![]() |
|
МАКЕДОНСКИ УСПЕШНИ БИЗНИСМЕНИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4567> |
Автор | |
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Си дозволувам да контрирам, по однос на улогата на владата во економските текови на државата.
Во принцип е така, државната администрација не е во функција да обезбедува вработување на продуктивни работни места. Меѓутоа е во фукција да креира работни места во сверите во кои капиталот не е заинтересиран, а се од значаен општествен интерес. И на вака поставеното прашање ќе се најдат дискутанти кои ќе се сложуваат и оние кои ќе контираат. Сите аргумнети, за и против, ќе се должат на идеолошката предодреденост на дискутантот. Здравството, одбраната, образованието, социјалната сигурност, внатрешниот мир и поредок, судствот се само некои од функциите кои неможе и несмее да им се препуштат на приватни лица. Јас би рекол и клучните ресурси врз кои се темели економскиот живот на земјата, енергетиката и природните ресурси на земјата. Праксата во светот од 80- тите години со денационализацијата на овие сектори, не ги донесе очекуваните резултати, туку напротив, ги влоши. За еднократна добивка од продажбата на овие капацитети, цената сега ја плаќаат потошувачите. Не само во смисол на паричниот износ, туку во смисол на подобрени услуги или неможност за подобрување од техничко-технолошки аспект од страна на тие кои станаваа газди на тие капацитети. Тоа се скапи бизниси кои се капиталоинтензивни. Дури и со приватизацијата на јавниот превоз не се постигна ништо, па новите газди приморани се да бараат подршка од владите во форма на концесии, сувенции.......и што уште не. Одговорните влади, недозволија капиталот да им избега во Кина, а кинескиот случај покажува дека и владата може да биде во функција на создавање и раководење со продуктивни работни места. Се зависи од идеолошката рамка во која функционира државата вклучувајќи ги тука и образовниот систем и менаџирањето на медиумите за јавно информирање. Поточно моделирање на јавното мнение дека стопанските текови можат да бидат организрани и на подруг начин од оние кои излегуваат од учењето на Милтон Фридман. Пред повеќе од година дена пратев една радио емисја, на која зборуваа универзитетски професори во која се дискутираш за структурата на работодавачите. Најинтересен заклучок од сето тоа беше дека општествениот сектор станува најголемиот работодавач и тој тренд станува се поизразен во изминативе 20 години. Општествениот сектор го презема приматот како најголем роботодавач од индустријата и од останатите секундарни и терцијарни сектори. Нуди и најголеми бенефиции и работни права. Зборувам за едно висока развиена земја со висок стандард за живеење. Дури и во таква една земја се помалку млади луѓе се заинтересирани за отпочнување на приватен бизнис. Пратејќи ги настаните не само во Македонија и Австралија, може да се заклучи дека овја тренд е уочлив на глобално ниво. Во една ваква поставеност на светот, мислам дека македонската влада, прави исправни потези. Викаат, ако неможеш да го победиш противникот, придружи му се. Ајде сега да видиме кои се најуспешните бизнисмени во Македонија, ама да се апстрахираме од кримогените постапки при стекнувањето на богатство. Тоа неважи само за македонските бизнисмени. Незаборвајте за некој да се бави со бизнис, пред се треба да жртвува, да си го наруши комодитетот, спокојството, да се биде опортунист, односно да биде спремен да ја уграби секој прилика на која ќе наиде. Онај кој седи, чека плата и мудрува или дава консултански услуги неможе да биде бизнисмен, па дури и да му ги дадете сите пари на светот. Значи незборуваме за тие кои се родени со златна лажичка, зошто такви во Македонија нема или се многу малку. И за тие малкуте, пак се е релативо, во светски рамки, се разбира! Изменето од Platenik - 11.Септември.2012 во 06:17 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МАКЕДОНСКИ УСПЕШНИ БИЗНИСМЕНИ ?!?...haha ...koj i da bil,...sigurno mislel na , ...makedonski uspeshni, ...''biznis''....Hohshtapleri ! ...''biznismeni'' ,...vika! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ РАБОТОДАВАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА
http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8D93B5135E9B7A42A131EBEC322A34D5&utm_source=daily.mk |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Деветте најбогати бизнимени во МакедонијаОва се дветте најголеми македонски милионери. Тие се или директори на најголеми фирми на територијата на Македонија или поседуваат голем број акции. Европската компанија за истражување на богатство Велт Х, обелодени дека во Македонија има 35 мултимилионери. Нивното богатство вредело вкупно 4 милијарди долари, покажува истражувањето. Или во просек секој од нив располага со над 100 милиони долари. Меѓу најбогатите на листата се Минчо Јорданов, прв човек на „Макстил“, Кочо Анѓушев сопственик на „Брако“, но и на уште неколку компании, а е дел и од ЕФТ Македонија, Штерјо Наков, од „Фершпед“, Живко Мукаетов, од „Алкалоид“, Шефки Идризи, газдата на „Ренова“, Сашо Давитковски прв човек на „Скопски пазар“, Душко Туџаров, од Групацијата „Реплек“, семејството Тодоровиќ сопственици на „Тинекс“ и новиот синџир дрогерии „Космо“ и Благој Механџиски сопственик на „Зегин“ веледрогеријата.
Тој поседува 23.22 отсто акции во градежната компанија “Бетон“. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР. Неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра.
Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни
акционери се синовите, Драган Наков кој има 11,83 отсто од обичните
акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на
„Фершпед“. Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании. 3.Кочо Анѓушев - еден од основачите на “Брако“ од Велес. Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт – Велес. Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“. Во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија. Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев. 4.Живко Мукаетов – главен менаџер на “Алкалоид“ и поседува околу 6.58 отсто од вкупно акции во комапнијата. Сумата на вкупно акции кои ги има Мукаетов изнесува 6.7 милиони евра. Над 5 отсто од акциите во компанијата поседува и Билјана Јованова. Нејзините акции на берзата се проценети на околку 5 милиони евра.
Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.
дел од групацијата “Реплек“ АД Скопје. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто. Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите. Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра. генерален директор на синџирите “Тинекс“ и дрогериите “Космо“. Се смета дека вредноста на акциите на “Тинекс“ околу 80 милиони евра, кои се наменети за развој и проширување на бизнисот. 9.Благој Механџиски - основач на “Зегин“, прва приватна комапнија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989-та година. Се’ до 2006 година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери. Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“. |
|
![]() |
|
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во нормални држави најмалку 7 од овие 9 досега ќе беа зад решетки...
![]() |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
heh,...a vo ushte ponormalnite....site ke bea....kaj shto kaza!
![]() -samo , vaka trebashe naslovot: МАКЕДОНСКИ ''УСПЕШНИ БИЗНИСМЕНИ''...ama, eve na nekoi im se uzor za ''sposobnost'', ... bez razlika kakva ...sposobnost ! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
6.Сашо Давитковски -
првиот човек на “Скопски пазар“. Тој поседува најголем број акции во
СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број
обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56
проценти, според последните податоци на ЦДХВ. Заедно Давитковски
поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според
актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.
Живо ме интересира како овие дошле до 30 % од акциите на Скопски пазар. Најверојатно на ист начин како Штерјо, Свето, Трајче, Минчо, Хари и ред други во нивните компании. Изменето од gonzo - 05.Јануари.2013 во 14:58 |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...mene pa ich ne me interesira za tie gomnari,...osven deka treba da se zatvorat zauvek i da im se odzeme seto toa shto sosema poshteno go opljachkale od narodot!
...tuku,..ne znam zoshto na nekoi im se krivi belosvetskite , a ne gledaat deka vistinski legalni lopovi imaat i vo sopstveniot dvor,...mislam ,...drzava: |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12852 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://www.time.mk/read/3195791e06/ceb4c583f7/index.html запамтете ги...белки ќе ни фрлат кришка леб за не дај боже време. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
malaka ![]() Група ![]() Регистриран: 22.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 85 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
cicko stoilko
|
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Минчо меѓу најбогатите на Балкаков
Човекот го процениле на 35 мил евра. Сепак мислам дека го потцениле.
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
..ja pa vikam.... koj go e** toj bogat makedonski Go**ar!
...so edna ograda...neka me izvini ako poshteno si go zarabotil bogatstvoto.
Изменето од gonzo - 19.Септември.2013 во 20:22 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
lotus flower ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
minco jordanov
|
|
![]() |
|
lotus flower ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
.Кочо Анѓушев - еден од основачите на “Брако“ од Велес. Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт – Велес. Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“. Во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија. Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев. koco?koj bi rekol |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |