пријавиле случајот в полиција. По преземените мерки и извршениот увид во деловодните книги на фирмата било констатирано дека тие воопшто не се застапници на емиграциското биро, по што биле приведени. Миленко Неделковски тогаш поминал осум месеци в притвор. Во декември 2004 година е прогласен за виновен за кривично дело измама од продолжен вид за што добил казна затвор во траење од три години. По враќањето на предметот од страна на Апелацискиот суд во 2007 година Неделковски добил казна затвор во траење од 18 месеци, а другите двајца добиле алтернативна казна од 18 месеци, која нема да ја издржат ако во рок од пет години не направат ново кривично дело. Тројцата учесници во криминалното дело биле задолжени да им ги вратат парите во рок од три месеци на сите што биле измамени. Но, според нашите информации, парите не се вратени, иако Неделковски зел трансакциски сметки од сите оштетени и им префрлил по еден дел од сумата, но има уште многу за враќање. Неделковски, пак, ги отфрла сите обвинувања и вели дека сите пресуди се достапни до јавноста, дека се јасни и тој ги почитува. - Во целост ја почитувам судската одлука и ги намирувам долговите што ми се зададени со валидната судска пресуда. За се друго што некому му е нејасно постои суд - вели Миленко Неделковски. превземено од еден мк форум
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...слушај дечко,Неделковски по твое треба да доотслужи,а Заев го ослободи судот,не БЦ.
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
заев го аболицираше бц-от, не ни дојде до судење, за криминал тежок 8 мил. евра
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
де бре па ти шо тоа толку те изнавредив? толку си ме етикетирал и навредувал па не сум се пожалила никогаш...а женско сум плус....ти маж, а се нешо се жалиш цело време се трудам да комуницирам нормално со тебе,никој друг не се пожалил на моето пишување или комуникација...да не е до тебе,а? знаеш нормално да комуницираш? почитуваш туѓо мислење? знаеш фер плеј? си пробал ли бар еднаш да одбегнеш мој пост и да не се закачиш за мене? на секој мој пост поставуваш прашење и ми ја лепиш етикетата комуњарка...никој не те предупредил,никој не те подзапрел,никој дури и не те опоменува !!! сите се обидуваат нешто да ти објаснат а ти се расправаш со секој кој ќе напише било што што тебе не ти прави ќеиф олабави малку а за тоа колку биле со сдсм или не биле,дали биле на сила или не имаш весници па читај ионака џабе е муабетот со тебе ти читаш онака како што сакаш да прочиташ не како што пишува |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Анѓелина,
на навреди сум отрпнал, не ме тангираат воопшто, јас тебе не сум те етикетирал, никогаш, сама се етикетираш, по автоматизам, штом си симпатизер на сдсм, и тоа јавно го кажуваш. овде сме за да се разговара, со факти, а не да се шират демагогии, невистини или полувистини и да се водат глупи муабети до бесконечност. еднаш те прашав, пиши ти за дострелите на сдсм, што тоа тие направиле за народот, за државата, јас ќе пишам за овие другите. ти тоа го дочека на нож, безпотребно, јас разбирам дека кога се немаат аргументи не е лесно, а сакаш да шириш нечии идеи, политики на оние кои ги симпатишеш. јас со тоа немам проблем, ти имаш, затоа што не можеш ни еден единствен проект да наброиш што твоите симпатични политичари го направиле за оваа држава и мене и таквите како мене ни се лутиш кога ќе поставиме прашање. а и зошто да не ти поставувам прашања, па кого друг да прашам како тече сенародното востание кога ти си била на барикадите, очекувам да одговориш од прва рука. за разлика од тебе јас не сум оптеретен со вмро, нити сум бил нивни член, ниту пак некогаш ќе бидам, ниту сум нивни симпатизер ( гласам за нив не затоа што се многу добри и способни, туку заради тоа што овие другиве на чело со бц-от се тотална нула ), само можам да разликувам кој повеќе направи за државата во последните 20 год. дали сдсм или пак овие другите. секоја добро завршена работа без разлика од кого доаѓа а е во интерес на народот и државата ќе ја поздравам, се што нечини ќе критикувам. замисли бц-от и неговата банда да не постоеа, воопшто да не се појавија, јас ти гарантирам дека МК ќе беше многу подобро место за живеење него што е сега. но му се ближи крајот