|
Љубовта и хороскопските знаци |
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас кога прашав дали си одговараат Скорпија и Овен само ми кажаа категорично НЕ!
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој хороскопски знак има си има свои особини во сите свери на
модерното живеење. Некои карактеристики се толку очигледни што дури ги
издаваат припадниците на тој знак. Како на пример неодлучноста на
вагата, или инаетот на Јарецот и Бикот, своеглавоста на Овенот итн.
Влијанието на планетите се чувствува на секоја индивидуа во сите свери,
па и во љубовната.
Овен Бик Луѓето се заљубуваат во вас штом ве запознаат. Делувате опуштено,
полни со самодоверба и премногу сте привлечни. Но, вакви сте во живо и
затоа избегнувајте да се запознавате преку интернет. Вашата планета е Меркур, планетата на умот. Значи вашиот потенцијален
партнер треба да е интелигентен. Не поднесувате неинтелигентни
личности. Вие сте премногу таинствена и дискретна личност, иако не се гледате
себеси како такви. Мислите дека премногу ги изнесувате интимните детали.
Се плашите да не откриете премногу, пребрзо и со тоа да ја изгубите
личноста која ви се допаѓа. Имате позитивен поглед на животот каде што е топло, златно и богато
со живот. Верувате дека и кога Сонцето заоѓа, сонот и надевањето не
исчезнуваат, бидејќи ќе се родат со новиот ден. Сакате да бидете постојано во добра форма и сакате да го покажете вашето тело. Тоа е затоа што вашето тело е ваш храм. Вагата има репутација дека е неодлучна, но вистина е дека кога
станува збор за љубовта, брзо донесува одлуки. Причина поради која
можете да звучите збунето е кога сте на состанок со одредена личност, не
знаете како да ја одбиете на убав начин. Ако сте родени во знакот на Скорпија, знакот на сексот, тогаш знаете
што да правите. Нема да имате проблем да го возбудите оној кој ви се
допаѓа. Вашиот проблем е да размените чувства. Вие знаете како е кога го носите целиот свет на рамења и тоа го правите успешно. Поради тоа често привлекувате ” возрасни деца Водолијата е постојано во потрага по личност преку која може да ја
истакне својата вистинска личност и автентичност и кога ќе ја пронајде,
останува со неа засекогаш. Вие можете да почувствувате бескрајна љубов, омраза, болка и надеж, притоа без да осудувате некого. Затоа имате неверојатна емпатија и сочувство. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имате позитивен поглед на животот каде што е топло, златно и богато
со живот. Верувате дека и кога Сонцето заоѓа, сонот и надевањето не
исчезнуваат, бидејќи ќе се родат со новиот ден.
pozz do viki123 |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој од нас љуби поинаку, заведува на свој начин, привлекува...Ама, гоооолемо влијание на сe ова имаат хороскопските знаци.
Овен Девојките родени во знакот на Овен знаат да сакаат, ама кога ќе заврши љубовта, за тоа е секогаш "виновно" момчето, посебно ако им се вовлекло под кожа и не можат да го заборават. Утеха бараат во пријателите и најблиските, некој пред кого ќе можат да си ја отворат душата и кој ќе ги слуша внимателно. Сите Овни сакаат веднаш да си го решат љубовниот проблем кој ги мачи. А ако не успеат за неколку дена, ќе го преболат момчето со нова симпатија (потенцијална љубов). Бик Овие девојки многу тешко се отвораат пред момчето што им се допаѓа, но кога Бикот еднаш ќе му кажат што чувствуваат, тогаш тоа ќе му го повторуваат постојано, за да си знае. Не се заљубуваат лесно, на повеќето момци прво им ги бараат маните на доблестите. Лесно се ранливи, посебно ако се силно заљубени. Тагуваат долго по загубената љубов. Заведуваат со храна, подароци и допири. Близнаци Девојките родени во знакот на Близнаци многу често знаат околу себе да кренат ѕид со кој се штитат од момчињата за кои не се сигурни дали ќе остаат покрај нив или ќе ги повредат. Ако почувствуваат љубовна болка, им треба многу време да го заборават момчето заради кое страдаат. Заводливи се, шармантни и со отворена тактика за освојување му приоѓаат на момчето што им се допаѓа. Кога ќе се заљубат вистински, ништо не може да им застане на патот до нивниот љубовен "плен". Рак Девојките Ракови знаат да сакаат со целото срце, ама знаат и како да ја потиснат болката заради загубената љубов. Постојано насмеани и ведри, овие девојки заведуваат со позитивната енергија и насмевката, а ниедно момче не може да му одолее на тоа. Постојано се во потрага по љубов, не знаат и не сакаат да бидат сингл во ниту еден момент од животот. Љубовните маки им го нарушуваат мирот, ама кај Раковите, за среќа, траат кратко. Лав Девојките Лавови се силни и доминантни, дури и во љубовта. Секогаш знаат што (кого) сакаат и лесно им е да го добијат тоа со својот заводлив поглед и слаткоречивост. Не се откажуваат додека момчето на коешто мислат не е нивно! Но, тие се и многу нежни и ранливи, па кога момчето ќе ги повреди, им треба време да закрепнат. Кога страдаат заради љубовта, тоа го знаат сите, без разлика дали им се блиски или се сретнуваат прв пат. Девица За девојките Девици можеби сте слушнале дека се безчуствителни, но тие не можат да живеат без љубов. Сакаат момчето да е тоа што ќе ги заведе, самите скоро никогаш не се решаваат на таков чекор. Кога страдаат за љубовта, тоа го прават многу, многу тивко, болката ја чуваат во себе, па затоа сите мислат дека се силни. Овие девојки не сакаат никој да ги сожалува. А кога љубат, тоа го прават со целото свое срце. Вага Девојките Ваги се вистински тактичари, дури и кога е љубовта во прашање. Два пати мерат пред да пресечат. Не се впуштаат лесно во љубовни авантури, ниту пак лесно се откажуваат од љубовта. Ако некој постојано им подарува цвеќе или ситници, Вагите ќе бидат вечно насмеани, среќни и заљубени. Тие не сакаат никакви љубовни совети, ниту тешење. Само самите можат да си помогнат кога ќе останат без момчето што го сакаат. Кога ги мачи љубовна болка, најдобар пријател им се колачите. Скорпија Скорпиите се најверојатно најзаводливот знак во хороскопот. Сакаат да сакаат и да бидат сакани. Кога ќе се заљубат, забораваат на се освен на момчето. Кога ќе останат сами, ако е момчето тоа што ја прекинало врската, можат и со месеци да тагуват и да не излегуваат од дома. Не сакаат љубовните маки или среќа да ги делат со другите, туку доживувањата љубоморно си ги чуваат за себе. Стрелец Девојките Стрелци знаат како да стрелаат директно во машкото срце и да го уловат момчето што им се допаѓа. Ако не успеат во тоа, тогаш си бараат нова цел. Кога се заљубени, се околу нив е розово. Кога се повредени, се затвораат во својот свет на албуми со фотогафии и спомени за да си ја намалат болката. Сакаат да подаруваат, да се бакнуваат и да се гушкаат, така ја покажуваат својата заљубеност. Јарец Девојките родени во знакот на Јарец се многу чувствителни, па мал погрешен збор од момчето може да ги повреди. Кога се заљубени, мислите им се постојано кој момчето кое е предмет на нивното обожавање. Во главата си правт еден куп филмови и сценарија, замислуваат средби и разговори. Кога ќе раскинат со момчето, им треба долго, долго време за да го преболат. Водолија Иако не делуваат така, Водолиите може да чуствуваат толку голема љубовна болка, што на моменти не знаат што е реалност, а што нивна фантазија. Овие девојки најчесто страдаат сами, во тишина. Но, кога се заљубени, праваат и даваат сe за момчето кое им го разубавува денот. Сакаат да се галат, дури и премногу, а тоа понекогаш им пречи на момчињата. Риби Девојките Риби не се лесно заљубливи. Тие повеќе ја сакаат љубовта, отколку момчето со кое се во врска. Не се романтични, не паѓаат на подароци и шарм. Ама, ако тој ги повреди, првата работа на која помислуваат е како да му се одмаздат на момчето. Оваа желба, за среќа, им проаѓа брзо, посебно ако додека го коваат планот, запознаат друг тип што ќе им го насочи паметот кон љубов - нивната причина за постоење. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хм, од секогаш сум мислел дека тоа се глупости, ама имет по нешо...ама па не се сеќавам која шо знак беше
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Катастрофални љубовни комбинации според хороскопскиот знак
Овенот секогаш ќе ја води неодлучната вага. Тој се смирува со нејзината рамнотежа и учи за дипломатските односи и правила. Проблемот може да настане кога Овенот е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност. Тогаш е неопходен компромис. Добро е што Овенот е секогаш подготвен на нешто ново, а Вагата е прилагодлива, па само со ваков став ќе може да опстојат. Ова е прилично еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Сензуални се и секогаш се сложуваат во сексот, а проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора. Доколку пронајдат пристојно решение, врската може да опстои. Главната разлика се наоѓа во темпераментот. Овие два знаци може да опстојат само ако некаде отпатуваат заедно. Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Двајцата се отворени и друштвени, а проблемот може да настане затоа што Близнакот е приземен знак, додека Стрелецот сака да лета високо. Токму затоа повеќето врски се осудени на пропаст. Ова е длабока и искрена врска. И двата знаци се амбициозни, но Ракот е популарен повеќе од Јарецот. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Проблемот може да се јави во периодот кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, додека Ракот очекува нешто повеќе на приватно поле. Ова е идеален пар за сите видови на забава. Лавот обожава публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба. Лавот сака деца, а Водолијата сака да биде слободна. Тука може да настане голем проблем, кога Лавот ќе се обиде да ги наметне своите принципи. Водолијата може да игнорира одредено време, а потоа да се препушти на тоталната слобода во која ужива. Ова е врска во која има постојано надмудрување. И двата знаци се интелектуални типови, а може да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што немаат доволно храброст. И додека Девицата сака сè што е уредно, кај Рибите е обратно. Не е ни чудо што оваа љубовна врска постојано се справува со ситни кавги и несогласувања. Рутините за Рибите се неподносливи, додека Девицата го сака деталниот план на животот. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |