Србија - домаќин на женското ЕП 2012
Европското првенство во ракомет за жени што го откажа Холандија ќе се
одржи во Србија, реши Европската ракометна федерација. Одлуката е
донесена по одличното искуство што го имаше ЕХФAC со машкото првенство
организирано во јануари годинава. Вршац, Нови Сад, Ниш и Белград ќе
бидат градови домаќини, а финалните мечеви ќе се одиграат во Белград.
На
местото на Холандија, која го откажа играњето, на ЕП ќе игра Исланд
како најдобро третопласиран тим од квалификациите, и тоа врз база на
постигнатите резултати против подобрите тимови во групата.
За
организацијата на ЕП 2012 се пријавија 11 федерации, но Србија доби
предност. Првенството треба да се одигра во периодот од 4 до 16 декември
2012 година. Ждрепката за групите ќе биде в петок во Монако на
конгресот на ЕХФ.
Ајдеееее, окупација на Ниш...втор дел...