и на него, има да го исшутираат како усран голуб од бихаќка. |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прес конференција, СДСМ Скопје, 07.04.2011 година Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Велат дека правдата е бавна, ама достижна. Таа понекогаш спие, но никогаш не умира. Цели две години и осум месеци се крстев во овие мисли за правдата. Цели две години и осум месеци го сонував денешниот ден и овој момент кога пред целата македонска јавност ќе застанам со чист образ за со факти да кажам дека правдата ја победила неправдата. Конечно дојде и тој миг за да се дознае вистината за случајот „Глобал”. Ова се двете судски пресуди на Управниот суд на Република Македонија и на Врховниот суд на Република Македонија, повторувам на Врховниот суд како највисока судска инстанца во државата, со кои правосилно се потврдува законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на Глобал. Значи, овие две судски одлуки потврдуваат дека изградбата на „Глобал” е чиста како солза. Правдата навистина е бавна, ама достижна. По притворањето на Зоран Заев и неговите соработници и нивното подоцнежно аболицирање сите правно-истражни дејствија околу обвинувањата беа ставени ад акта, целиот предмет Глобал со аболицијата беше ставен надвор од судска процедура, а со тоа се изгуби можноста по судски пат да ја докажам мојата и невиноста на моите соработници, па единствената шанса да се докаже тоа беше токму поведувањето управна постапка за докажување на законитоста и комплетноста на постапката за изградба на „Глобал”. Одлучивме таа постапка да ја води инвеститорот Делукс инженеринг кој беше партнер на општина Струмица во првото јавно приватно партнерство во Македонија. Целта беше да се бара судска потврда на законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на Глобал без да фигурира Заев, без да фигурира општина Струмица за да отстраниме секаква можност за повторна политизација на овој случај. Успеавме, тоа го докажавме. Повторувам, докажавме законитост и комплетност на постапката за изградба на Глобал. Сега, кога се е јасно како бел ден, се поставува прашањето, кому му беше потребно сево ова. Оној кој покажа со прст кон Зоран Заев ќе мора да го сврти прстот кон себе. Г- дине Груевски, секому во оваа земја му е јасно дека тоа сте Вие, заедно со Вашите соработници и сопартијци и заедно со вашите мегафони кои ги ситеа апетитите на луѓето, гладни за афери и спектакли. Сега треба сите да Ве тужам. Со овие пресуди како доказ во моиве раце, сите ќе бидете најверојатно осудени. Но, нема да го сторам тоа. Јас не сум како Вас. Нека Ве суди јавноста. Кога веќе знаевте дека вистината е како шило, зошто Ви беше потребно сево ова? Зошто моравте да ја изгубите човечноста за сметка на Вашето властољубие? Зошто дозволивте, гневот, злобата и зависта кон туѓиот успех да Ви го поматат умот за да одите дотаму да посегнете по слободата и образот на невини луѓе во момент кога Европската Унија го награди Глобал како најдобра практика во Република Македонија? Измисливте некакви украдени 8 милиони евра. Го валкавте моето име со зборовите криминалец, аболициран и што ли уште не. Кренавте голема прашина со измислен случај за со истата таа прашина да ја покриете сопствената инфериорност и неспособност. Сакавте неправедно да ми ја одземете слободата, само заради тоа што ви пречеше успехот на Струмица. Но веројатно не сте знаеле дека слободен е оној човек со чиста совест. Јас сум слободен човек господине Груевски, Вие не сте. Иако сте познати по лопатите, требаше да знаете дека премногу лопати се потребни за да се погреба вистината. Толку ли многу тежеше Вашата политичка судбина за да си поиграте со судбините на невини луѓе и нивните семејства над кои во исто време тежеше бремето на туѓиот сомнеж. Се поставува прашањето, на уште колку луѓе им го сторивте истото? Но јас нема да дозволам и мојот ум да биде поматен. Христијански е да Ви простам. Таа прошка ја имате од мене, но не барајте го тоа и од моите деца и од децата на моите неправедно осомничени соработници. Г-дине Груевски, Вашето спасение лежи во Вашето покајание. Време е да се свестите и да го сопрете лудилото кое сами го продуцирате. Ја користам оваа можност да им упатам јавна благодарност на сите оние кои веруваа во мене и моите соработници и ја препознаа клеветничко-политичката фарса на Груевски и неговата компанија. Тоа најмногу се однесува на моите сограѓани, на моите струмичани кои за време на сите оние случувања беа со мене и веруваа во мене, а потоа таа доверба недвосмислено ја покажаа и на Локалните Избори на кои апсениот Зоран Заев извојува историска и дотогаш незапаметена победа над оние кои бесправно апсат. Посебно сакам да му се заблагодарам на поранешниот Претседател на Република Македонија, Г-динот Бранко Црвенковски, кој верувајќи во мене ја донесе законската, но непопуларна одлука за аболиција, ставајќи го притоа на коцка сопствениот углед како човек и политичар. Почитувани граѓани, На крајот на краиштата целиот овој случај нека биде опомена за никогаш повеќе да не се повтори. Ги повикувам само луѓето од Катастарот да ги почитуваат судските одлуки и на сопствениците на дуќани во ТЦ Глобал да им ги издадат имотните листови кои многу одамна требаше да ги добијат. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
некој тоа говореше дека администрацијата со сила се носи на протести???? кој ли само го збореше тоа????http://kurir.mk/makedonija/vesti/98971-FOTO-Cela-kumanovska-administracija-utre-na-mars-vo-SkopjeСоцијалдемократкиот сојуз на Македонија ја мобилизира администрација во градовите каде градоначалници се од редовите на опозициската партија.Имено, од наш читател до редакцијата на Курир стигнаа списоци, на кои се гледа дека општинската организација на СДСМ од Куманово на големо работи за носење на луѓе на утрешниот најавен марш на опозициската партија. Како што може да се забележи според списоците, кумановскиот огранок на СДСМ покрај вработените во јавната администрација, задолжен е утре да донесе и вработени од основни училишта, јавни претпријатија, средни училишта и градинки. Според документите, меѓу другите треба да се организира транспорт до Скопје на 50 вработени од ЈП Водовод, 50 од Чистота, 50 лица вработени во општината и голем број на лица вработени во основните училишта, средните училишта и градинките. Воедно, познатата „стечајка“ Лиле Ѓоргиевска заедно со уште 50 стечајци треба да пристигне на утрешниот марш, а на списоците кои детално можете да ги погледнете се наоѓаат уште голем број на лица. Мобилизацијата на партиските членови да доаѓаат на марш или митинг во Скопје не е нешто ново кога СДСМ е во прашање. Тоа е пракса која се повторува при секој собир, со цел лидерот Црвенковски да прикаже масовност на централните собирања во главниот град. Да потсетиме, на последниот протест на опозициската партија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите притисоци и мобилизација на администрацијата од градовите каде градоначалници се луѓе на СДСМ, присуствуваа едвај 3.000 лица. Црвенковски утре со администрацијата од Куманово, Карпош, Струмица и Охрид повторно ќе се обиде да ги збие празните опозициски редови, бидејќи се покажа дека СДСМ во Скопје нема речиси никаква поддршка. Колку за потсетување, за време на протестот на СДСМ на 24-ти декември, вратите во општина Карпош останаа затворени. Кацелариите празни, работата оставена, а општинската администрација на протест пред Собранието. Изменето од Zeksi71 - 12.Јануари.2013 во 07:19 |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.time.mk/read/19fd9c5d1c/3cb4fcacbc/index.html
...ден од ден се повеќе се размножува. за три месеци ќе биде 300000... само на улица. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со информацијата за Миленко баш ме зачудивте, не пратам баш редовно штампа ама дека издавал фалц работни визи е последно нешто шо би ми паднало на памет.
После се чудат странците како во држава од 2 милиони луѓе не можи да се обезбеди просперитет.... |
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а да почекаме до локалните избори, мислам дека ќе биде прав момент да се види колку тоа сте се размножиле. само да не биде дека народот е во право дури и кога греши
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...како и да е,на Грујо му се случи....НАРОД!.
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
му се случил народ, и????
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
Внеси реплика | страница <1 2223242526 41> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |