IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 30>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 10:00

Мусака со пиперки


Потребни состојки:

  • 12 црвени месести пиперки
  • 3 јајца
  • малку вода
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици презла
  • 0,5 кг мелено мешано месо
  • главица кромид
  • 2 чашниња лук
  • малку магдонос
  • 2дл кисела павлака
  • сол
  • бибер
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

Во рерна испечете ги пиперките, врели ставете ги во сад и затворете да се оладат. Излупете ги, извадете ги семките и посолете. Секоја пиперка ставете ја прво во брашно и презла, потоа во изматени и посолени јајца, па повторно во смеса од трошки од леб и брашно. Лукот и кромидот исецкајте ги и пропржете ги на масло, додадете го меленото месо, зачинете и динстајте. Пред крај додадете магдонос. одвојте две поховани пиперки, покријте ги со издинстаното месо, а одозгора ставете ги останатите пиперки. Прелијте со павлака измешана со јајце и ставете во рерна да се запечат околу половина час на 200 степени. Пред сервирање одозгора наредете две исецкани пиперки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2012 во 08:48
дајте некоја рецепта за некое јадење со кус кус..ама испробана.... не само пастирана од негде...немам време за експериментисреќа
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2012 во 23:58

Бело месо во сос од павлака и печурки

Потребни состојки:

600 гр. бело месо

1 главица кромид

400 гр. печурки

500 мл. павлака

100 гр. кашкавал

1 лажичка сенф

Припрема:

Белото месо исечете го на парчиња, посолете го и извалкајте го во прашно, па испржете го на загреано масло додека не порумени.

Потоа наредете го во стаклен огноотпорен сад и премачкајте го секое парче со сенф.

Во тавата во која се пржеше месото пропржете една ситно сецкана главица кромид, па потоа додадете ги печурките и динстајте додека не омекнат. По потреба додавајте малку вода. Смесата потоа прелијте ја врз пилешкото месо.

Во тенџере на оган загрејте ја павлаката, па додадете го кашкавалот кој претходно сте го изрендале и почекајте да се растопи и соедини смесата. Потоа рамномерно прелијте ја врз садот. Печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Добар апетит!

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2012 во 07:05

Раженчиња со месо од мисирка, спанаќ и инчуни



Месото од мисирка е едно од најв­ку­сните меса кои може да се нај­дат на трпе­зата. Секако, ако е при­го­твено на вистин­скиот начин. Содржи малку масти (на при­мер, пор­ција од 140 гр без кожа има само 7 гр масти).

Дене­шниот рецепт е токму рецепт за при­го­тву­вање на вку­сно мисир­кино месо.

СОСТОЈКИ
● 600 гр гради од мисирка, сечени на шни­цли
● 250 гр домати
● 40 гр филети од инчун во масло
● 50 гр пар­ме­зан, исе­чен на листови
● 100 гр спа­наќ
● 1 чешне лук
● поло­вина чаша бело вино
● 1 гранче рузма­рин (или 2 мали лажици сув рузма­рин)
● поло­вина лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ста­вете ги шни­цлите помеѓу два листа хар­тија за печење и толчете ги со кујн­ски чекан за да доби­ете рамна повр­шина. Потоа, отстра­нете ја хар­ти­јата која се наоѓа врз месото, додека таа што е под месото оста­вете ја.

Чекор 2: на шни­цлите распо­ре­дете 30 гр инчуни, пар­ме­зан и листови спа­наќ. Напра­вете ролат од шни­цлите и исе­чете ги на пар­чиња. Наре­дете ги на ста­пчиња за раженчиња.

Чекор 3: загрејте неко­лку лажици масло заедно со лук и рузма­рин. Потоа, про­пр­жете ги рола­тите. Залејте со вино, поче­кајте да испари алко­хо­лот (1−2 минути), ста­вете сол и и затво­рете го садот. Дин­стајте уште 10-тина минути. Во меѓу­време, исит­нете ги со помош на вилу­шка и пре­о­ста­на­тите инчуни, изме­шајте ги со сок од лимон, 4 лажици масло и малку бибер. Исе­чете ги дома­тите на трка­лца и пре­лијте ги со сосот од инчуни.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2012 во 07:06

Пилешко месо со маслинки на ловечки начин



Дене­шниот рецепт е за вку­сен ручек во кој може да ужива целото семеј­ство. При­го­тву­ва­њето е едно­ставно, без пре­многу состојки, а резу­лта­тот е осо­бено вку­сен специјалитет.

СОСТОЈКИ
● 1 пиле (околу 1.2 кг исе­чено на пар­чиња)
● 300 гр шери домати
● 150 мл сок од домати
● 80 гр црни маслинки
● 30 гр филети инчун во масло
● 4 лово­рови листа
● 1 чаша црно вино
● 1 чешне лук
● 1 мор­ков
● целер
● рузма­рин
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исчи­стете ги целе­рот и мор­ко­вот, насеч­кајте ги кру­пно и про­пр­жете на загре­ано масло заедно со лукот, инчу­ните и лово­ро­вите листови. Дода­дете ги пар­чи­њата пиле­шко и пржете неко­лку минути.

Чекор 2: дода­дете ги маслин­ките, а по една минута налејте го виното и поче­кајте алко­хо­лот да испари (1−2 минути). Дода­дете ги шери домати пре­се­чени на поло­вина, сокот од домати и рузма­рин. Зачи­нете со сол и бибер и про­до­лжете со варење на уме­рен оган уште 30 минути.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2012 во 13:48
Originally posted by gazela gazela напиша:

дајте некоја рецепта за некое јадење со кус кус..ама испробана.... не само пастирана од негде...немам време за експериментисреќа


И мене ми треба рецепт за кус-кус.не знам
Емил, немаш ли бе некој предлог?


Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2012 во 14:13
вода
кус кус
се вари со малце сол

потоа шекер и сирене

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2012 во 14:22

А бе знам како се вари. хи, хи...

Шеќер и сирење кај одат заедно? изненадување
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2012 во 14:30
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Шеќер и сирење кај одат заедно? изненадување


изненадување



Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2012 во 21:23

Брз вкусен ручек: Мисиркино месо во сланина на италијански начин

Како доаѓаат новогодишните и божиќните празници, така ние имаме се помалку време за секојдневно готвење и средување. Во овој период од годината луѓето ја планираат трпезата за овие два празници, а помалку време посветуваат на секојдневната исхрана. Па еве една одлична идеја за брз ручек.

Состојки за 4 лица

4 парчиња мисиркино месо

75 грама пире од домати

1 жолчка од јајце

4 лажици презла

4 парчиња сланина

сол

мелен бибер

свежа мајчина душица (може и сува)

Подготовка

Жолчката, пирето од домати се мешаат заедно со 4 лажици презла, а со тоа се премачкуваат парчињата од мисирка, кои претходно малку сте го истолчиле и зачиниле.

Потоа парчињата посебно замотајте ги во сланина и прицврстете ги со чачкалици за да не се растурат. На крај посипете ги со мајчина душица.

Така подготвените парчиња ставете ги на врело масло и пржете ги 8 до 10 минути со повремено вртење.

Готовото мисиркино месо послужете го со ориз во кој ќе додадете малку мајчина душица и сезонска салата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2012 во 21:41


Како лесно до вкусни виенски шницли?

Потребни состојки: 4 телешки или свински шницли од бут, брашно, 2 јајца, лебни трошки, масло за пржење, сол, 4 резанки лимон.

Подготовка: Шницлите исчистете ги од жилички (телешките) и отстранете ги масните делови (свинските), истолчете ги да бидат што потенки, потоа свалкајте ги во брашно, натопете ги во изматено јајце, а потоа во лебни трошки. Притиснете ги со дланките за лебните трошки да се залепат за месото. Во тава загрејте поголема количина масло, внимателно спуштете ги шницлите и пржете додека не поруменат од двете страни. Сервирајте со резанки лимон.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2012 во 21:48

Рецепт за пилешки прсти - да си ги излижете рацете

Пилешко е едно од најчестите видови на меса кое се користи за подготовка на вкусни различни јадења. Освен класичната подготовка со солена храна, тоа може да се комбинира и на малку поневообичаен начин, со слатки или кисели сосови. Ви донесуваме едноставен рецепт поради чиј вкус и брзата подготовка нема да можете да му одолеете.

Состојки:

- 300 грама пилешки гради сецкани на коцки

- 2 лажици густина

- 2 лажици брашно

- Масло за пржење

- Сусам

- 1/2 лажици сос, соја

- 1 лажица густин

Сос:

- 3 лажици сок од лимон

- 2 лажици шеќер

- 5 лажици вода

- 1 лажица густин

- сол по вкус

Подготовка:

Пилешкото гответе го 30 минути. Сите состојки за сосот измешајте ги и оставете го на страна. Зготвеното пилешко посолете го со брашното и густинот. Во длабока тава загрејте го зејтинот за пржење. Кога маслото е доволно жешко ставете го пилешкото и пржете го неколку минути додека да добие златна боја. Кога ќе биде готово пилешкото извадете го и оставете го на страна за да се исцеди маснотијата.

Загрејте го сосот во мало тендџерџе додека не зоврие. Додадете го пилешкото во сосот и добро измешајте. На крајот посипете го сусамот врз пилешкото и послужете го додека е топло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 08:43
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Originally posted by gazela gazela напиша:

дајте некоја рецепта за некое јадење со кус кус..ама испробана.... не само пастирана од негде...немам време за експериментисреќа


И мене ми треба рецепт за кус-кус.не знам
Емил, немаш ли бе некој предлог?




Се извинувам чак сега го видов вашиот повик кон мене црвенеење . Ќе ви дадам 2 рецепти со кус-кус


Пилешко со кус-кус

Во тава ставаш исечено на мали коцки пилешко бело месо . Го динсташ во малкучка зејтин . Кога стане почти златисто додаваш кромид на ситно ,и габи  .Динсташ со млку вода или бело вице .Кога вече се готови ставаш внатре сварениот кус-кус и ако сакаш може да додадеш и малку маслинки (поможност исечени на тркалца ) . Зачинуваш гозбата со сол , бибер и кари . Се сервира исто како и рижото .Во купа за супа и го обраќаш во чинија да изгледа како пирамида или могилка





Кус-кус со јајца и пиперки

во тава за печене се става се стават динстаните во малку бутер пиперки ,кромид и домати .Кога се готови им се додава малку лукче и магданос . Кон нив се додава и сварениот кус- кус . Зачинуваш со вегета  . Со дрвена лажица ја израмнуваш гозбата . Врз неа ставаш 3-4 изматени јајца ( зависи колку ти е голема тавата ) и печеш во рерна на 220 градуса додека се запечат јајцта

може да послужиш со сезонска салата





Изменето од емил - 21.Јануари.2013 во 08:44
Кон врв
Linda-Lolita Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Linda-Lolita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 10:53
Кажете ми некој рецепт за безглутенска исхрана ве молам

Изменето од Linda-Lolita - 21.Јануари.2013 во 10:53
Насмевката е тоник, олеснување, отстранување на болката.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.