|
Се’ потешко до кредит? |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сликовито изразено, велат, финасискиот систем е крвотокот на стопанскиот систем, додека парите се крвта.
За жал се чини дека финасиските институции, вклучувајќи ги тука и банките, ја заборавија својата примарна функција. Да ги ситумилираат стопанските активности. Финасиските институции постануваат профитни центри, кои во трката по профити, постојано ќе ги истоштуваат стопанските субјекти. Како и обично некој мора да ја плати музиката, а обично тоа е крајниот потрошувач. Финасискиот сектор е еден од најзаштитените бизниси, а цената на капиталот, парите изразена во каматни стапки безмалку сами си ја одередуваат. По потреба. Одредувањето на есконтните стапки е водено од народните, резервните банки, а нивните решенија директно влијаат врз цената на парите. Комерцијалните банки, само ставаат своја маржа која може да оди и до 10-12%. Се разбира пак крајниот потрошувач е тој кој ќе го понесе товарот. Во САД на финасискиот сектор му припаѓаат 46% од вкупните профити кои ги создаваат сите стопански субјекти во текот на една година. Тоа наведува на заклучок дека сите други работата за финансиските институции. Не е прашање дали некој мрази кредити или дали треба да постојата. Треба инаку кај би ни бил крајот ако тие непостојат. Какви стопански активности би имале. Ако чекаме да спечалиме/заштедиме, па после да инсестираме, сигурен сум дека попрво ќе умреме. Како и за се друго во секоја иницијатива треба да влегуваме со калкулиран ризик. Зарем тоа не го прават банките кога одобруваат кредити? Прават проценка дали апликантот ќе биде во состојба да го сервисира долгот. Македонија не е по различна во тој поглед. За жал стопанските активности се на многу пониско ниво во однос на останатиот свет, па затоа и потешко се доѓа до кредити, било тоа инвестициони, стамбени или потрошувачки. За утеха, во Австралија каматните стапки се движат од 6% па се до некои 15%. На кредтините картички интересот може да оди и до 22-23%. Наместо да се критикува или мрази, на банките треба да им се оневозможи да постанат класични лихвари, зеленаши, а финансискито сектор треба да се регулира. Поборниците на слободната пазарна економија ќе се спортивстават на донесување на било каква регулатива. Меѓутоа, дерегулацијата на финаскиот сектор во САД ќе допринесе да ја искусме досега најголемата финансиска криза во светот. Ова не е дното! |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...znachi i navistina e taka: ...koj ima ...i kredit ma da dobie, ..a koj nema nishto,...moze samo prstot da si go (is)cica ! ...ako i nego go ima,...jasno ! |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал така е! Како пак некому да му позајмиш пари, кога ни куче нема за што да го касне?!
Не даваат банките секому пари. Некој кој е вработен, односно работи за друг, побрзо ќе добие потрошувачки кредит, одколку соптвеник на мал бизнис. Банките сметаат дека малите бизниси се поголем ризик. Така е тоа во развиените економии. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е баш така . Има и такви каде те гледат дека веќе си на дното и ти дават кредит и потоа ти немаш можност да го вратиш ( а си го земал оти веќе ножот е до коска ) и оп станот го нема . Овие банкериве се хиени . Ќе те зезнат тогаш кога ти е најтешко
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа и го реков, на подруг начин, во моите предходни постови. Некаде банките продавале пари, по секоја цена. Значи пред да направат проценка за ризикот или без да ги почитуваат правилата во банкарското работење. Мотивот бил профитот. Како инаку би го објаснил крдитирањето во висина од 120% од вредноста на станот? Позајмувачот во тој случај покрај парите за недвижноста, позајмил и за истата комплетно да ја опреми. Лакомоста по профити треба да се регулира, посебно кај оние кои се во повластена положба, како што е финансискиот сектор. Како и да е позајмувачот несмее да биде исклучен од одговорноста. Дури и кога станува збор за кредитирањето важи онаа народната, пушти си ја чергата онолку колку ти се долги нозете! |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто ги обвинуваш банките? Зарем некој со сила не тера да земаме кредити, иако не сме платежно способно и јасно ни е дека не можеме да ги вратиме позајмените пари ? Дали треба некој друг да биде одговорен за нашето неодговорно однесување ? Дали треба да бидеме ослободени од секаква одговорност затоа што сме успеале од некому да му земеме пари на вересија, иако знаеме дека никогаш нема да му ги вpатиме ? Дали треба да го обвинуваме ошететниот што ни излегол во пресрет со позајмицата или да се обвинуваме себе си што смислено сме приграбиле пари ? Кога еднаш ќе ги превземемe одговорностите за своите постапки и ќе престанеме да ги обвинуваме другите за нив ??? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ех Меси ,Месиии . Ти очигледно никогаш не си имал финансиски проблеми и ножот никогаш не ти е бил до коска ( нормално е некој човек никогаш да нема финансиски проблеми . Ако си од нив алал ти вера . Најискрено ) затоа ги поставуваш овие прашанија на кои не треба да се даде одговор
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сум имал финансијски проблеми кои не би сакал ти да ги имаш... но и тоа не е оправдување или одоговор за поставените прашања. Личната одговорност не може да биде тргната од нас со никакви проблеми и оправдувања. На овие прашања самиот одговори си... не треба да ги објавуваш тука. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На пазарот се нуди нов потрошувачки кредит.
Станува збор за кредит со кој граѓаните ќе ги покријат долговите во другите банки, односно наместо на повеќе места, тие ќе и должат пари само на една банка. Оваа последна понуда укажува на презадолженоста на граѓаните. Банките сè почесто нудат кредити со кои граѓаните привремено ќе можат да излезат од негативните салда на нивните тековни сметки.
Според последните податоци на Народната банка, до септември годинава граѓаните се задолжиле кај банките 1,47 милијарди евра. Од тие пари најголем дел отпаѓаат на денарски кредити. Според податоците на Народната банка, граѓаните најмногу се задолжуваат за потрошувачки кредити, односно за нив им должат на банките 604 милиони евра, потоа следуваат кредитните картички со вкупен долг до септември во вредност од 200 милиони евра. Негативните салда на банкарските сметки на физичките лица со септември изнесуваат 87 милиони евра. |
||
Ivana H
Нов член Регистриран: 08.Февруари.2018 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кај банките е отежната процедурата за креедити, но се појавија некои финансиски друштва кои даваат мали кредити до 80.000 денари за 1 час без собирање документи.
Јас зедов 79.000 денари на 2 godini од: www.krediti.com.mk plajkam rata okolu 5000 denari i mi go isplatija za 1 cas. Mi se najdoja koga mi trebaa pari i sum generalno zadovolna |
||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |