IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Двокатни автобуси
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Двокатни автобуси

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7172737475 79>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 17:51
Eсенва cкоро месец дена бев  во Скопје и поради постојаните негативни коментари кон автобусиве и градскиот сообраќај решив редовно да ги користам во патувањето низ градот. 

Од оноа што видов и доживеав заклучив дека кинеските автобуси се модерни и удобни, особено патувањето на горниот спрат, дека автобуситe се редовни (никогаш не сум чекал автобус повеќе од 10 минути - користев неколку разни бројки за патување во ист правец, или менував автобуси на раскрсници) колку што се редовни насекаде низ светов каде што сум бил, дека понекогаш ги има премногу (не ги собира на станиците, па се чекаат додека другите ги напуштат пред да ги заземат своите позиции и да ги отворат вратите) и дека приватните автобуси во просек не можат да се споредат по квалитетот и одржувањето со оние на ГСП. Едноставно најголемиот број од нив никогаш не би поминале технички преглед и не би добиле дозвола за работа.

Од моето лично искуство можам слободно да кажам дека многу од напишаните коментари се тенденциозни и малициозни и генерално не одговараат на вистината. Можеби нешто од тоа е верно за некоја  одредена линија, но е неверно за севкупниот градски сообраќај.


П.С. Ќе заборавев да кажам дека оноа што воопшто не ми се допаѓа е приодот и начинот за наплаќање на возењето. Кај кинеските автобуси е најлошо бидејќи треба да се појде напред кон возачот, а потоа назад за поништување на билетот и заземање место. Сета оваа бравура може да се олесни со тргање на оноа место за седење до предното тркало, десно од возачот). Знам дека за луѓето кои имаат месечни билети ова не претставува никаков проблем, но за другите е навистина многу нефункционално и непрактично. Инаку, наплаќањето билети со враќање на кусурот додека се вози е навистина многу неодговорна и опасна работа ! Тоа важи и за државните и за приватните автобуси !





 


Изменето од Messenger - 09.Ноември.2012 во 18:02
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 18:38
меси, не можеш да донесеш заклучок од едно „рекреативно возење“ дека нашите репликите ни биле малициозни и невистинити... навистина понекогаш личи ко да се заебавате со нас...
меѓудругото, последна капка беше кога видов дека ги браните пензионерите, тие себични и безобзирни створења... (дури и си земам право да генерализирам)

инаку, последен проблем тука е возниот парк на ЈСП всушност... проблемот е што ЈСП во моментов е неверојатно неодговорно и дебилно претпријатие, со катастрофални услуги и цени, без чуство на одговорност кон својот возен парк, имот и вработени и тотална незаинтересираност за задоволување на потребите на градот со доза на свое добро...

и сигурно се прашувате зошто не нервираат автобусиве кога е проблемот во ЈСП... одговорот е затоа што се потрошија дебели пари од државен буџет, на возен парк на локален јавен превоз и буквално им се ували на ЈСП, и притоа на чело на ЈСП, си турија директор кој ќе свирка пред проблемите и ќе вика ура за автобусите... само за на крај ситуацијата со градскиот превоз, да не мрдне од статус кво, па дури и некогаш да се влошува... а згора на тоа, секој ден некој ни тапи мозок за тоа како извршил ренесанса врз јавниот превоз...

никогаш не се работело за конкретно сработен проект од соработка меѓу ЈСП и властите, во кој ќе биде земено в предвид решавање на проблемите и потребите на јавниот превоз, туку едноставно с екупија автобуси и франтично се распослаа низ градот...
не ми се ни верува дека сеуште се вадат и пропаѓаат тендери за апарати за наплата и автобуски постојки, и упорно си крадат од тоа...

и после слободно чудете се вие зошто се распалуваме ние тука кога некој што влегол да се „повози“ во автобус и заклучил колку е добар јавниот превоз врз база на удобноста на седиштата, негира нешто со кое ние се соочуваме принудно, секој ден
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 18:58
За тоа како работи управата на градскиот превоз, дали се краде или не, дали имаат соодветно разработени планови за превозот и т.н. не можам да дискутирам бидејќи со тоа не сум запознаен.

Јас говорев од аспект на оноа што го нудат новокупените автобуси, за фреквенцијата на нивното минување, како и за споредбата меѓу нив и приватните автобуси. 

Месец дена користење на јавниот превоз мислам дека сепак е доволно да се добијат некакви релевантни заклучи во врска со тоа, нели ? 




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 19:14
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

 
не е точно дека турнусот на линиите е на 25 мин. и повеќе.
на ударните линии како 57, 5, 2, 24, 22, 4 и сл. поаѓањата се на 8 мин. во врвниот час, на другите кои не се толку оптеретени на 10-12 мин.
немој да споредуваш број на обрти преку викенд и во време на празници, секаде во светот е така.

какви се кинезите не би можел да спорам околу тоа, ама возачите со кои сум зборел велат дека се одлични.
а со оглед на тоа колкава е разликата во цената меѓу кинезите и оние неоплани, мерцедеси, скании и сл. изборот на кинезите е супер одлука.

за приватните ич немој да ми збориш, 90 % од тие автобуси не би поминале на тех. преглед во било која нормална држава, може и да е променето нешто последно време, ама некако немам таков впечаток од она што го гледам.

а за пензионерите, видов летоска со колкава нервоза и без почит се однесуваат останатите патеници што би рекол мрчаторот, кон нив во автобусите.
ми беше срам да гледам и да слушам што се им се дофрлуваше на тие луѓе.  




Зекси, најверојатно си ја имал среќата Центар да ти биде до газот, да речеме Карпош и сличнонамигнување
А ако не знаеш Скопје е повеќе од Карпош, Капиштец, Центар и Кисела Вода...Постојат и Автокоманда само 3.5 км од плоштадот, Железара околу 5 км, Ново Лисиче околу 6 км и слични на нив..
Ако не знаеш, најголемата гужва е наутро околу 7 кога скоро сите одат на работа а и учениците кои што се прва смена го користат превозот, околу 15 и после од 19 до 20 кога втора смена се враќа, трета оди на работа а им завршуваат и часовите на сите средношколци...
А распоредот од 19-20 часот за да стигне некој од Карпош до Автокоманда вика вака..
19h до 20h:19:13 / 19:31 / 19:49
Ееехх ЈСП обезбедиле автобуси на 18 минутиаплауз

А не дај Боже да треба да се вратиш дома во Железара, каде што одат само 2А, 13ка и 16ка...
2А ја има дури 16 пати во денот 
16ка ја има дури на 32 минути
А 13ка не ни оди до Центар ...

Ај може ќе речеш овие не се луѓе па не им треба автобус...
Па не им треба ни на оние од Маџари...нели? 
19h до 20h:19:04 / 19:20 / 19:36 / 19:56
20h до 21h:20:16 / 20:38 / 20:56
Пу среќници, имаат на секои 16 минути автобус...аплауз

Фала богу ако треба да отидеш помеѓу 7 и 8 наутро од Лисиче до Клиника ќе треба да чекаш дури 42 минути..затоа што 3ката ја има во 7и3 па во 7 и 45...после тек во 8и15..А после 18ч треба да чекаш уште повеќе, овој пат 45 минутинамигнување А можеш и да умреш чекајќида
И 9ката е на 20 минути, особено после 17 часот..
А 4ката е најчесто на 20 минути но кога ја има најголемата гужва кај 19 часот, тие се на 40 минути..
Е сега на овие распореди додај уште 5 минити доцнење  и твоите 7 минути идат во вода
Свесен сум дека преку викенд и за државни празници има упола автобуси, тогаш и 40 минути да чекаш треба да речеш ЈАС СУМ СРЕЌЕН ЧОВЕК!!! Дојде автобус, конечно ќе си одам!!!




Случки со пензионерите има 1001, а шетаат сите. Без разлика дали им треба нешто или не тие се во автобус. Па онака, без потреба. А не ретки се и оние што се дрво пијани па освен што нема да се дише во автобус, нема ни да може да се седи дури ни со слушалки од нивните животни приказни...


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Eсенва cкоро месец дена бев  во Скопје и поради постојаните негативни коментари кон автобусиве и градскиот сообраќај решив редовно да ги користам во патувањето низ градот. 

Од оноа што видов и доживеав заклучив дека кинеските автобуси се модерни и удобни, особено патувањето на горниот спрат, дека автобуситe се редовни (никогаш не сум чекал автобус повеќе од 10 минути - користев неколку разни бројки за патување во ист правец, или менував автобуси на раскрсници) колку што се редовни насекаде низ светов каде што сум бил, дека понекогаш ги има премногу (не ги собира на станиците, па се чекаат додека другите ги напуштат пред да ги заземат своите позиции и да ги отворат вратите) и дека приватните автобуси во просек не можат да се споредат по квалитетот и одржувањето со оние на ГСП. Едноставно најголемиот број од нив никогаш не би поминале технички преглед и не би добиле дозвола за работа.

Од моето лично искуство можам слободно да кажам дека многу од напишаните коментари се тенденциозни и малициозни и генерално не одговараат на вистината. Можеби нешто од тоа е верно за некоја  одредена линија, но е неверно за севкупниот градски сообраќај.


П.С. Ќе заборавев да кажам дека оноа што воопшто не ми се допаѓа е приодот и начинот за наплаќање на возењето. Кај кинеските автобуси е најлошо бидејќи треба да се појде напред кон возачот, а потоа назад за поништување на билетот и заземање место. Сета оваа бравура може да се олесни со тргање на оноа место за седење до предното тркало, десно од возачот). Знам дека за луѓето кои имаат месечни билети ова не претставува никаков проблем, но за другите е навистина многу нефункционално и непрактично. Инаку, наплаќањето билети со враќање на кусурот додека се вози е навистина многу неодговорна и опасна работа ! Тоа важи и за државните и за приватните автобуси !


Ако коментарите на оние што живеат цел живот во Скопје ги сметаш за тенденциозни и малициозни и уште некој странски збор додади на ова, тогаш твојот коментар тука не треба никој да го смета за веродостоен затоа што ти само си правел екскурзија, а некој во тој сообраќаен хаос е 365 дена во годината, најчесто по 2 часа.


П.С 

И јас ќе заборавев..
Ако кинеското е удобно, тогаш мерцедесите се Ербас а? Крута пластика, излитени седишта а нема ни година дена. 
Баш слушав двајца шофери што си предаваа смена како си се жалат меѓу себе. Многу се среќни што ги возат кинескиве, просто да заплачат од среќа. Секој втор ден на сервиснамигнување

Ај и П.П.С да ставам...

Иако сум од Прилеп и јас знам нешто за скопскиот животда


Изменето од Santijago - 09.Ноември.2012 во 19:18
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 19:49
Со едно се согласувам, не е исто да зборува некој кој секојдневно ги користи услугите на ЈСП и на оние кои тоа го прават “рекреативно“ во кој припаѓам и јас. Од 1-2 возења во период кога автобусите се полупразни и на некоја ај да речам поненатрупана релација, на око изгледа фино. Но, гледајки ги од кола натрупаните и преполни автобуси очигледно дека и не е се така идилично.
А пензионерите се приказна за себе. Како што спомна некој погоре имаат потреба -немаат тие си се возат бидејки е бесплатно. Свекрва на една пријателка вели дека повеќето нејзини пријатели-пензионери се возат за во лето да се разладат, а во зимо да се стоплат за дома да не трошат. Многу вработени и ученици мора да чекаат нареден автобус затоа што дојдените секогаш се полни и многу пати не ни застануваат оти нема место за патниците.
Не е ова непочит кон пензионерите, но мора да се најде чајре оти вака не оди.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 22:59
а бе Сантијаго, прогуглај по распоредите на градскиот сообраќај во европските градови, ќе видиш дека отприлика тој е турнусот и таму, плус минус 10 %. за сев. америка ич не се труди зашто ќе видиш дека се поретки обртите кои се прават на линиите во време кое што ти си го посочил.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 00:41
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

За тоа како работи управата на градскиот превоз, дали се краде или не, дали имаат соодветно разработени планови за превозот и т.н. не можам да дискутирам бидејќи со тоа не сум запознаен.

Јас говорев од аспект на оноа што го нудат новокупените автобуси, за фреквенцијата на нивното минување, како и за споредбата меѓу нив и приватните автобуси. 

Месец дена користење на јавниот превоз мислам дека сепак е доволно да се добијат некакви релевантни заклучи во врска со тоа, нели ? 






па баш тоа ти го објаснувам, не можеш да збориш само од аспект на новокупените автобуси, затоа што дури и да беа тие автобуси најфеноменалните автобуси на светот, сеуште ќе бевме во тешко с*ање со ЈСП...
да се работеше за убаво изработен план во кој ќе беа разработени реалните потреби на ЈСП и градот, во однос на прометот, линиите, сообраќајот и инфраструктурата на градот и на крај да се адаптираше соодветен возен парк на сето тоа, како во секоја цивилизирана земја... ќе беше во ред... ама во нашиов случај владата си купи автобуси по желба и само ги предаде на ЈСП, а овие се испонашаа со нив, како прпат да слушнале за автобус...
кратко кажано требаше најпрво да се реформира целосно градскиот превоз со мастерплан, и врз основа на тој план да се снабдиме со соодветен и соодветно распореден возен парк, а не го добивме тоа, туку добивме најдетско однесување од страна на сите од кои зависиме...
или уште пократко кажано, што ќе ми се нови автобуси кога не сум видел никакво добро од нив?
еве во тој контекст на пример, објасни ми зошто, на рамен градски булевар, уште буфтаат канти стари 100 години, а во рурални ридски населби со катастрофални патишта, врват ганц нови ЛАЗ-ови кои што се испорасипаа, испозапалија и испокршија по

а за тоа кој колку се возел и кој има право да коментира, гледам ти посочиле и погоре, да не се мачам јас
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 03:52
а бе забеган еден, 

едно те исто го верглаш цело време, уназад цела година. 
ти разбираш ли дека и најголемиот стручњак да дојде нема да ја оправи работата. 
најголемиот проблем е со пренаселеноста во СК. цела провинција од МК се пресели во СК. град предвиден за 300 илјади жители се претвори во град од скоро 500 илјади. улиците се загушени, нема место да се мрдне, нема места за паркирање, нема место за ништо. ова што сега се прошируваат улиците и булеварите ни 5 % не ги задоволува потребите.
за твојот мастер план да се спроведе во дело треба или пола скопје да се врати назад од кај што дошле, или да се дуплираат постоечките улици и булевари.
каснењето на автобусите и на се живо и диво по скопје е само последица од ова што го кажувам.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 06:48
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

За тоа како работи управата на градскиот превоз, дали се краде или не, дали имаат соодветно разработени планови за превозот и т.н. не можам да дискутирам бидејќи со тоа не сум запознаен.

Јас говорев од аспект на оноа што го нудат новокупените автобуси, за фреквенцијата на нивното минување, како и за споредбата меѓу нив и приватните автобуси. 

Месец дена користење на јавниот превоз мислам дека сепак е доволно да се добијат некакви релевантни заклучи во врска со тоа, нели ? 








Повеќе од релеватно! Пази сега...
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 23:00
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

а бе забеган еден, 

едно те исто го верглаш цело време, уназад цела година. 
ти разбираш ли дека и најголемиот стручњак да дојде нема да ја оправи работата. 
најголемиот проблем е со пренаселеноста во СК. цела провинција од МК се пресели во СК. град предвиден за 300 илјади жители се претвори во град од скоро 500 илјади. улиците се загушени, нема место да се мрдне, нема места за паркирање, нема место за ништо. ова што сега се прошируваат улиците и булеварите ни 5 % не ги задоволува потребите.
за твојот мастер план да се спроведе во дело треба или пола скопје да се врати назад од кај што дошле, или да се дуплираат постоечките улици и булевари.
каснењето на автобусите и на се живо и диво по скопје е само последица од ова што го кажувам.
градскиот превоз се формира и надградува онака како што наведува времето и условите во сегашноста и иднината, на ниеден град не му паднал јавниот превоз од небо, туку си се развивал и надградувал со тек на време

всушност, ми го потенцираш токму тоа што го зборам и јас, наместо да се надградува јавниот превоз, ЈСП е истото претпријатие што било уште во времето на Југославија, со минимални надградби и промени во линиите, цените и услугите
и има совршено решение за секој проблем, кое ако не го сопре проблемот, може барем половично да го намали... а не некој да си спие на тоа увце дека бил немоќен нешто да превземе и дека на градов му нема спас, и освен ако не можеш да ги избркаш жителите од Скопје и да го туриш под клуч, ќе се прилагодуваш на реалноста...

и веќе доста сите го тупеа со тие жалопојќи како Скопје било предвидено за некоја бројка, а денес имало друга бројка на население... факт е дека Скопје, вакво недоградено и недовршено како што е денес, сеуште го трпи бројот на жители кој е далеку поголем од тој што бил предвиден за целосно изградено Скопје, што значи дека среќа е што сеуште не сме се соочиле со проблемите кои ги имаат метрополите со милионско население...
затоа треба да се гради додека сеуште има време, а не да се мрчи... последна причина за проблемите на градот и на ЈСП со него, е бројот на население, но од друга страна има еден куп зајаловени, недовршени, затупени и видоизменети приоритети на градот, кои се таму во фиока некаде...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 01:39
За атер на вистината на Скопје одамна му мина времето за правилно планирање и градење. Многу одамна, уште од времето на СФРЈ. Затоа сега има хаос од паркирани автомобили насекаде каде што постои и најмало парче слободен пешачки премин или тревник.

Непланското доселување во главниот град, непланското градење без соодветен паркинг простор во однос на бројот на становите во зградите, непланското правење улици без означени места за паркирање... резултира со нешто што немам видено до сега во ниту еден друг град.

Исто така, за атер на вистината, двоспратните автобуси помагаат во создавањето повеќе простор за паркирање повеќе автобуси на истите станични места и за атер на вистината се планира трамвај како алтернативно решение (кое знам дека исто така, без обзир како ќе се реши, ќе биде критикувано до бесвест).

Но вистината е дека поради таквото, со децении лошо планирање и градење на градов, единствено вистинско долгорочно решение би било подземна железница, нешто што веројатно никогаш нема да се реализира поради превисоката цена.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 02:44
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

За атер на вистината на Скопје одамна му мина времето за правилно планирање и градење. Многу одамна, уште од времето на СФРЈ. Затоа сега има хаос од паркирани автомобили насекаде каде што постои и најмало парче слободен пешачки премин или тревник.

Непланското доселување во главниот град, непланското градење без соодветен паркинг простор во однос на бројот на становите во зградите, непланското правење улици без означени места за паркирање... резултира со нешто што немам видено до сега во ниту еден друг град.

Исто така, за атер на вистината, двоспратните автобуси помагаат во создавањето повеќе простор за паркирање повеќе автобуси на истите станични места и за атер на вистината се планира трамвај како алтернативно решение (кое знам дека исто така, без обзир како ќе се реши, ќе биде критикувано до бесвест).

Но вистината е дека поради таквото, со децении лошо планирање и градење на градов, единствено вистинско долгорочно решение би било подземна железница, нешто што веројатно никогаш нема да се реализира поради превисоката цена.



за атер на вистината, половина од инфраструктурата на Скопје не е изградена, не и е поминато времето (барем засега) и изградбата на истата можеби ќе ги преполови моменталните сообраќајни проблеми, со самото тоа што ќе се растеретат чворовите во градот
за атер на вистината, проблемот со паркинг места е многу лесно решлив, затоа што паркинзи има, гаражи има, ама никој не ги користи и си се паркира на улица, плус тоа, ја имаме дебилноста наречена зонско паркирање
и за атер на вистината, двокатните автобуси не помагаат ама ич во метежот, кога ќе се начукаат десетина на една станица... и потребни се повеќе џебови на коловозите за автобуси и нови подобро организирани постојки
и за атер на вистината, трамвај и метро на Скопје воопшто не му се потребни, потребeн му е надземен LRT систем со подземни делници онаму каде што е невозможен, кој ќе биде потпомогнат и од постојната железничка инфраструктура, поради поврзување со дел од руралните средини кои сега ги опслужува ЈСП... и нема да биде алтернатива, туку ќе функционира со автобускиот сообраќај како едно цело

инаку, никогаш немало непланско градење на градот, урбано дивјаштво и криминал, да, ама неплански не... урбанистичките планови си се многу добро дефинирани, и се знае што е што, само проблемот е што законот кај нас не функционира, а уште поголем проблем е тоа што во голема мера е легализиран...
а инаку, урбанистичќките планови на градот никогаш не биле лоши, лошо е тоа што градот нема градежен континуитет, односно се видоизменува мастерпланот со секоја нова власт


Изменето од zabegan - 11.Ноември.2012 во 02:45
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 14:02
Сакате да бидете користни за општеството ? 
Сакате девојките да трчат после вас ? 
Сакате да Ве чекат со нетрпение ? 

Тогаш дојдете кај нас- ЈСП бара шофери !


Изменето од емил - 11.Ноември.2012 во 14:02
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 21:03

не е Скопје само со последна 2,5,7,15,41,50,57,..каде ги има еве по ваше на секои 20-25 минути.

Што да кажат жителите на тие у пм од центар...на цели 15 км од Св.Александар Велики бр.III?.Тие би биле радосни кога и на по цел саат чекање дојде друг автобус.

мене ме нервира друго нешто..НИ кажуваат нам,значи нам на единка клетка во општествово да ГИ ЧУВАМЕ АВТОБУСИТЕ,а тие ЦЕЛ СИСТЕМ не се придржуваат кон препораките.Појдете бре директоришта едни и ниедни со градоначалниците по сите оние линии каде врват вашите(нашите)еднокатни и двокатни реизи и видете по какви патишта возат,дупки до коленици и шанци од пола метро...и  испогребани по страните од гранки по патот,без ретровизори и габаритни светла.....како од Танушевци и Бразда да слегле..а не во Скопска котлина да врвеле..

....и она држи вода дека старите манови скании дафови и мерцедеси на приватниците ќе издржат подолго отколку овие на ЈСП бидејќи овие се приватни,не се на сите....и не сите одат на рели по истите тие патеки,како оние од ЈСП.





...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7172737475 79>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.