|
Рецепти за солени јадења |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 30> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Потребни состојки:
Начин на подготовка: Во рерна испечете ги пиперките, врели ставете ги во сад и затворете да се оладат. Излупете ги, извадете ги семките и посолете. Секоја пиперка ставете ја прво во брашно и презла, потоа во изматени и посолени јајца, па повторно во смеса од трошки од леб и брашно. Лукот и кромидот исецкајте ги и пропржете ги на масло, додадете го меленото месо, зачинете и динстајте. Пред крај додадете магдонос. одвојте две поховани пиперки, покријте ги со издинстаното месо, а одозгора ставете ги останатите пиперки. Прелијте со павлака измешана со јајце и ставете во рерна да се запечат околу половина час на 200 степени. Пред сервирање одозгора наредете две исецкани пиперки. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
дајте некоја рецепта за некое јадење со кус кус..ама испробана.... не само пастирана од негде...немам време за експерименти
|
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бело месо во сос од павлака и печуркиПотребни состојки: 600 гр. бело месо 1 главица кромид 400 гр. печурки 500 мл. павлака 100 гр. кашкавал 1 лажичка сенф Припрема: Белото месо исечете го на парчиња, посолете го и извалкајте го во прашно, па испржете го на загреано масло додека не порумени. Потоа наредете го во стаклен огноотпорен сад и премачкајте го секое парче со сенф. Во тавата во која се пржеше месото пропржете една ситно сецкана главица кромид, па потоа додадете ги печурките и динстајте додека не омекнат. По потреба додавајте малку вода. Смесата потоа прелијте ја врз пилешкото месо. Во тенџере на оган загрејте ја павлаката, па додадете го кашкавалот кој претходно сте го изрендале и почекајте да се растопи и соедини смесата. Потоа рамномерно прелијте ја врз садот. Печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Добар апетит! |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Раженчиња со месо од мисирка, спанаќ и инчуниМесото од мисирка е едно од највкусните меса кои може да се најдат на трпезата. Секако, ако е приготвено на вистинскиот начин. Содржи малку масти (на пример, порција од 140 гр без кожа има само 7 гр масти). Денешниот рецепт е токму рецепт за приготвување на вкусно мисиркино месо.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пилешко месо со маслинки на ловечки начинДенешниот рецепт е за вкусен ручек во кој може да ужива целото семејство. Приготвувањето е едноставно, без премногу состојки, а резултатот е особено вкусен специјалитет.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И мене ми треба рецепт за кус-кус. Емил, немаш ли бе некој предлог? |
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
вода
кус кус се вари со малце сол потоа шекер и сирене |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А бе знам како се вари. Шеќер и сирење кај одат заедно? |
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Брз вкусен ручек: Мисиркино месо во сланина на италијански начинКако
доаѓаат новогодишните и божиќните празници, така ние имаме се помалку
време за секојдневно готвење и средување. Во овој период од годината
луѓето ја планираат трпезата за овие два празници, а помалку време
посветуваат на секојдневната исхрана. Па еве една одлична идеја за брз
ручек.
Состојки за 4 лица |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како лесно до вкусни виенски шницли?
Потребни состојки: 4 телешки или свински шницли од бут, брашно, 2 јајца, лебни трошки, масло за пржење, сол, 4 резанки лимон. Подготовка: Шницлите исчистете ги од жилички (телешките) и отстранете ги масните делови (свинските), истолчете ги да бидат што потенки, потоа свалкајте ги во брашно, натопете ги во изматено јајце, а потоа во лебни трошки. Притиснете ги со дланките за лебните трошки да се залепат за месото. Во тава загрејте поголема количина масло, внимателно спуштете ги шницлите и пржете додека не поруменат од двете страни. Сервирајте со резанки лимон. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Рецепт за пилешки прсти - да си ги излижете рацетеПилешко
е едно од најчестите видови на меса кое се користи за подготовка на
вкусни различни јадења. Освен класичната подготовка со солена храна, тоа
може да се комбинира и на малку поневообичаен начин, со слатки или
кисели сосови. Ви донесуваме едноставен рецепт поради чиј вкус и брзата
подготовка нема да можете да му одолеете.
Состојки: |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се извинувам чак сега го видов вашиот повик кон мене . Ќе ви дадам 2 рецепти со кус-кус Пилешко со кус-кус Во тава ставаш исечено на мали коцки пилешко бело месо . Го динсташ во малкучка зејтин . Кога стане почти златисто додаваш кромид на ситно ,и габи .Динсташ со млку вода или бело вице .Кога вече се готови ставаш внатре сварениот кус-кус и ако сакаш може да додадеш и малку маслинки (поможност исечени на тркалца ) . Зачинуваш гозбата со сол , бибер и кари . Се сервира исто како и рижото .Во купа за супа и го обраќаш во чинија да изгледа како пирамида или могилка Кус-кус со јајца и пиперки во тава за печене се става се стават динстаните во малку бутер пиперки ,кромид и домати .Кога се готови им се додава малку лукче и магданос . Кон нив се додава и сварениот кус- кус . Зачинуваш со вегета . Со дрвена лажица ја израмнуваш гозбата . Врз неа ставаш 3-4 изматени јајца ( зависи колку ти е голема тавата ) и печеш во рерна на 220 градуса додека се запечат јајцта може да послужиш со сезонска салата Изменето од емил - 21.Јануари.2013 во 08:44 |
||
Linda-Lolita
Нов член Регистриран: 16.Јануари.2013 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кажете ми некој рецепт за безглутенска исхрана ве молам
Изменето од Linda-Lolita - 21.Јануари.2013 во 10:53 |
||
Насмевката е тоник, олеснување, отстранување на болката.
|
||
Внеси реплика | страница <1 2223242526 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |